Мицкоски:Тоа што го направи ќе го следи цел живот, тоа е негова приватна работа, направивме се што требаше - Канал 5

Мицкоски:Тоа што го направи ќе го следи цел живот, тоа е негова приватна работа, направивме се што требаше

Тоа што го прави ќе го следи цел живот, тоа е негова приватна работа, направивме се што требаше ова утринава го изјави премиерот Мицкоски за снимката која беше објавена од директорот на Неврологија Игор Кузмановски .

Мицкоски:Тоа што го направи ќе го следи цел живот, тоа е негова приватна работа, направивме се што требаше

Тоа што го прави ќе го следи цел живот, тоа е негова приватна работа, направивме се што требаше ова утринава го изјави премиерот Мицкоски за снимката која беше објавена од директорот на Неврологија Игор Кузмановски кој беше снимен со бела прашкаста материја.

Министерот Азир Алиу вели дека правен тим постапува за случајот. Мицкоски утринава го посети реновираното одделение на клиниката за трауматологија, ортопедски болести, анестезија, реанимација и интензивно лекување и ургентен центар.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Србинот, Александар Станковиќ се врати во Интер!

Српскиот играч од средниот ред Александар Станковиќ се враќа во Интер Милано по престојот во Клуб Бриж.

Србинот, Александар Станковиќ се врати во Интер!

Талентираниот фудбалер, роден во 2005 година, повторно ќе стане член на миланскиот гигант во трансфер што ќе се реализира на трајна основа, според италијанските медиуми.

Синот на легендарниот Дејан Станковиќ, 20 годишниот Александар, ќе потпише петгодишен договор со Интер, кој ќе го врзе за клубот до летото 2031 година.

Враќањето на младиот репрезентативец на Србија е потврда за довербата што Интер ја има во неговиот развој, откако претходниот период го помина стекнувајќи искуство во белгиското првенство.

Минатата сезона, Станковиќ постигна девет гола со пет асистенции на 55 натпревари за белгискиот тим, додека претходната сезона имаше три гола и две асистенции на 38 настапи.

Тој се враќа во Интер, каде што сè уште чека на своето деби за првиот тим, додека постигна околу 20 гола со околу 15 асистенции во помладите категории на „Неразура“.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Манасиевски: И покрај сите пофалби и признанија на функционери од земји членки на ЕУ кон Македонија, само Филипче и Радев на иста линија

И покрај сите пофалби и признанија на функционери од земји членки на ЕУ кон Македонија, само Филипче и Радев на иста линија и бараат уставни измени.

Манасиевски: И покрај сите пофалби и признанија на функционери од земји членки на ЕУ кон Македонија, само Филипче и Радев на иста линија

Покрај сите пофалби и признанија на функционери од земји членки на ЕУ кон Македонија, само Филипче и Радев на иста линија бараат уставни измени.

Сите од ЕУ со внимание ги следат реформите на македонската влада и ги поздравуваат велејќи дека сме лидери во регионот, само Филипче и Радев велат единствена реформа се уставните измени.

По долго време коленичење и лековерност од страна на властите предводени од СДС, сега европските претставници гледаат државнички пристап од македонската влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ и велат дека заслужуваме предвидлив европски пат. Само Венко Филипче и Румен Радев не сметаат така.

Но, мекото ткиво предводено од Филипче и СДС ја отежнува работата. Само тие се на иста линија со Радев и Бугарија, а на бугарските власти тоа им одговара.

Наместо да застанат зад македонските интереси, тие спремаат уште поголемо предавство.

Ги прашуваме СДС и Филипче, уште што повеќе сакаат да направат за да и наштетат на Македонија и да бидат запаметени во историјата како најголемите предавници на татковината?

Валентин Манасиевски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ

YouTube video

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Филипче од Конгресот: „Твоја држава – твоја шанса“ е морален завет на СДСМ

Денес пред нас стои првиот Конгрес на новата одговорност, денес не ни треба нов партиски речник, туку ни треба нов морален завет, порача претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче.

Филипче од Конгресот: „Твоја држава – твоја шанса“ е морален завет на СДСМ

Денес пред нас стои првиот Конгрес на новата одговорност, денес не ни треба нов партиски речник, туку ни треба нов морален завет, порача претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, на денешниот 32 програмски Конгрес на партијата „Твоја држава-твоја шанса“.

Во обраќањето, Филипче посочи дека целта на овој Конгрес не е да биде само свечено усвојување на нова идеолошка платформа, туку враќање на СДСМ кон суштината на социјалдемократијата.

„Денес сме собрани не само за да изгласаме документ. Туку да одлучиме дали СДСМ ќе стане тоа што отсекогаш требало да биде: совест на државата, глас на трудот, заштита на понижениот човек и политичка храброст во моменти кога таа е најпотребна. Денес не ни треба нов партиски речник, туку ни треба нов морален завет. Тој завет почнува од трудот. Од работникот што станува рано, а легнува со страв. Од жената што работи две смени секој ден, едната за плата, другата дома без никакво признание. Од младиот човек што учи, дипломира и пак не знае каде ќе заврши додека мечтае да отпатува во еден правец. Од земјоделецот што ја знае цената на секоја капка пот, а не ја знае цената по која ќе му го откупат родот. Од малиот стопанственик што плаќа сè додека големите бизниси наоѓаат дупки во системот. Од пензионерот што не бара луксуз, туку едноставно сака мир“, рече Филипче.

Во воведното обраќање пред членовите на СДСМ и коалицијата, пред сестринските социјалдемократски и прогресивни партии од Европа и регионот, и пред другите присутни гости, Филипче порача дека вистинската социјалдемократија не ја мери државата по висината на говорницата, туку по квалитетот на живот на граѓаните.

„По висината на платата, по правото на лекување, по квалитетот на училиштето, по достоинството на пензионерот, по сигурноста на работникот, по шансата на младиот човек да остане дома не од инает, туку од надеж. Таа не верува во милостина, туку во праведност. Социјалдемократијата значи траен систем што му овозможува на секој чесен човек да живее од својот труд. Тоа е и духот во кој европските социјалдемократски партии ги дефинираат своите вредности: демократија, слобода, еднаквост, солидарност и правда“, рече Филипче.

Тој додаде дека Социјалдемократијата никогаш не била само партиска боја, ниту изборен украс, ниту пак збор што убаво звучи во кампања. Социјалдемократијата е длабоко човечка идеја.

„Таа почнува од едно едноставно, но големо убедување: дека државата не постои за силните да станат уште посилни, туку за послабите да не останат сами. Дека слободата без еднаква шанса е привилегија. Дека пазарот без правила станува џунгла. Дека профитот без одговорност станува алчност. Дека патриотизмот без грижа за обичниот човек е само мачкање очи“, порача претседателот на СДСМ, Венко Филипче.

YouTube video

Скопје, 07.06.2026

СДСМ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер