Мицкоски: Тајните договори на Венко и Стевче не поминуваат, Сотир Лукровски ќе победи во Карпош - Канал 5

Мицкоски: Тајните договори на Венко и Стевче не поминуваат, Сотир Лукровски ќе победи во Карпош

На денешниот народен митинг во Карпош во рамките на изборната кампања за локалните избори 2025 година со слоган „Вистинскиот избор! Твојот човек! Твоето место! За твојата иднина!“, обраќање имаше и претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

Мицкоски: Тајните договори на Венко и Стевче не поминуваат, Сотир Лукровски ќе победи во Карпош

На денешниот народен митинг во Карпош во рамките на изборната кампања за локалните избори 2025 година со слоган „Вистинскиот избор! Твојот човек! Твоето место! За твојата иднина!“, обраќање имаше и претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски при што кажа дека Венко Филипче и градоначалникот Стевчо Јакимовски се дел од системот кој ќе го променат а Сотир Лукровски убедливо води на анкетите во Карпош.

Мицкоски се осврна на политичките пазарења од страна на актуелниот градоначалник на Карпош и претседателот на СДСМ и им порача дека со гласовите на народот не може да се пазарат и дека тие тајни дилови нема да им поминат.

„Тука сме во Карпош, каде граѓаните се соочуваат со еден феномен на киднапирање на општината за лични интереси и криење зад функцијата зашто без функцијата тој човек е ништо. Но внимавајте има една замка голема која што се обидуваат да ја подготват, а пред неколку дена тајно во седиштето на СДСМ овој кандидатот и актуелен градоначалник во Карпош заедно со претседателот на СДСМ мислеле, премерувале како да обезбедат 2000 гласа за него од СДСМ да ја пуштат нивната кандидатка низ вода а тој да влезел во вториот круг. Но тука има непознати во оваа равенка. А јас знаете дека сум по равенките и математички прецизно ќе им порачам. Прв проблем, народот не е квантум на гласови, не е тоа вреќа, па ќе купите и ќе претурите, тоа се луѓе со судбини, со иднина, со предизвици, со животи. Тоа се семејства со мечти и амбиции, кои знаат, кои критично гледаат на работите, и оценуваат. Посебно затоа што анкетите се така јасни што дури и од Горни Милановац да донесете гласачи, каде еден познат македонски политичар имал кариера во минатото, повторно нема да им успее.“ истакна Мицкоски

Мицкоски кажа дека над 65 проценти од граѓаните во Карпош се против реизбор на Стевчо Јакимовски, а според последната анкета Сотир Лукровски убедливо победува во првиот круг на овие избори.

„Преку 65 проценти на карпошани велат дека актуелниот градоначалник не заслужува реизбор. А според последната анкета убедлив фаворит за иден градоначалник на општина Карпош е токму Сотир Лукровски и тоа уште во првиот круг. Јас го познавам тој човек многу добро. Сотир е човек чиј живот поминал во борба и низ предизвици полни со егзистенцијални аспекти, и со срце ко планина. Памтете ми го зборот. И ќе видите во периодот кој следи. На него може да се ослоните кога имате проблем, со него може да разговарате и да ве разбере и да ви помогне, за него суетата е туѓа, тој сослушува, знае да одбере одличен тим, и што е најважно знае да испорача резултати, на него може да сметате кога Карпош ќе е во опасност од лоши намери на разни бизнис интереси, но и да знаете дека тој е спремен да оди и против блиски ако неговите принципи се доведени под прашање или ако Карпош и граѓаните не се согласуваат со нешто. Тоа е Сотир Лукровски, чиј најголем проблем оваа кампања му е што бил мој другар. И за кого не може да кажат ништо лошо освен да измислуваат“ кажа Мицкоски.

Мицкоски упати пораки и до кандидатот за градоначалник од ВМРО-ДПМНЕ за Карпош, Сотир Лукровски.

„Почитуван Сотир, оваа кампања како кандидат за првпат вака одблиску ја гледаш и прљавата страна на политиката. Јас тоа го искусив многу одамна низ еден тежок пат на проблеми и предизвици, во кои и ти беше покрај мене, кога ме нарекуваа со најлоши зборови, кога ми ја саботираа партијата и иднината, кога ми лепеа разни глупости и етикети те хидро, те анти-ЕУ. Го преживеавме тоа и ги победивме. Но сега ти директно го гледаш тоа. Знам дека твоја желба е да ја исчистиш политиката од калта и бахатоста, и во тоа секогаш ќе ја имаш мојата поддршка. Ја знам твојата волја и ја знам твојата мотивација и знам дека ќе успееш. Знам дека заедно ќе успееме. Рамо до рамо, сите како еден со граѓаните на Карпош, каде новата енергија ќе се чувствува од првиот ден, а промените ќе ја вратат надежта и оптимизмот и вербата дека може подобро. Тоа се оние верба и надеж кои се губат низ политичките препирки, но повторно оживуваат низ делата и проектите за добро на граѓаните. Дела кои мора да ги создадеме за граѓаните, и иднина која мора да ја изградиме за сите семејства“ заклучи Мицкоски, се наведува во партискот соопштение.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ФИФПРО тимот на годината без освојувачот на Златната топка Хари Кејн

Добитникот на „Златната топка“  капитенот на Англија, Хари Кејн, изненадувачки го нема во тимот на годината!

ФИФПРО тимот на годината без освојувачот на Златната топка Хари Кејн

Легендарниот Лео Меси повтормно е меѓу најдобрите 11-сетмина.

Добитникот на „Златната топка“, Хари Кејн, на изненадување на сите, не се најде во идеалниот тим на годината според ФИФПРО (FIFPRO).

Од друга страна, Лионел Меси по рекорден 18-ти пат е дел од најдобрите 11 во изборот на професионалните фудбалери.

Овогодинешниот добитник на „Златната топка“ (Ballon d'Or), капитенот на англиската репрезентација Хари Кејн, изненадувачки не се најде во идеалниот тим според изборот на ФИФПРО (FIFPRO).

Во гласањето учествуваа фудбалери од 73 земји, а Лионел Меси се најде меѓу најдобрите 11 по рекорден 18-ти пат.

Аргентинецот повторно е избран во најдобриот тим, откако во 2023 година не беше дел од него.

Во нападот, покрај него, се најдоа Ерлинг Халанд, Килијан Мбапе и Ламин Јамал.

Во идеалниот тим за сезоната 2025/26 се наоѓаат четворица шпански репрезентативци кои летово ја освоија светската шампионска титула: Родри, Пау Кубарси, Давид Раја и Ламин Јамал.

Неочекуван е и изборот на голманот.

Голманот на Арсенал која за време на Светското првенство му беше резерва на Унаи Симон е избран за прв голман во идеалниот тим, иако шпанската единивца, беше прогласена за најдобар голман на годината во изборот на списанието „Франс фудбал“.

FIFPRO Светски тим (World 11) за сезоната 2025/26.

ГОЛМАН: Давид Раја (Арсенал, Шпанија)

ОДБРАНА: Пау Кубарси (Барселона, Шпанија), Ашраф Хакими (Пари Сен Жермен, Мароко), Нуно Мендеш (Пари Сен Жермен, Португалија)

СРЕДЕН РЕД: Џуд Белингам (Реал Мадрид, Англија), Родри (Манчестер Сити/Барселона, Шпанија), Витиња (Пари Сен Жермен, Португалија)

НАПАД: Ерлинг Халанд (Манчестер Сити, Норвешка), Килијан Мбапе (Реал Мадрид, Франција), Лионел Меси (Интер Мајами, Аргентина), Ламин Јамал (Барселона, Шпанија).

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

„Гответе со Дракче“ - Шпагети во сос

Во вторник (03.11.2026) во емисијата гостин ни бeше Игор Андреевски

„Гответе со Дракче“ - Шпагети во сос

Состојки за денешниот рецепт:

500 гр. шпагети

200 гр. мелено месо

2 главици кромид

2 чешниња лук

400 мл. доматен сос

масло

сол, бибер и др. зачини

малку свежо нане или магдонос

Погледнете како се подготвува овој рецепт:

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

НАСА бара луѓе кои ќе живеат на Месечината: Конкурсот е отворен, но условите не се за секого

Американската вселенска агенција НАСА бара кандидати со високо образование во научни и технички области, додека договор вреден 10 милијарди долари ги очекува приватните компании.

НАСА бара луѓе кои ќе живеат на Месечината: Конкурсот е отворен, но условите не се за секого

Американската вселенска агенција, НАСА, објави повик за регрутирање нова класа на астронаути. Овој пат, целта е многу поамбициозна од самиот престој во орбитата: се бараат поединци кои ќе живеат и работат на површината на Месечината.

Овој процес на регрутирање е дел од програмата „Артемида“, а избраните кандидати ќе сочинуваат тим задолжен за поставување на темелите за постојана месечева база, како и за подготовка на теренот за првите мисии со екипаж до Марс. Обуката ќе опфаќа движење по предизвикувачкиот терен на Месечината и издржување долготраен престој во екстремни услови. Како што се очекуваше, критериумите за подобност се исклучително строги.

Право на пријавување имаат само државјани на САД кои поседуваат магистерска диплома од областите инженерство, биологија, физика или компјутерски науки.

Нема многу време за размислување, бидејќи крајниот рок за поднесување пријави преку официјалната веб-страница на агенцијата е 3 декември 2026 година, а имињата на новите астронаути ќе бидат објавени кон крајот на 2027 година.

Истовремено, НАСА го решава прашањето за логистиката, без која една база не може да опстане. Распшан е тендер во вредност од дури 10 милијарди долари за втората фаза од програмата „Комерцијални услуги за испорака на товар на Месечината“ (Commercial Lunar Payload Services – CLPS).

Станува збор за десетгодишен договор со приватни компании за изградба и управување со летала за слетување, наменети за испорака на инструменти, залихи и опрема директно на површината на Месечината.

За овие договори се натпреваруваат осум компании, меѓу кои „SpaceX“, „Blue Origin“ и „Lockheed Martin Space“. Впечатливо е отсуството на „Boeing“ од списокот; вселенската програма на оваа компанија, „Starliner“, веќе подолго време се соочува со технички проблеми.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер