Министерката Божиновска во Виена: Енергетски приоритети, нови партнерства и зајакнување на европската соработка
1Министерката Божиновска во Виена: Енергетски приоритети, нови партнерства и зајакнување на европската соработка
Видео: Шакира започна нова правна битка со Пике: Музичката ѕвезда бара измена на договорот за старателство
2Видео: Шакира започна нова правна битка со Пике: Музичката ѕвезда бара измена на договорот за старателство
МакедонијаМицкоски: Стратешкото партнерство ќе ни донесе инвестиции од 6 милијарди евраСтратешкото партнерство со Обединетото Кралство ќе ни донесе инвестиции во инфраструктурата, здравството и транспортот од 6 милијарди евра.„Почитувани претставници на медиумите, Почитувани сограѓани, Ваша екселенцијо, Почитувани колеги од Владата и институциите, Дами и господа, Денес, од седиштето на Владата се обраќам со гордост и чувство на историска одговорност. Вчера, во Тирана, беше постигната согласност за Заеднички договор за стратешко партнерство со Обединетото Кралство. Овој чин не е само симболика. Тоа е голем, неповратен чекор напред во изградбата на иднината што ја заслужуваат нашите граѓани. Нашите две држави ги поврзуваат заеднички вредности кон кои се стремиме и за кои се бориме да ги воспоставиме. Слобода. Демократија. Владеење на правото. Одлучност да се справиме со заканите врз мирот и стабилноста. Длабока посветеност кон безбедна и просперитетна Европа. Ова партнерство значи многу повеќе од билатерален аранжман. Ова партнерство кое е архитектура за иднината. И токму затоа ја отвораме вратата за највисоко ниво на соработка со Обединетото Кралство. Во одбраната. Во борбата против организираниот криминал и нелегалните финансии. Во образованието. Здравството. Културата. Младинските политики. Економскиот развој и инвестициите. Со овој документ, двете влади испраќаат силна порака дека интересите на граѓаните се најважни, а дека политиката е моќен инструмент кога создава вредности, а не поделби. Овој договор е резултат на месеци сериозна работа помеѓу нашите тимови, а вчера, тој труд се претвора во јасна визија. Драги пријатели, Партнерството што го формализираме: Ќе придонесе за модернизација на нашите вооружени сили и подлабока интеграција во НАТО стандардите. Ќе ни овозможи да ја зголемиме безбедноста на границите и да се спротивставиме на трговијата со луѓе и шверцот. Ќе овозможи најсилна досега економска соработка меѓу двете влади, вклучително и во капитални инвестиции во инфраструктурата и здравството и енергетиката понатаму. Ќе ја засили соработката во областа на образованието, дигиталната трансформација и иновациите. Ќе ги поврзе нашите млади, креативни генерации преку културата, науката и новите технологии. Обединетото Кралство беше со нас уште во најраните и најтешките денови на нашата независност. Беше меѓу првите држави што нè препознаа, ни подадоа рака и инвестираа во нашата стабилност и институционален развој. Градејќи ја нашата демократија, ја имавме нивната целосна поддршка. И овие денови, ова силно партнерство е логично продолжение на тоа заедништво, засновано на доверба, почит и заедничка визија. Воедно, зошто договорот за стратешко партнерство со Обединетото Кралство е важен за македонските граѓани. Тој ќе биде основата и фундаментот за инвестициски циклус којшто ќе има вкупна рамка од 5 милијарди фунти, односно 6 милијарда евра, при што дел од овие пари ќе бидат употребени за инвестиции во инфраструктурата, изградба на модерна карго и брза патничка железницата од Табановце до Гевгелија, инвестиции во здравството и нови болници, завршување на проектот на клиничката болница во Штип, заедно со зградата на новиот медицински факултет, студентски дом со капацитет од двестотини легла, изградба на болницата во Кичево заедно со здравствен дом, реконструкција на клиничката болница во Тетово, итн. Во наредните денови ќе се потпишат договори и за овие инвестиции. Драги пријатели, Ова што се постигна претставува втор клучен столб на нашата меѓународна позиционираност, по стратешкото партнерство со САД. Овој договор е голема потврда дека нашата држава чекори по патот на стабилноста, безбедноста, развојот и европската иднина. Стратешкото партнерство не е награда – тој е признание за нашата досегашна доследност. За верноста кон сојузништвата. За нашата отворена, искрена посветеност на европските и евро-атлантските вредности. Драги пријатели, Со оваа декларација го отвораме новото поглавје во односите помеѓу нашите држави. Во мирот. Во стабилноста. Во иднината. Во достоинството на државата. Со Обединетото Кралство ние не сме единствено сојузници. Ние стануваме стратешки партнери, а овој документ е патоказ што ќе нè води во годините што следуваат. Со доверба, соработка и со одлучност. Во име на Владата и граѓаните уште еднаш се заблагодарувам за поддршката, за пријателството и за визијата. Тагови: Христијан Мицкоски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЗабаваФото: Сексапилната Ирина Шајк се уште ужива во бикини Летната сезона сè уште трае за руската манекенка атрактивната Ирина Шајк, а судејќи според фотографиите, таа нема намера да се откаже од бикините.Иако летната сезона одамна заврши, некои ѕвезди одбиваат да се разделат од своето омилено летно парче – бикините. Убавата Ирина Шајк неодамна привлече внимание позирајќи во неколку впечатливи костими за капење за едно фотосесија. Таа беше модел за колекцијата „Resort '27“ на брендот „Hunza G“, а модниот едиторијал беше снимен на Ибица. Според фотките таа гордо носи неколку впечатливи модели на бикини кои на уникатен начин ја истакнаа нејзината препознатлива убавина. На сликите јасно дојдоа до израз нејзината витка фигура и заводливиот поглед, а вреди да се истакне и акцентот на природната убавина, која таа дополнително ја покажа на фотографија на која е без горен дел од костимот за капење. „Со години го сакам брендот 'Hunza G', па соработката со нив ми дојде сосема природно. Целата колекција е секси и има разигран дух со нота на носталгија по 2000-тите – детал што навистина го обожавам. Снимањето на Ибица, опкружена со пријатели, беше посебен момент за мене“, изјави моделот. На официјалниот профил на брендот на Инстаграм беше објавена компилација од фотографии од снимањето, а бројни фанови упатија само пофалби за колекцијата костими за капење, како и за прекрасниот изглед на познатата Русинка.Тагови: ирина шајк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
Шоу бизВидео: Шакира започна нова правна битка со Пике: Музичката ѕвезда бара измена на договорот за старателствоСветската музичка ѕвезда Шакира и легендарниот фудбалер Жерар Пике повторно се појавија пред суд во Барселона во врска со договорот за нивните синови, Милан и Саша. Новата постапка произлегува од барањето на колумбиската пејачка да се изменат условите за патување на момчињата, кои се движат меѓу Мајами и Барселона за да поминуваат време со својот татко. Шакира и Пике постигнаа договор за старателство по разделбата во 2022 година, но пејачката сега бара измени што првенствено се однесуваат на логистиката на меѓународните патувања на нивните синови, кои сега имаат 13 и 11 години. Според изјавата на претставникот на пејачката, пренесена од шпанските медиуми, Шакира не сака Милан и Саша да поминуваат помалку време со својот татко. Нејзиното барање се однесува на поинаков договор околу обврските за патување меѓу САД и Шпанија, со цел товарот од долгите патувања порамномерно да се распредели меѓу родителите. „Целта е да се осигура дека напорот и тешкотиите при патувањето меѓу Мајами и Барселона нема да паднат исклучиво врз децата“, се наведува во соопштението. Во основата на барањето лежи практичен проблем што произлегува од големото растојание меѓу местата на живеење на родителите, како и од временската разлика. Así fue el reencuentro de Shakira con Gerard Piqué… ¡y no fue de lo más cordial! 😬🔥 El encuentro se llevó a cabo en los juzgados de Barcelona, luego de que la intérprete de “Día de Enero” solicitara una modificación al régimen de visitas de Piqué con sus hijos. 👀⚖️ La cantante busca que sea él quien viaje a Miami para verlos y no que los niños tengan que trasladarse constantemente a Barcelona, como lo han estado haciendo hasta ahora. ✈️🌴 ¡Y así fue este nuevo capítulo de la historia entre Shakira y Piqué! 🫣 📹: Vanitatis — Raul Gutierrez🇲🇽 (@Raulgutierrez) October 6, 2026 Момчињата живеат со мајка им во Мајами, додека Пике живее во Барселона. Следствено, патувањето меѓу двете земји може да биде особено напорно, особено за време на кратките училишни распусти. Шакира предлага во такви ситуации Пике да патува во Мајами за да помине време со своите синови, наместо момчињата да патуваат во Барселона. Таа сака да ја заштити нивната рутина. Правниот тим на пејачката смета дека таквата промена би им овозможила на Милан и Саша да ги одржуваат своите вообичаени училишни, социјални и семејни рутини за време на пократките распусти. Тие наведуваат дека овој пристап подобро би ја заштитил емоционалната, физичката и академската благосостојба на момчињата. Посебен акцент се става на фактот дека самото патување меѓу Флорида и Шпанија може да одземе значителен дел од времето со кое момчињата располагаат за време на училишните распусти. Тимот на Шакира нагласува дека целта не е да се ограничи времето што синовите го поминуваат со својот татко, туку поинаку да се организира логистиката на нивните посети. Новата правна постапка доаѓа речиси четири години откако Шакира и Пике постигнаа договор за старателството над Милан и Саша по нивната разделба. Откако се пресели во Мајами во 2023 година, Шакира јавно апелираше до медиумите и фотографите да им овозможат поголем мир и приватност на нејзините синови, по периодот на силен медиумски интерес. Тогаш таа нагласи дека, покрај својата јавна кариера, таа пред сè е мајка посветена на заштитата на менталната и емоционалната благосостојба на своите деца.Тагови: Пике Шакира Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаМинистерката Божиновска во Виена: Енергетски приоритети, нови партнерства и зајакнување на европската соработкаМинистерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска од денеска, 7 октомври, престојува во Виена, каде што по посебна покана на Дипломатската академија на Виена учествува во програмата „Жени лидери – Југоисточна Европа.Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска од денеска, 7 октомври, престојува во Виена, каде што по посебна покана на Дипломатската академија на Виена учествува во програмата „Жени лидери – Југоисточна Европа и Црното Море/Јужен Кавказ 2026“. Преку посетата во Виена, Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини ги претставува енергетските приоритети на земјата пред релевантни европски институции, претставници на јавниот сектор, дипломати и идни носители на одлуки, со цел отворање нови можности за соработка, размена на искуства и унапредување на партнерствата во енергетиката. Програмата „Жени лидери 2026“, организирана од Дипломатската академија на Виена, е посветена на зајакнувањето на женското лидерство и на современите предизвици во јавниот сектор. Учеството на министерката Божиновска овозможува размена на искуства и отворање прашања од значење за иднината на регионот и Европа, вклучително и лидерството, управувањето со кризи, родовата еднаквост и дигиталната дипломатија. Енергетската соработка меѓу Македонија и Австрија е еден од клучните сегменти на посетата. Министерката ќе оствари работна средба со Северин Грубер, генерален секретар на Сојузното министерство за економија, енергетика и туризам на Австрија. Во фокусот ќе бидат билатералната и економската соработка, енергетската транзиција, енергетската сигурност и можностите за воспоставување и продлабочување на соработката во области од заеднички интерес. Посебен дел од агендата е посветен на младите и идните дипломати. Министерката Божиновска ќе има обраќање и ќе одржи предавање пред студентите на Дипломатската академија на Виена, посветено на енергетската транзиција и актуелните состојби во енергетскиот сектор во Македонија. Пред студентите ќе бидат претставени реформите и процесите што го менуваат македонскиот енергетски систем – развојот на обновливите извори на енергија, модернизацијата на енергетската инфраструктура, постепеното напуштање на јагленот и спроведувањето на праведната енергетска транзиција. Ќе бидат презентирани и приоритетите поврзани со енергетската сигурност, диверзификацијата на снабдувањето, регионалното поврзување и интеграцијата во европскиот енергетски пазар. Во услови на новата енергетска и геополитичка реалност во Европа, посебно значење има регионалната енергетска поврзаност. Во овој контекст, значајно место имаат новите енергетски коридори, вклучително и Вертикалниот гасен коридор, кои придонесуваат за поголема сигурност и диверзификација на снабдувањето. Со активната меѓународна агенда, Министерството продолжува да ги гради партнерствата во регионот и Европа, да ги отвора можностите за нови инвестиции и соработка и да ги позиционира македонските енергетски интереси во пошироките европски процеси. Посетата во Виена е насочена кон создавање конкретни можности за соработка и размена на искуства во енергетиката, со фокус на сигурна, модерна и одржлива енергетска иднина.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter