ВМРО-ДПМНЕ: Талогот на СДС денес може да го најдете на јахти во Грчка, на приватни забави во Дубаи или некаде низ Европа на продолжен викенд
2ВМРО-ДПМНЕ: Талогот на СДС денес може да го најдете на јахти во Грчка, на приватни забави во Дубаи или некаде низ Европа на продолжен викенд
МакедонијаМицкоски: Стратешкиот договор не предвидува прием на мигранти, ќе го презентираме во Собранието Бидете спокојни, таква работа кај нас ќе нема, рече премиерот Христијан Мицкоски во врска со шпекулациите дека со договорот за стратешко партнерство со Обединетото Кралство во земјава предвиден е и прием на мигранти. Според премиерот Мицкоски, договорот е јасен и таква работа нема. -На ова прашање одговор даде амбасадорот на Обединетото Кралство кој што беше многу јасен, а тој одговор е дека апсолутно нема таква работа. А таа тема се наметна откако во Албанија беше потпишан договор меѓу тамошниот премиер и премиер на една земја во Европската унија за изградба на кампови каде што Албанија ќе прими неколку десетици илјади мигранти. Аналогно на тоа таа тема се пренесе тука, но таа тема е затворена. Јас разбирам дека дел од опозицијата и малкумината нивни поддржувачи се обидуваат да растурат пердуви мислејќи така дека ќе то оцрнат овој стратешки договор и дека ќе нанесат штета на имиџот и работата на владата. Бидете спокојни, таква работа кај нас ќе нема, истакна премиерот Мицкоски. Во изјава за медиумите, претседателот на македонската влада нагласи и дека Договорот за стратешко партнерство со Обединетото Кралство, јавно и транспарентно ќе биде презентиран во македонското Собрание. -Денеска се става параф на тој договор, потоа документот ќе дојде во парламентот пред пратениците. Ние шверцерски ништо не носиме, не злоупотребуваме европско знаме, ќе видат пратениците се што следи од тој проект, изградба на пруга што ќе ги поврзи Табановце со Гевгелија, реконструкција и модернизација на пругата, завршување на Клинички центар во Штип заедно со зграда за Медицински факултет и Студентски дом, изградба на болницата во Кичево заедно со здравствен дом и целосна реконструкција на Клиничка болница во Тетово. Тука не застануваме бидејќи имаме најмалку уште 60 проценти од рамката што ни е на располагање. На ваков начин се гради државата, наместо како што беше во минатото кога се крадеше, посочи Мицкоски. Тагови: Велика Британија Христијан Мицкоски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСе уште трае борбата со огнената стихија во кавадаречко08:53Епидемиолошката состојбата во Гостивар останува стабилна – велат од министерството за здравство15:00Вечерва во 21 часот и 54 минути почувствуван земјотрес во Скопје и околината08:56 Од крушевската република до АСНОМ – денес се одбележува 2. август празникот што ги обединува историјата и идеалите15:00Мицкоски: Битката на оваа генерација е да ја победи омразата, цинизмот и талогот што ја трујат Македонија12:09
Од крушевската република до АСНОМ – денес се одбележува 2. август празникот што ги обединува историјата и идеалите15:00
Мицкоски: Битката на оваа генерација е да ја победи омразата, цинизмот и талогот што ја трујат Македонија12:09
МакедонијаСДСМ: Мицкоски и на Илинден ја дели Македонија - повторно зборува за „талог“!Христијан Мицкоски го искористи и најголемиот државен празник Илинден за да ја продолжи поделбата на народот.Во својот говор повика на борба против „омразата, цинизмот и талогот што ја трујат Македонија“. Кој е тој „талог“ според Мицкоски? Сите што не мислат како него! Сите што ја разобличуваат неговата политика. Сите што бараат Европа, правда и одговорност. Истиот човек кој со години ги нарекува граѓаните „талог на општеството“, „мочуриште“, „медиокритети“ и „лешинари“, сега од говорница на Илинден повторно го употребува истиот речник. На денот кога треба да се слави државноста и единството, Мицкоски повторно сее поделба. На денот кога треба да се зборува за иднината, тој повторно напаѓа и навредува. Во исто време, додека зборува против „талогот“, неговата Влада ги пречекува функционерите на Вучиќ – претставници на политиката од деведесеттите, на војните и на заговарањето на етничко чистење. Луѓе што отворено зборуваат за етничко чистење и што доаѓаат како емисари на „српскиот свет“. Ова не е патриотизам. Ова е политичка омраза облечена во празничен говор. Мицкоски не може да биде премиер на сите граѓани додека го третира народот како „талог“. Додека тој дели и навредува, Македонија стои во место без реформи, без кластери, со изолација и со граѓани што стојат со часови на границите. Илинден беше борба за слобода. Мицкоски го претвори во борба против сопствениот народ. СДСМТагови: СДСМ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаВМРО-ДПМНЕ: Талогот на СДС денес може да го најдете на јахти во Грчка, на приватни забави во Дубаи или некаде низ Европа на продолжен викендСДС се препозна и се самопрогласи за талог, па на што се должи тој талог. Талогот се должи на тоа што 7 години не направија ништо, 7 години работеа само за себе, 7 години ги ингорираа проблемите на граѓаните кои му ја дадоа довербата. Денес талогот на СДС ќе го најдете на јахти во Грција, во Дубаи на приватни елитни забави, некаде низ Европа на продолжени викенди оти тие не се однесуваат, ниту па се чувствуваат како опозиција оти не се присутни во реалноста во која се опозиција, па се разголија сега и кажаа дека се себедефинираат како талог, а талогот секогаш паѓа на дно. Ги направија сите национални предавства, а јасно зборуваат и сега дека веднаш би направиле нова отстапка и ново национално предавство, ако цената е права. Затоа зависат од секого и се лојални на секого, само не на сопствениот народ. И јасно е одамна дека СДС е партија која делува спротивно на националните интереси и е лојална на надворешни влијанија, и затоа се самодефинираат и пронаоѓаат како талог. ВМРО-ДПМНЕТагови: ВМРО-ДПМНЕ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
КултураФестивалот „Охридско лето“ денеска одбележува 66 години од постоењетоДенеска ќе биде одбележан 66.роденден на фестивалот „Охридско лето“.Со промоција на монографијата „Ана Липша-Тофовиќ” од авторите Снежана Анастасова Чадиковска и Александар Трајковски и концерт на израелскиот машки сопран/контратенор Мајан Лихт и полскиот пијанист Пшемен Виницки, денеска ќе биде одбележан 66.роденден на фестивалот „Охридско лето“. Монографијата ќе биде промовирана во 19 часот во црквата „Света Софија“ каде што токму на овој ден, 4 август, оперската примадона Ана Липша Тофовиќ со нејзиниот солистички рецитал го означи почетокот на фестивалот „Охридско лето“. Инаку, монографијата е посветена на јубилејот – 100 години од нејзиното раѓањето (1926-2012). Авторите на монографијата м-р Снежана Анастасова Чадиковска и д-р Александар Трајковски се истакнати музички педагози и публицисти, добитници на повеќе награди од областа на културата, публицистиката и педагогијата, со свој значаен влог во полето на македонското музичко книгоиздателство. Од нивната повеќегодишна соработка, досега се произлезени книгите „Зина Креља, сопран, првенка на Операта при МНТ“ (2018) и „Милка Ефтимова – Моето богатство“ (2020). Роденденскиот концерт на Мајан Лихт и пијанистот Виницки ќе се одржи во „Света Софија“ од 21 часот. Добитникот на наградата „Најдобар дебитант“ на Оперските награди во Брисел во 2025 година, Мајан Лихт, се смета за еден од највозбудливите вокални уметници на денешницата. Нарекуван „модерен Фаринели“, Лихт ја освојува светската сцена изведувајќи улоги кои ретко кој може да ги пее комбинирајќи вокална виртуозност со емотивна длабочина. Покрај неговата кариера, тој е интернет-феномен со стотици илјади следбеници на социјалните мрежи и милионски број прегледи на неговите видеа онлајн, со тоа тој директно придонесува кон доближување на оперската уметност кон новата публика насекаде низ светот. Оваа сезона, Мајан Лихт ќе дебитира во Холандската национална опера во Амстердам во улогата на Ра во премиерата на „Реквием за Мариза“ од Мерич Артач, ќе ја толкува главната улога во операта „Александар во Индија“ во Театер ан дер Виен, а ќе настапи како Нероне во „Крунисувањето на Попеја“ во Театарот „Понкиели“, како дел од фестивалот посветен на Монтеверди. Пшемек Виницки е полски пијанист, добитник на бројни награди на меѓународни натпревари во Полска и низ светот. Во 2022 година дебитира во Берлинската филхармонија изведувајќи го „Варшавскиот“ концерт од Ричард Адинсел. Во 2022 година дипломира на Кралскиот колеџ за музика во Лондон. Добитник е на прва награда на натпреварот ЕПТА во Србија во 2021 година и на втора награда на Меѓународниот натпревар во Исхија во Италија во 2015 година. Се закитува со Гран при на Меѓународниот натпревар на наставници по музика во Варшава во 2013 година, прва награда на натпреварот „Шопен-Рим“ (2011), а истата година е финалист на натпреварите „Моњушко“ во Минск и на натпреварот „Јамаха“ во Полска. Како солист настапува со повеќе оркестри вклучително Националниот оркестар на Белорусија и оркестарот на Летната академија во Рајхенау (Австрија), како и со филхармониските оркестри во Краков, Жешув и Лоѓ. Има снимено ЦД со клавирски концерт на Моцарт и соработува со РМФ Класик, од 2014 година е добитник на стипендија на Фондацијата „КЛЕР“. Редовно настапува низ Европа и низ светот, со концерти во САД, Франција, Шведска, Шпанија, Германија, Белорусија, Австрија.Тагови: Охридско лето Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook