Мицкоски: Стево се плаши од дуел сам со себе камо ли од дуел со Силјановска

Изборот е помеѓу Стево Педнаровски и Гордана Силјановска Давкова. 

Пендаровски е арогантен. И треба да добиеме впечаток дека е сега дојден нов во политиката, а не 5 години претходно и место претседател тој стана коментатор кој по ниедно дело нема да го запаметиме. Тој е едноставно како турист во сопствената земја, порача Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ на вечерашниот митинг во општина Битола.

Мицкоски праша што направил Пендаровски во неговата 30 годишна кариера како политичар и советник, додавајќи дека Стево е нераскинлив дел на криминалната коалиција СДСМ и ДУИ.

Еве ве прашувам што направил Стево Пендаровски во неговата 30 годишна кариера како политичар и советник? Ако некој се сети да го предложиме за нобелова награда. Стево е нераскинлив дел на криминалната коалиција СДСМ-ДУИ од кои впрочем и бараше поддршка на овие избори. А сега сака намерно да се претставува дека е на дистанца, посочи Мицкоски.

Кога го слушаме се добива впечаток дека небаре вчера дошол во државава и е некоја нова личност што не ја познаваме. 7 години СДСМ е власт и нема автопат кој го изградија, а тој ги брани ама притоа ви вика ако не го направат во идната влада ќе им дадеме шут карта. Каков фолирант од човек, рече Мицкоски.

Мицкоски истакна дека Пендаровски се плаши од дуел сам со себе, а не пак дуел со Силјановска Давкова.

Стево се плаши од дуел сам со себе камо ли од дуел со професорката Силјановска Давкова. Но, она што важи како легенда е дека Стево Пендаровски најмногу се плашел од Артан Груби и кога ќе го видел мирно стоел со часови, не се поместувал, рече тој и додаде:

Додека овој глуми самодоверба тој е длабоко во себе еден уплашен човек седнат во скутот на ДУИ. И ме асоцираат и тој, а и Ковачевски и нивниот однос со ДУИ на култната реплика од филмот „Среќна нова '49“ кога изневерените очекување кон пријателот се оправдуваа со реченицата: „Извини Пиги Морално беше", Извини Пиги морално беше ќе им каже ДУИ на Пендаровски и Ковачевски вечерта на 8 мај кога сите заедно катастрофално ќе изгубат и ќе бидат поразени од народот, се наведува во партиското соопштение.

Фото:Девојката на екс фудбалер на Барса воодушеви со секси фотографии

Девојката на шпанскиот фудбалер и поранешна ѕвезда на Барселона, Марко Бартра е голем љубител на социјалните мрежи.

Убавата Џесика сега ги воодушеви следбениците на Инстаграм со атрактивни фотографии на која таа е облечена само во минијатурно бикини.

На фотките убавата Џесика Гојкочеа која е манекенка ја покажа својата совршена фигура и на тој начин собра голем број лајкови на социјалните мрежи.

Унион Берлин му врачи отказ на Бјелица

 Бундеслигашот Унион Берлин се раздели со тренерот Ненад Бјелица, ден откако клупскиот претседател изрази поддршка на хрватскиот стратег.

Унион загуби со 3-4 на домашен терен од ривалот за испаѓање Бохум во неделата и се наоѓа на еден бод и едно место над плеј-офот за опстанок на два натпревари до крајот на сезоната.

Бјелица седна на клупата на Унион во ноември откако Урс Фишер беше отпуштен по серијата слаби резултати, и покрај тоа што го обезбеди првиот настап во Лигата на шампионите претходната сезона.

Унион соопшти дека клубот на двата завршни натпревари ќе го предводат Марко Гроте, заедно со сегашниот помошник тренер Мари-Луиз Ета, првата жена која предводеше машки тим на натпревар од Бундеслигата.

Макрон ја поздрави намерата на Кина да се воздржи од продажба на какво било оружје на Москва

 Францускиот претседател Емануел Макрон за време на денешната заедничка прес-конференција со претседателот Си Џинпинг во Париз, ги поздрави „намерите на Кина да се воздржи од каква било продажба на оружје“ и „каква било помош за Москва“.

Шефот на француската држава, исто така, ја поздрави „подготвеноста“ на неговиот кинески колега „да ги замоли сите заинтересирани страни“ во различни конфликти на „олимписко примирје“ за време на летните Олимписки игри во Париз.

притисни ентер