Мицкоски: Среќен почеток на новата учебна година, Владата продолжува да инвестира во квалитетно образование - Канал 5

Мицкоски: Среќен почеток на новата учебна година, Владата продолжува да инвестира во квалитетно образование

„Ви посакувам среќни првооделенски училишни часови и денови, но исто така и на сите ученици коишто денес го започнуваат првиот училишен час им посакувам нека им е среќна и успешна учебната година“, вели Мицкоски.

Мицкоски: Среќен почеток на новата учебна година, Владата продолжува да инвестира во квалитетно образование

„Драги првачиња,

Почитувани родители,

Почитувани наставници,

Почитуван градоначалник, министерка, пратеници, директоре,

Драги гости,

За мене претставува огромно задоволство и чест што можам денес да застанам пред вас. Ќе се трудам да бидам краток имајќи предвид дека трпението претпоставувам и жестината се на највисоко ниво и трпението на најниско ниво, ќе упатам само три пораки коишто ценам дека за мене се важни, но и за сите нас генерално како генерација се важни.

Можеби за првпат после седум години, учениците во првиот училишен ден ќе ги имаат учебниците пред себе, нешто коешто е многу значајно, нешто коешто во минатото за жал изостануваше.

Ја користам оваа прилика да им се извинам на родителите што пред повеќе од 15 години зборувавме за компјутер за секое дете а денес после 15 години зборуваме за учебник за секое дете, но ви ветувам дека преку нова дисциплина, а тоа е вештачката интелигенција со којашто ќе се запознаат нашите дечиња ќе можеме да зборуваме за иднината и за предизвиците коишто ни ги носи иднината.

Можам исто така со задоволство да кажам дека за првпат после 7-8 години учениците во училиштата низ Македонија ќе имаат можност пред себе да ги имаат учебниците во странски јазици, англиски, германски и француски нешто коешто е многу важно за да создаваат пријателства надвор од границите на нашата татковина, Македонија.

Би сакал да ја искористам оваа прилика да се заблагодарам и на министерката за сето тоа што го направи изминативе 15 месеци за да можеме денес да зборуваме за ова што го зборуваме бидејќи знам колку часови состаноци сме имале поминати во организација за да можеме денес да го постигнеме ова и знам уште колку многу часови состаноци, организација ни се потребни за да го достигнеме нивото коешто стремиме и нивото коешто е потребно за нашите најмлади.

Му благодарам и на градоначалникот којшто знам што сè прави за да Кисела Вода го добие овој лик којшто го има денес и знам колку е тој сè уште амбициозен и сè уште има големи планови, не само за Кисела Вода и за Скопје и убеден сум дека во годините коишто следат тој заедно со својот тим ќе ги реализираат.

На најмладите и наставниците сакам да им порачам две работи. Ова се години кога учите за две многу значајни вредности, а тоа се семејството и татковината, нашата Македонија. Наставниците сум убеден дека вредностите коишто, најмладите првоодделенчињата ќе треба да ги дознаат за своето семејство за мама, за тато, за даде и за бато, но исто така и за она што се вика татковина, нашата преубава Македонија ќе го пренесат во вистински начин, во вистински дух, а тоа што првоодделенците ќе го научат сега ќе го практикуваат целиот свој живот.

Уште еднаш ви посакувам среќни првооделенски училишни часови и денови, но исто така и на сите ученици коишто денес го започнуваат првиот училишен час им посакувам нека им е среќна и успешна учебната година.

Ви благодарам и Бог да ни ја благослови Македонија!“- изјави премиерот Христијан Мицкоски.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Ѓорѓиевски: Да живее слободно Скопје

Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, денеска, пред Споменикот на ослободителите на Скопје и споменикот на генерал Михајло Апостолски, им оддаде почит на хероите што го дадоа најскапоценото за нашиот град да живее.

Ѓорѓиевски: Да живее слободно Скопје

- На 13 Ноември стоиме исправени пред историјата и длабоко се поклонуваме пред оние што ни ја подарија слободата. На луѓето чија храброст беше посилна од стравот, а љубовта кон татковината поголема од грижата за сопствениот живот. Пред 82 години, на 13 ноември 1944 година, Скопје ја извојува својата слобода. По тешките борби, по страдањата и неизвесноста, нашиот град ја дочека победата над фашистичкиот окупатор. Секоја негова улица носи дел од тоа паметење. Секое име врежано на спомениците носи приказна за еден живот, една младост, еден сон прекинат за да можат да живеат соништата на генерациите по нив. Нивната жртва засекогаш е вградена во темелите на слободно Скопје. Наша должност е да ја чуваме од заборав и да ги учиме нашите деца колку скапо е платено правото да живеат слободно. Антифашистичката борба ни остави завет да стоиме исправени пред неправдата, да го браниме човечкото достоинство и да ја чуваме силата на заедништвото. Тоа е духот на Скопје. Градот што и во најтешките мигови знаел да се издигне, да подаде рака и да покаже дека солидарноста е посилна од секоја поделба – рече Ѓорѓиевски.

Градоначалникот Ѓорѓиевски истакна дека денес наша обврска е тој завет да се преточи во дела и да создаваме град на ред, чистота и сигурност.

- Скопје во кое нашите деца ќе сакаат да останат, да создаваат и да ја градат својата иднина. Со таа мисла работам секој ден. Пред една година затекнавме закочени проекти и наталожени проблеми. Денес, промените се гледаат, големите проекти се движат кон завршницата, а со секој нов парк, мост и обновена улица градиме подобри услови за скопјани. Круна на мојот мандат ќе биде првата подземна сообраќајница, дело што ќе им служи и на генерациите по нас.Нашите ослободители го исполнија својот завет со храброст и со жртва. Нашиот мора да го исполниме со одговорност и со дела. Да бидеме достојни за слободата што ни ја оставија. Да изградиме Скопје достојно за генерациите што доаѓаат. Нека е вечна славата на ослободителите. Нека ни е честит 13 Ноември. Да живее слободно Скопје. Да живее Македонија – рече Ѓорѓиевски.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

На коалициска средба ќе се пеглаат разликите во владата околу полагањето на Правосудниот испит

По барањето на Максим Димитриевски ќе има лидерска средба на владините партнери во декември, потврди премиерот Христијан Мицкоски..

На коалициска средба ќе се пеглаат разликите во владата околу полагањето на Правосудниот испит

Тоа ќе биде прв пат на иста маса да седнат Мицкоски-Димитриевски-Касами и Меџити, повод е новиот закон за правосудниот испит, за кој во коалицијата имаат различни ставови дали треба тој да е на македонски, на албански или комбиниран.

Премиерот и денеска повтори дека предлогот кој е испратен до Венецијанската комисија е тој на правда - теоретскиот дел да може да се полага на албански, турски или англиски, но практичниот дел исклучиво на македонски јазик. За заканите на Димитриевски дека во случај ова решение да биде усвоено е можно да ја напушти коалицијата не сакаше да коментира.

„Владата се избира со мнозинство од 61 пратеник во парламентот. Ние имаме мнозинство кое е многу повеќе од 61 пратеник, така што Владата е стабилна, односно најстабилна во овој дел на Европа, можеби и пошироко. Продолжуваме да го испорачуваме за граѓаните она коешто е важно, еве како овој објект и друг тип политики.“ Христијан Мицкоски – претседател на Влада.

Наспроти ставот на премиерот, лидерите на Вреди јавно тврдат дека и практичниот дел во иднина ќе се полага на албански, а претседателот на ЗНАМ бара тој да е целосно на македонски. Предлогот за кој треба да даде мислење Венецијанска комисија според него е хибриден и само би го искомлицирал правниот систем на државата..

-ЗНАМ, без разлика од позиција на власт или опозиција, за едно такво решение доколку дојде до парламентот, ќе се произвесеме негативно. А доколку не бидеме испочитувани како владин партнер, ќе го размислиме нашето практикување на власт. Верувам дека ќе дојде до лидерска средба во демекври, бидејќи тоа го побарав од премиерот. Ние до ден денеска немаме седнато на една иста маса со владините партнери, освен онаа општа лидерска средба во поширок формат... Јас не сакам да бидам информиран, јас сакам да бидам консултиран. Сакам да бидам составен дел и јас и ЗНАМ на решението,- Максим Димитриевски – претседател на ЗНАМ.

Во вторникот Владата соопшти дека донела одлука да побара итно мислење од Венецијанска комисија, за независна меѓународна експертска оценка дали текстот е усогласен со Уставот, меѓународното право и европските стандарди. Венецијанската комисија уште во 2019 година даде мислење и за Законот за јазиците, но нивните забелешки никогаш не беа имплементирани.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Над 70 отсто од Европејците поддржуваат формирање армија на Европската унија

Околу 71 отсто од граѓаните на Европа поддржуваат формирање армија на Европската унија, додека 78 проценти од испитаниците во земјите-членки на унијата сметаат дека треба да се зајакнат нејзините одбранбени капацитети во соработка со НАТО.

Над 70 отсто од Европејците поддржуваат формирање армија на Европската унија

Тоа покажуваат резултатите од спроведеното истражување на безбедносниот Тинк-Тенк Глобсек за 2026 година, објавени во бриселски „Политико“.

Поддршката за формирање европска војска е забележана во сите анкетирани земји-членки на ЕУ. Најголема е во Романија, каде што идејата ја поддржуваат 82 отсто од испитаниците, потоа следуваат Литванија со 78 и во Франција со 75 отсто.

Во Полска и Бугарија поддршката изнесува околу 70 отсто, додека во Германија е 69 отсто.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер