ЛИДЕМ: Свиревме против булингот, но институциите останаа глуви! Уште колку деца треба да страдаат за некој да реагира?!
ВМРО-ДПМНЕ: Филипче бара утеха во пласманот од четврто место во Брвеница додека СДС ја направи партија која слави порази
1ЛИДЕМ: Свиревме против булингот, но институциите останаа глуви! Уште колку деца треба да страдаат за некој да реагира?!
2ВМРО-ДПМНЕ: Филипче бара утеха во пласманот од четврто место во Брвеница додека СДС ја направи партија која слави порази
Голем пресврт: Азија го поддржа Инфантино, се очекува негова победа на изборите за претседател на ФИФА
2Голем пресврт: Азија го поддржа Инфантино, се очекува негова победа на изборите за претседател на ФИФА
МакедонијаМицкоски: Според ММФ, во Европа сме меѓу првите три држави кои примениле најмногу мерки Анализите на Меѓунарониот монтарен фонд покажеле дека Македонија е меѓу првите три држави во Европа кои примениле најмногу мерки за справување со ценовните шокови по ескалацијата на конфликтот на Блискиот Исток, рече премиерот Христијан Мицкоски.Македонија е трета земја во Европа која вовела навремени мерки за спречување на ценовен шок за своите граѓани по војната на Блискиот Исток – ова го покажале податоците од аналзите на европско ниво кои ги спровел Меѓународниот монетар фонд објавени на 15ти месецов, изјави денеска премеирот Христијан Мицкоски. На прес конфренцијата рече дека со ова се побиваат сите критики од опозицијата дека државата не реагирала навреме и соодветно. Презентирајќи ја компаративната анализа, пак која тие ја изработиле како Влада, Мицкоски уште еднаш повтори дека Македонија е земја со најевтини цени на бензините и дизелот во регионот и пошироко. „Сме меѓу првите 3 држави во Европа кој промениле и примениле намјмногу мерки за справување со ценовните шокови и токму тоа можеме да го видиме на слајдот, а се сеќаваме СДСМ и коалиционите партнери од пораншенат аВалда како ДУИ велеа дека доцниме со мерки но според ММФ можете да забележите дека сме на 3то место... Лажеа за мигранти лажеа дека ќе сме банкротирале, лажеа дека ќе нема за пензии....МОжеме да заклучиме дека сме дражава со најниски цени на горивата... Во македонија тие се движат од 1,27 до 1,31 евро центи, во Грција е 2.06, Косово 1,42. За дизел горивто еве ќе видите кај нас се движи 1,48 до 1,53 кај јужниот сосед нешто над 2 евра, во Албанија 2,24 ....“ До 4ти мај на сила, поради цените на нафтените дерива на плац во првите 15 дена од месец април – останува мерката за намалена акциза кај дизелот за 4 и кај бенизните за 2 денари по литар, додека повластена стапка на ДДВ од 10 %, по вчершаната владина седница ќе има само кај бенизните. Според премиерот ваквата владина одлука се должи на цените на светските берзи, и вели и покрај враќањето на ДДВто н 18 % кај дизелот повторно очекува намалување на цените...Според владините пресметки со утрешната одлука на Регулаторна цените и на бенизните и на дизелот би се намалиле во просек по 1,5 денар ... „Со оглед на движењето на цените на дизел горивата на плац заклучивме дека со вражањето на ДДвто на 18 % повторно ќе имаме намалување на цената имајќи го во предвид просекот од минатата недела , додека кај бензините оваа состојба не беше таква и доколку го вратевме и таму ДДВто на 18 % тогаш ќе имавме згоелмување на цената...Во првите 15 дена од април цената на плац за дизел се движеше над 1 200 долари по тон ќе имаме 4 денари намалување на акцизата, а кај бенизните беше помеѓу 1000 и 1200 долари по тон ќе биде 2 денари по литар.“ Експересно на прес конферецнија по владината реагираше лидерот на опозициската сДСМ, Венко Филипче, кој рече дека погрешните владини политики скапо ги плаќаат граѓаните... „ГРаѓаните скапо ги плаќаат бајките и неспособноста на премиерот Мицкоски. Ги плаќаат со празни џебови и празни фрижидери. Баравме и предупредувамвме дека се потребни конкретни мерки уштре пред два месеци Владата не презеде ништо дури сега ја укинаа и онаа парцијална мерка која ја воведоа од 18 % кај дизелот. Што имаме денеска економија која тоне... “ Инаку до крајот на април на сила останува и договорениот попуст кој ОКТА им го дава на компаниите кои се снабдуваат од рафинеријата и тоа од 3 денари за дизел и 2 денари за литар бензин. Во однос на мерки за цените на храната, од Владата остануваа на ставот дека со нив не треба да се брза и доколу се носат треба да се таргетирани, една од опциите која се споемнува е намалување на ДДВто од 5 на 0 % за одредни сезноски прозиводи. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаЛИДЕМ: Свиревме против булингот, но институциите останаа глуви! Уште колку деца треба да страдаат за некој да реагира?!Потресното сведоштво на мајка за насилството што го преживеало нејзиното дете во училиште повторно го отвора прашањето: Кој ги штити децата додека насилството станува нивно секојдневие?Пред години, Либерално-демократската младина ја започна кампањата „Свирни против булинг“, предупредувајќи дека врсничкото насилство не е детска игра, не е фаза на растење и не смее да се премолчува! Предупредувавме, баравме превенција, едукација и институционална реакција. Но нашите апели не добија соодветен одговор. Денес повторно слушаме сведоштва за деца што трпат понижување, физичко и психичко насилство. А каде се институциите? Каде се механизмите за заштита? Кој презема одговорност? Нема оправдување за насилството! Нема оправдување за премолчувањето! И нема простор за уште една празна институционална изјава дека „се работи на случајот“! ЛИДЕМ бара итно: * Надлежните институции да го испитаат пријавениот случај и да обезбедат заштита на детето. * Министерството за образование и Државниот просветен инспекторат да спроведат контрола на постапувањето по пријавите за врсничко насилство. * Во секое училиште да функционира јасен, достапен и доверлив механизам за пријавување и заштита. * Да се обезбеди психолошка поддршка за жртвите и системска превенција, со вклучување на родителите, наставниците и учениците. * Јавно да се соопштат преземените системски мерки и роковите за нивно спроведување, со целосна заштита на приватноста на децата. Не бараме одмазда меѓу деца. Бараме одговорност од возрасните и институциите што се должни да ги заштитат! Доста е со кампањи само на хартија, протоколи во фиоки и реакции дури откако нечие дете ќе преживее траума! ЛИДЕМ повторно го крева гласот и повикува на конкретна институционална акција. Ниту едно дете не смее да се плаши да оди на училиште! Пред години свиревме за да го спречиме насилството. Денес прашуваме: ДАЛИ НЕКОЈ ВООПШТО НЀ СЛУШАШЕ? СВИРНИ ПРОТИВ БУЛИНГ! НЕ МОЛЧИ ПРЕД НАСИЛСТВОТО! Либерално-демократска младинаКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаВМРО-ДПМНЕ: Филипче бара утеха во пласманот од четврто место во Брвеница додека СДС ја направи партија која слави порази Филипче и СДС се обидуваат да најдат утеха во пласманот на четвртото место. СДС со Филипче се сведе на рејтинг од 5% и се радува на поразот од 4 спрема 1 од ВМРО-ДПМНЕ на локалните избори во Брвеница.СДС под водство на Филипче доживеа политички дебакл. СДС со Филипче се четврта партија во Куманово и Брвеница, а петта во Скопје. Бројките и фактите се најдобриот показател за состојбата во која се наоѓа СДС која на чело со Филипче се претвори во партија без политичка визија, без убедлива понуда и без капацитет да се наметне како сериозна алтернатива помеѓу граѓаните. Филипче под менторство на Заев ја претвори СДС во партија која се радува на порази. На Филипче и СДС им посакуваме уште многу вакви „успеси“ четврти и петти места, славење на поразите и се помала поддршка од граѓаните, се наведува во пшартиското соопштение.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЕвропаФранција мобилизира 70.000 полицајци пред новиот бран протести Франција стравува од понатамошни немири бидејќи протестите низ целата земја повторно се планирани за денеска.Франција стравува од понатамошни немири бидејќи протестите низ целата земја повторно се планирани за денеска, а властите се загрижени за можно повторување на нивото на насилство видено минатиот викенд. Министерот за внатрешни работи Лоран Нуњез објави дека масовното присуство на полицијата треба да спречи насилство и грабежи. Тој рече дека 70.000 полицајци и жандармериски персонал ќе бидат распоредени низ цела Франција. Нуњез додаде дека имало бројни повици за насилство и грабежи, кои, според него, биле пораки од демонстрантите. Голем број протести беа забранети, а рутата на маршот беше променета во Париз Министерот за внатрешни работи рече дека голем број демонстрации веќе се забранети. Собирите ќе бидат дозволени ако организаторите обезбедат обезбедување, „и под услов, се разбира, тие да не се одржуваат на места каде што може да има грабежи, нарушување на јавниот ред и слично“. Во Париз, маршот што го објавија синдикатите беше дозволен, но рутата беше променета. И покрај ограничувањата на демонстрациите во саботата, полицискиот час во чувствителните области на градовите остана на сила, рече Нуњез. Младите луѓе протестираат со недели барајќи подобри услови во училиштата. Во текот на изминатиот викенд, други групи им се придружија на нивните протести во бројни градови, вклучувајќи ги и оние против високите трошоци за живот. На маргините на протестот избувнаа сериозни конфликти.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter