3Мистериозни „вселенски топки“ исфрлени на плажа: Научниците го истражуваат потеклото и опасните хемикалии
МакедонијаМицкоски: Состојбата со нафтата и нафтените деривати е добра, имаме најевтини горива во регинот- Состојбата со нафтата и нафетните деривати - дизел горивата, безоловните бензини, керозинот,... се во исклучително добра состојба.Премиерот Христијан Мицкоси изјави дека државава нема какви било предизвици во ланецот на снабдување со нафта и нафтени деривати и оти имаме најевтини горива во регионот, потенцирајќи дека со керозин кај нас се снабдуваат неколку аеродроми од регионот покрај набавката на горива што ја прават граѓаните од соседните држави кај нас на бензинските станици на пограничните места. Доколку се случи таков предизвик, рече денеска Мицкоски, тогаш навремено ќе се „препакуваме“ и ќе подготвиме нова стратегија. - Состојбата со нафтата и нафетните деривати - дизел горивата, безоловните бензини, керозинот,... се во исклучително добра состојба. Како држава во овој момент не гледаме какви било предизвици во ланецот на снабдување. Во постојана координација сме со снабдувачите. Од тој аспект не гледаме опасност и за нашите граѓаните и за бизнисите. Има доволно количини во државните резерви, но и во цевководот што го поврзува Солунското пристаниште со рафинеријата ОКТА, што е веќе функционале и оперативен, изјави Мицкоски, по присуство на поставување камен темелник за доградба на ООУ„Страшо Пинџур“ во Ѓорче Петров. Не само што имаме доволно количини за нашите граѓани и бизниси, посочи премиерот, туку зголемена е и потрошувачката, во одредени денови и за 30 проценти, поради тоа што голем од граѓаните од соседните држави доаѓаат кај нас и точат гориво. Притисокот е најголем на северната, јужната и западната граница затоа што кај нас се убидливо најевтини и дизелот и безоловните горива, рече Мицкоски, посочувајќи дека цената на дизел горивото кај нас е пониска за над 0,6 евра по литар во однос на таа кај нашиот јужен сосед, а во однос на таа во Србија за 0,3 евра по литар. - Исто така, со керозинот што го извезуваме, неколку аеродроми добиваат керозин како што е Приштинскиот и некои други. Така што, во овој момент факт број еден е дека граѓаните кај нас користат најевтини горива во регионот и факт број два имаме доволно количини и сега засега не гледаме никаков предизвик поврзан со недостаток. Доколку се случи таков предизвик тогаш навремено ќе се препакуваме и ќе спремиме нова стратегија, изјави Мицкоски. Прашан дали се размислува за ограничување на точење гориво во пограничните места, повтори дека засега сме стабилни и оти не гледа предизвици од аспект на недостаток на горива.Тагови: Христијан Мицкоски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЗабаваХрватската пејачка Жанамари повторно „ги запали“ мрежитеАтрактивната хрватска пејачка Жанамари повторно го привлече вниманието на своите следбеници на Инстаграм, објавувајќи провокативни фотографии од плажа.На фотографиите таа позира во бикини додека излегува од морето, а со објавата сподели и кратка, духовита порака: „Тој ми ги испрати овие. Јас реков – Ти благодарам. Тој рече – Ти благодарам ТЕБЕ! Како се вика?“ Заедно со објавата, таа ги додаде хаштаговите #beachbody, #bikini и #papped, алудирајќи дека фотографиите се направени спонтано, како папарацо фотографии. За кратко време, објавата собра повеќе од две илјади лајкови и бројни комплименти во коментарите, каде што следбениците редеа емотикони од оган, срца и аплауз, фалејќи го нејзиниот изглед. Жанамари успеа да привлече многу внимание и претходно со своите објави за костим за капење.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПотпишан договор со ЕБОР и ЕУ за изградба на автопат Скопје-Блаце, ќе чини речиси 200 милиони евра15:00Мицкоски: Оваа Влада ќе биде запаметена по проекти, по две децении најава, наскоро започнува изградбата на автопатот Скопје - Блаце12:43Продолжува судењето за пожарот во „Пулс“, обвинителство треба да презентира листинзи од телефонска комуникација09:07Мицкоски на потпишување на договор за изградба на автопат Скопје-Блаце08:50Мицкоски: Опозицијата бега од реформи во Изборните законик поради страв од пораз15:00
Потпишан договор со ЕБОР и ЕУ за изградба на автопат Скопје-Блаце, ќе чини речиси 200 милиони евра15:00
Мицкоски: Оваа Влада ќе биде запаметена по проекти, по две децении најава, наскоро започнува изградбата на автопатот Скопје - Блаце12:43
Продолжува судењето за пожарот во „Пулс“, обвинителство треба да презентира листинзи од телефонска комуникација09:07
Шоу бизФото: Поранешната кралица на филмовите за возрасни без филтерПоранешната кралица на филмовите за возрасни, Џена Џејмисон, ги изненади своите следбеници на Инстаграм со фотографија без филтер, што го симболизира нејзиниот нов почеток во животот.Провокативната Џена Џејмисон, поранешната ѕвезда на порно индустријата, ги изненади своите следбеници објавувајќи фотографија без никакви корекции на Инстаграм. На фотографијата, направена од близу и од висок агол, Џејмисон лежи во кревет и гледа директно во камерата со неутрален израз на лицето. Русата коса ѝ е врзана во висока, разбушавена пунџа со голема ластичка со леопард-дезен. Носи тенка маичка со цветен дезен, а на лицето и деколтето јасно ѝ се гледаат пегите, додека доаѓаат до израз и бројните тетоважи на нејзините рамења. Во описот, таа кратко и јасно напиша: „Без филтри, како противтежа на мојата огромна љубов кон уредувањето фотографии“. Оваа објава не е само уште едно селфи по ред, туку се чувствува како силна порака што одговара на нејзините неодамнешни животни пресврти. Џејмисон, која изгради империја како една од најпознатите ѕвезди во индустријата за возрасни, а подоцна и како успешна бизнисменка, се соочи со големи предизвици во последните години. Нејзината јавна борба со мистериозна болест што ја остави привремено неподвижна во 2022 година и бурниот приватен живот што кулминираше со развод од сопругата Џеси Лолес во февруари 2025 година ја поттикнаа да направи длабока интроспекција. По разделбата, Џејмисон јавно го објави своето враќање во христијанската вера, зборувајќи за патот на „раст и искупување“. Затоа, нејзината одлука да го покаже своето вистинско лице, без дигитални подобрувања, делува како симболичен чекор на патот кон самоприфаќање и нов почеток.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ТехнологијаМистериозни „вселенски топки“ исфрлени на плажа: Научниците го истражуваат потеклото и опасните хемикалииШест мистериозни предмети пронајдени на плажите во Австралија би можеле да бидат делови од вселенски ракети и да содржат опасни хемикалии, поради што властите го утврдуваат нивното потекло и состав.Шест мистериозни објекти што се појавија на плажите во северен Квинсленд би можеле да бидат таканаречени „вселенски топки“, делови од ракети што често се оставаат по лансирањето и можат да содржат токсично ракетно гориво, предупредуваат експертите. Австралиската вселенска агенција потврди дека работи на утврдување на потеклото на објектите, пишува Гардијан. Австралиската вселенска агенција потврди дека соработува со полицијата и Националната агенција за управување со вонредни состојби за да ја утврди природата и потеклото на мистериозните објекти. Полицијата претходно соопшти дека се сомнева дека содржат опасни хемикалии. Предметите, опишани како големи сфери, беа пронајдени на плажите во областа Форест Бич во близина на Таунсвил. Противпожарната служба на Квинсленд соопшти дека се пронајдени вкупно шест предмети. Тие предупредија дека „во наредните денови може да се најдат повеќе остатоци во областа“. Иако нагласија дека во моментов нема опасност за локалната заедница, ги повикаа жителите да ја следат Австралиската вселенска агенција за новости. Доценката Алис Горман, вселенски археолог на Универзитетот Флиндерс и експерт за вселенски остатоци, ги прегледа снимките и забележа дека предметите не покажуваат знаци на горење или тлеење. „Ова сугерира дека тие можеби потекнуваат од ракетен степен - можеби прва или втора - ракетен степен кој се вратил на Земјата додека остатокот од ракетата продолжил да испорачува товар во вселената“, рече таа, додавајќи: „Тие изгледаат како делови од систем за гориво. Тие се резервоари за гориво под притисок направени од легури на титаниум со многу висока точка на топење. Всушност, тие се познати како вселенски топки и можат да се најдат години по лансирањето. Можно е никој дури и да не ги видел како паѓаат“, објасни Горман. Таа рече дека ако навистина станува збор за вселенски топки, тие би можеле да содржат траги од хидразин, високо токсично ракетно гориво. Таа шпекулира дека тие би можеле да потекнуваат од руската ракета Фрегат, која користи слични резервоари под притисок. „Вселенските топки“ се најчестиот вид вселенски отпад и се наоѓаат низ целиот свет, изјави Горман. Се проценува дека околу нашата планета кружат повеќе од 30.000 парчиња отпад – од функционални сателити до неисправни делови од ракети. Four mysterious metallic canisters have washed ashore at Forrest Beach in North Queensland, prompting a national security response. The objects are confirmed to be space debris containing hydrazine propellant, a toxic and potentially carcinogenic chemical. #Space… pic.twitter.com/elMLOAoUez — 7NEWS Queensland (@7NewsBrisbane) July 5, 2026 „Вселенскиот отпад обично паѓа во морето, но Австралија е огромна копнена површина, па затоа значително количество од него завршува овде“, рече таа. Горман истакна дека вселенскиот отпад претставува сè поголем проблем поради брзиот пораст на бројот на лансирања во вселената.Тагови: вселената Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook