Мицкоски: Состојбата со горивата е стабилна, нема покачување на цената на електричната енергија - Канал 5

Мицкоски: Состојбата со горивата е стабилна, нема покачување на цената на електричната енергија

Претседателот на Владата на Македонија, Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарски прашања во однос тоа дали ќе се продолжи мерката намалено ДДВ од 18 на 10% за горивата и дали можеби ќе се интервенира во акцизата.

Мицкоски: Состојбата со горивата е стабилна, нема покачување на цената на електричната енергија

Претседателот на Владата на Македонија, Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарски прашања во однос тоа дали ќе се продолжи мерката намалено ДДВ од 18 на 10% за горивата и дали можеби ќе се интервенира во акцизата, бидејќи се чека предолго со оглед на тоа што се поскапени горивата без разлика што се поевтини од оние земји во регионот, дали ќе се прогласи кризна состојба на пазарот со електрична енергија, како и дали оваа мерка веќе дава резултат, изјави:

„Јас можам да кажам дека единствената земја во регионот којашто оваа недела не ги покачи, односно ги намали цените на горивата, е Македонија. Безоловниот 95 и 98 октански е намален за 2,5 денари, а дизелот не се покачи. И тоа е резултат на одлука на Регулаторната комисија, тоа е прво.

Второ, убедливо имаме најевтини цени на горивата во регионот. Тоа значи дека, ако кај нас безоловниот се движи од 1,33 евро центи за литар до 1,39 евро центи за литар, 95, 98 октанскиот и ако дизелот е некаде околу 1,5 – 1,53 евро центи за литар, да речеме во соседна Албанија и Грција е над 2 евра, во соседна Србија е од 1,81 до над 2 евра, во Косово исто така. Во Германија веќе имаме и до 3 што стигаат евра, цените по литар и во останатите европски земји.

Со други зборови, во овој прв месец, во историски најголемата нафтена криза, после онаа од 73-та, односно седумдесеттите години на минатиот век, ние како држава рефлектираме стабилност и сигурност и план да се справиме со овој предизвик. Јас ги уверувам граѓаните дека во овој момент состојбата е стабилна и не гледам апсолутно никаква причина за страв од немање енергенси, воведување на не знам какви кризни состојби и во делот на пазарот на електрична енергија и во делот на пазарот на нафта и нафтени деривати. Што ќе се случува за месец, два, три, пет, не знаеме. Можеме да претпоставиме, да собираме информации, да анализираме и да носиме одлуки. Предизвици ќе има, тоа не зависи од нас. Зависи од други фактори во светот, но ние како Влада ќе реагираме исклучиво во интерес на граѓаните.

Ме прашавте дали ќе ја продолжиме мерката, апсолутно доколку видиме дека ќе имаме зголемување на цените на безоловниот бензин и на дизелот, тогаш апсолутно дека ќе ја продолжиме таа мерка, сѐ додека трае кризната состојба. Ако продолжи и понатаму, ќе ја продолжиме и кризната состојба и ќе ја продолжиме повторно мерката. И ако повторно ескалира, имаме уште алатки на располагање, вие споменавте, тука се, се разбира акцизите, ни стојат сеуште на располагање.

Она што е можеби позитивна вест, е што утрово суровата нафта од типот ВТИ и од типот Брент е околу стотина долари за барел, значи имаме благо намалување. Ќе видиме до петок како ќе се одвива сето ова, па на крај на ден во петок, кога ќе заврши тргувањето, ќе можеме да знаеме која ќе биде цената отприлика, којашто во понеделник Регулаторна комисија би ја донела. И врз основа на тоа ќе носиме одлука за време на викендот, ако треба вонредна седница на Владата ќе свикаме и тоа ќе го направиме.

Така што да сумирам. Единствена држава којашто ги намали цените, единствена држава во регионот и можеби најдобра во Европа, што се однесува до цените на нафтата и нафтените деривати, од аспект на количини граѓаните да бидат спокојни има доволно. Ситуацијата ќе ја следиме и во зависност од ситуацијата, така ќе реагираме. Предизвици ќе има, но тие предизвици не зависат од нас, тие зависат од глобалната состојба. Да не создаваме паника, состојбата е под контрола за разлика од некои минати времиња кога паниката беше и неспособноста и криминалот и корупцијата, второ име на некои претходни Влади.

Ме прашавте околу пазарот на електричната енергија, апсолутно ЕСМ има на располагање некаде околу 3.200 тони мазут, коишто ги ставаме на располагање. Уште од минатата година може да ги користат, има доволно.

Видете јас на дневна основа не знам дали се повлечени, но можат кога сакаат да ги повлечат, доколку имаат потреба, се разбира. Тоа е поврзано со мазутот.

Од аспект на функционирањето на производните капацитети, тие функционираат. Акумулациите се на некаде отприлика над 40%, што за овој од годината, е да речеме најмалку двојно повеќе од некои минати времиња. Сега почнува и сезоната за наводнување, отприлика некаде првата половина на април. Имаме доволно количина вода и за производство на електрична енергија и за земјоделците за наводнување. Деновиве во одредени моменти од денот, ЕСМ дури продава на берзи и заработува отприлика од 100 до 150 илјади евра на ден. Нема да има поскапување на цената на електричната енергија за граѓаните, така што целата состојба е под апсолутна контрола. Ќе повторам, предизвици ќе има, дневно ги решаваме. Поголеми предизвици можеби ќе има, не знам тоа не зависи од нас, зависи од некои други фактори, ќе повторам, во светот. Но затоа сме ние Влада да реагираме проактивно, а не реактивно.“, рече Мицкоски.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Фото: Цеца за фотките во бикини

Балканската музичка ѕвезда Светлана Цеца Ражнатовиќ ретко споделува провокативни фотографии, но секое нејзино појавување во бикини предизвикува вистински бум во јавноста. 

Фото: Цеца за фотките во бикини

Пејачката откри зошто одлучила да објави фотографија во бикини и како успева да ја одржи својата беспрекорна линија без строги диети. Иако публиката не е често навикната на разголени фотографии, Цеца предизвикува вистинска помпа на социјалните мрежи кога ќе одлучи да го покаже своето витко тело.

Секојпат кога позира на плажа, нејзиното издание предизвикува лавина реакции и воодушевување кај следбениците.

Зборувајќи за фотографите од Кипар кои своевремено предизвика вистински бум на интернет, пејачката ги објасни причините поради кои ја објавила: „Ретко објавувам попровокативни фотографии – не затоа што се срамам од своето тело, туку едноставно зависи од моментот и од тоа што сакам или не сакам во одреден момент. Искрено, најмногу се чувствувам опуштено кога сум закопчана до грло, што е сосема природно. Се трудам, без разлика што носам или што фотографирам, тоа да биде соодветно, бидејќи границата е многу тенка. А и што друго би можеле да фотографирате на море, освен во бикини?“, изјави мегапопуларната Цеца.

Цеца Ражнатовиќ изгледа подобро од кога било, а неодамна откри како ја довела својата линија до совршенство. Пејачката успеа да ослабе дури 8,5 килограми за само еден месец, без строги диети, гладување и опасни препарати.

Наместо опасни „кратенки“, Цеца се одлучи за режим што потсетува на автофагија.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Фото: Сабаленка ужива во танга

Сабаленка позира во танга, објавата од плажа собра над 300.000 лајкови.

Фото: Сабаленка ужива во танга

Белоруската тенисерка Арина Сабаленка е на заслужен одмор по исцрпувачката сезона.

По исцрпувачката натпреварувачка година, втората тенисерка во светот, Арина Сабаленка, одлучи да направи пауза од турнирите и да замине на одмор, од каде што редовно ги известува своите фанови.

Нејзината најнова објава од плажа, на која носи танга, предизвика огромна реакција на социјалните мрежи, собирајќи над 300.000 допаѓања во рекордно време.

Во описот на фотографијата, белоруската тенисерка накратко наведе дека слободното време го поминува комбинирајќи релаксација на сонце со повремени тренинзи.

Кон крајот на сезоната, таа ја загуби водечката позиција на ВТА-листата, која ја презеде Елена Рибакина.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Супер дерби на „Алијана арената “во Минхен – Борусија му „украде“ бод на Баерн

Фудбалерите на Баерн и Борусија Дортмунд во германското супер дерби одиграа без победник  2:2 , во рамките на 8. коло од Бундеслигата. Милионерите од Дортмунд успеаја да надоместат негатива во самиот финиш.

Супер дерби на „Алијана арената “во Минхен – Борусија му „украде“ бод на Баерн

Се чинеше дека Баварците ќе го задржат водството, но Фабио Силва го замолкна Минхен во 89-тата минута и му донесе голем бод на Дортмунд.

Првото полувреме го одбележа поништен гол на Џоб Белингем, како и неколку добри шанси на двете страни. Во 34-тата минута, Дортмунд ја затресе мрежата преку англискиот играч за врска, но голот беше поништен по прегледување на снимката (ВАР) поради офсајд.

Четири минути подоцна, Баерн ја казни пропуштената шанса на ривалот, откако Конрад Лајмер најдобро реагираше на одбиената топка и им донесе водство на домаќините.

Дортмунд потоа успеа да возврати. Во 60-тата минута, Карни Чуквуемека ја испрати топката во шеснаесетникот, а Серу Гираси го совлада голманот со прецизен удар во долниот лев агол и го израмни резултатот.

Шест минути подоцна, Баерн повторно поведе. Хари Кејн ја упати топката со глава пред голот, а Дајо Упамекано се најде на вистинското место и погоди за 2:1. Претходно, Англичанецот имаше можност да постигне гол од пенал, но во 56-тата минута ја погоди пречката.

Кејн повторно беше блиску до погодок во 75-тата минута, но неговиот удар заврши во стативата. Кога се чинеше дека Баерн сепак ќе го задржи водството, на сцена стапи Фабио Силва.

Во 89-тата минута, Португалецот ја искористи топката што стигна до него во шеснаесетникот и со прецизен удар во долниот лев агол ги постави конечните 2:2. Баерн имаше уште една голема шанса во судиското надополнување, но ударот на Ленарт Карл заврши во пречката. Така, Дортмунд успеа да избегне пораз во Минхен, додека домаќинот може да жали за пропуштените шанси и испуштеното водство.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер