Мицкоски со ултиматум до маркетите: Нема да толерираме вештачки надуени маржи - Канал 5

Мицкоски со ултиматум до маркетите: Нема да толерираме вештачки надуени маржи

Дел од трговците неоправдано ги зголемиле бруто профитните маржи од 2 до 5% споредбено со минатата година, покажале првичните анализи од контролите низ маркетите кои ги прави Државниот пазарен инспекторат. 

Мицкоски со ултиматум до маркетите: Нема да толерираме вештачки надуени маржи

Ваквата информација ја сподели премиерот Христијан Мицкоски, кој најави дека претставниците на овие маркети ќе бидат повикани на разговор во Владата, оценувајки дека ваквото зголемување е недозоливо. Паралелно, посочи дека поради обемноста на материјалите се уште траат анализите на околу 700 основни прехрамбени производи, кои дополнително ќе покажат колку нивото на цените пораснало споредбено со минатата година и што доведува до нивно зголемување..

-Да бидам конкретен со пример ако минатата година во јуни месец бруто-маржата била 10%, сега е 12 или 15. Тоа се тие дополнителни 2 до 5% и тоа ние нема да го толерираме и многу јасна порака ќе испратиме кон тие. Кога би се намалиле тие 2 до 5% тогаш ние практично би биле земја со најниска инфлација во Европа во овој момент.. И исто така ја дефинираме онаа група од 600,700 производи каде што правиме анализа. Таму ќе ни треба повеќе време бидејки се влезни, излезни фактури, маржа која ја имаат дистрибутерите и производителите, виз а ви маржа бруто која ја имаат ланците маркети. Малку е посложена анализата, лично ја работам така што можеби ќе ни треба малку повеќе време,- Христијан Мицкоски – претседател на Влада .

Во меѓувреме граѓаните кои ги анкетиравме велат дека цените низ маркетите постојано се менуваат..Додека кај дел од основните прехрамбени производи има одредени намалувања, дел како што посочуваат, остануваат прескапи за нивниот стандард. Граѓаните сметаат дека Владата треба да преземе конкретни мерки за заштита на животниот стандард, особено за најранливите категории граѓани.

Инаку, премиерот Мицкоски кажа и дека очекува следната недела да бидат објавени параметрите за инфлацијата во месец јуни, која очекува да биде пониска отколку во април и мај. Во април, инфлацијата изнесуваше 5,7%, додека во мај се намали на 4,8%.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Нови преговори за Украина во Абу Даби следната недела

По девет месеци пауза, американските посредници ќе седнат на преговарачка маса со руските и украински  претставници во нов обид да се стави крај на војната.

Нови преговори за Украина во Абу Даби следната недела

Специјалниот пратеник на Трамп, Стив Виткоф објави дека разговорите меѓу Москва и Киев со посредништво на Вашингтон ќе се одржат на 10 и 11 ноември во Абу Даби..

Фокусот на преговорите, како што објави Виткоф, ќе биде ставен на безбедносните аранжмани по завршувањето на војната, хуманитарните напори и следните чекори кон постигнување мир.

Очекувањата, според него, е да се награди напредокот постигнат во Киев, Осло и Санкт Петербург, за да се склучи сеопфатен и траен мировен договор, кој ќе обезбеди долгорочна безбедност за идните генерации.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Дуковски: Боки 13 ослободен во случајот „Меѓународен сојуз“

Апелациониот суд во Скопје донел ослободителна пресуда за Бојан Јовановски, познат како Боки 13, во предметот „Меѓународен сојуз“. Со оваа одлука е преиначена првостепената пресуда со која Јовановски беше осуден на пет години затвор.

Дуковски: Боки 13 ослободен во случајот „Меѓународен сојуз“

Информацијата ја објави неговиот адвокат Сашо Дуковски, кој го застапуваше Јовановски во судската постапка.

„Ете, правдата е спора, но достижна! Апелациониот суд во Скопје денес донесе ослободителна пресуда за Бојан Јовановски во предметот ‘Меѓународен сојуз’. Со тоа ја преиначи првостепената пресуда на Основниот кривичен суд од пет години!“, напиша Дуковски.

Адвокатот во објавата изрази задоволство од одлуката и оцени дека таа е резултат на недостатоците во обвинението.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Средношколци и студенти повторно организираа блокади и протести во повеќе градови во Франција

Средношколци и студенти денеска повторно организираа блокади и протести во повеќе француски градови, меѓу кои Париз, Рен, Марсеј и Тулуз додека полицијата интервенира за да ги деблокира училишта.

Средношколци и студенти повторно организираа блокади и протести во повеќе градови во Франција

Во Нант рано утрината беа уапсени и приведени тројца ученици од средно училиште, кои се задржани во полиција во рамките на истрагата за пожарот што избувна во тоа училиште минатиот месец.

Протестите на средношколците и студентите во Франција почнаа кон средината на септември поради недостигот на наставен кадар, лошите услови во училиштата и незадоволството од состојбата во образовниот систем. На демонстрациите минатата сабота учествуваа повеќе од 300 илјади луѓе.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер