„Камен пијан“ жител на с. Марино возел со 3,02 промили алкохол- уапсен е, а во автомобилот носел пушка
1„Камен пијан“ жител на с. Марино возел со 3,02 промили алкохол- уапсен е, а во автомобилот носел пушка
Две недели по ред регистрирани по само два нови случаи, досега осум лица починаа од западнонилска треска
1Две недели по ред регистрирани по само два нови случаи, досега осум лица починаа од западнонилска треска
МакедонијаМицкоски: Со реакцијата на бугарското МНР се потврди дека промената на Уставот не е единствено барање Недискриминација, борба против говорот на омраза и право на образование се трите клучни области на кои се фокусира Акцискиот план на Македонија за малцинските права Работната верзија која е јавно објавена содржи 37 страници.Недискриминација, борба против говорот на омраза и право на образование се трите клучни области на кои се фокусира Акцискиот план на Македонија за малцинските права Работната верзија која е јавно објавена содржи 37 страници и ги детектира точките на кои се обрзува државата за заштита на правата на малцинставата. Во документот е наведено дека тој се базира на барањата од Преговарачката рамка со ЕУ и Извештајот од скринингот, како и за националните документи и закони за заштита на правата на заедниците, а придвидува десетици мерки за зајакнување на капацитетите на Комисијата за заштита од дискриминација, полицијата, правосудството, формирање на посебен оддел за говор на омраза во Канцеларијата на Народниот правобранител. Посебен акцент е ставен и на културата и на образовниот процес за развој на подобра наставна програма за предметите во основно и средно образование. - Забрана за јавно поттикнување на насилство , омраза или дискриминација врз основа на раса, етничка припадност, религија или националност. Подобрување на професионалните капацитети на полицајците, судиите и обвинителите за справување со случаи на дискриминација со фокус на дискриминација на лица кои припаѓаат на заедниците, стои во дел од акцискиот план. Акцискиот план е изработен во соработка и со експерти за малцински права од Советот на Европа, и по сугестити на ЕК бил даден на увид на властите во Софија, но од таму, според премиерот Мицкоски, дошле реакции во однос на македонскиот јазик. Ова, според него, е доказ дека внесувањето на Бугарите во Уставот не се единственото барање, туку Бугарија сака комплетно редефинирање на македонскиот идентитет – на што побара заеднички да се спротивстават со опозицијата. -Мене тоа не ме чуди, не знам дали некого воопшто го чуди во државава. Само ги потврдуваат оние тези којшто ги имавме од првиот момент дека не се само Бугари во Устав единственото барање туку комплетно редефинирање на македонскиот идентитет. Но ова се денови кога треба да простуваме, да се обединуваме, да се сплотуваме и како народ и како нација и мислам дека конечно ќе сфатиме дека без разлика дали сме во власта или во опозицијата дека за некои прашања треба да бидеме заедно., изјави Мицкоски. По коментарите од Софија, од македонското МНР соопштија дека од страна на Советот на Европа и Европската комисија било нагласено дека документот, кој се подготвувал во неколку фази уште од 2023 година, ги опфаќа сите релевантни европски и меѓународни стандарди. Акцискиот план, заедно со патоказите за реформи во правосудството и јавната админстрација, се предвидени во Преговарачката рамка, и за нив согласност треба да даде Советот на ЕУ, однсосно сите земји членки.. Тагови: Бугарија Христијан Мицкоски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
Црна хроника„Камен пијан“ жител на с. Марино возел со 3,02 промили алкохол- уапсен е, а во автомобилот носел пушкаЛишен од слобода жител на село во општина Илинден, управувал возило со 3,02 промили алкохол во крвта, во кое била пронајдена воздушна пушка.На 09.09.2026 во 14:55 часот во с.Марино, општина Илинден, полициски службеници од СВР Скопје го лишија о слобода А.С.(37) од с.Марино поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело по член 297-а од Кривичниот законик и член 80 од Законот за оружје. При контрола во сообраќајот, полициските службеници запреле патничко возило „фолксваген“ со кумановски регистарски ознаки, кое го управувал, при што било констатирано дека го управувал под дејство на алкохол, односно му биле измерени 3,02 промили алкохол во крвта. Исто така, при контрола во возилото била пронајдена возушна пушка, која била одземена. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава, соопштуваат од МВР. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиГаздата на „Пулс“ Дејан Јованов Деко наскоро ќе се брани од слобода15:08Активни пожари има во општина Струга, Македонски Брод и Чучер-Сандево09:11По повеќе од една година во бегство Перпарим Бајрами уапсен на ГП „Блаце“ – сам и се предал на полицијата 15:05МВР: На граничниот премин Долно Блаце за влез во Македонија се пријавил Перпарим Бајрами, баран со меѓународна потерница11:11Перпарим Бајрами, обвинет во случајот на Државна лотарија, се предал на македонските власти09:08
По повеќе од една година во бегство Перпарим Бајрами уапсен на ГП „Блаце“ – сам и се предал на полицијата 15:05
МВР: На граничниот премин Долно Блаце за влез во Македонија се пријавил Перпарим Бајрами, баран со меѓународна потерница11:11
МакедонијаДиректорот на БЈБ Јанев: Посилна соработка за поефикасна борба против финансискиот криминалДиректорот на Бирото за јавна безбедност, Александар Јанев, денеска (10.09.2026) учествуваше на “Билатералната вежба Македонија–Грција за меѓусебна правна помош во случаи на финансиски криминал”, со поддршка на Мисијата на ОБСЕ во Скопје.Вежбата е насочена кон унапредување на практичната соработка меѓу надлежните институции од двете земји, преку размена на искуства, информации и најдобри практики во постапувањето со случаи поврзани со финансиски криминал и прекугранични криминални активности. „Безбедноста нема граници. Затоа и нашата соработка не смее да има граници“, истакна директорот Јанев, нагласувајќи дека криминалот не познава граници, криминалните мрежи се поврзуваат, а финансиските текови често минуваат низ повеќе држави. Затоа, како што посочи Јанев, одговорот на институциите мора да биде заеднички, навремен и координиран – преку директна размена на информации, ефикасна меѓусебна правна помош, финансиски истраги, следење на сомнителни трансакции и размена на податоци од значење за истрагите. Како соседни земји, двете држави имаат посебна одговорност за зајакнување на безбедносната соработка и создавање механизми кои ќе овозможат институциите да бидат чекор пред криминалот. „Нашата цел не е само да реагираме кога криминалот ќе се случи. Целта е заеднички да бидеме чекор пред него – преку навремено споделување информации, координирани постапки и ефикасна правна помош“, порача Јанев. Тој нагласи дека ваквите вежби се особено значајни бидејќи овозможуваат практично тестирање на механизмите за соработка и унапредување на процедурите за постапување во сложени прекугранични случаи. „Таму каде што криминалот гледа граница како можност за криење, ние треба да гледаме можност за уште посилна соработка. Силни институции, тесно поврзани партнери и заедничка одговорност се основата за побезбедни граѓани и постабилен регион“, истакна директорот на БЈБ, соопштуваат од МВР. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
Европа28 повредени во украински напад со дронови во руското одморалиште Сочи28 луѓе се повредени во украинскиот напад со дронови во руското одморалиште Сочи на Црното Море.. Властите во Краснодарскиот регион соопштија меѓу повредените има и две деца и дека по нападот избил голем пожар на пристанишниот кеј.. Сочи е познат како „втора престолнина“ на Русија и е дом на официјалната летна резиденција на претседателот Владимир Путин.. Нападите се сметаат за одговор на во вчерашните жестоки руски напади врз Украина во кои беа убиени најмалку осум луѓе.. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook