Мицкоски со порака за Светскиот ден за подигање на свеста за аутизмот - Канал 5

Мицкоски со порака за Светскиот ден за подигање на свеста за аутизмот

Мицкоски со порака за Светскиот ден за подигање на свеста за аутизмот: Како Влада наша должност е да создадеме општество во кое секое дете ќе има еднаква шанса.

Мицкоски со порака за Светскиот ден за подигање на свеста за аутизмот

Светскиот ден за подигање на свеста за аутизмот нѐ потсетува дека вистинската сила на една држава не е само во нејзините институции, туку во срцето на нејзиниот народ. Во тоа како ги прифаќаме различностите и како се грижиме едни за други, истакна премирот Христијан Мицкоски по повод 2 април - Светскиот ден за подигање на свеста за аутизмот.

-Лицата со аутизам не се „различни од нас“ тие се дел од нас. Тие се наши деца, наши соседи, наши пријатели. Тие се огледало на нашата совест - објави Мицкоски на Фејсбук.

Како Влада, додаде премиерот, наша должност е да создадеме општество во кое секое дете ќе има еднаква шанса, а различноста ќе се препознава и почитува како вредност.

-Денес не зборуваме само за свест зборуваме за акција. За подобро образование, за достапни услуги, за достоинствен живот. Да бидеме гласот на оние што често остануваат нечуени. Да покажеме дека силата на една држава се мери по тоа колку се грижи за своите најранливи. 2 Април - Светски ден за подигање на свеста за аутизмот - истакна Мицкоски во објавата.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Видео: Неверојатна тепачка во НХЛ

Натпреварот помеѓу Винипег Џетс и Флорида Пантерс понуди вистински хокеарски спектакл, но главна атракција беше жестокиот судир меѓу „тешкашите“ Тајрел Бауер и Бокондџи Имама.

Видео: Неверојатна тепачка во НХЛ

Двајцата исклучително силни играчи ги фрлија ракавиците уште на самиот почеток од првата третина, приредувајќи им на гледачите неверојатна тепачка која траеше повеќе од една минута.

Во физичката пресметка хокеарите разменија на тешки удари, овој нивни судир секако ќе биде сериозен кандидат за титулата „најдолга и највозбудлива тепачка“ во досегашниот тек од сезоната во НХЛ.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Хамнеи ја зголеми борбената готовност: Иран се подготвува за можен нов судир

Врховниот лидер на Иран, Моџтаба Хамнеи, им нареди на воените команданти да ги ажурираат своите листи со цели и да ја подобрат одбраната, со порака веднаш и ефикасно да одговорат на секоја закана.

Хамнеи ја зголеми борбената готовност: Иран се подготвува за можен нов судир

За време на состанокот со високи воени команданти, Хамнеи нагласи дека високото ниво на борбена готовност за силен одговор кон противниците е еден од клучните предуслови за постигнување максимално одвраќање.

„Доколку непријателите повторно извршат воени или терористички напади, вооружените сили на Исламската Република и иранскиот народ ќе ги одредат времето и условите за нивниот крај“, изјави Хамнеи, според иранската новинска агенција ИРНА.

Според него, ажурирањето на списокот со цели треба да овозможи различни материјални и нематеријални ресурси на Соединетите Американски Држави и Израел да бидат во дофат на иранските вооружени сили.

Хамнеи, исто така, укажал на потребата од зајакнување на воено-разузнавачката инфраструктура, подобрување на одбранбените и безбедносните капацитети преку примена на нови технологии, како и развој на домашните воени капацитети во однос на доктрината и тактиката.

Зборувајќи за состојбата во регионот, тој ја пофалил, како што се наведува, истрајноста на „фронтот на отпорот“ во различни земји, оценувајќи дека единството на неговите членови има стратешко значење за обликување на нов политички и безбедносен поредок во Западна Азија.

Пораките на Хамнеи доаѓаат во време на зголемени тензии меѓу Вашингтон и Техеран, придружени со постојани закани од страна на САД за можни нови воени напади по изборите за американскиот Конгрес на 3 ноември.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Зеленски: Околу 280.000 домаќинства во Украина останаа без струја

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска изјави дека околу 200.000 домаќинства во Днипро и околните области, како и повеќе од 80.000 домаќинства во регионот на Киев, останале без електрична енергија по руските напади.

Зеленски: Околу 280.000 домаќинства во Украина останаа без струја

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска изјави дека околу 200.000 домаќинства во Днипро и околните области, како и повеќе од 80.000 домаќинства во регионот на Киев, останале без електрична енергија по руските напади врз енергетската инфраструктура.

Зеленски на платформата „Икс“ (X) наведе дека во текот на ноќта руски беспилотни летала ја погодиле термоелектраната во Киев, четири електрични потстаници во Днипропетровската област и термоелектраната во Шостка. Според него, цел на нападот била и железничката инфраструктура во Днипро и Харков, како и еден дистрибутивен објект во Днипропетровската област.

Екипи за поправка работат на отстранување на последиците од нападот и на воспоставување на снабдувањето со електрична енергија, рече Зеленски. Истовремено, тој ја повика меѓународната заедница да ѝ пружи дополнителна поддршка на Украина, предупредувајќи на опасноста од понатамошно проширување на руската ескалација во Европа. Тој побара нови пакети помош за Украина и воведување дополнителни санкции против Русија.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер