Ирец со секира уништил американски воен авион, вреден 60 милиони долари- му се заканува долгогодишна казна затвор (ВИДЕО)
2Ирец со секира уништил американски воен авион, вреден 60 милиони долари- му се заканува долгогодишна казна затвор (ВИДЕО)
Пејач на свадба ја прекина песната за да му одржи лекција на пијан гостин: Покажи малку почит! (ВИДЕО)
2Пејач на свадба ја прекина песната за да му одржи лекција на пијан гостин: Покажи малку почит! (ВИДЕО)
МакедонијаМицкоски со порака до јавните и државни службеници: Верувам во вашиот труд и енергија и способностВерувам во вашиот труд и енергија и способност, но очекувам резултати и посветеност.„Без силна, стручна, одговорна и почитувана јавна администрација, нема ниту држава, ниту реформи, ниту вистинска демократија. Честит празник за вашиот труд, за вашата посветеност, за вашата отпорност, понекогаш и во тешки и обесхрабрувачки услови“, вели претседателот на Владата на Република Македонија Христијан Мицкоски на денешниот настан по повод Меѓународниот ден на јавната администрација. Мицкоски истакна дека денешниот ден не само формалност, туку повик за реформи, и конечно надминување на болестите кои предолго ја разјадува јавната администрација. „Но денешниот ден не е само формалност. Тој е и повик. Повик за пресврт. Повик за реформа. Повик за конечно надминување на болестите кои предолго ја разјадува јавната администрација и за кои мораме да бидеме свесни: партизација, непотизам, неефикасност, клиентелизам“, рече Мицкоски и додаде: „Дојде време за промена. Вистинска промена. Ги градиме темелите на промените. За твоето време кое доаѓа. За време во кое знаењето и трудот ќе бидат поважни од партиската книшка. За време во кое институцијата ќе служи на граѓанинот, а не граѓанинот на институцијата. За време во кое професионалноста ќе биде стандард, а не исклучок. За време во кое службеникот ќе биде горд што е дел од јавната администрација, а граѓанинот ќе знае дека ќе биде услужен со почит, ефикасно и дигитално.“ Премиерот Мицкоски нагласи дека изминатата една година започна акцијата „Сите заедно за професионална и квалитетна јавна администрација“ која претставува основа за транспарентност и многу други проекти. „Во овие 12 месеци, не ветувавме – туку работевме. Ја започнавме акцијата „Сите заедно за професионална и квалитетна јавна администрација“, како основа за транспарентен и одржлив процес на консултации при изработка на законите. Го формиравме новото срце на реформата – Академијата за стручно усовршување на јавните службеници, со мандат да овозможи стандардизирана и континуирана едукација на национално и локално ниво. Реализирани се над 100 обуки, а преку новата е-платформа LMS, над 100.000 службеници имаат пристап до курсеви, тестирања и евалуации. Се дигитализираше и надгради Системот за управување со човечки ресурси – ИСУЧР, со што за прв пат институциите имаат реална, точна и целосна слика за кадарот, учинокот и потребите. Се усвои стратегијата за реформа на јавната администрација, усогласена со методологијата на ЕУ и стандардите на СИГМА – стратегија што не стои во фиока, туку се применува секојдневно. Правевме корекција на балансерот – од политичка алатка, го трансформиравме во инструмент на праведност. Праведност наместо политичка математика. Се унапредија порталите ЕНЕР и OGP – овозможувајќи на граѓаните директно учество во креирање и следење на политиките. Родовата еднаквост и социјалната инклузија се интегрирани како норма во сите политики – не како привремена агенда, туку како вредност на оваа Влада“, дециден е Мицкоски. Премиерот Мицкоски порача дека јавната администрација ќе ја направат место за шанса а не за порази, посочувајќи дека ќе се врати достоинството на јавниот службеник, но и ќе се воведат повисоки критериуми за отчетност. „Ќе ја направиме јавната администрација место на шанса, не на пораз. Ќе го вратиме достоинството на јавниот службеник – но и ќе воведеме повисоки критериуми на отчетност. Ги градиме темелите на промените. Темели на знаење, работа и вредности. За твоето време кое доаѓа. Време кога ќе бидеш вреднуван по тоа што знаеш, а не кого познаваш. Време кога администрацијата ќе значи сервис – не ќорсокак. Време кога државата ќе работи за народот – не обратно“, посочи премиерот. Премиерот Мицкоски им порача јавните и државни службеници дека верува во нив и нивната енергија, посветеност и способност, но дека очекува резултати. „Јас верувам во вас. Верувам во вашата енергија, вашата посветеност и вашата способност. Ние ве поддржуваме – но и очекуваме резултати. Очекуваме партнерство. Очекуваме искрен труд. Денес, ја почитуваме вашата улога, но од утре – заедно продолжуваме по нов пат. Пат на модерна, дигитална, инклузивна и ефикасна администрација. Честит ден на јавните службеници! Честит нов почеток за македонска јавна администрација“, вели премиерот Мицкоски.Тагови: Христијан Мицкоски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЖивотМажите со големо его често ги прават овие 5 работиАко ги забележите овие особини, бидете спремни да се одбраните.Начинот на кој некој се однесува за време на разговор, открива многу за неговиот карактер. Особено кога ќе дојде до несогласување, критика или ситуација во која би требало да ја признае својата грешка. Додека едни се спремни да го сослушаат соговорникот и да преземат одговорност, други ќе направат речиси сè за да ја избегнат непријатната вистина. Пет обрасци на однесување на мажите со изразено его и проблематичен однос кон жените Замислете дека се обидувате да разговарате со партнерот за нешто што ве повредило, а тој одеднаш почнува да зборува за сосема друг проблем. Наместо одговор на конкретно прашање, вие добивате нова расправа во која одеднаш се правдате. Според психолозите, ваквото свртување на вниманието може да биде начин да се избегне одговорност. Штом лицето сфаќа дека би можело да се соочи со последиците на своите постапки, се обидува да го промени текот на разговорот. Во овој случај, најдобро е да го вратите разговорот на првобитната тема, наместо да се впуштите во бескрајно докажување. Ве обвинуваат за нешто што самите го прават Еден особено непријатен образец на однесување е префрлањето на сопствените постапки и несигурност на друга личност. Мажот кој се однесува неискрено, може да ја обвини партнерката за непочитување, додека некој што користи други лица за лична корист може токму ним да им ги припише истите намери. Ваквото однесување може да послужи како начин да се сврти вниманието од сопствените постапки. Наместо да разговарате за она што некој го направил, вие сте принудени да докажувате дека обвинувањата што ги навел не се точни. Намалување на вашиот проблем во споредба со други Кога ќе се обидете да укажете дека одредено однесување не е во ред, одговорот понекогаш може да биде дека и други жени го прават истото или дека и мажите имаат сопствени проблеми. Секако, ваквите тврдења може да бидат точни, но проблемот настанува кога таквите аргументи се користат исклучиво за да се избегне разговор за конкретната ситуација. Ваквото изедначување на проблемот често служи за намалување на туѓото искуство, па наместо разбирање и барање решение, разговорот се претвора во натпревар за тоа кому му е потешко. Ве убедува дека претерувате и ги доведува во прашање вашите чувства Еден од најпроблематичните обрасци се јавува кога личноста се обидува да ве увери дека вашите реакции се неразумни, дури и кога имате оправдана причина за незадоволство. Ако се побуните поради навреда, лицето може да ве обвини дека сте премногу чувствителни. Ако одлучите да го прекинете разговорот, може да ви тврди дека со вас нешто не е во ред. Таквото однесување особено загрижува кога се повторува и кога другата личност почнува да се сомнева во сопственото расудување. Во тој случај не станува збор за обично несогласување, туку за емоционална манипулација. Очекуваат вие да ги решавате проблемите што лично сами ги создале Последниот образец на однесување се однесува на избегнувањето одговорност. Наместо да се обидат да го променат однесувањето, одделни мажи очекуваат жените постојано да го поправаат односот, да го смират конфликтот и да најдат решение. Така товарот од одржување на односот или комуникацијата се префрла на една личност, додека другата не покажува спремност да ги преиспита сопствените постапки. Во вакви ситуации, психолозите советуваат да се постават јасни граници и да не прифаќате разговор во кој одговорноста постојано ви се префрла вам. Секако, ниедна од овие постапки не докажува дека некој е лоша личност, ниту дека ваквото однесување е својствено исклучиво за мажите. Сепак, кога се повторуваат овие обрасци и ве оставаат со чувство на вина, збунетост или исцрпеност, може да бидат знак дека таквиот однос не е здрав. Понекогаш е поважно да препознаете дека разговорот нема смисла, отколку по секоја цена да се обидувате да бидете сфатени, пишува Yourtango.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СудбинаМајмун нападна жена среде улица и крвнички ја изгриза (Вознемирувачко видео)Жителите на комплексот Инфиниум Флетс во Индија се соочија со сериозен проблем откако агресивен мајмун нападна жена пред нејзиниот дом на 13 ноември, каснувајќи ја повеќе пати.Жртвата претрпе сериозни повреди, додека снимките од безбедносните камери ги забележаа драматичните моменти и предизвикаа страв кај другите жители. Повреди на телото Вознемирувачката снимка го прикажува дивото животно како одеднаш ја напаѓа жената, која не направи ништо за да го испровоцира. Мајмунот ја каснува повеќе пати, додека таа вреска и се обидува да се одбрани. Таа претрпе длабоки повреди на телото, поради што веднаш беше однесена во блиската болница, каде што доби медицинска помош, објавува Дејли Стар. Жителите велат дека веќе некое време се справуваат со мајмуни во комплексот, а најновиот напад повторно го отвори прашањето за безбедноста на жителите. Сериозен проблем Снимката оттогаш се појави на социјалните мрежи и предизвика бројни дискусии за присуството на мајмуни во станбените области. Соседите велат дека нападот толку многу ги исплашил луѓето што жените и малите деца сега се плашат да ги напуштат своите домови. Според нив, зголеменото присуство на мајмуни во урбаните средини стана сериозен проблем, но властите сè уште не презеле никакви конкретни чекори за да го решат. Агресивниот мајмун подоцна бил фатен од службеници на Шумскиот оддел, што исто така било снимено со камера.Тагови: жена мајмун Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЕвропаЛагард размислува за нова раководна функција по оставката во Европската централна банка Претседателката на Европската централна банка (ЕЦБ), Кристин Лагард, денеска изјави дека по напуштањето на таа позиција, би можела да размисли за преземање лидерска позиција на Светскиот економски форум.Претседателката на Европската централна банка (ЕЦБ), Кристин Лагард, денеска изјави дека по напуштањето на таа позиција, би можела да размисли за преземање лидерска позиција на Светскиот економски форум, но нагласи дека засега не сака да шпекулира за својот иден ангажман. Кога беше прашана за можноста да го преземе раководството на организацијата со седиште во Женева, Лагард на самитот на „Њујорк тајмс Дилбух лист“ изјави дека тоа е „една од можностите“, пренесува „Блумберг“. Таа додаде дека ќе остане на чело на Европската централна банка до 7 февруари и дека нема планови да се пензионира. Зборувајќи за нејзиниот иден јавен ангажман, Лагард нагласи дека мора да ја задржи политичката неутралност додека ја води ЕЦБ, особено со оглед на бројните избори што се очекуваат во Европа. Се очекува дека по напуштањето на централната банка, таа би можела поотворено да зборува за политичката и економската состојба во Франција, чии буџетски проблеми и политичкиот застој во последните месеци придонесоа за притисок врз пазарот на државни обврзници, според агенцијата Њујорк. „Сметам дека е моја должност да разјаснам работи, да исправам неточни изјави и да зборувам од искуството што го стекнав“, рече Лагард. Таа претходно ги отфрли шпекулациите дека би можела да се кандидира за наследник на Емануел Макрон на функцијата претседател на Франција.Тагови: Европската централна банка Кристин Лагард Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter