МакедонијаМицкоски со остра осуда за скандирањата на ксенофобични пораки и национализам на натпреварот Македонија-РоманијаПретседателот на Владата Христијан Мицкоски со остра осуда за скандирањата на ксенофобични пораки и национализам на натпреварот Македонија-Романија во Куманово.Премиерот Христијан Мицкоски денес одговарајќи на новинарско прашање остро го осуди скандирањето на натпреварот Македонија-Романија во Куманово од страна на неколкумина присутни во салата, и посочи дека навивачките групи треба да ги бодрат своите тимови, без навредливи и ксенофобични пораки. „Во текот на вчерашниот ден домаќинот а тоа беше кошаркарската федерација исто така и Општина Куманово го осудија скандирањето и ксенофобичните испади на неколкумина во салата, искрен да бидам додека бев таму, воопшто и не го забележав тоа, бидејќи стануваше збор за мала група на луѓе. Но, исто така еве би сакал да ја искористам оваа прилика да се приклучам кон осудата на национализмот и ксенофобијата, најпрвин на таа што се случи за време на кошаркарскиот натпревар помеѓу Македонија и Романија, а потоа и да упатам порака до сите навивачки групи да навиваат спортски, да го бодрат својот тим и националниот тим на Македонија. Тоа е она кое што оваа Влада го подржува, а сето останато ќе биде предмет на истрага и предмет на санкции, без разлика од која страна доаѓа“, вели Мицкоски. „Уште еднаш да повторам апсолутно го осудувам ксенофобичното и националистичко скандирање на неколкумина кои што не наидоа на поддршка од страна на ниту еден од присутните во салата“, порача премиерот Мицкоски.Тагови: Христијан Мицкоски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаСудење Пулс: Објекти во Кочани воопшто не биле во плановите на ДЗС за надзор, тврди обвинителствотоНа денешното рочиште за пожарот во дискотеката Пулс во Кочани, обвинителството преку докази укажува дека голем број објекти во Кочани воопшто не биле во плановите за надзор на Дирекцијата за заштита и спасување.– Доказите се за 2016 година и се планови за надзор на објекти ризични за пожар, на подрачјето на целата држава. Во нив се утврдени критериуми за проценка за ризик од пожар и други безбедносни ризици. За општина Кочани не е ниту предвиден, ниту е спроведен надзор, не е назначен ниту инспектор како би извршил редовен или вонреден надзор, посочи обвинителството. Во 2015 година, според обвинителството, имало само еден надзор во Кочани во продажен објект, а ризичните не биле поминати. Ваквите наоди ги негираше поранешниот директор на ДЗС Шабан Салиу кој тврдеше дека на презентираните документи не е неговиот потпис. Судскиот процес во кој обвинети се 35 лица, се уште е во фаза на изнесување на материјални докази. Тагови: Пулс Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаОслободителна пресуда за таткото на Васил ЈовановОслободителна пресуда за Зоран Јованов, таткото на Васил Јованов, со чие возило беше предизвикана кобната сообраќајна несреќа на булеварот Партизански одреди, во која загина младата Фросина.Согласно образложението на пресудата, судот оцени дека кривична одговорност не може да се заснова врз самата околност што обвинетиот е сопственик на возилото и што неговиот полнолетен син управувал со тоа возило без возачка дозвола. Законодавецот ваквото однесување изречно го регулирал и санкционирал како прекршок во Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата, а судот не може преку проширено толкување на Кривичниот закон да создава нови облици на кривична одговорност кои законодавецот не ги предвидел. – велат од Кривичен и додаваат дека во конкретниот случај, непосреден извор на опасност и непосреден причинител на настанатата последица е полнолетниот возач како самостоен учесник во сообраќајот.Тагови: Васил Јованов Зоран Јованов Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаВладата размислува за нов Клинички на Илиденска, спроти Воена болницаПремиерот Христијан Мицкоски на брифинг со новинари кажа дека владата прави планови за изградба на нов Клинички центар во Скопје, на нова локација.Станува збор за парцелата на Илиденска кај салата Борис Трајковски на која порано превдидено беше да се гради трговски центар. Таму е Мирјана Мирчевска Јовановиќ. Сите влади досега го најавуваа овој капитален проект, кога би станал реалност? Целосниот извештај погледнете го во видеото. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМаленко: Груевски за Унгарија не избега од дома, туку од Охрид15:00Продолжува судењето за пожарот во дискотеката „Пулс“09:00Филипче: Социјалдемократија не ја мери државата по висината на говорницата, туку по квалитетот на живот18:16СДСМ го одржува 32. конгрес - на дневен ред новата идеолошка платформа и програмската рамка15:48Филипче: Европа значи подобар живот за граѓаните и владеење на правото13:49
Филипче: Социјалдемократија не ја мери државата по висината на говорницата, туку по квалитетот на живот18:16