3Петкоска: Навременото препознавање на безбедносните закани и размената на информации со НАТО се од клучно значење
Синер го смени тренерот и рече: „Нема да почнам од почеток, продолжувам да напредувам – по еден процент!“
2Синер го смени тренерот и рече: „Нема да почнам од почеток, продолжувам да напредувам – по еден процент!“
МакедонијаМицкоски: Со Еразмус+ младите имаат пристап до моќен европски финансиски инструментСо Еразмус+ младите имаат пристап до моќен европски финансиски инструмент кој овозможува меѓународна мобилност, учење и професионален развој, вели премиерот Христијан Мицкоски.„Почитувани членови на академската заедница и на реномираниот УКИМ, Почитувана директорке на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност, Почитувани претставници на академската заедница, Драги студенти и млади, Почитувани гости, Дозволете ми најнапред да изразам искрено задоволство што денес сум со вас овде, на Економскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ – институција која со децении претставува столб на знаењето, критичката мисла и општествениот развој на нашата држава. Денешниот настан во организација на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност – Еразмус+, не е само формално објавување на програмските приоритети за 2026 година. Тој е порака. Порака дека инвестираме во знаење, во младите и во европската иднина на Македонија. Државата учествува во програмата Еразмус+ како програмска земја. Тоа значи целосен и рамноправен пристап до сите активности и можности што ги нуди програмата, исто како и земјите членки на Европската Унија. Ова не е симболика, ова е суштинска, практична европска интеграција преку образование, млади и знаење. Преку Еразмус+, нашата држава активно придонесува кон развојот на образованието, младинските политики и неформалното учење, поттикнувајќи меѓународна соработка, интеркултурен дијалог и унапредување на знаењата и вештините на младите. Тоа се темелите врз кои се гради современа, конкурентна и демократска држава. Особено сакам да истакнам дека за 2026 година е обезбеден, како што веќе слушнавте најголемиот буџет во оваа финансиска рамка во вкупен износ од над 8 милиони евра. Ова не е случајно. Ова е резултат на јасна определба, да се вложува таму каде што приносот е најголем: кај младите луѓе. Еден од значајните инструменти што директно ги засега младите е Европската младинска картичка. Таа им овозможува на младите попусти и поволности во 38 европски држави, во области како што се патување, култура, образование, спорт и секојдневни услуги. Но уште поважно – таа создава чувство на припадност, на европска младинска заедница, каде младите од Македонија се рамноправен дел. Националната агенција за европски образовни програми и мобилност има особено важна улога и во креирањето и имплементацијата на Акцискиот план од Законот за младинско учество. Преку активностите поврзани со програмата Еразмус+, Агенцијата директно придонесува кон остварување на целите на Законот – особено во делот на младинското учество, информираноста и активната вклученост на младите во општествените процеси. Имплементацијата на Законот за младинско учество значи јасно дефинирани можности за младите: – Учество во носење одлуки, – пристап до квалитетни информации, – поддршка за личен и професионален развој. Со тоа, младите не се гледаат само како корисници на политики, туку како активни чинители во општеството. Преку програмата Еразмус+, младите и младинските работници од нашата земја имаат пристап до моќен европски финансиски инструмент што овозможува меѓународна мобилност, учење и професионален развој во полето на младинската работа. Истовремено, Еразмус+ е клучен европски механизам и за студентите и универзитетите. Студентите добиваат можност да студираат. За универзитетите, Еразмус+ значи јакнење на институционалните капацитети, модернизација на наставата и активно вклучување во европски академски и истражувачки мрежи. Дозволете ми да се осврнам и на клучните приоритети што ги поврзуваат програмата Еразмус+ и националните младински политики. Прво – задржување и активирање на младите, нешто што за нас е многу важно. Нашите политики имаат јасна цел: да го намалат одливот на млади и да го зголемат нивното активно учество во општеството. Еразмус+ придонесува кон тоа преку квалитетни можности и дома и во Европа, кои ги мотивираат младите да се развиваат, но и да се вратат, да останат и да придонесуваат дома. Второ – активно граѓанство и демократско учество. Програмата ја поддржува културата на учество, одговорност и дијалог. Преку младински дијалог, размени и граѓански активности, се гради генерација која знае да учествува, да прашува и да носи одговорни одлуки. Трето – социјална инклузија и еднакви можности. Еден од најважните принципи е обезбедување пристап до можности за сите млади, особено за оние со помалку можности. И четврто – европска интеграција и усогласување со ЕУ политики. Преку Еразмус+, европските вредности не се учат теоретски – тие се живеат. Тоа е европска интеграција на дело, преку младите, образованието и знаењето. Почитувани, Нашата визија е јасна Македонија како држава што инвестира во младите, што создава можности и што гради европска иднина дома. Програмата Еразмус+ и работата на Националната агенција се клучен дел од таа визија. Убеден сум дека програмските приоритети за 2026 година ќе бидат уште еден чекор напред кон поактивни млади, посилни институции и посигурна европска иднина на нашата држава. Ви благодарам за вниманието и ви посакувам успешна и инспиративна работа.“Тагови: Христијан Мицкоски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветПовторно гори во теснецот (ВИДЕО)Иранската војска денеска соопшти дека два нафтени танкера се запалиле откако удриле во поморски мини во Ормускиот теснец.Морнарицата на Иранската револуционерна гарда (ИРГЦ) наведе дека два нафтени танкера – кои ги прекршиле прописите – ги исклучиле своите системи за навигација и идентификација и се обиделе да го напуштат Ормускиот теснец преку неовластена рута, под закрила на американските воени сили. Притоа, тие удриле во поморски мини и се запалиле, пренесува агенцијата ИРНА. Во соопштението се додава дека, и покрај напорите на американскиот воен персонал да ги изгаснат пожарите, пловилата остануваат зафатени од пламени и се напуштени. JUST IN: 🇮🇷🇺🇸 Oil tankers continue to burn in the Strait of Hormuz. Iran revealed a new footage where two oil tankers were targeted by two mines last night to stop their attempt to cross the Strait https://t.co/vtQFsp1hBd — Megatron (@Megatron_ron) November 11, 2026 Во соопштението, упатено до сопствениците на бродовите, се напоменува дека за безбедно поминување низ Ормускиот теснец е неопходна „координација со иранските вооружени сили“.Тагови: Ормускиот теснец Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЛукаревска до Славески: Го урнисавте банкарскиот сектор, поднесете си оставка 15:16Случајот „АЛТА банка“ денеска на надзорна расправа пред матичната собраниска комисија11:21Собранието го усвои амандманот со кој се брише членот 13 од измените на Законот за јавните набавки08:34„Безбеден град“ се шири во Струмица, Штип и во Битола, МВР најавува мобилни камери на улиците15:08Учество на претседателката Сиљановска-Давкова на 9. Париски мировен форум08:35
Собранието го усвои амандманот со кој се брише членот 13 од измените на Законот за јавните набавки08:34
МакедонијаПовторно зачестени измамнички пораки за наводна наплата на сообраќајни прекршоциМВР апелира на внимателностМинистерството за внатрешни работи ја информира јавноста дека во изминатиот период повторно е забележана зачестена појава на измамнички пораки преку СМС, електронска пошта и социјалните мрежи, со кои граѓаните се доведуваат во заблуда дека треба да извршат уплата за наводно направен сообраќаен прекршок регистриран од системот „Безбеден град“. Станува збор за обиди за фишинг измами, при што преку лажни пораки и линкови се бара од граѓаните да пристапат до веб-страници и да внесат лични и банкарски податоци, со цел нивна злоупотреба. МВР апелира до граѓаните да бидат особено внимателни и да не отвораат сомнителни линкови, да не внесуваат податоци од платежни картички, лозинки и други лични информации на непроверени веб-страници, ниту да вршат уплати преку линкови добиени во сомнителни пораки. Воедно, потсетуваме дека официјалните СМС известувања за сообраќајни прекршоци од системот „Безбеден град“ се испраќаат од испраќачот „MVR-SC“, задолжително ја содржат регистарската ознака на возилото со кое е направен прекршокот, а линкот води до официјалната веб-страница со домен http://safecountry.mvr.gov.mk Секторот за компјутерски криминал при Министерството за внатрешни работи презема мерки и активности за откривање и санкционирање на сторителите на ваков вид измами.Тагови: пораки Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаПеткоска: Навременото препознавање на безбедносните закани и размената на информации со НАТО се од клучно значењеНавременото препознавање на безбедносните закани и размената на информации со НАТО се од клучно значење за националната и финансиската безбедност.На денешната надзорна расправа во Собранието во рамки на Комисијата за финансирање и буџет, на тема „ Причини за воведувањето администрација во АЛТА банка АД Битола, улогата и постапувањето на Народната банка и институционалната одговорност“, се обрати пратеничката од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Лидија Петкоска која истакна дека во услови на сложени и променливи безбедносни, политички и економски околности од особено значење е институциите да постапуваат одговорно, транспарентно и навремено, особено кога станува збор за прашања кои директно влијаат врз стабилноста и довербата во финансискиот систем и посочи дека утврдувањето на причините за одредени институционални постапки, како и јасното дефинирање на одговорноста на надлежните органи се неопходни за заштита на јавниот интерес и зајакнување на довербата на граѓаните во институциите. „Во услови на динамични геополитички промени и се посложени безбедносни предизвици навременото препознавање на ризиците и правилната процена на нивното влијание врз националната безбедност се од особено значење за секоја држава. Сведоци сме дека безбедносната состојба во Европа и поширокиот регион е под влијание на повеќе паралелни процеси. Нашата држава како членка на НАТО има дополнителна одговорност но и обврска активно да допринесува за колективната безбедност, а тоа подразбира следење на состојбите и ефикасна размена на информации, координација и навремено информирање на институциите кои носат одлуки“, посочи Петкоска. Петкоска постави прашање во областа на регионалната и националната безбедност, со фокус на следењето на безбедносно-стратешките појави од страна на Агенцијата за разузнавање, навременото информирање на државниот врв и размената на информации со НАТО партнерите. „Во таа насока би сакала да ви го поставам следното прашање: Кои тековни регионални и безбедносно стратешки појави што може да имаат ефект на прелевање кон Македонија ги следи Агенцијата за разузнавање и со која динамика го известува државниот врв за истите? Дополнително, ме интересира како се одвива текот на информирање на државниот врв за безбедносните предизвици од една страна и размената на информациите со НАТО партнерите од друга страна? Дали станува збор за редовно и систематско известување или динамиката се приспособува согласно интензитетот и сериозноста на конкретните безбедносни случувања. Колку е важно во овој процес навременото споделување на информациите особено кога станува збор за појави кои во почетната фаза можеби не претставуваат директна закана за нашата држава, но доколку не се препознаат навреме можат да прераснат во сериозен безбедносен предизвик“, рече Петкоска, се наведува во партиското соопштение.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter