МакедонијаМицкоски: Ситуацијата со пожарите е под контрола, во функција се сите оперативни летала на ДЗС, МВР и АрмијатаПремиерот Христијан Мицкоски денеска изјави дека ситуацијата со пожарите во државава е под контрола и оти во моментов нема огнена стихија којашто е надвор од контрола. За најголем дел од пожарите, вели премиерот.Премиерот Христијан Мицкоски денеска изјави дека ситуацијата со пожарите во државава е под контрола и оти во моментов нема огнена стихија којашто е надвор од контрола. За најголем дел од пожарите, вели премиерот, постојат сознанија дека се подметнати. -Имаме од 30 па и повеќе пожари секој ден, вчера беа над 50 пожари. Најголемиот дел од нив постои сомневање дека се подметнати или пак од негрижа се имаат случено. Досега можам да кажам дека во јули месец ја држиме работата целосно под контрола. Во функција се сите оперативни летала коишто ги има Дирекцијата за заштита и спасување, Армијата и полицијата. Во функција се оние специјални возила условно да кажам, коишто ги подготвивме, бидејќи знаевме што не очекува ова лето, нагласи Мицкоски. Премиерот потсети дека е активиран и Европскиот механизам, но, како што кажа, со оглед на тоа дека пожари беснеат насекаде во Европа, најверојатно нема слободни воздухоплови кои би биле дел од тој ЕУ механизам којшто би помогнал. -Европскиот механизам е активиран уште пред неколку дена, но имајте предвид дека ваков тип на огнена стихија има насекаде во Европа, зборувам во медитеранскиот дел. Во Грција има жртви, огромни пожари, цел населби се зафатени, во Турција исто така има жртви и повредени, цели населби, цели градови, Албанија, Косово, Босна, Хрватска, Србија, до пред некој ден знам дека имаше околу 240 на ден. Во Шпанија, Италија, Кипар, исто така. Така што во овој момент нема слободни еве да речам воздухоплови коишто би биле дел од тој ЕУ механизам којшто би помогнал, рече Мицкоски. Премирерот кажа дека во моментот повеќе од 200 припадници на армијата се на терен, како и полициски службеници, полицијаците ги возат специјалните возила БТР-и, Пинцгауери, хермелини... -Се организираме, работата е под контрола. Ќе се случува цело лето, ќе има и во август месец. Така што во овој момент немаме некаде огнена стихија која што е надвор од контрола, додаде Мицкоски. Според информациите на ЦУК од утрово, во текот на изминатото деноноќие на територијата на држававасе регистрирани вкупно 51 пожари на отворен простор, од кои осум се активни, седум се под контрола и 36 се изгаснати. Тагови: Христијан Мицкоски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМаленко: Груевски за Унгарија не избега од дома, туку од Охрид15:00Продолжува судењето за пожарот во дискотеката „Пулс“09:00Филипче: Социјалдемократија не ја мери државата по висината на говорницата, туку по квалитетот на живот18:16СДСМ го одржува 32. конгрес - на дневен ред новата идеолошка платформа и програмската рамка15:48Филипче: Европа значи подобар живот за граѓаните и владеење на правото13:49
Филипче: Социјалдемократија не ја мери државата по висината на говорницата, туку по квалитетот на живот18:16
СветМеркел се враќа на голема врата?Лидерот на германската левичарска партија, Јан ван Акен, ја предложи поранешната канцеларка Ангела Меркел како можен посредник на Европската Унија во преговорите меѓу Русија и Украина, објави денес „Шпигел“.„Претседателот на САД, Доналд Трамп, нема да ја спаси Украина“, изјави Ван Акен за новинарите во Берлин, додавајќи дека, според тоа, ЕУ мора да направи многу повеќе за преговорите и дипломатијата. Тој додаде дека Меркел би можела да има балансирачки ефект. Името на поранешната канцеларка е на дневен ред од мај, а Кремљ претходно го предложи поранешниот канцелар Герхард Шредер како посредник, што, сепак, беше одбиено во Германија. Ван Акен рече дека овој предлог не е сериозен, но со оваа иницијатива, Русија, за прв пат досега, го изговори зборот „преговори“, објави весникот. Лидерот на левичарската партија рече дека може да ја замисли Меркел како сериозен преговарачки партнер кој може да ги разгледа перспективите на ЕУ и кој би бил сериозно сфатен и од Москва и од Киев. Ван Акен е уверен дека сериозни разговори меѓу двете завојувани земји ќе се одржат оваа година. „Само Европа може да ги придвижи преговорите напред“, додаде тој. Во меѓувреме, во неделата вечерта, канцеларот Фридрих Мерц, францускиот претседател Емануел Макрон и британскиот премиер Кир Стармер се состанаа во Лондон за да разговараат за понатамошна поддршка за Украина и перспективите за разговори со Русија. Извор: Б92Тагови: Ангела Меркел Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветАмериканскиот „F/A-18“ неутрализираше ирански танкерАмериканските сили „онеспособија“ танкер за нафта во Оманскиот Залив во понеделник откако се обиде да ја пробие поморската блокада насочена кон иранските пристаништа, соопштија воени претставници.Борбен авион „F/A-18 Super Hornet“ отвори оган врз танкерот „M/T Marivex,“ кој пловел под знамето на Палау, додека се обидувал да влезе во иранските води преку Оманскиот Залив, соопшти Централната команда на САД на социјалните медиуми. „Авион од носачот на авиони „USS Abraham Lincoln (CVN-72)“ испука прецизно водени муниции кон погонските и контролните системи на бродот откако екипажот не ги исполнил наредбите од американските сили“, се вели во соопштението на „CENTCOM“. Тие додадоа дека „Marivex“ повеќе не се движи кон Иран. https://t.co/EwA0PPWagv — U.S. Central Command (@CENTCOM) June 8, 2026 Тагови: Иран САД Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
БалканДеветгодишно момче почина во училиште во Хрватска: Ставил две крофни во устаДеветгодишно момче почина денес во основно училиште во областа Велика Горица откако почнало да се дави додека јадело, дознава „RTL Danas“.Според неофицијални информации, станува збор за ученик од второ одделение кој наводно ставил две крофни во уста истовремено. Вработените во итната помош пристигнале на местото на настанот, но и покрај обидите да го реанимираат момчето, не можеле да му го спасат животот. Началник на одделот за итни случаи: Му немаше спас Началникот на одделот за итни случаи Синиша Голуб изјавил за новинарот на „RTL“ дека одделот за итни случаи брзо пристигнал на местото на настанот откако бил известен, но немало начин момчето да се спаси. Сè се случило за време на одморот кога момчето јадело крофна и, според наставникот и другите деца, зело преголем залак и го вдишал. Дишните патишта му биле блокирани и немало начин да му се помогне. Училиштето сè уште не коментирала „RTL“ наведува дека контактирале со училиштето за да добијат повеќе информации за трагедијата, но до објавувањето на веста не е добиен никаков одговор. Околностите на инцидентот сè уште не се официјално потврдени. Извор: Индекс.хрТагови: момче Хрватска Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter