Коперникус: Овој октомври бил најтопол во историјата- последиците за целиот свет би биле катастрофални
2Коперникус: Овој октомври бил најтопол во историјата- последиците за целиот свет би биле катастрофални
МакедонијаМицкоски: Силните јавни финансии се предуслов за инвестиции во образованието, здравството, инфраструктурата, безбедноста и севкупниот развој на општествотоИзјава за медиуми на премиерот Мицкоски по работната средба со претставниците на ЦЕФТА.„Почитувани претставници на Центарот за извонредност во финансиите, Почитувани министри и гувернери, Почитувани претставници на меѓународните институции, Почитувани експерти, партнери и пријатели, Дозволете ми најнапред да упатам искрени честитки по повод 25 години од постоењето на Центарот за извонредност во финансиите – организација која во изминатите две и пол децении прерасна во еден од најзначајните центри за знаење, професионален развој и регионална соработка во областа на јавните финансии. Овој јубилеј не претставува само одбележување на еден временски период. Тој претставува признание за една мисија која четврт век придонесува за создавање подобри институции, подобри политики и подобро управување со јавните ресурси во целиот регион. Во време кога светот се менува со невидена брзина, кога економските текови стануваат сè покомплексни, а предизвиците со кои се соочуваат државите се сè поголеми, знаењето и институционалниот капацитет стануваат најважниот капитал на секоја држава. Токму затоа улогата на Центарот за извонредност во финансиите денес е исклучително важна. Во текот на своето постоење, оваа организација обучи десетици илјади професионалци, организираше илјадници настани и создаде мрежа на соработка која ги поврзува институциите низ целиот регион. Но нејзината најголема вредност е тоа што создаде култура на учење, размена на искуства и заедничко градење решенија за предизвиците со кои се соочуваат нашите држави. Особено значајно е што Центарот уште од своето формирање препозна дека вистинскиот напредок не доаѓа само преку донесување закони и стратегии, туку преку создавање луѓе кои имаат знаење, интегритет и капацитет тие политики успешно да ги спроведуваат. Во тој контекст, придонесот на оваа организација е далеку поголем од бројот на реализирани програми или учесници на обуките. Нејзиниот придонес се гледа во институциите кои денес функционираат подобро, во администрациите кои се поефикасни и во финансиските системи кои се постабилни и поотпорни. Почитувани присутни, Силните јавни финансии не се само економска категорија. Тие се темелот врз кој се гради секоја успешна држава. Тие се предуслов за инвестиции во образованието, здравството, инфраструктурата, безбедноста и севкупниот развој на општеството. Затоа ние како Влада сме цврсто определени кон градење стабилни, одговорни и транспарентни јавни финансии. Веруваме дека секој денар од парите на граѓаните мора да биде управуван домаќински, отчетно и во интерес на јавноста. Во тој процес Министерството за финансии има клучна улога. Сакам денес јавно да ја истакнам работата на министерката за финансии и нејзиниот тим, кои со својата посветеност, професионалност и сериозен пристап покажуваат дека финансиската дисциплина и развојот не се спротивставени цели, туку процеси кои мора да одат рака под рака. Во време на бројни глобални економски предизвици, тие покажуваат дека е можно истовремено да се одржува стабилноста на јавните финансии, да се реализираат капитални инвестиции, да се поддржува стопанството и да се создаваат услови за економски раст. Резултатите од таквиот пристап веќе се видливи. Според последните официјални податоци, во првиот квартал од годинава Македонија оствари раст на Бруто домашниот производ од 3,2 проценти, што нè позиционира меѓу првите пет економии во Европа според стапката на економски раст. Истовремено, минатата година беше забележан историски рекорд кај странските директни инвестиции од 1 милијарда и 255 милиони евра, што претставува највисок износ досега регистриран во нашата држава. Овие бројки не се само статистика. Тие се потврда дека стабилните јавни финансии, одговорните економски политики и реформите што ги спроведуваме создаваат доверба кај инвеститорите, ја поттикнуваат економската активност и отвораат нови можности за развој. Тоа е доказ дека кога институциите работат посветено, а политиките се темелат на знаење, дисциплина и јасна визија, резултатите не изостануваат. Она што особено радува е што овие резултати не се изолирани показатели, туку дел од еден поширок позитивен тренд. Денес имаме раст на индустриското производство, раст на извозот, раст на просечните плати и постепено намалување на невработеноста. Тоа се показатели кои зборуваат за економија што се движи напред, за стопанство кое создава нова вредност и за држава која постепено ја враќа довербата кај инвеститорите и бизнис заедницата. Во изминатиот период успеавме да ја стабилизираме инфлацијата, да обезбедиме предвидлива деловна средина и да ја зајакнеме довербата во економските политики. Тоа е особено важно во време кога голем број европски економии се соочуваат со забавен раст и неизвесност. Токму затоа овие резултати имаат дополнителна тежина и значење. Истовремено, работиме на реализација на најголемиот инвестициски циклус во поновата историја на државата. Градиме и реконструираме патишта, автопати, железничка инфраструктура, училишта, студентски домови, спортски сали, болници и енергетски капацитети. Тоа не се само инфраструктурни проекти. Тоа се инвестиции во конкурентноста на државата, во подобар квалитет на живот и во иднината на генерациите што доаѓаат. Сето тоа дополнително ја потврдува важноста на институциите кои се способни да планираат, да управуваат и одговорно да ги реализираат јавните средства. Бидејќи зад секој реализиран проект, зад секоја инвестиција и зад секоја успешна политика стојат луѓе со знаење, искуство и чувство на одговорност кон јавниот интерес. Почитувани пријатели, Една од најголемите вредности на Центарот за извонредност во финансиите е неговата способност да ги поврзува институциите и луѓето околу заедничката цел – создавање поефикасни, потранспарентни и поодговорни системи на управување. Во свет во кој предизвиците не познаваат граници, ниту една институција не може сама да ги има сите одговори. Затоа се важни партнерствата, соработката и размената на искуства. Токму преку вакви платформи се создаваат нови идеи, се пренесуваат добри практики и се градат институции подготвени за иднината. Воедно, ваквите форуми нè потсетуваат дека успешните реформи не се резултат на изолирани активности, туку на континуиран процес на учење и приспособување кон новите околности. Денес повеќе од кога било е важно институциите да бидат флексибилни, отворени за нови идеи и подготвени да ги прифатат најдобрите меѓународни практики. Во таа насока, исклучително ја цениме улогата што Центарот за извонредност во финансиите ја има во јакнењето на професионалните капацитети на јавната администрација. Бидејќи ниту една реформа не може да биде успешна доколку нема луѓе кои знаат како да ја спроведат, кои имаат визија да ја водат и интегритет да ја заштитат. Затоа инвестицијата во знаење секогаш е најисплатливата инвестиција. Знаењето создава подобри политики. Подобрите политики создаваат подобри институции. Подобрите институции создаваат економски раст. А економскиот раст создава подобар живот за граѓаните. Нашата држава останува посветена на реформите, модернизацијата на јавната администрација, дигитализацијата на процесите и континуираното јакнење на институционалните капацитети. Тоа не го правиме затоа што некој го бара од нас, туку затоа што знаеме дека тоа е единствениот пат кон долгорочен развој и подобар животен стандард за нашите граѓани. Убеден сум дека токму знаењето, професионалноста и подготвеноста за постојано учење ќе бидат клучните фактори кои ќе ги одредуваат успешните држави во децениите што доаѓаат. Овој јубилеј е потсетник дека силните институции не се создаваат преку ноќ, туку се градат трпеливо, со знаење, работа, визија и јасна определба за напредок. Тој е потврда дека вложувањето во човечкиот капитал, професионалниот развој и институционалната соработка носи резултати кои се препознаваат и по многу години. Во исто време, овој јубилеј е и охрабрување за иднината. Охрабрување да продолжиме да ги зајакнуваме институциите, да вложуваме во луѓето, да учиме едни од други и да создаваме системи кои ќе бидат поефикасни, потранспарентни и поотпорни на предизвиците што ги носи современото време. Затоа верувам дека и во годините што следат Центарот за извонредност во финансиите ќе остане значаен двигател на реформите, модернизацијата и професионалниот развој во регионот, а неговото искуство и знаење ќе продолжат да им помагаат на институциите да носат подобри политики и подобри резултати за своите граѓани. На Центарот за извонредност во финансиите му посакувам уште многу успешни години, нови партнерства, нови достигнувања и уште поголем придонес во развојот на јавните финансии и институциите во нашиот регион. Ви благодарам.“Тагови: Христијан Мицкоски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
Судбина„Беше прекрасен татко, но падна во депресија по отказот“- мајка за сопругот кој ги уби нивните две деца Мајката на две деца чиј татко ги убил фрлајќи ги од покривот на гаража, а потоа извршил самоубиство, проговори за околностите околу нивната трагична смрт!Шестгодишната Каролин Линч и нејзиниот брат Џејмс Линч, на осум години, беа пронајдени во вторник, 3 ноември, пред општинска зграда во Маунт Либан, Пенсилванија, со повреди за кои се сомнева дека се предизвикани од падот, објави Пипл. Нивниот татко, Патрик Линч, исто така е пронајден со слични повреди. Сите тројца починаа во инцидент што полицијата го истражува како убиство-самоубиство, соопшти шерифската служба на округот Алегени. Според PennLive, Патрик ги фрлил децата од петкатна паркинг гаража. По убиствата, мајката на децата објави на Фејсбук дека Патрик бил депресивен откако неодамна ја изгубил работата. Mom of Kids Pushed to Death in Murder-Suicide Says Killer Was ‘Wonderful Dad’ Who Was ‘Depressed’ After Layoff https://t.co/DVaNxyQPEx — People (@people) November 5, 2026 На снимка од екранот од објавата, која ја споделија Daily Voice, WPXI TV и PennLive, Ана ДеМеј Линч напиша дека Патрик „донел неповратна одлука да ги убие нашите две деца и себеси“, додавајќи дека тој бил „прекрасен татко“. „Тој беше отпуштен во август и набргу потоа, стана депресивен“, додаде таа во објавата. На профилот на Патрик на LinkedIn е наведен како научник за податоци, кој работел на машинско учење и вештачка интелигенција, а неговата последна работа завршува во август. Ана во својата објава на Фејсбук напиша дека успеала да го убеди Патрик да оди на терапија и дека тој имал закажан преглед за следниот ден. „Еден ден предоцна“, напиша таа. „Никогаш не помислив дека нашата приказна ќе заврши вака“. За Ана е отворена страница GoFundMe додека се бори со загубата на Каролин и Џејмс и се подготвува за нивните погреби. Заедницата на Маунт Либан, исто така, се собира за да им оддаде почит на децата, за кои канцеларијата на медицинскиот испитувач соопшти дека починале од „повеќе повреди од тап предмет“. „Таа беше само мало снопче радост. Ги сакаше луѓето“, изјави Вики Хефелфингер, која го познаваше семејството Линч преку нивното учество во училиштето за пливање. „Секој пат кога ја гледавме, таа им мавташе на сите. Ги гледаше другите деца и беше едноставно толку храбро мало девојче“.Тагови: деца татко Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиДали Софија дефинитивно го одби европско посредништво во дијалогот со Скопје?15:44Мицкоски: Продолжуваме со посветена работа на реформите12:29Муцунски: Работиме на дијалогот со Бугарија, имаме поддршка од ЕУ и земјите членки15:00Народна банка: Пензионерите кои сакаат нова банка, мора прво да се одјават од АЛТА банка 10:27Муцунски: Нема назадување во ниту една област во извештајот на ЕК08:28
ЗабаваПознато е колку заработува Ламар Одом за една недела на OnlyFans (ВИДЕО)Поранешната НБА ѕвезда Ламар Одом би можела да заработи повеќе од 180.000 евра благодарение на својот нов профил на платформата OnlyFans. Поранешниот кошаркар на Лос Анџелес Лејкерс заработил повеќе од 45.000 евра за само осум дена, изјавил извор за TMZ. Месечната претплата за пристап до неговите ексклузивни фотографии и видеа е околу 13,45 евра. Одом отвори профил на OnlyFans минатиот месец, што го прави првата поранешна НБА ѕвезда што се приклучила на платформата, според медиумските извештаи. Тој ја објасни својата одлука велејќи дека смета дека времето е вистинско за тоа. Призна дека во текот на својот живот поминал низ многу бурни периоди, но исто така рече дека подготвува уште неколку изненадувања за своите фанови. „Сите опции се отворени“ Поранешниот кошаркар на Лос Анџелес Клиперс објави дека на неговиот профил ќе има разновидна содржина, вклучувајќи изненадувања што неговите фанови можеби не ги очекуваат. „Сè уште нема да откривам премногу. Ќе мора да се претплатите за да дознаете. Само знајте дека сум искрен и сите опции се отворени“, рече тој. Одом рече дека во текот на целиот свој живот често донесувал непредвидливи одлуки и дека сè уште може да ја изненади јавноста. „Отсекогаш сум бил отворена книга, но има поглавја што луѓето сè уште не ги виделе“, изјави тој. View this post on Instagram A post shared by Lamar Odom (@lamarodom) Неговата девојка Рејчел Бредли исто така отвори профил на OnlyFans. Извор близок до двојката откри за TMZ дека постои можност тие да објавуваат содржина заедно во иднина. Беше во брак со Клое Кардашијан Одом јавно ја потврди својата врска со Рејчел Бредли во април, кога објави видео на Инстаграм од нив како заедно влегуваат во Crypto.com Arena во Лос Анџелес. Неколку дена претходно, тие споделија и заедничка фотографија со актерот Тери Крус и неговата сопруга Ребека Кинг Крус. View this post on Instagram A post shared by Lamar Odom (@lamarodom) Пред врската со Бредли, Одом беше во долгогодишна врска со Лиза Моралес, со која има две деца, ќерката Дестини (28) и синот ЛЈ (24). Тој е особено познат на јавноста по бракот со ријалити ѕвездата Клое Кардашијан, со која се ожени во 2009 година. Нивниот брак западна во криза, а во 2013 година решија да се разделат. Разводот официјално беше финализиран во 2016 година.Тагови: OnlyFans Ламар Одом Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЕвропаФицо тврди: Резултатите од референдумот за пристапување во ЕУ беа фалсификат Словачкиот премиер Роберт Фицо денес тврдеше дека референдумот за пристапување на земјата во Европската Унија бил наместен и дека немало да има пристапување доколку не било така.„Одржавме референдум кој, доколку не беше наместен, немаше да биде успешен. Тоа мора да се каже. Разликата беше толку мала што, според мене, беа направени одредени корекции за да се обезбеди дека исходот е онаков каков што беше потребен за Словачка да го одобри пристапувањето кон оваа организација“, изјави Фицо за телевизијата TA3. Зборувајќи за атмосферата во Словачка во 2004 година, кога земјата се приклучи кон ЕУ, Фицо оцени дека пристапувањето било проследено со голем ентузијазам од една страна, но дека од друга страна, резултатот од референдумот бил многу тесен. Референдумот за пристапување кон Европската Унија во Словачка се одржа во мај 2003 година, со излезност од 52 проценти, а мнозинството гласаше позитивно за пристапувањето. Словачка се приклучи кон Европската Унија во 2024 година.Тагови: Роберт Фицо Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter