Мицкоски - Штокер: Има голем потенцијал за интензивирање на економската соработка меѓу двете земји - Канал 5

Мицкоски - Штокер: Има голем потенцијал за интензивирање на економската соработка меѓу двете земји

Мицкоски и Штокер информираа и за мерките што нивните влади ги преземаа во однос на кризата.

Мицкоски - Штокер: Има голем потенцијал за интензивирање на економската соработка меѓу двете земји

Македонија и Австрија имаат извонредни билатерални односи во сите сфери, но постои голем простор и потенцијал за интензивирање на економската соработка, оценија премиерот Христијан Мицкоски и австрискиот канцелар Кристијан Штокер на денешната средба во Виена.

Како што истакнаа на прес-конференција, можност за јакнење на бизнис врските има во повеќе области, посебно во делот на инвестициите и туризмот.

Мицкоски и Штокер информираа и за мерките што нивните влади ги преземаа во однос на кризата.

-Воведовме кочница на цената на горивата во Парламентот, со двотретинско мнозинство, даноците за бензинот и дизелот ги намаливме, нафтените фирми ги ограничивме за маржите. Се спречува непрорпорционалното зголемување на цените, а целта е јасна - ниту државата, ниту фирмите да бидат профитери. Секој месец правиме нови анализи и оценки. Ќе видиме како понатаму ќе дејствуваме, изјави Штокер.

На новинарско прашање за еконоските односи со Северна Македонија, напомена дека има огромен потенцијал за нивно интензивирање.

-Во економијата имаме огромни потенцијали за интензивирање, имаме волумен што треба да се пополни и во надворешната трговија, а може да се зголеми и бројот на австриски компании во Македонија. И во туризмот гледам потенцијал за уште посилна соработка, рече Штокер.

Премиерот Мицкоски потсети дека Македонија во делот на горивата е на трето место во Европа според обемот на преземени мерки како процент од БДП.

-Имаме убедливо најниски цени на дизелот и безоловните горива во регионот и тоа ни создава мал предизвик, зашто кај соседите се за 40 - 60 центи поскапи. Тоа го зголемува конзумот за 30 отсто, но ние и покрај тоа не одлучивме да воведеме забрана за соседите за користење на нашите потенцијали, ниту забранивме извоз на нафта и нафатени деривати. Во таа насока ќе продолжиме зашто сега се тешки времиња и не смее никој непринципиелно да профитира. Ја следиме состојбата на дневно ниво. Во однос на економската соработка со Австрија, на тет-а-тет средбата со Штокер разговаравме за можностите да се продлабочи. Потенцијалот е голем, а сигурен сум и дека австриските компании се чувствуваат кај нас како дома, потенцира Мицкоски.

Тој и Штокер попладнево ќе учествуваат на бизнис форумот во Виена.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Новиот норвешки крал во првото обраќање му оддаде почит на починатиот татко, му затрепери гласот (ВИДЕО)

Новиот норвешки крал Хакон VIII. му оддаде почит на својот покоен татко, кралот Харалд V, во своето прво обраќање до нацијата по искачувањето на тронот. 

Новиот норвешки крал во првото обраќање му оддаде почит на починатиот татко, му затрепери гласот (ВИДЕО)

„Ви благодарам што бевте толку добар татко за Марта и мене“, рече Хакон во саботата навечер во говор емитуван на норвешката телевизија и радио.

По смртта на Харалд во петокот наутро, Хакон веднаш стана нов монарх на скандинавската земја. Тој има една сестра, принцезата Марта Луиз. „И двајцата бевте топол и забавен дедо. Грижлив и грижлив сопруг. Дарежлив свекор и свекор“, продолжи кралот. „Нè поддржувавте и се грижевте за сите нас“.

„Ќе ми недостигате“

„Ќе ми недостигаш“, рече 53-годишникот за својот татко. „Ќе ми недостига неговиот смеа и неговиот топол, весел начин на пристап кон луѓето и ситуациите“. Хакон, исто така, му оддаде почит на бракот на неговите родители, истакнувајќи дека денес е нивната 58-годишнина. Гласот му трепереше накратко кога се сврте кон мајка си и рече: „Среќна годишнина, драга мамо“.

Зборувајќи за неговото претстојно владеење, Хакон рече дека има намера да го следи примерот на својот татко, а воедно да го пронајде и својот пат како монарх. „Сега е мој ред“, рече тој, додавајќи дека тој и неговата сопруга, кралицата Мете-Марит, сакаат да бидат присутни, да слушаат и да ги разбираат различните околности во животот на луѓето.

„Има место за сите во Норвешка“

„Веруваме во Норвешка каде што има место за сите“, истакна тој. Кралот им се заблагодари на Норвежаните за изливот на сочувство по смртта на неговиот татко и му ја изрази својата благодарност на Харалд за сè што направил за земјата.

Новиот крал треба да положи заклетва пред норвешкиот парламент во вторник, на церемонија што ќе се емитува во живо на телевизија.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ЛДП: Двојни аршини на Владата - за граѓаните експресна казна, а за функционерите простување

Либерално-демократската партија (ЛДП) најостро ја осудува скандалозната и лицемерна реакција на Владата.

ЛДП: Двојни аршини на Владата - за граѓаните експресна казна, а за функционерите простување

Либерално-демократската партија (ЛДП) најостро ја осудува скандалозната и лицемерна реакција на Владата, која наместо итно да го разреши и кривично да го процесира директорот Далибор Китановиќ за величење на осуден воен злосторник, мизерно му понуди можност „да си го повлече ставот“. За величење, одобрување и минимизирање на геноцид и воени злосторства преку информациски системи, членот 407-а од Кривичниот законик јасно предвидува затворска казна до пет години. Законската одредба е децидна и во Кривичниот законик едноставно не постои опција за „повлекување на ставот“ откако делото е веќе сторено.

Ова е уште една шлаканица за народот и за правната држава што не е ниту невиден, ниту првпат за оваа власт, туку таа во континуитет и мизерно продолжува да го практикува. Со сличајот Китановиќ добивме уште еден доказ за скандалозните двојни аршини. Преку системот Сејф Сити, секој обичен граѓанин се удира директно по џеб за најмал прекршок и тука нема простување, ниту можност за „повлекување“. Кога обичниот човек ќе задоцни со плаќање сметка кон некоја државна установа, Владата не покажува никакво разбирање, туку веднаш му праќа извршители за блокирање на сметките. За граѓаните важи стриктно и немилосрдно почитување на законите, додека за владините функционери се резервирани изговори, беззаконие и простување.

Срамота! Државната функција не смее и не може да биде штит од кривична одговорност. ЛДП бара итно разрешување на Китановиќ, а МВР и Јавното обвинителство веднаш да постапат по службена должност согласно членот 407-а од Кривичниот законик, бидејќи законите во оваа земја мора конечно да важат за сите поддеднакво.

Либерално-демократска партија

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Исланд ѝ кажа „Не“ на ЕУ и продолжување на преговорите за членство

Исланд гласаше против предлогот на владата за повторно отворање на преговорите за пристапување во ЕУ, соопшти јавниот радиодифузен сервис.

Исланд ѝ  кажа „Не“ на ЕУ и продолжување на преговорите за членство

Околу 270.000 лица со право на глас беа замолени да одговорат со „да“ или „не“ на прашањето: Дали Исланд треба повторно да ги отвори преговорите за пристапување во ЕУ? Исланд е поделен по прашања, вклучувајќи ја безбедноста и рибарската индустрија.

Доколку земјата гласаше „за“ и на крајот се приклучи на ЕУ, ќе мораше да ја прифати заедничката политика за рибарство, што ќе им овозможи на шпанските, холандските и другите рибарски бродови да влезат во нејзините води.

Според исландските медиуми, пребројувањето на гласовите е завршено во сите изборни единици освен во југозападниот дел, но не се очекува конечниот резултат да го промени исходот од референдумот. Разликата помеѓу гласовите „за“ и „не“ во еден момент беше 9.578, а пресвртот би барал опцијата „за“ да освои околу 65 проценти од преостанатите гласови.

Конечните резултати од североисточната изборна единица покажаа дека 61,2 проценти од гласачите гласаа против продолжување на преговорите со ЕУ, додека 38,8 проценти беа „за“. Во таа изборна единица, 10.002 гласачи гласаа „за“, а 15.822 „против“.

Гласачките места за референдумот беа затворени во 22 часот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер