Украдена е книга, чии корици од злато и скапоцени камења ја направи Салвадор Дали- тежи 210 килограми (ВИДЕО)
1Украдена е книга, чии корици од злато и скапоцени камења ја направи Салвадор Дали- тежи 210 килограми (ВИДЕО)
МакедонијаМицкоски: Шансата на малите народи да опстојат е во единството Шансата на малите народи да опстојат е во единството и мудро да се пронајдат во интересите на големите играчи на политичката сцена.Светите Кирил и Методиј, браќата благородни по срце и ум, ни го оставија најголемиот подарок – писмото, словото, гласот на нашиот идентитет. Денес го празнуваме нивното дело, делото на нашите првоучители, светилници на словенската писменост и темелот на нашата духовна и културна самобитност. Тоа го истакна претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, во обраќањето на Свечената академија што по повод Денот на Светите Кирил и Методиј се одржа во катедралната црква „Света Софија“ во Охрид. Како што истакна тој, вредноста што тие ни ја оставија и еве повеќе од еден милениум е нашиот светилник низ сите бури, низ сите предизвици и животни стрмнини кои ги искачуваме...Мицкоски уште посочи дека таа борба за право на свој глас, право на своја духовност, е основата на македонската вековна борба за самостојност, идентитет, и национално достоинство. -Нивната мисија продолжува преку секој ученик што учи да чита, секој писател што твори, секој наставник што пренесува знаење. Тие не се само минато — тие се вековен мост кон иднината. Денес, кога нашиот народ стои пред нови предизвици, кога светот се обидува да нè дефинира и објаснува, токму нивната мисија нè потсетува кои сме, рече тој. Мицкоски осврнувајќи се на, како што рече, простодушните полемики, за тоа кои се Светите браќа, чии се, кому му припаѓаат, без да се види големата слика, рече дека тоа е толку безначајно споредбено со прашањето дали и колку ги применуваме нивните пораки, зборови и завети кои ни ги оставија. - Никогаш нема да навлезам во таквата несуштествена реторика, затоа што ние самите не смееме да се поткопуваме себеси и најдобро знаеме кои сме, и од што сме создадени, рече тој. Премиерот ја искористи можноста да потсети на улогата на Македонската православна црква, како еден од најсилните бедеми на нашиот народ, мајката, како што рече, на нашиот духовен раст низ вековите, нашето засолниште и најсилен доказ за нашето постоење. - Секој удар по нашата црква е удар по Македонија, по нашето постоење и битисување. Треба секој од нас да ја чува црквата, да ја почитува и да се бориме да придонесеме што повеќе со единство и знаење да победуваме на темите важни за нашата иднина. И ова однесување треба да биде подеднакво и внатре и надвор, и за оние во врквата и надвор од нејзе, рече тој притоа посочувајќи дека таков треба да биде и односот кон сите наши огништа кои се потврдата за нашето постоење - и кон најстариот Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ и кон нашата Македонска академија на науките и уметностите која била и продолжува да соединува многу мудри и достоинствени умови, синови и ќерки на нашиот народ и држава. Претседателот на Владата во оваа пригода забележа на потребата од единство, порачувајќи дека „не сме премногу да се двоиме, и не сме пресилни за да се разединуваме“. - Сакам да се осврнам на две теми кои се суштествено важни за нашето постоење. Првата се надворешните напади, блокади и негирања со кои еве повеќе од 30 години како држава се соочуваме. Тие се насочени кон разјадување на темелите на нашето постоење. Најпрвин ашето знаме, народ, химна, јазик, култура. Мора да бидеме свесни дека многумина нашето битисување на овие простори не ги прави среќни, рече тој. Тој посочи дека како човек и како претседател на Владата е многу спокоен, затоа што вели, знам кој сум, знам кои сме и што сме. - И не треба да не вознемируваат таквите негирања, затоа што во глобалниот свет на поголеми и помали, на посилни и послаби, тоа е природен процес на докажувања. На помалите народи им преостанува да играат мудро и стабилно. А во однос на негирањата одговорот ќе го добијат и тие и сите други во оргиналните списи кои во оваа прилика се изложени на десетина метри од местото на овој мој говор. Со оригиналните ракописи на еден од многуте ‘големи’ за нашиот народ, Ѓорѓија Пулески, еден од првите што го истакнуваат постоењето на македонската нација и јазик пред два века. Веднаш до тие ракописи, стојат оригиналите од пишувањата на Крсте Петков Мисирков кој велеше секој народ има право да создаде свој литературен јазик, и тоа право им припаѓа и на Македонците. Денес треба да се определиме – дали сакаме да бидеме народ со своја посебност или ќе се изгубиме во туѓите народи, рече тој. Што се однесува на темата на домашните превирања и на, како што рече, „внатредржавни сопки“ пред притисоците однадвор, премиерот ја посочи потребата од единственост во позициите кај сите. -Замислете позиција каде ќе бидеме единствени, едногласни за најважните прашања, нешто што реално не случило овие 30 години. Замислете позиција каде нема да се делиме пред надворешните фактори, нема да паѓаме во нивните очи преку математиката на броење на прозападни и происточни крвна зрнца, каде ќе ги искористуваме сите шанси кои ни ги дава историјата за приклучок кон големите процеси на европско и светско ниво. Замислете позиција каде власта и опозицијата ќе делуваат единствено, нема да имаме внатрешни процепи, каде секој политички чинител, своите слабости и неподдршка од народот нема да ја надопоолнува преку попусливост пред меѓународниот фактор. Притоа морам да кажам дека судбината и шансата на малите народи е да се пронајде на мудар начин во интересите на големите играчи на политичката сцена. Тоа е единствениот начин на кој можеме да опстоиме. И ова добро мора да го запаметат и оние од опозицијата кога го напаѓаат договорот за стратешко партнерство со Обединетото Кралство - па кажуваат дека долгот ќе се зголемел поради инвестициите, па лагата дека мигранти ќе се носеле, само за да издејствуваат некој политички поен за себе. Едноставно, и во историска и во секоја друга смисла не вреди таквата реторика, и се прави штета на државата, рече тој. Замислете каде ќе бевме сега, додаде тој, доколку пред 30 години направевме силни пактови со нашите западни пријатели, доколку тогаш и во сите години потоа не се делевме, не се каравме за стратешките цели и склучувавме пријателства од кој бенефит ќе имаа сите граѓани. Не одете подалеку, погледнете неколку од нашите соседи, кои имаа таков пристап, тие отидоа и подалеку и посилно, затоа што ги фатија и приграбија, вели, историските шанси. Притоа, како што рече, за да се направи исчекор напред, потребно е градење на државно и национално единство и подавање рака и клучна согласност за најважните прашања за татковината. -Единството не значи да бидеме исти, туку да бидеме заедно во нашите разлики. Моите напори како човек кој ја има одговорноста да ја предводи Владата е да решам што е можно повеќе проблеми, но и да постигнам единство важно за државата. Мојата порака е за мобилизација на секој креативен потенцијал во функција на заедничката иднина, да постапуваме мудро и со голема енергија за промени. Да ја препознаеме важноста на моментумот да имаме договор и консензус за иднината на државата, рече тој. Притоа тој посочи дека различноста не е слабост, туку сила, дека силна е таа земја чии граѓани стојат еден покрај друг – не поради страв, туку поради заедничка надеж, не затоа што мораат, туку затоа што веруваат во заедничката иднина. -Нашата историја е сведоштво за тоа што можеме да постигнеме кога сме обединети. Во најтешките времиња – кога сме биле притиснати, поделени, па дури и кога ни било одземено правото да зборуваме со свој глас – секогаш сме се издигнувале преку заедништвото. Денес, единството не се бара само на барикадите или во одбраната – туку во секојдневието. Во начинот на кој разговараме, на кој решаваме проблеми, на кој ја градиме нашата држава. Да бидеме нација која не се плаши од разлика, туку ја прегрнува. Народ кој знае дека само со заеднички чекори може да оди напред, рече премиерот истакнувајќи дека нема поголем патриотизам од обединувањето за доброто на сите, за татковината, порача премиерот Мицкоски. На свеченоста обраќања имаа и поглаварот на МПЦ ОА г.г. Стефан и ректорката на УКИМ Биљана Ангелова.Тагови: Христијан Мицкоски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЗдравјеЕве зошто е важно да се напиете чаша вода пред првото утринско кафеШтом ќе ги отворите очите и ќе посакате голтка од вашиот омилен напиток, неопходно е да се хидрирате.Кога ќе се разбудите наутро, веројатно првата помисла не ви е да се напиете чаша вода, особено ако имате навика да посегнете по шолја кафе. Но, стручните лица предупредуваат дека кофеинот може да почека додека не се напиете барем една чаша вода. Во текот на ноќта, нашето тело губи течност со потење и дишење. Поради тоа се будиме со блага дехидратација, што директно влијае на падот на енергијата, намалена концентрација и отежнато носење одлуки во првите часови на денот. Истражување објавено во списанието “Psychological Research” покажало дека доллгиот период без вода влијае на когнитивните функции и мозокот. Спас за желудникот и варењето Освен што ја враќа неопходната течност во телото, чашата вода пред утринското кафе го штити и дигестивниот тракт. Кафето само по себе е кисело, па кај многумина пиењето кафе на празен желудник предизвикува киселина или непријатно чувство. Водата создава блага заштита во желудникот и ја ублажува иритацијата што кафето може да ја предизвика. Стручни лица од универзитет во Њујорк наведуваат дека за добар почеток на денот доволно е да испиете 250-500 мл вода веднаш по будење. За да го поттикнете варењето помага топла или млака вода бидејќи ги опушта мускулите на дигестивниот систем и ја поттикнува работата на цревата. Златно правило на хидратација Иако чаша вода наутро е одличен почеток, важно е да го одржувате внесувањето на течности во текот на денот. Според нутриционистите, вкупната дневна количина би требало да изнесува околу 2,7 L за жени и 3,7 L за мажи (вклучувајќи ја течноста од храната и другите напитоци). Ако чувствувате умор и исцрпеност наутро или блага главоболка, воведете една рутина. Пред да сварите кафе, напијте се чаша вода и следете како ќе се чувствувате. Можеби токму оваа едноставна навика ви е потребна за поенергичен почеток на денот. Извор: srecne.republika.rsКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЖивотДрон „избира“ минувачи и им фрла пари, никој не знае кој го управува (ВИДЕО)Мистериозен жител на американската држава Делавер одлучил да им го олесни животот на своите сограѓани на необичен начин.Познато е дека работи во ИТ секторот преку ден, додека во слободно време лета дрон кој им испушта пари на случајно избрани минувачи! На интернет е познат под прекарот 302 Cashcopter. Најчесто испушта 20 долари (но и поголеми суми), додека банкнотите се внимателно завиткани и прикачени на дронот. „Пакетот“ содржи порака: „Добивте подарок. Парите се внатре - ваши се“. View this post on Instagram A post shared by 302 CashCopter (@302cashcopter) Непознатиот донатор не сака вниманието да биде насочено кон него, па затоа не го открива својот идентитет и се надева дека неговите постапки ќе ги инспирираат другите да „шират добрина“, објавува Дејли Меил. Тој ја започна кампањата пред неколку недели, откако неговиот роден град Вилмингтон се најде во центарот на негативни вести и лоши коментари на интернет. View this post on Instagram A post shared by 302 CashCopter (@302cashcopter) Тој сакаше да најде начин да ги насмее луѓето и, како што вели, да ја врати вербата во својот град. „Возбудливо е да се знае дека се надевам дека ќе му го разубавам денот на некого“, изјави тој за локалните медиуми. На почетокот, тој главно користел свои пари, но оттогаш основал фонд за „спонзорирани подароци“ што граѓаните можат да ги донираат. Според него, фондот моментално има околу 275 долари. Мистериозниот донатор верува дека досега дистрибуирал околу 800 долари преку околу триесет „достави“ и додава дека не остварува никаква добивка. View this post on Instagram A post shared by 302 CashCopter (@302cashcopter) И не одлучува однапред за кого ќе одат парите. Еден ден го избира првиот човек што ќе го види на улица, друг ден може да биде некој што едноставно ќе му мавне. Се обидува, вели, изборот да биде случаен, за да имаат сите шанса да бидат изненадени, без оглед каде се наоѓаат.Тагови: дрон минувачи Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЕК предлага квалификувано мнозинство, наместо едногласност за време на преговорите по кластери17:59Пензискиот систем е под контрола, уверува премиерот Мицкоски15:08Македонија привремено ја одложи имунизацијата на БСЖ вакцината15:00Мицкоски: Стабилен е пензискиот систем11:16 Намалени цените на горивата: Бензините за 1,5 денар, дизелот за 3 денари по литар08:34
СудбинаГром уби 22- годишна кралица на родеото: Беше полна со соништа (ВИДЕО)Ана Беатрис Араухо (22), која почина во саботата откако беше удрена од гром во градот Алмас, во југоисточната бразилска држава Токантинс, беше опишана како „радосна, полна со соништа и многу посветена“. Младата жена, која некогаш беше избрана за кралица на родеото на градот, неодамна се запиша на колеџ и зад себе остави син. Кумата на Ана, Марсела Батиста, рече дека ја следела младата жена во текот на целиот свој живот и нагласи колку била посветено нејзиното кумче. Ана Беатрис била пред својот дом во градот Алмас во саботата кога почнал да врне и била удрена од гром. Таа била лекувана и однесена во болница во Порто Насионал, но им подлегнала на повредите, објавува „Глобо“. Според Марсела, Ана Беатрис имала големи надежи за иднината. Неодамна се запишала на првиот семестар физиотерапија и ги балансирала универзитетските обврски со грижата за своето семејство. Кумата рекла дека Ана имала силна личност и знаела како да ги насмее луѓето. „Таа беше млада жена полна со соништа и планови. Нејзините одлики беа веселоста и шегите. Засекогаш ќе биде запаметена по својата автентичност, интелигенција и волја“, рече кумата. Foi sepultado, na manhã desta segunda-feira (5), o corpo de Ana Beatriz Araújo, de 22 anos, que morreu após ser atingida por um raio em Almas, no Tocantins. Segundo testemunhas, a jovem estava no quintal de casa quando começou uma chuva leve, acompanhada de raios. Após ser atingida pela descarga elétrica, Ana foi levada a um hospital, mas não resistiu. Estudante de fisioterapia, ela havia sido coroada Rainha de Rodeio do município neste ano e deixa um filho. ➡️ Veja essa e outras notícias do #HojeEmDia em https://t.co/obAYNpXpFV — Hoje em Dia (@hojeemdia) October 5, 2026 Покрај тоа што беше посветена на студиите, младата жена беше и мајка и многу се грижеше за своето семејство. „Таа беше примерна и грижлива мајка. Беше многу приврзана кон своето семејство. Секогаш доаѓаше да ги поминува викендите со својата мајка, се грижеше за своите сестри, им ја средуваше косата и подготвуваше вкусна храна“, се присети Марсела. 🖤LUTO🖤 | Rainha do Rodeio de Almas, Ana Beatriz Araújo, de 22 anos, morre após ser atingida por raio no Tocantins. https://t.co/XEXNjKGUcx — FUTRIKEI (@futrikeiof) October 4, 2026 Откако ја потврди нејзината смрт, Синдикатот на земјоделци од Алмас издаде соопштение со сочувство за нејзиното ненавремено заминување и изрази солидарност со нејзините пријатели и семејство. Според Секретаријатот за јавна безбедност, околностите на смртта ги истражува 100-тата полициска станица во Алмас.Тагови: гром родео Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter