Мицкоски: Секој оној кој што бил во или во близина на ужасниот настан, да се јави на доктор - Канал 5

Мицкоски: Секој оној кој што бил во или во близина на ужасниот настан, да се јави на доктор

Претседателот на владата Христијан Мицкоски денеска ги посети повредените од трагичниот пожар во општина Кочани во ГОБ „8 септември“ Скопје.

Мицкоски: Секој оној кој што бил во или во близина на ужасниот настан, да се јави на доктор

Во оваа болница се лекуваат дел од повредените од пожарот во дискотека во Кочани во кој загинаа 59 лица, а над 150 се повредени.

-Секој оној кој што бил во или во близина на ужасниот настан, да се јави на доктор. Без разлика дали чувствуваат или не чувствуваат проблеми, изјави Мицкоски.

-Како влада правиме се што можеме за да спасиме човечки живот, додаде тој.

Премиерот упати голема благодарност до лекарите и медицинскиот персонал за нивната работа.

Во Рим средба Трамп – Зеленски

Американскиот и украинскиот претседател Доналд Трамп и Володимир Зеленски денеска имаа средба во Рим, пред погребот на папата Франциск.

Во Рим средба Трамп – Зеленски

Портпаролот на Зеленски ја потврди средбата, додека Белата куќа ја оцени како „многу продуктивна“.

Тоа е прва средба помеѓу Трамп и Зеленски по вербалниот судир во Белата куќа во февруари.

Трамп претходно изјави дека Украина и Русија се блиску до историски договор.

- Само што слетав во Рим. Добар ден за разговори и состаноци со Русија и со Украина. Многу блиску се до договор, а двете страни сега треба да се сретнат на високо ниво за да ја довршат работата, истакна Трамп.

Тој на сопствената социјална мрежа „Трут соушл“ (Truth Social) објави дека „Повеќето главни точки се договорени. Запрете го крвопролевањето, ВЕДНАШ. Ќе бидеме секаде каде што е потребно за да помогнеме да се стави КРАЈ на оваа сурова и бесмислена војна“. /МИА

Манасиевски: Од левичари и глумење скромност, до деловни објекти во центарот на Скопје

​Од левичари и глумење скромност, до деловни објекти во центарот на Скопје и кафулиња со тераси, тоа е Левица.

Манасиевски: Од левичари и глумење скромност, до деловни објекти во центарот на Скопје

Како довчерашните скромни момчиња, сега станаа тајкуни?

Дали Апасиев и луѓето околу него едвај чекаа да дојдат на власт, за да се богатат?

Глумецот Апасиев, кој одеше со точак на работа и глумеше дека е дете од ниска класа, сега преку Левица купува деловни простори од над 400м2, во соработка со извршителите, кои до вчера ги плукаше и укинуваше.

Деловниот простор кој не бил само подрум, туку и објект со високо приземје, е во сопственост на членот на Централниот комитет на Левица и член на УО на Водовод, Зоран Ивановски.

Излегува на виделина целата вистина околу вистинското лице на Левица и Апасиев. Од велосипеди, глумење скромност, до џипови паркирани по тревници до Собрание. Од подрум, до деловен простор со кафуле “Павилјон 36”. Од плукање и укинување на извршителите, до соработка со нив за купување на простор по 3 пати пониска цена од пазарната.

Апасиев и Левица се демаскирани. Толку од нивната пропаганда дека се чесни, скромни и работници. Преку ноќ, тие станаа могули со кафулиња, врз грбот на нивните членови.

Апасиев да одговори на што ги троши чланарините на неговите членови? Дали за деловни простории, џипови или луксузни одмори во Грција?

Апасиев и Левица се прочитани!

YouTube video

Валентин Манасиевски, член на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ

Франциско нов тренер на Реал Сосиедад од новата сезона

Шпанскиот фудбалски прволигаш Реал Сосиедад го назначи тренерот на резервниот тим, Серхио Франциско, за главен тренер од следната сезона, на местото на Иманол Алгуасил, кој ја напушта позицијата на крајот од тековната сезона.

Франциско нов тренер на Реал Сосиедад од новата сезона

Алгуасил, кој седна на клупата на Сосиедад во 2018 година, го освои Купот на кралот во 2020 година и го предводеше Реал на европската сцена пет сезони по ред. Во четврток, тој го информираше клубот дека ќе ја напушти тренерската должност на крајот од сезоната, кога ќе му истече договорот.

Неговиот наследник Франциско (45) потпиша договор до 2027 година.

Реал Сосиедад е десеттопласиран на табелата во Ла Лига со 42 бодови и сè уште има шанси повторно да се квалификува за европските натпреварувања. /МИА

притисни ентер