Мицкоски: Се случува ДУИЗАЦИЈА на системот – кој ни носи дуизација на Македонија - Канал 5

Мицкоски: Се случува ДУИЗАЦИЈА на системот – кој ни носи дуизација на Македонија

Како на лента се повторуваат проблемите, истите стравови со кои власта опстојува во институциите. 

Мицкоски: Се случува ДУИЗАЦИЈА на системот – кој ни носи дуизација на Македонија

Тоа не е целата власт, туку неколкумина од нејзе, кои на државата гледаат како корпорација, бизнис зделка, каде главен директор е ДУИ, со подизведувач СДС. Тие неколкумина кои раководат со државата се едната иста клика, која го предизвикува истиот хаос кој го мачи народот. Имаме ДУИЗАЦИЈА на системот кој ни носи ДУИЗАЦИЈА НА МАКЕДОНИЈА, рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на денешната трибина во Штип во организација на партијата, а на тема Современи образовни политики.

Според него „тоа не е само политичко окупирање на институциите, туку еден извитоперен систем на невредности, на криминално однесување кое го труе системот и секоја здрава клетка“.

„Притоа храброста не им произлегува од тоа што се навистина такви, туку затоа што таа ДУИЗАЦИЈА со подизведувачот СДС го зафати и судството и обвинителството, кое пак им е гаранција дека нема да одговараат за криминал што го прават. Притоа секогаш кога ова јавно ќе го споделам тие одма дефокусираат прикажувајќи го како напад против Албанците. Ова не е напад против Албанците, туку напад кон оној мал број луѓе од таа каста кои ги крадат албанскиот народ исто како и македонскиот, а се нарекува ДУИ, со подизведувач СДС“, рече Мицкоски.

Овие денови, рече Мицкоски, морам да споменам почитувани штипјани најгласен е муабетот во одредени политички кулоари дека Ковачевски кој работи како помал бизнис партнер на ДУИ во Владата, веќе еднаш си поднел писмена оставка до Собранието.

„Па овие кои се многу свесни дека со падот на власта доаѓа и одговорност, многу жестоко го убедувале во спротивното. Талат и останатите од компанијата го убедувале да не си даде оставка, затоа што знаат дека од правдата нема бегање. Значи имаме премиер кој утрото се буди, попладнето си дава оставка, а вечерта се премислува затоа што на човекот тоа место му е подарено и не му се одговара толку брзо, па си вика, да се тргнам и да се спасам на време. Па еве од овде од Штип сакам да му порачам: Ковачевски не мачете се и престанете да ја тонете Македонија, дајте си оставка. Оставка на цела влада“, порача лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.


YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

И Бугарија ја одбележа 123 годишнината од илинденското востание – Јотова: Историјата е заедничка

Бугарија нема да се откаже од Бугарите во Македонија и ќе продолжи да ги штити нивните права, порача бугарската претседателка Илијана Јотова. 

И Бугарија ја одбележа 123 годишнината од илинденското востание – Јотова: Историјата е заедничка

Таа учествуваше на одбележувањето на 123-годишнината од илинденското востание, кое Бугарија го нарекува илинденско-преображенско. Јотова оцени дека историјата е заедничка и не треба да биде повод за поделби.

-Колку многу омраза и поделби денес во Македонија се зборува за Бугарите. А, историјата ни е заедничка, што има да делиме. И денес, провокации, понижување. Тоа е наша работа, на политичарите, но тоа е работа и на сите граѓани да се спротивстават на таа омраза и поделбите. Ние вас нема да ве предадеме, нема да се откажеме од вас и ќе ги чуваме вашите права. – изјави Јотова.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Петкоска: Македонските аеродроми најбрзорастечки во регионот, за седум месеци 2,4 милиони патници на аеродромите во Скопје и Охрид

Македонските аеродроми се најбрзо растечки во регионот, а цивилниот воздушен сообраќај бележи силен и континуиран раст.

Петкоска: Македонските аеродроми најбрзорастечки во регионот, за седум месеци 2,4 милиони патници на аеродромите во Скопје и Охрид

Резултатите во првите седум месеци од 2026 година се јасна потврда дека Македонија станува сè по посакувана дестинација и подобро поврзана со Европа и светот.

Во периодот јануари до јули 2026 година, двата македонски аеродроми опслужиле вкупно 2.414.892 патници, наспроти 1.879.195 во истиот период минатата година, што се 535.697 патници повеќе.

Додека во истиот период реализирани се 16.280 летови, што во споредба со 14.985 во 2025 година, претставува зголемување од 1.295 летови.

Особено значајни се резултатите во текот на јули, кој донесе историски достигнувања и на двата македонски аеродроми.

Меѓународниот аеродром Скопје го имаше својот рекорден месец во историјата, со 408.925 опслужени патници, што претставува раст од 29,5% во однос на истиот месец минатата година.

Во текот на месецот реализирани се 2.670 летови, а на 20 јули е поставен рекорд од 101 реализиран лет во еден ден, додека на 31 јули, пак, преку скопскиот аеродром патувале повеќе од 16.000 патници.

Бројот на опслужени патници на скопскиот аеродром од јануари до јули е 2.239.811, наспроти 1.738.378 во истиот период во 2025 година.

Историски резултати бележи и Аеродромот „Св. Апостол Павле“ – Охрид, така што јули 2026 година е најуспешниот месец во историјата со 52.544 патници, што претставува раст од дури 41,2%. Реализирани се 443 летови, а на 26 јули преку аеродромот поминале околу 3.000 патници во еден ден, што претставува нов дневен рекорд.

Охрискиот аеродром бележи значителен раст на бројот на оатници, така во истиот периодоод јануари до јули годинава патувале 175.081, наспроти 140.817 патници во истиот период лани, а бројот на реализирани операции во истиот период пораснал од 1.049 на 1.350.

Овие бројки не се само статистика. Зад нив стојат повеќе туристи, повеќе гости во хотелите и рестораните, повеќе работа за туристичкиот сектор и поголем придонес кон економскиот развој на државата.

Зголемениот број патници покажува дека Македонија станува сè попривлечна и подостапна дестинација, а растот на воздушниот сообраќај создава дополнителни можности за туризмот, угостителството, транспортот и целокупниот услужен сектор.

И сето ова не е случајност, туку резултат на голем вложен труд и две години посветана работа на Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ.

YouTube video

Лидија Петкоска, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Лефков: Филипче во време на здравствена криза не мислел на пациентите, туку како преку модуларните болници да го наполни џебот, Абази уште го штити

​За Ислам Абази, обвинителот во заминување, морето од документи, вештачења за модуларната болница во Тетово не значеле ништо, не значел ништо ниту фактот што 14 лица живи изгореа во истата болница.

Лефков: Филипче во време на здравствена криза не мислел на пациентите, туку како преку модуларните болници да го наполни џебот, Абази уште го штити

Казни добија само поранешните директори на Клиничката болница во Тетово, Флорин Бесими, и Артан Етеми и тоа условни затворски казни, а казнета беше и болницата како правно лице со парична казна.

Но, за мозокот на операцијата модуларни болници, Венко Филипче, обвинителството, замислете вели, не бил виновен. И ова по пет години го кажува обвинителот кој цел мандат им служи само на СДС и ДУИ.

Да потсетиме, тоа се болници за кои немало надзор, за кои ниту општините, ниту надлежното министерство не издавале одобрение, односно биле поставувани целосно вон правилата од Законот за градење.

Иако здравствената криза, Филипче во тој момент мислел само на профитот, а не на човечките животи. За ова говори и фактот што тој склучил и анекс на договор со фирмата која ги поставувала модуларните болници и ја зголемил цената за 20%.

Во ваков контекст и покрај зборот на обвинителот на СДС и ДУИ, Абази, јавноста треба да знае дека во случај на нови докази постапка за истото дело може да има повторно.

Сега, пак граѓаните треба да слушнат образложение од Абази зошто го штити Фичипче? Исто така и зошто Филипче ја зголемил цената на модуларните, каде завршле овие пари?

YouTube video

Миле Лефков, член на ИК и пратеник на ВМРО-ДПМНЕ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер