МакедонијаМицкоски: Се отвора новиот фармацевтски производствен блок во „Реплек“Денес, заедно сведочиме на уште една позитивна приказна за македонската економија. „Реплек“, еден од симболите на континуитет, квалитет и професионализам, во годината кога слави 80 години постоење, прави нов, визионерски чекор напред.Со новиот фармацевтски производствен блок, „Реплек“ не само што го модернизира и автоматизира својот производствен процес, туку го зголемува капацитетот за примарно и секундарно пакување на цврсти фармацевтски форми за значајни 25 проценти. Тоа значи нова технологија, поголема ефикасност, повисоки стандарди, но и нова потврда дека нашата земја има потенцијал и капацитет за индустриски раст. Почитувани присутни, Силата на една држава не се мери само по нејзиниот буџет, туку по храброста на нејзините луѓе да вложат, да создадат и да веруваат дома. Оваа инвестиција има особена тежина, затоа што е домашна. Станува збор за македонски капитал, за македонска компанија, за вложување во иднината на македонската индустрија. Во време кога често се зборува само за странски инвестиции, денес овде покажуваме дека и домашните претприемачи, визионери и стопанственици, се, исто така, моторот на развојот. Токму затоа, Владата останува цврсто посветена на поддршка на домашните компании. Не само како економски субјекти, туку како двигатели на нашата иднина. Наша стратегија е јасна: создавање поволна деловна клима, намалување на бирократските бариери, поддршка за развој, за иновации, за извоз, за зголемување на додадената вредност. Ние веруваме дека силна економија се гради не само со странски капитал, туку и со грижа за својот – за секој што решил да остане, да вложи, да создаде тука, во Македонија. „Реплек“ е пример за тоа, пример што инспирира и мотивира. Во изминатата година, нашата земја бележи пораст на индустриското производство, нови инвестиции, стабилни јавни финансии и конкретни проекти што го менуваат животот на граѓаните. Денес, новиот блок на „Реплек“ е дел од таа слика – слика на една Македонија што се гради, што инвестира, што оди напред. Затоа денес, пред сите вас, сакам да упатам искрена честитка до менаџментот, до инженерите, фармацевтите, техничарите и сите вработени во оваа компанија. Вашата работа не е само технолошки успех – тоа е и патриотизам, и визија, и одговорност. Почитувани пријатели, Во едно време на предизвици, на неизвесности, на глобални турбуленции, среќен сум што Македонија има компании како „Реплек“, кои инвестираат дома. Компании што се нејзината сила. Компании што не се плашат да чекорат напред. Компании што градат. И затоа – да ни е честита оваа инвестиција. Да е честит јубилејот – 80 години од постоење на „Реплек“. Нека оваа линија произведува не само лекови, туку и надеж, и иднина, и доверба во македонската економија. Нека е аирлија и за убави работи да се гледаме. Бог да ни ја благослови Македонија. Ви благодарам, истакна премиерот Христијан Мицкоски во своето обраќање.Тагови: Христијан Мицкоски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаСтефан Богоев излегува од притвор, судот прифати гаранција од 55.000 евраКривичниот совет при Основниот кривичен суд Скопје ја уважи жалбата на осомничениот Стефан Богоев и ја прифати понудената гаранција, со што на екс директорот на царина му се укинува мерката притвор во траење од 30 дена.Кривичниот совет донесе решение со кое ја уважи жалбата и ја прифати понудената гаранција на осомничениот во износ од 55.000 евра во денарска противвредност, кои ќе бидат депонирани во корист на Република Македонија како обезбедување за присуството на осомничениот во понатамошниот тек на постапката. Покрај гаранцијата, судот му определи и мерки на претпазливост согласно законот за кривична постапка, односно привремено одземање на патната исправа и забрана за преминување на државната граница. Од судот посочуваат дека доколку осомничениот не ги почитува определените мерки, може да му бидат изречени и построги мерки за обезбедување на неговото присуство.Тагови: Стефан Богоев Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаАпелација ја потврди едногодишната казна затвор за Стевчо Јакимовски за бесправно градење Скопска апелација ја потврди едногодишната затворска казна за ексградоначалникот на општина Карпош Стевче Јакимовски во предметот поврзан со издрагбата на општинската зграда.Како што информираа од судот постапувајќи по жалбите на обвинетите и надлежниот јавен обивнител донесена била второстепена пресуда со која е потврдена првостепената одлука за ктивичното дело бесправно градење за кое на Јакимовски му е изрежена казна затвор во времетраење од 1 година. Во изречената казна ќе му биде пресемтано и времето поминато во куќен притвот во перидот од 10 ти март до 15 август 2019 година, што значи дека Јакимовски ќе треба да одлежи затворска казна од уште 7 месеци. Дополнително Апелација ја уважи жалбата на Јакимовски во делот што се однесува на обивнението за злоупотреба на службената положба и овластување и во тој дел предметот се враќа на повторно судење. „Во однос на кривичното дело – Злоупотреба на службена положба и овластување жалбата на обвинетиот е уважена и предметот, само во тој дел се враќа на повторно судење. Во однос на ова кривично дело, со оглед да истото е сторено во период од 2011 година до 2017 – та година, предвидената казна е од три до пет години, па согласно одредбите за застарување истото би застарело во 2027 – ма година. “-Основен кривичен суд Скопје Јакимовски веднаш по објавата на пресудата на пресконференција рече дека според него станува збор за политичка пресуда со која тој се спречува да се кандидира доколку би имало наскоро повторни избори во општина Карпош. „Јас се надевам дека Врховниот суд е тој што ќе заземе праведен став и ќе ги отсрани овие недостатоци на оваа очигледно политичка пресуда што е направена. За ова што ме товарат исто така имаат и два фалификата за кои што го известив и судот употребивме и вештачи но не им го дадао предметот да увидат кој ги направил. Ги искористија и фалсификатите за оваа пресуда. Во моментов не е битно дали си виновен туку да бидам осуден а тоа е да бидам спречен да се кандидирам на повторните избори во општина Карпош.“- Стевче Јакимовски – екс градоначалник на О.Карпош Дополнително од судот велат дека предметот во однос на укинатиот дел ќе биде распределен на понатамошно судење кај нов судија со оглед да судијата кој досега постапуваше не е во одделот за организиран криминал и корупција, а во однос на потврдената затворска казна ќе биде доставен на понатамошно постапување кај судија за извршување санкција. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаКако уникатниот локалитет „Куклица“ станал предмет на узурпација на очиглед на институциите? Сите интитуции знаеле, но татко и ќерка со години успевале да им пркосат на надлежите и бесправно да стопанисуваат со уникатниот геоморфолошки локалитет „Куклица“ во Кратовско.Веста дека семејство го узурпирало просторот, па дури и наплаќало влезници, предизвика бура реакции во јавноста. Случајот датира од поодамна и веќе е предмет на судска постапка. Михајло Видимлиски и снимателот Сашо Тренчев денеска тропнаа на врата на локалитетот Куклица. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook