ЗНАМ: Пред да прогласувате историски победи, почекајте ги стручните ставови на Венецијанската комисија
2ЗНАМ: Пред да прогласувате историски победи, почекајте ги стручните ставови на Венецијанската комисија
3Повеќе од 1.000 километри со едно полнење! Ова се најдобрите електрични автомобили за патувања на долги релации
МакедонијаМицкоски: СДСМ имаат слоган со кој велат се бориме за домот, на кој дом мислат на Халкидики или во ДубаиПретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, се обрати од денешниот народен митинг во Маврово-Ростуше, во рамки на изборната кампања за локалните избори 2025 година, со слоган ,,Вистинскиот избор! Твојот човек! Твоето место! За твојата иднина!Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, се обрати од денешниот народен митинг во Маврово-Ростуше, во рамки на изборната кампања за локалните избори 2025 година, со слоган ,,Вистинскиот избор! Твојот човек! Твоето место! За твојата иднина! Мицкоски зборуваше за политичките опоненти за локалните избори кои се ближат и истакна дека коалицијата СДСМ, ДУИ, Левица ги врзува желбата за власт и омразата кон ВМРО-ДПМНЕ. СДСМ тврдат дека се борат за нивниот дом, според нивниот слоган за изборната кампања, но не се знае за кој точно дом зборуваат дали оној на Халкидики ли оној во Дубаи, додека ДУИ зборува за теми од пред неколку децении, наместо за иднината. ,,На овие избори имаме две опции. Секој кој што мисли дека има трета опција се лаже. Нема трета опција. Едната опција се една коалиција. која што во некои од општините делува формално, односно јасно е профилирана, во некои од општините е полуилегална или би рекол неформална. А, во некои од општините делува повеќе стихидно. Но, во суштина, се заедно и нив ги поврзаа две работи на овие локални избори“, рече Мицкоски. Според Мицкоски, опозициските СДСМ, ДУИ и Левица, на овие избори ги врзува желбата за власт и омразата кон ВМРО-ДПМНЕ. ,,Нив ги поврза најпрво желбата за власт, силна желба за власт и втората работа е голема омраза кон ВМРО-ДПМНЕ. Тоа се двете работи коишто коалицијата СДСМ, ДУИ и Левица ги собра заедно да ни бидат противници на овие политички локални избори“, истакна Мицкоски. Мицкоски истакна дека политичката партија СДСМ, имаше можност 7 години да се бори за нивниот дом, како што вели и нивниот слоган за изборната кампања за локалните избори годинава, но освен жестоки грабежи и предавства ништо друго не испорачаа додека беа власт, а и запраша за кој дом за борат, затоа што очигледно беше дека пред неколку месеци уживаа на Халкидики во раскош. ,,Оваа коалиција, ако се вратиме назад имаше можности. Еден субјект во оваа коалиција тоа е да настапува со слоганот “Да се бореле за домот“. Тие имаа 7 години можности да се борат за својот дом, наречен нашата татковина Македонија. Освен жесток грабеж, предавство и понижување на македонскиот народ, на граѓаните во Македонија, на Македонија како држава буквално ништо друго, ниту испорачаа, ниту направија“, кажа Мицкоски и додаде: ,,Затоа сега се прашуваме, на кој дом мислат, дали мислат можеби на онаа вила на егејското крајбрежје, на Халкидики, дали мислат на хациендата во Дубаи, или пак мислат на оние скапи глисери коишто ги видовме летоска како уживаат, во еден раскошен елемент. Граѓаните се збунети. И не знаат сега конкретно за кој дом зборуваат. Секоја нивна порака е порака исполнета со лага, порака исполнета со невистина, порака исполнета со црна кампања, ад хоминем напади, ниски страсти. Така впрочем тие ја водат целата кампања“. Лидерот на ДУИ имаше повеќе од две децении можност да направи било што за граѓаните, и според Мицкоски, тој не успеа да испорача ништо освен да придонесе за иселување на граѓаните од земјата. ,,Тој имаше повеќе од две децении можност да направи, за граѓаните, но и еве и за народот албанскиот народ којшто го гласа најчесто него и неговата политичка партија. А што направи за возврат. Пред очи гледаше како се празнат селата, тоа е веќе стара вест, сега се празнат градовите. Повеќе од 100-тина илјади негови граѓани се иселија. Залудни се хациендите во Зајас, залудни се замоците во Зајас. Затоа што соседите ги нема“, заклучи Мицкоски.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаСиљановска-Давкова разговараше со претседателот на Литванија- претседавач со ЕУ од јануари 2027Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, на маргините на Парискиот мировен форум 2026, оствари средба со претседателот на Република Литванија, Гитанас Науседа.Taa го поздрави денешното отворање на нашата прва резидентна Амбасада во Вилнус и изрази очекување за продлабочување на македонско-литванската политичка, економска и институционална соработка. Соговорниците разменија ставови за процесот на проширување на Европската Унија, состојбата во регионот на Западен Балкан, како и за македонските предизвици во пресрет на литванското претседавање со Советот на ЕУ од јануари 2027 година. Тие се согласија дека реформите и Копенхашките критериуми се клучните параметри за членство во ЕУ на земјите-кандидатки и дека билатералните прашања не треба да бидат пречка во процесот на проширување. Претседателката посочи дека соседите може да имаат позитивна улога во европската интеграција на регионот, укажувајќи на примерот на скандинавските земји, кои целосно ги поддржаа балтичките држави пред нивното членство во Европската Унија во 2004 година. Таа го информираше претседателот за македонските преземени чекори на патот кон ЕУ, како и за прашањата со коишто се соочува земјата, од добивањето на кандидатскиот статус во 2005 до денес. Сиљановска-Давкова истакна дека продолжуваат македонските напори за конструктивен дијалог со соседна Бугарија, но нагласи дека за тоа е неопходно двете страни да пристапат кон процесот со добра волја, соопштуваат од Кабинетот.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вести„Безбеден град“ се шири во Струмица, Штип и во Битола, МВР најавува мобилни камери на улиците15:08Учество на претседателката Сиљановска-Давкова на 9. Париски мировен форум08:35Судењето на Ива Михаилова продолжи и во нејзино отсуство, денеска се сослушуваа вештаци на предлог на одбраната.15:16Основниот суд во Кочани го одби барањето на Ива Михаилова преку конференциска врска да учествува во судската постапка 12:57Продолжува судскиот процес против Ива Михаилова, обвинета за предизвикување сообраќајна несреќа со смртни последици11:21
Судењето на Ива Михаилова продолжи и во нејзино отсуство, денеска се сослушуваа вештаци на предлог на одбраната.15:16
Основниот суд во Кочани го одби барањето на Ива Михаилова преку конференциска врска да учествува во судската постапка 12:57
Продолжува судскиот процес против Ива Михаилова, обвинета за предизвикување сообраќајна несреќа со смртни последици11:21
МакедонијаЗНАМ: Пред да прогласувате историски победи, почекајте ги стручните ставови на Венецијанската комисијаДвижењето ЗНАМ смета дека е несоодветно создавањето политичка еуфорија и прогласувањето историски победи од страна на претставниците на ВРЕДИ.Движењето ЗНАМ смета дека е несоодветно создавањето политичка еуфорија и прогласувањето историски победи од страна на претставниците на ВРЕДИ, во момент кога Владата всушност ја усвои информацијата за потребата од прибавување стручно мислење од Венецијанската комисија за прашањето на употребата на албанскиот јазик во правосудството. Усвојувањето на информација за потребата од стручно мислење не значи дека е донесена конечна одлука, ниту дека е направена каква било промена во законската рамка и начинот на функционирање на правосудниот систем. Напротив, побараното мислење од Венецијанската комисија треба да даде стручна и правна основа за понатамошно постапување, со почитување на Уставот, законите, правната сигурност и европските стандарди. Прашањата поврзани со употребата на јазиците, особено во правосудството, се премногу сериозни за да бидат предмет на дневнополитички маркетинг, пред да бидат разгледани сите правни аспекти и да бидат добиени релевантните стручни мислења. Затоа, наместо предвремено прогласување победи и создавање очекувања кај граѓаните, потребни се одговорност, институционален пристап и почитување на правните процедури. За ЗНАМ, владеењето на правото, уставноста и еднаквоста пред законите не се предмет на политички пазарења, туку темелни принципи врз кои мора да функционира државата. Центар за комуникации и аналитикаКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вести„Безбеден град“ се шири во Струмица, Штип и во Битола, МВР најавува мобилни камери на улиците15:08Учество на претседателката Сиљановска-Давкова на 9. Париски мировен форум08:35Судењето на Ива Михаилова продолжи и во нејзино отсуство, денеска се сослушуваа вештаци на предлог на одбраната.15:16Основниот суд во Кочани го одби барањето на Ива Михаилова преку конференциска врска да учествува во судската постапка 12:57Продолжува судскиот процес против Ива Михаилова, обвинета за предизвикување сообраќајна несреќа со смртни последици11:21
Судењето на Ива Михаилова продолжи и во нејзино отсуство, денеска се сослушуваа вештаци на предлог на одбраната.15:16
Основниот суд во Кочани го одби барањето на Ива Михаилова преку конференциска врска да учествува во судската постапка 12:57
Продолжува судскиот процес против Ива Михаилова, обвинета за предизвикување сообраќајна несреќа со смртни последици11:21
МакедонијаСиљановска Давкова учествува на Парискиот мировен форумПретседателката Гордана Сиљановска-Давкова во рамките на Парискиот мировен форум се обрати на панел дискусијата насловена „Одбрана на линијата: суверенитет во ера на хибридни закани“.. „Ние живееме во интерегнум , така да се изразам, во меѓувластие, кога старото општество е заминато, а новото уште не се појавило и монструми нѐ опкружуваат. Во време на вештачка интелигенција и дигитализација овие насилници се скриени, но многу моќни. Оттаму ние мериме чекори, документи, политики ,а тие не. Она што мислам дека е многу важно, посебно за ЕУ и секако за НАТО нема никогаш политички вакуум, никогаш. Особено нема политички вакуум на Балканот. Секогаш Балканот бил карта за поткусуравање и големите сили си ги мерат своите сили, за несреќа, на Балканот. Затоа според мое мислење ова е многу важно. Не е важно само за да нѐ охрабрите нас во регионот, за да бидете силни, да бидете трпеливи и така натаму. Не, ние треба да ги направиме вистински чекори. Зашто од внатре ние сме 70 проценти поврзани со економијата на ЕУ. Тогаш, ако ние сме економски партнер и ако сме во НАТО, го знам одговорот. Доколку сме корисни, доколку сме кредибилни, доколку толку многу пати сме биле пофалени како одлични тркачи, тогаш имаме право и да го завршиме нашиот пат кон Брисел. И тогаш нема да речам дека нашиот маратон кон Брисел е како „Чекајќи го Годо“. “ , рече претседателката Сиљановска Давкова. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook