3Македонецот Волкановски ја одбрани титулата Светски шампион- го нокаутира досега непоразениот Евлоев
МакедонијаМицкоски: Реформите во правосудството се сведуваат за пари, а и сега издвојуваме повеќе од просекот на земјите во ЕвропаДржавата нема толку пари колку што бараат судиите и јавните обвинители. Тоа што ќе го обезбедиме и што планираме да го дадеме, ќе биде сосема доволно за да имаат пристојни плати, што ќе бидат многу пати поголеми од просекот во земјите во Европа, истакна денеска премиерот Христијан Мицкоски одговарајќи на пратеничко прашање во Собранието. Уште еднаш појасни дека во законот стои 0,8 отсто од бруто домашниот производ за судовите и 0,5 отсто за обвинителите. Тоа, според него, е 1,3 отсто од бруто домашниот производ. - И сега кога би имале ние, а мислам дека веќе следната година ќе дојдеме некаде околу 20,5 - 20,6 милјарди долари Бруто домашен производ, тоа значи дека 260 - 270 милиони долари ќе треба да се обезбедуваат пари за судовите и за обвинителствата или некаде 3-4 пати повеќе од сега, истакна Мицкоски. Тој образложувајќи ги трошоците и во останатите сектори и долговите од минатото, смета дека буџетот ќе треба да биде од прилика 8-9 милијарди евра, расходната страна, односно буџетскиот дефицит треба да биде меѓу 8 и 10 проценти од БДП. Тоа, нагласи, е невозможно, бидејќи, како што подвлече, кога се говори за реформи треба да се зборува за суштина, а не за пари. Забележа дека дел од судиите и јавните обвинители, откако оваа теза не поминала, се насочиле на барањата дека немаат основни средства за работа, компјутери, дактилографки, асистентки..., и оти не требало да чекаат од Владата согласност за вработување. Премиерот рече дека тоа е сосема во ред и оти ќе им дадат автономен буџет, сами да управуваат од средствата за хигиена до плати, кого сакаат да вработуваат и ангажираат. - Ние немаме никаков проблем тоа да го прифатиме и ќе го прифатиме. Што сакаат нека прават тие неколкумина кои ја донесуваат до таа мерка правдата во Македонија и работата на судовите и обвинителството, што денеска нема граѓанин во држава кој верува дека има правда. Мене ми е жал што ние мораме ова јавно да го зборуваме, но мора да го зборуваме затоа што чувството кај граѓаните е такво. И не прифаќам дебата од одредени центри кои велат не е добро да се зборува така за институциите како што се судовите и обвинителството, па тие се тие кои што тоа го направија, рече Мицкоски. Од друга страна, додаде, доколку прифатат вкупен буџет за судови и обвинителство, 1,3 отсто, плус бесплатната правна помош, ќе дојдат до 1,4-1,5 отсто од бруто домашниот производ, тогаш земјата би била рекордер во светот, со 2,5 пати повеќе од државата што одвојува најмногу. - Ние одвојуваме 0,44, односно 0,45 отсто, според Извештајот изработен од Советот на Европа, кој опфаќа параметри од 2022 година, објавен 24-та година, 0,39 отсто. Но, тоа е повеќе од просекот во земјите кои што ги опфаќа Советот на Европа и 75 проценти повеќе од земјите членки на Европската унија. Ова е факт, јас не сум го направил тој извештај, рече Мицкоски. Нагласи дека доколку се создадат услови и дозволи буџетското консолидирање, нема проблем да им дадат и повисоки плати, по цена граѓаните да се чувствуваат дека има правда во државава и оти некој навистина се бори за правда. Но, според него, парите не се проблемот, и се наврати на случајот со Специјалното јавно обвинителство, каде обвинители добивале плата 10 пати поголема од тогашниот просек, и на крај СЈО заврши спакувано во чанта од брендот Луи Витон со неколку милиони внатре. - Овие што требаше да бидат грации на правдата, борци за правдата, живот што ќе носеа и така натаму, сето тоа го спакуваа со неколку милиони евра во една чанта од брендот Луи Витон. Така што не било до парите. Не било до парите, туку до нешто друго било, истакна Мицкоски.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
БалканИзборната победа се слави и вечерва на плоштадот Славија во БелградВучиќ синоќа го призна изборниот пораз. Според прелиминарните резултати Студентска листа освои апсолутно мнозинство за самостојно да формира влада со 141 освоен мандат во собранието. Обединета Србија чија листа ја предводеше Вучиќ има 103 мандати. Студентското движење на Србија ги повика граѓаните вечерва повторно да дојдат на плоштадот Славија во Белград за да ја прослават историската победа на студентската листа, откако и синоќа масовно се славеше изборната победа и падот на Вучиќ. Граѓаните го демонтираа и тн. Ќациленд. Денеска тие се собраа во Пионерскиот парк спроти српското собрание. Тагови: Србија Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
БалканСрдановиќ најавува продолжување на европската интеграција и подобрување на односите со соседитеВо меѓусебен демократски дијалог ќе одлучиме кој ќе влезе во владата и ќе продолжи да ја води земјата во најдобар интерес на нашите граѓани – вели во првото интервју по победата носителот на студентска листа Илија Срдановиќ, за хрватски Индекс.</Сега имаме голем број мандати во собранието, а меѓу тие луѓе веќе има доволно кредибилни кандидати кои можат да бидат членови на владата или премиер – рече Срдановиќ. Тој најавува подобрување на соработката и продолжување на европската интеграција на Србија, додавајќи дека првите чекори во полицијата, обвинителството и судството ќе бидат многу важни а како што нагласил за тоа ќе бидат потребни и слободни медиуми. За хрватски Индекс Срдановиќ потврдил и дека разговарал со хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ, кој му ја честитал победата со надеж за продолжување, која според Срдановиж ќе биде конкретизирана по изборот на новата влада. Челниците на ЕУ беа меѓупрвите кои ја честитаа изборната победа на студентска листа. Србија може да почне ново поглавјхе порача еврокомесарката Марта Кос.Тагови: Срдановиќ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЕвропаКрузер се судри со два товарни брода во северна Германија (ВИДЕО)Синоќа, крузерот „Mein Schiff 3“, управуван од германската компанија „TUI Cruises“, се судри со два контејнерски брода при испловување од пристаништето Бремерхафен во северна Германија.Според полицијата, крузерот удрил во два брода, иако од „TUI Cruises“ потврдија судир со само еден товарен брод, пренесува „Bild“. Во судирот, еден од товарните бродови претрпе оштетувања на страничниот дел. Нема повредени, но патниците мораа да ја поминат ноќта на бродот, кој утрово сè уште се наоѓаше во Бремерхафен. Планираното 20-дневно крстарење до Канарските Острови е откажано, а на патниците им е препорачано да се вратат дома, објави утрово германскиот јавен сервис „NDR“. Крузерот требаше вчера да исплови кон Канарските Острови. И покрај невремето, тој тргна од кејот „Колумбускаје“ околу 17:00 часот, со помош на влекачи. Сепак, набргу наиде на тешкотии во близина на контејнерскиот терминал. Според полицијата, силен налет на ветер околу 17:30 часот го турнал крузерот кон усидрените контејнерски бродови. И покрај помошта од влекачите, бродот не успеал да го задржи курсот. 🇩🇪 KAPAL PESIAR TABRAK DUA KAPAL KONTAINER DI JERMAN Di tengah badai hebat yang melanda Bremerhaven, kapal pesiar Mein Schiff 3 menabrak dua kapal kontainer. Kapal milik TUI Cruises itu berhasil kembali ke dermaga. Hampir 2.500 penumpang dan lebih dari 900 awak berada di kapal saat insiden terjadi. Tidak ada korban luka. — Sputnik Nusantara (@Spt_Nusantara) October 26, 2026 Во тој момент, во пристаништето бил усидрен голем контејнерски брод, „MSC Victorine“; крузерот удрил токму во овој брод. На фотографиите се гледаат значителни оштетувања на неговиот страничен дел. Според полицијата, во инцидентот бил вклучен и втор контејнерски брод. Полицијата потврди дека и крузерот и големиот товарен брод претрпеле значителни оштетувања, иако точниот обем на штетата сè уште не е познат. „Судир каков што никогаш претходно немале доживеано“ Кристијан Бреден, кој ги оставил своите родители – на возраст од 69 и 68 години – на крузерот, раскажа дека забележал проблеми уште при самото испловување. „Бродот стоеше во место неколку минути, на околу 30 метри од брегот. Не можеше да напредува против ветерот. Налетите беа навистина силни“, изјави Бреден. 🚨 BREAKING: Cruise liner Mein Schiff 3 has collided with two container ships while departing Bremerhaven, #Germany. One container ship suffered a massive 10-meter hull breach. 3,350 people were aboard the cruise liner. #esgq #Tatort #Eleições2026 https://t.co/7vE9rJ9mGa — Eyes on the Globe (@eyes_globe) October 26, 2026 Тој објасни дека пловилото потоа почнало бавно да се движи, а околу десет минути подоцна дошло до судир. Неговите родители биле во кабина на десната страна од крузерот – токму на онаа страна што удрила во товарните бродови. „Родителите ми рекоа дека ударот бил таков каков што никогаш претходно немале доживеано. Бродот се затресе и силно се заниша“, раскажа Бреден. По судирот, крузерот се вратил на пристаништето, што го потврди и компанијата „TUI Cruises“. Патниците останале на бродот преку ноќ додека експертите ја проценувале штетата. Според моменталните информации, нема повредени меѓу патниците или членовите на екипажот. Полицијата во Бремен продолжува да ги истражува околностите под кои се случил судирот. Извор: Индекс.хрТагови: Германија крузер Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиИзборната победа се слави и вечерва на плоштадот Славија во Белград20:12Вучиќ ги загуби изборите, студентска листа освои апсолутно мнозинство, може самостојно да формира влада18:16Челниците на ЕУ ја честитаа победата на Студентска листа, Кос со порака- Србија може да почне ново поглавје15:00Вучиќ си оди: Студентската листа освои апсолутно мнозинство и самата ќе може да ја формира новата српска влада08:27Вучиќ призна пораз - објави дека СНС ќе има 105 пратеници, а студентската листа 135-14022:05
Вучиќ ги загуби изборите, студентска листа освои апсолутно мнозинство, може самостојно да формира влада18:16
Челниците на ЕУ ја честитаа победата на Студентска листа, Кос со порака- Србија може да почне ново поглавје15:00
Вучиќ си оди: Студентската листа освои апсолутно мнозинство и самата ќе може да ја формира новата српска влада08:27