3Австралија соопшти дека вештачката интелигенција на „Опенаи“ извршила упад во владин портал за здравствени податоци
МакедонијаМицкоски: Рано е да се проектира што може да нѐ очекува в понеделник во однос на цената на нафтените деривати Колку ќе се намали цената на нафтата кај нас по примирјето на Блискиот Исток, според премиерот Мицкоски е рано да се проектира. Рано е да се проектира што може да не очекува в понедленик во однос на цената на нафтените деривати – изјави денеска премиерот Христијан Мицкоски , одговарајќи на новинарско прашање иако рече дека се забележува намалување на енергенсите, по временото примирје меѓу САД и Иран.Како Влада вели ќе продолжат да ја анализираат состојбата и доколку е потребно ќе интервенираат... Прашањето околу мерките поврзани со кризата се најде на на опозициските прашања во собреанието „Предупредувавме и токму тоа се случи... поскапе храната... Зошто не ги прифативте мерките... не после велигденските празници туку сега...“ „Денеска како влада ги враќаме долговите кои што вие ги криравте овие од солидарниот данок се само еден дел,имаме 900 милиони што треба да ги запишеме...се е од ваш време....Токму оние мерки кои ги презеде владата доведоа до најниска инфлација на земјава споредбено со регионот... “ Доколку се носат мерки во перидот кој следи според еконосмките експерти во земјава тие треба да бидат таргетирани бидејќи на тој начин и товарот врз буџетот би бил помал. Според универзитетскиот професор Борче Треновски, ранливите категории граѓани особено ги чувствуваат последиците од било каква економска криза и оттука за да не зборуваме за задоцнети мерки државата според него, континуирано треба да гради систем со кој ќе им дава економска поддршка во вакви времиња. „Во оваа ситуација во која се наоѓаме се важни неколку мерки. Пак ќе кажам пред да се оди со било какви генерални мерки, секогаш е неопходно да се оди таргетирани мерки, кои чинат помалку, се однесуваат директно на оние на кои најмногу им требааат и го намалуваат притисокот на Буџетот... Таквите мерки може да бидат класични дури и во делот на горивата...Низата кризи ги истоштија голем дел од овие граѓаните кои трошат над 80% за храна од своите буџети. Тоа се 20- 30 % најсиромашни тие се исклучеително погодени тука треба мерки дури и да не беше оваа криза требаше да им се помага... она што сега е дали е задоценто или не е дека сега ги гледаме оние поместувања во делот на храната и пак ќе кажам треба внимателно.... “ Уште речиси две недели во земјава на сила е кризната состојба со која се намали ДДВ на горивата од 18 на 10 % и акцизата за бенизните за 2 денари а кај дизелот за 4. Мицкоски вчера најави дека ако има потреба по велигденските празници ќе се донесат и таргетирани мерки во делот на храната, а статистика за март измери инфалција од 4,9%.... Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиОЈО ГОК во тек е акција под кодно име „Филтер 2“10:24Продолжи судењето за Лотарија - Груби и Бајрами повторно на обвинителна клупа15:00Тошковски: Има големи злоупотреби со боледувањата во државниот и во приватниот сектор11:04Средба на Сиљановска-Давкова со претставници на организацијата „Обединети Македонци во Канада“08:36Мицкоски ќе се обрати во ООН во петок, денеска учествуваше на Самит на мултилатеризмот15:00
ФормулаРасел со најбрзото време на првиот тренинг во АзербејџанВозачот на Мерцедес, Џорџ Расел, го постигна најбрзото време на првиот тренинг пред 16-тата трка во сезоната на Формула 1 – Големата награда на Азербејџан. Тркачкиот викенд на уличната патека во Баку започна порано од вообичаеното, бидејќи самата трка беше преместена во сабота поради денот на сеќавање што се одбележува во Азербејџан во недела. Расел извозе круг за 1:45,387 минути, обезбедувајќи ја првата позиција со предност од четири десетинки пред второпласираниот Макс Верстапен од тимот на Ред Бул. Возачот на Ферари, Шарл Леклер, заостана само четири илјадитинки од секундата зад Верстапен, додека неговиот тимски колега Луис Хамилтон го постигна четвртото најбрзо време.Тагови: Формула 1 Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
КошаркаМЗТ Скопје ја почнува новата сезона - со европски шмек во Аеродром„ Почнуваме во Куманово, да играме со Куманово за Суперкупот. МЗТ е најдобар кога игра како гостин, а победите на гостувања се одлика на големите екипи“.Стартот е закажан веќе за в сабота (26 септември), кога сино-белите, како освојувачи на двојната круна, против Куманово на теренот на противникот ќе го бранат трофејот од Суперкупот, кој го освојуваат во изминатите пет години по ред. Потоа следуваат стартни пресметки на домашен терен на сите три фронта – против Слобода Ужице (30 септември), повторно против Куманово (2 октомври), овој пат во суперлигашки дуел, и против грчкиот Ираклис (6 октомври). Овие четири средби во само 11 дена го најавуваат пеколниот НБА-ритам со кој ќе се соочат кошаркарите на македонскиот шампион, кои само до крајот на годината ќе одиграат вкупно 26 средби, односно по еден натпревар на секои 80 часа. „Ростерот со кој располагаме дефинитивно може да одговори на предизвиците што ќе ги имаме пред нас сезонава. Ритамот е пеколен, но имаме доволен број квалитетни кошаркари кои можат да одговорат на предизвиците. Во секој дуел ќе влеземе со желба за победа, без разлика за кое натпреварување станува збор. Некако настапите во АБА2 и обидот да се вратиме во регионалната елита можеби се наш приоритет, секако, со задржување на домашните трофеи, но тоа не значи дека нема да го оставиме и последниот атом енергија на пресметките во ФИБА Еврокупот. Почнуваме во Куманово, да играме со Куманово за Суперкупот. МЗТ е најдобар кога игра како гостин, а победите на гостувања се одлика на големите екипи“, изјави тренерот Васко Атанасов. МЗТ Скопје во АБА2 е во група со Слобода Ужице, Сутјеска и Триглав Крањ, додека во ФИБА Еврокупот, освен против Ираклис, ќе ги одмери силите и со Џики Варшава, германскиот Вурцбург, АЕЛ Лимасол и естонскиот тим Тарту. Формирањето квалитетен тим, кој ќе се обиде да ја врати „старата слава во Аеродром“ на европската сцена, како и да нападне влез во АБА-лигата и одбрана на домашните трофеи, немаше да биде можно без помошта на нашите партнери. Без поддршката од нашиот сопственик, Општина Аеродром, како и од моќните компании што ја препознаа нашата визија, како МТЕЛ, Адмирал, КАМ, Алта банка, Протеини.си, Аџибадем Систина и Авант кар, но и од Град Скопје, сето ова не би било можно, поради што сме им бескрајно благодарни. Сето ова, секако, ќе биде мотив плус за нашите навивачи, симпатизери, но и за сите други вљубеници во кошарката во следните месеци да дојдат во салата „Јане Сандански“, да уживаат во квалитетни натпревари и да навиваат за нашите момци. Само така ќе можеме да стигнеме до целта.Тагови: МЗТ Скопје Аеродром Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаПетрушевски: Владата носи инвестиции и продлабочување на соработката со ВашингтонВладата носи инвестиции и продлабочување на соработката со Вашингтон, затоа СДС и Филипче подобро да размислат што можат да прават реално за граѓаните, а не само да шетаат во Дубаи и по Егејот . Венко Филипче и талогот од СДС деновиве се обидуваат да покажат наводна загриженост, па предлагаат закони за земјоделците, за минималната плата, а вчера збореа биле загрижени и за пензионерите. Исто така покажуваат загриженост дека бил загрозен македонскиот идентитет, и дека Македонија била изолирана. Но, му верува ли некој на Филипче? Има ли воопшто простор да му се верува? Секако дека не! А зошто? Затоа што по сите криминали од периодот на владата на СДС, како и сите жртви од модуларната болница во Тетово и од короната кои му се багаж на Филипче не може да му се верува. А граѓаните паметат и кој ја распродаваше државата. Од друга страна, граѓаните гледаат каква промена настанува во Македонија. Деновиве премиерот Мицкоски од САД најавува дополнително продлабочување на стратешкото партнерство со Вашингтон, инвестиции во антимон, дата центри, и енергетика. А Филипче со партискиот учител и другар Зоран Заев ќе останат познати само како лица кои додека беа на власт се грижеа само за личните интереси и попатно распродаваа се од Македонија. Во оваа ситуација понудата од талогот на СДС се само лаги и хистерија, затоа овој период е најдобро да се посветат на консолидација и да се преиспитаат што може да направат освен да се шетаат во Дубаи и по Егејот. Бране Петрушевски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ Со почит, Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter