Мицкоски: Пуштен е во употреба реконструираниот пат Понов мост – Богданци - Канал 5

Мицкоски: Пуштен е во употреба реконструираниот пат Понов мост – Богданци

Изјава за медиуми на претседателот на Владата, Христијан Мицкоски.

Мицкоски: Пуштен е во употреба реконструираниот пат Понов мост – Богданци

„Добар ден и од мене.

За мене претставува посебна чест и задоволство еве и да сум јас присутен на овој настан заедно и со министерот и заменик-претседател на Владата Николовски и директорот на ЈПДП Коце Трајановски. Тие кажаа речиси сè, она коешто јас би сакал да го додадам е дека покрај сите оние проекти коишто навистина прилично амбициозно и успешно ги работи Министерството за транспорт и ЈПДП, можам да напоменам дека во моментот со завршување на вториот повик за аплицирање на проекти коишто ќе ги финансираме од државниот буџет, а се однесуваат на единиците на локална самоуправа, општините, плус оние коишто беа од првиот повик вкупно ќе имаме околу 1.200 градилишта, нешто што не се случило никогаш до сега во независна Македонија, одеднаш на 1.200 точки да се работи нешто, што е многу важно.

И кога на сето тоа ќе ги додадеме и сите овие проекти коишто се завршуваат, отпочнуваат а коишто надвор од оваа програма ги финансира Владата и јавните претпријатија и акционерските друштва во сопственост на државата, доаѓаме до импресивна бројка од 1.500, нешто коешто навистина претставува реткост и сега имаме навистина тука еден би рекол исклучително чуден случај, пример како сакате да го наречеме дали нашата градежна оператива сето ова ќе може одеднашка да го совлада и да го изработи.

На сметка на ова ќе имаме еден состанок во Стопанската комора во петок заедно со господата позади мене и со претставниците на Стопанската комора и градежната комора каде што ќе разговараме да направиме еден план една динамика, затоа што ние сакаме што е можно повеќе македонски градежни компании, македонска градежна оператива да ги исполни обврските поврзани со сите овие градилишта за коишто претходно зборував.

Така што разликата е тоа што досега имаше до пред една година еден принцип како до сега кога Македонија се крадеше, сега во изминативе година дена има поинаков принцип, а тоа е дека Македонија се гради и Македонија ќе продолжи да се гради.

Јас уште еднаш ќе им се заблагодарам и на Коце Трајановски и на Александар Николоски, и на вработените во министерството и на вработените во јавното претпријатие.

Исто така би сакал да искажам голема благодарност до пратениците во македонското Собрание коишто доаѓаат од овој дел на југоисточна Македонија коишто жестоко се борат за проект повеќе да биде тука сработен во овој дел од државата и тоа прилично успешно го прават.

Благодарам на граѓаните бидејќи тие се нашата инспирација и убеден сум дека во периодот коишто следи заедно ќе направиме уште илјадници нови проекти.

Ви благодарам и Бог да ни ја благослови Македонија.“

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Продолжува конститутивната седница на српското собрание

По два бурни дена,  продолжува дискусијата во Собранието на Србија. Пратениците денес го избираат претседателот на Собранието.

Продолжува конститутивната седница на српското собрание

Пратениците во Собранието на Србија денеска ја продолжуваат конститутивната седница на новиот, 15-ти состав на Парламентот.

На дневен ред е изборот на претседател на Собранието, а кандидатите се: пратеничката група „Студентска листа“ го предложи Александар Чупиќ за претседател на Собранието, додека „Александар Вучиќ – Србија победува“ го предложи Стојан Раденовиќ.

Со конституирањето на Собранието на Србија, започна да тече рокот од 90 дена за формирање на нова Влада.

На дневниот ред на конститутивната седница се вклучени изборот на потпретседател на Народното собрание, именувањето на генерален секретар, како и изборот на членови на парламентарните работни тела и на постојаните парламентарни делегации во меѓународните институции.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Започна историскиот состанок Трамп, Путин, Си Џинпинг

Започнува историска средба во Кина, на претседателите на САД, Русија, и Кина, Доналд Трамп, Владимир Путин и Си Џинпинг. 

Започна историскиот состанок Трамп, Путин, Си Џинпинг

Пред средбата домаќинот Си ручал со американскиот претседател Трамп.

Претседателот на САД Доналд Трамп, кинескиот претседател Си Џинпинг и рускиот претседател Владимир Путин започнаа историска трилатерална средба во Шенжен, Кина.

Клучните теми вклучуваат војната во Украина, нуклеарното оружје и меѓународната безбедност. Трамп изјави дека тројцата лидери „испишуваат историја“, Путин ги истакна заедничките интереси во однос на решавањето на војната во Украина, а Си повика на соработка во справувањето со глобалните прашања.

За време на своето воведно обраќање на трилатералната средба со Си Џинпинг и Владимир Путин, американскиот претседател Доналд Трамп ја истакна важноста на соработката меѓу трите нуклеарни сили. „Се наоѓаме во единствена позиција да разговараме за тоа како да се намали бројот на нуклеарно оружје на Земјата“, рече Трамп.

Тој додаде дека е „клучно“ САД, Кина и Русија да соработуваат за да се спречи ширењето на нуклеарното оружје кон други држави. „Токму тоа го правиме во однос на Иран. Нема да дозволиме Иран да поседува нуклеарно оружје“, изјави Трамп.

Потоа се осврна на војната во Украина, напоменувајќи дека веќе имал „долг разговор“ со Путин на таа тема. „Мислам дека Путин – а се надевам и другата страна – би сакале да видат крај на таа војна“, рече американскиот претседател.

Во своето воведно обраќање на трилатералната средба со Доналд Трамп и Си Џинпинг, рускиот претседател Владимир Путин ја истакна „заедничката одговорност“ на трите нации за одржување на меѓународниот мир и безбедност.

„Како победници во Втората светска војна, Кина, Русија и САД мора да го зачуваат и зајакнат системот на меѓународното право“, рече Путин. Рускиот претседател нагласи дека трите земји имаат „бројни заеднички интереси во решавањето на регионалните конфликти, вклучително, се разбира, и конфликтот во Украина“.

Тој додаде дека Русија, САД и Кина можат „значително да придонесат за зајакнување на мирот и стабилноста“.

На трилатерална средба со американскиот претседател Доналд Трамп и рускиот претседател Владимир Путин, кинескиот претседател Си Џинпинг изјави дека трите земји мора да соработуваат за да се справат со глобалните проблеми. „Мораме да учиме од историјата. Тешките времиња покажуваат кој е навистина подготвен да преземе одговорност“, рече Си, како што пренесува Ројтерс.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Путин во Кина ја покажа нуклеарната актовка, руски бомбардери пристигнаа во Виетнам

Рускиот претседател Владимир Путин пристигна на самитот на АПЕК во Шенжен, Кина, придружуван од офицер кој – пред камерите на руските државни медиуми – го покажа „нуклеарното куферче“.

Путин во Кина ја покажа нуклеарната актовка, руски бомбардери пристигнаа во Виетнам

Во меѓувреме, во Виетнам се појавија два руски стратешки бомбардери способни да носат нуклеарно оружје. Овие случувања доаѓаат пред денешните средби меѓу Путин, американскиот претседател Доналд Трамп и кинескиот претседател Си Џинпинг.

Ова е прва заедничка средба меѓу лидерите на овие три нуклеарни сили. Потезите на Русија привлекоа внимание, бидејќи Москва во последно време ги демонстрира своите воени капацитети далеку надвор од границите на Украина – земја во која веќе речиси пет години води војна.

На видеоснимка објавена од руските државни медиуми се гледа припадник на придружбата на Путин како носи црна актовка. Новинарот го праша дали станува збор за нуклеарна актовка, а службеникот тоа го потврди.

Актовката, позната како „Чегет“, е дел од системот преку кој рускиот претседател одржува врска со воената команда и учествува во донесувањето одлуки за употреба на нуклеарно оружје.

Иако нуклеарната актовка обично го придружува рускиот претседател на патувањата, таа ретко се прикажува јавно пред камерите.

Видеото беше објавено непосредно пред средбата на која се очекува да се разговара за нуклеарното оружје и односите меѓу трите големи сили.

Во последните денови, Русија исто така ја зголеми својата воена активност во Источна Азија.

Сателитски снимки покажаа два руски стратешки бомбардери „Ту-95“ – познати според ознаката на НАТО како „Мечка“ (Bear) – на аеродромот Да Нанг во Виетнам. Тие беа придружувани од уште два руски воени транспортни авиони „Ил-76“.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер