Мицкоски: Преговорите за соработка на локалните избори со ЗНАМ и ВЛЕН одат во добра насока - Канал 5

Мицкоски: Преговорите за соработка на локалните избори со ЗНАМ и ВЛЕН одат во добра насока

Покрај на ЗНАМ, ВМРО-ДПМНЕ ќе поддржи и некои од кандидатите за градоначалници од Вреди уште во првиот круг на локалните избори, најави премиерот Христијан Мицкоски.

Мицкоски: Преговорите за соработка на локалните избори со ЗНАМ и ВЛЕН одат во добра насока

Покрај на ЗНАМ, ВМРО-ДПМНЕ ќе поддржи и некои од кандидатите за градоначалници од Вреди уште во првиот круг на локалните избори, најави премиерот Христијан Мицкоски, кој оцени дека преговорите за меѓусебна поддршка на изборите со двата партнера одат во добра насока. ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ ќе одат со посебни советнички листи, а во оние општини кадешто ќе одлучат заеднички да поддржат кандидат, едните или другите нема истакнуваат свој кандидат. Истиот принцип ВМРО-ДПМНЕ ќе го има и со Вреди, најави Мицкоски.

-Што се однесува до ЗНАМ имаме принципиелен договор дека тие одат со свои советнички листи, а коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ ќе оди со свои. Во оние општини каде што ќе одлучиме да поддржиме кандидат дали тоа ќе биде на ВМРО-ДПМНЕ или ЗНАМ, едните или другите нема да истакнуваат кандидат, ќе се поддржуваат меѓусебно. Што се однесува до колицијата Вреди, очекувам уште во првиот круг да ги поддржиме кандидатите на оваа коалиција, изјави Мицкоски.

Претходно и СДСМ најавија дека нема да имаат свои кандидати за градоначлници во доминатно албанските општини, па станува извесно дека таму главната битка во нив ќе ја бијат претендентите од Европскиот фронт и Вреди..

И од двата табора, веќе се споменуваат имиња на политички „тешкаши“ како можни кандидати... Бујар Османи кажа дека сериозно размилува да трча во Чаир, а ако тоа биде случја, може за против кандидат да го има и вицепрмеиерот Изет Меџити..

Во Струга извесна е независната кандидатурата на бизнисменот Менди Ќира кој ќе го поддржат од Вреди, а се погласно се споменува и името на Зијадин Села како кандидат на Европскиот фронт, кој ќе се обиде по третпат да стане градоначалник на Струга.

Според политичкиот аналитичар Љуљзим Фаризи претстои тешка битка во албанскиот политички блок, особено што се повеќе се разгорува битката меѓу Вреди и ДУИ со реторика дека овие избори се референдум за албанските граѓани и се оди на се или ништо.

-Овие избори ќе бидат тешки во албанскиот кампус. Вреди ќе се обиде да ги држи тие гласови што ги имаше пред изборите но имајќи предвид дека Алијанса за Албанците на Таравари се приклучува во новиот фронт создаден од ДУИ, бидејќи фронтот беше Европски а сега ќе завршува во Мала Речица, Гостивар или Струга. Ќе видиме како ќе се одвиваат констелациите бидејќи во овие избори со „тешкаши“ некој ќе изгори од нив, ќе видиме како же биде битката во Струга, Гостивар и особено во Кичево. Зналчи овие т.н „албански кнезови“ најверојатно ќе завршат во историјата, изјави Фаризи.

Откако премиерот Мицкоски категорично гои отфрли барањето на ДУИ за предвремени избори заедно со локалните, сега од партијата на Ахмети највуваат дека ако победат на локалните избори во октомври, ќе инсистираат на предвремени парламентарни пролетта следната година.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Драма на германски аеродром: Откриена дупка во оградата – некои летови откажани

Безбедносната ограда е пробиена на аеродромот во Лајпциг преку ноќ, а полицијата верува дека непознат автомобил влегол на аеродромскиот терен покрај руските товарни авиони „Антонов“ паркирани таму.

Драма на германски аеродром: Откриена дупка во оградата – некои летови откажани

Дупката во оградата е откриена околу 23 часот во саботата, соопшти полицијата, а портпаролката на полицијата Тереза ​​Леверенц изјави дека летовите на северната страна од аеродромот се откажани по инцидентот, објави „Билд“, забележувајќи дека бројни товарни авиони на „Амазон“ морале да слетаат на јужната писта на аеродромот во Лајпциг.

„Многу е веројатно дека возило ја пробило оградата. Сепак, за време на пребарувањето на областа преку ноќ, ниту возилото ниту неовластени лица не се пронајдени во аеродромскиот простор. Пребарувањето ќе продолжи денес, а северната писта останува затворена за воздушен сообраќај“, рече Леверенц.

Во август, истражителите открија дрон натоварен со експлозив во близина на аеродромската писта, настан за кој германските власти подоцна ја обвинија Русија, објави „Ројтерс“.

Русија ги негираше обвинувањата.

Фото: ВИ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Лишен од слобода 18 годишен кумановец, при претрес во дом пронајдено оружје, следува пријава

На 17.10.2026 во 19:15 часот полициски службеници од СВР Куманово го лишија од слобода Р.Д. (18) од Куманово. 

Лишен од слобода 18 годишен кумановец, при претрес во дом пронајдено оружје, следува пријава

При претрес во неговиот дом извршен по судска наредба биле пронајдени автоматска пушка, рамки од автоматска пушка со 44 куршуми, испукана чаура, рачно изработена направа поврзана со тајмер и батерија. По целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Голем пожар во канадска воена база: Има загинати (ВИДЕО)

Голем пожар во воена база во канадскиот град Вејнрајт уби непознат број луѓе, објави денес локалната општинска власт во тој град.

Голем пожар во канадска воена база: Има загинати (ВИДЕО)

Беше објавено дека пожарот е предизвикан од „сериозен инцидент“, а надлежните служби сè уште работат на локализирање на пожарот, објавува „CNN“.

Пожарот започнал во базата во Вејнрајт, град во источниот дел на покраината Алберта, и брзо се проширил поради силните ветрови, соопшти општината во објава на Фејсбук.

Повикот за помош дошол околу 16:00 часот, соопшти Кралската канадска коњичка полиција во Вејнрајт, а канадскиот министер за одбрана Дејвид Мекгинти потврди дека има и смртни случаи и повредени, без да даде детали.

„Пожарот на терен сè уште не е изгаснат и наскоро ќе биде покрената истрага“, додаде тој.

Канадската воена база Вејнрајт, која се наоѓа околу 210 километри југоисточно од главниот град на покраината Едмонтон, е една од најпрометните воени бази во земјата, наведено е на веб-страницата на владата.

Болниците преполни

Лекар во болница во градот Едмонтон, кој се наоѓа 180 километри северозападно од Вејнрајт, изјави за канадскиот национален јавен сервис дека пациентите се носат во болниците низ градот бидејќи здравствените установи во градот се „целосно преоптоварени“ со бројот на луѓе на кои им е потребна нега, објави Скај њуз.

„Овој број на пациенти би го преоптоварил градот Едмонтон“, изјави за „CBC News“ д-р Ворен Тирск, лекар од итна помош во болницата Ројал Александра.

„Ова е повеќе пациенти отколку што би сакал да изброи кој било од нас во овој момент. Тоа е катастрофа. Ова е катастрофа што се случува еднаш на секои 15 до 25 години.“

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер