ТОК бара инспекција на Алта банка и на одговорните лица во НБС поради можен одлив на пари во странство.
1ТОК бара инспекција на Алта банка и на одговорните лица во НБС поради можен одлив на пари во странство.
МакедонијаМицкоски: Предлог законот за пушење е донесен врз консултации на сите засегнати страниПредлог законот за пушење е донесен врз консултации на сите засегнати страни, нема да има повластени, ќе се спроведува на целата територија на државата, вели премиерот Христијан Мицкоски.„Добар ден јас би сакал од мое име и од името на Владата да ви посакам добредојде на претставниците на здруженијата, организациите и засегнатите страни што се практично дел од ова законско решение. Би сакал да го поздрава и мојот колега во Владата, министерот за здравство, членовите на Кабинетот, гостите коишто денеска се тука, медиумите се разбира. Сакам да бидам краток и прецизен кога станува збор за ова законско решение коешто како и многу други законски решенија коишто можат да поларизираат, не беше носено ад-хок ниту беше носено по принципот на сила, туку беше носено во еден инклузивен процес, заедно во консултации со сите засегнати страни, со здруженијата, со производителите, со дистрибутерите, со хотелиерите, со луѓето коишто имаат свои ресторани, ноќни клубови итн. Практично, целокупниот овој процес создаде еден производ во којшто целта на Владата беше да излеземе сите подеднакво незадоволни. Затоа што кога работите ваков еден закон не можете да излезете сите подеднакво задоволни. Затоа што тоа е не е возможно, тоа е алхемија, а ние не сме алхемичари, нити пак чудотворци. Тој што вели дека е чудотворец не ја говори вистината. Така што, мислам дека на крајот од целиот овој процес сите ние имаме по малку некое мало ограничено незадоволство, но сите сме среќни затоа што постигнавме заеднички компромис и денешната наша средба е овде во Владата е токму резултат на тој еден заеднички компромис. Компромис којшто е преточен во закон, истиот тој закон, ме информираше министерот за здравство следната недела во вторник ќе биде ставен на владина седница и ќе можат и другите колеги од владата да продискутираат. Не постои идеално законско решение, не постои нешто коешто може да биде брилијантно и идеално, но мислиме и цениме дека ова законско решение во голема мерка ги регулира односите коишто треба да се случуваат во едно општество кога станува збор за производството и дистрибуција на производите, но истовремено и нивното користење во просториите или надвор од просториите коишто здружението Хорека практично го интересираат, а и нас како Влада, бидејќи целта на Владата е да ги следиме тековите, целта на Владата е да се бориме што помалку да имаме луѓе кои консумираат тутун. Тоа е една од нашите клучни политики и на тој начин цениме дека преку овој закон ќе дојдеме заеднички до тоа решение. Јас ви честитам на сите на конструктивноста, на сето она коешто сите заедно го вложивме изминатиот период. Му благодарам и на министерот за здравство, благодарност и до луѓето од мојот кабинет коишто беа директно вклучени, благодарност до сите коишто беа во суштина во изработката на овој закон и очекувам негова доследна примена. Морам да признаам дека и до сега имаше одредени законски решенија, коишто за жал не беа применувани онака како што сите ние очекувавме. Верувајте ни инспекциите ќе бидат ригорозни на целата територија на државата, ова го повторувам, нема да има повластени региони, градови, населени места итн. каде што ќе нема да се почитува законот и за ова јас ви гарантирам, и тука ќе нема никаков пардон. Неколку законски решение оваа Влада во изминатиот период одлучи да изработи, коишто многумина ни велеа може ќе штети на политичката репутација, но ние одлучивме да влеземе во тие процеси затоа што цениме дека на тој начин ќе заштитиме повеќе човечки животи. Така беше и случајот и кога почнувавме со процесот „безбеден град“; многумина ни велеа „оставете ја оваа работа“, „немате потреба од ова“, „зашто ви се сите овие работи“, но еве во првите четири месеци од годината онаму каде што постои „Безбеден град“ системот ние имаме преполовен број на човечки жртви споредено со истиот период од минатата година. Очекуваме дека и со доследна примена на овој закон, исто така ќе имаме позитивни резултати кога станува збор за здравјето на луѓето. И има уште неколку други закони коишто не се тема сега на оваа наша денешна средба, но исто така коишто се корисни општествено, за средината и за граѓаните, бидејќи тие се дел од приоритетите и од политиките на нашата Влада. Јас тука би застанал, сосема на крај дозволете ми уште еднаш да се заблагодарам на сите коишто учествуваа во изработката на овој закон и би апелирал што побрза да се донесе. И уште еднаш би сакал јавно да кажам дека после овој состанок нема да има повластени, ако некој мисли дека бил повластен, па бил близок со овој, бил близок со оној, па нема да го почитува законот, па него нема да го фатат и сл. се лаже. Можете еднаш да поминете неказнети, ако не ве фатиме. Па дури и втор пат, но трет пат сигурно ќе бидете фатени и ќе бидете санкционирани.Така што еве ова е мојата конечна порака. Ви благодарам.“ Тагови: Мицкоски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
Шоу бизФото: Цеца за фотките во бикиниБалканската музичка ѕвезда Светлана Цеца Ражнатовиќ ретко споделува провокативни фотографии, но секое нејзино појавување во бикини предизвикува вистински бум во јавноста. Пејачката откри зошто одлучила да објави фотографија во бикини и како успева да ја одржи својата беспрекорна линија без строги диети. Иако публиката не е често навикната на разголени фотографии, Цеца предизвикува вистинска помпа на социјалните мрежи кога ќе одлучи да го покаже своето витко тело. Секојпат кога позира на плажа, нејзиното издание предизвикува лавина реакции и воодушевување кај следбениците. Зборувајќи за фотографите од Кипар кои своевремено предизвика вистински бум на интернет, пејачката ги објасни причините поради кои ја објавила: „Ретко објавувам попровокативни фотографии – не затоа што се срамам од своето тело, туку едноставно зависи од моментот и од тоа што сакам или не сакам во одреден момент. Искрено, најмногу се чувствувам опуштено кога сум закопчана до грло, што е сосема природно. Се трудам, без разлика што носам или што фотографирам, тоа да биде соодветно, бидејќи границата е многу тенка. А и што друго би можеле да фотографирате на море, освен во бикини?“, изјави мегапопуларната Цеца. Цеца Ражнатовиќ изгледа подобро од кога било, а неодамна откри како ја довела својата линија до совршенство. Пејачката успеа да ослабе дури 8,5 килограми за само еден месец, без строги диети, гладување и опасни препарати. Наместо опасни „кратенки“, Цеца се одлучи за режим што потсетува на автофагија. Тагови: Цеца Ражнатовиќ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЗабаваФото: Сабаленка ужива во тангаСабаленка позира во танга, објавата од плажа собра над 300.000 лајкови. Белоруската тенисерка Арина Сабаленка е на заслужен одмор по исцрпувачката сезона. По исцрпувачката натпреварувачка година, втората тенисерка во светот, Арина Сабаленка, одлучи да направи пауза од турнирите и да замине на одмор, од каде што редовно ги известува своите фанови. Нејзината најнова објава од плажа, на која носи танга, предизвика огромна реакција на социјалните мрежи, собирајќи над 300.000 допаѓања во рекордно време. Во описот на фотографијата, белоруската тенисерка накратко наведе дека слободното време го поминува комбинирајќи релаксација на сонце со повремени тренинзи. Кон крајот на сезоната, таа ја загуби водечката позиција на ВТА-листата, која ја презеде Елена Рибакина.Тагови: Арина Сабаленка Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ФудбалСупер дерби на „Алијана арената “во Минхен – Борусија му „украде“ бод на БаернФудбалерите на Баерн и Борусија Дортмунд во германското супер дерби одиграа без победник 2:2 , во рамките на 8. коло од Бундеслигата. Милионерите од Дортмунд успеаја да надоместат негатива во самиот финиш.Се чинеше дека Баварците ќе го задржат водството, но Фабио Силва го замолкна Минхен во 89-тата минута и му донесе голем бод на Дортмунд. Првото полувреме го одбележа поништен гол на Џоб Белингем, како и неколку добри шанси на двете страни. Во 34-тата минута, Дортмунд ја затресе мрежата преку англискиот играч за врска, но голот беше поништен по прегледување на снимката (ВАР) поради офсајд. Четири минути подоцна, Баерн ја казни пропуштената шанса на ривалот, откако Конрад Лајмер најдобро реагираше на одбиената топка и им донесе водство на домаќините. Дортмунд потоа успеа да возврати. Во 60-тата минута, Карни Чуквуемека ја испрати топката во шеснаесетникот, а Серу Гираси го совлада голманот со прецизен удар во долниот лев агол и го израмни резултатот. Шест минути подоцна, Баерн повторно поведе. Хари Кејн ја упати топката со глава пред голот, а Дајо Упамекано се најде на вистинското место и погоди за 2:1. Претходно, Англичанецот имаше можност да постигне гол од пенал, но во 56-тата минута ја погоди пречката. Кејн повторно беше блиску до погодок во 75-тата минута, но неговиот удар заврши во стативата. Кога се чинеше дека Баерн сепак ќе го задржи водството, на сцена стапи Фабио Силва. Во 89-тата минута, Португалецот ја искористи топката што стигна до него во шеснаесетникот и со прецизен удар во долниот лев агол ги постави конечните 2:2. Баерн имаше уште една голема шанса во судиското надополнување, но ударот на Ленарт Карл заврши во пречката. Така, Дортмунд успеа да избегне пораз во Минхен, додека домаќинот може да жали за пропуштените шанси и испуштеното водство.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook