СДСМ: Светска банка му ја избриша таблата на Мицкоски, не сме трета економија туку една третина од Европа
1СДСМ: Светска банка му ја избриша таблата на Мицкоски, не сме трета економија туку една третина од Европа
Меѓународна поддршка на македонскиот пинг понг, Мохамед Атум од Јордан ќе тренира со најмладите пинг понгари
1Меѓународна поддршка на македонскиот пинг понг, Мохамед Атум од Јордан ќе тренира со најмладите пинг понгари
МакедонијаМицкоски: Правиме гигантски чекори во економијата - раст на БДП меѓу 4 и 6 отсто во вториот кварталПравиме гигантски чекори во економијата - раст на БДП меѓу 4 и 6 отсто во вториот квартал и историско зголемување на индустриското производство. Правиме гигантски чекори во економијата. Во мај бележиме историски раст на индустриското поризводство од 9,4 проценти, имаме поголем извоз на земјоделски производи за 57 отсто во првите пет месеци од годинава во однос на истиот период лани и 22 отсто повеќе туристи во првиот квартал споредено со првиот квартал лани. Кога кажавме дека БДП на реална основа во првиот квартал пораснал за 3,2 отсто споредено со истиот период минатата година и дека тоа е четврти резултат во Европа, веднаш зад Ирска, Данска и Полска, многумина не исмејуваа. Но, сега можам да најавам дека во вториот квартал ќе имаме уште подобар резултат, имајќи ги предвид овие индикатори, дека ќе се движиме меѓу 4 и 6 отсто што е гигантски чекор, зашто првите индикатори од првите два месеца во вториот квартал, април и мај, се огромни, рече денеска премиерот Христијан Мицкоски. Како што рече Мицкоски во обраќањето на поставувањето камен-темелник на Ветерниот парк Штип, и остатантие параметри се исто така гигантски - градежништвото, бројот на издадени дозволи, вредноста на објектите кои се мерат во 20, 30, 40, 50 и 60 проценти повеќе споредено со истиот период лани. -Ова го зборувам со една цел - дека не може да има силна економија ако на одреден начин не сте ја повратиле довербата во инвеститорите, а довербата се враќа на два начина: првиот е дисциплина во работењето и чесност, а второто - битка со криминал и корупција и владеење на правото, рече Мицкоски. Тој информира и дека утрово ја прочитал веста според која Канцеалријата за туризам на ОН ја вметнала Македонија како осма дестинација за туризам во светот, со раст на турсити од 22 процента во првиот квартал оваа година споредено со првиот квартал лани. Тоа, напомена премиерот, е гигантски чекор напред, 22 отсто повеќе туристи. -Силно сме посветени на економијата зашто силно веруваме дека имаме огромен потенцијал кој може да не одведе со гигантски чекори напред и тоа го правиме и такви се првичните идникатори годинава, за разлика од чекорењето наназад изминатите седум години. Во првиот квартал, првите пет месеци, првата половина пд годината, чекориме со гигантски чекори напред, истакна Мицкоски.Тагови: Христијан Мицкоски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски: Стабилен е пензискиот систем11:16 Намалени цените на горивата: Бензините за 1,5 денар, дизелот за 3 денари по литар08:34Од полноќ намалување на цените на горивата: Бензините за 1,5 денар, дизелот за 3 денари по литар15:00Горивата поевтинуваат, дизелот за 3 бензините за 1,5 денари 12:35ЈП Водовод и канализација – Скопје: Неделен лабораториски извештај за квалитетот и безбедноста на водата за пиење11:08
Од полноќ намалување на цените на горивата: Бензините за 1,5 денар, дизелот за 3 денари по литар15:00
ЈП Водовод и канализација – Скопје: Неделен лабораториски извештај за квалитетот и безбедноста на водата за пиење11:08
ЗдравјеМЗ: Комисијата за имунизација донесе заклучок за времено одложување на имунизацијата со вакцина БСЖВо однос на информациите од хрватските медиуми за несакани реакции од вакцина БСЖ, веднаш заседаваше Комисијата за имунизација во рамки на Министерството за здравство. Имајќи предвид дека станува збор за ист производител, веднаш е контактирана Агенцијата за лекови и медицински средства (МАЛМЕД) и се побарани информации за сериите на вакцини што се користат во нашата држава. Потенцираме дека имунизацијата со оваа вакцина во нашата држава е задолжителна имајќи предвид дека земјата е со висок ризик од туберкулоза. Во моментот, на Институтот за ТБЦ има 95 пациенти со туберкулоза од кои 83 се од годинава, а во Детската болница Козле во 2025 се евидентирани 15 случаи, а во 2026 се евидентирани 12 нови случаи. Врз основа на наведеното, Комисијата за имунизација донесе заклучок за времено одложување на имунизацијата со оваа вакцина до добивање комплетни информации во однос на сериите, нивниот квалитет и асоцираноста со појавата на несакани реакции. Воедно, потенцираме дека во изминатите десет години до МАЛМЕД е пристигната само една пријава за сомнеж на несакана реакција од БСЖ вакцина (во август 2022 година), која се однесувала на појава на апцес на местото на апликација на вакцината, што како реакција е опишано во упатството за употреба на вакцината,стои во соопштението од Министерсвото за здравство. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЗабаваФото: Се соблече „српската Шакира“ „Српската Шакира“ се соблече во супер минијатурни бикини.Раперката Диа Костиќ важи за една од дамите со најатрактивна фигура насрпската јавна сцена, а сега се појавија и жешки фотографии од нејзиниот одмор. Атрактивната русокоса на фотките позира на тераса во минијатурно бикини со интересен дезен, истакнувајќи ја својата извајана фигура во прв план. Посебно внимание кај фановите предизвикал нејзиниот раскошен задникот, како и тесниот струк и долгите нозе. Диа позира пред луксузниот хотелски комплекс и базенот, а нејзиниот изглед дефинитивно не помина незабележано. Во опуштено издание, со брановидна руса коса и минимален накит, Костиќ уште еднаш покажа зошто привлекува големо внимание каде и да се појави.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаСДСМ: Светска банка му ја избриша таблата на Мицкоски, не сме трета економија туку една третина од ЕвропаАрамијата денеска седнува на извештај што сам не би го нарачал. „Македонија: излез од стапицата на среден доход“. Светска банка не му честита. Му вели дека земјата со години стои во истата категорија. БДП по жител е околу една третина од просекот на Европската Унија. Не трета економија. Третина од стандардот. Новите работни места се во ниска продуктивност и ниска плата. Дијаспората е над половина милион. Што ќе црта сега? Бајката „трети во Европа“, пропадна. Најбрз раст, падна. Пензии 16 пати повеке, падна. Фон дер Лајен му ја зеде лагата за идентитетот. Македонскиот јазик и културата се заштитени. Преспанскиот договор го нарече самиот ремек-дело. Сиљановска потврди дека идентитетот е заштитен. Тоа го зачува претходната влада. Не тој. Нема сега каде да бега. Веќе призна дека во буџетот фали милијарда евра. Потпиша нови 1,3 милијарди евра за нови долгови. За две години ги задолжи граѓаните за 4 милијарди евра. Повеќе од половина од долгот од независноста. Сега му треба алиби за избори. Не реформи. Излез. Затоа дефокус. Руска партија на далечински. Платформа за 1,6 милиони. Гета замина со 5,53 милиони народни. Нема друга бина. Мора да се обвини претходната влада. Народот не вели за џабе: лагите имаат кратки нозе. И кој лаже, тој и краде. Затоа бега од ЕУ. Затоа што бега од европско обвинителство и од Лаура Ковеши. Затоа се кара со Бугарија пред да се седне на разговор. Арамијата разговара. Не преговара. Изолацијата му одговара. Таа му носи слобода и луксуз. А авионот? Останаа ли пари во буџетот, или и тој ќе се црта на табла, да ни објасни како го болат колената од клечење. Нема бегање. Таблата е празна. Касата е празна. Време е арамијата да им положи сметка на граѓаните - за нивните пари и нивните интереси. Скопје, 06.10.2026 СДСМКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски: Стабилен е пензискиот систем11:16 Намалени цените на горивата: Бензините за 1,5 денар, дизелот за 3 денари по литар08:34Од полноќ намалување на цените на горивата: Бензините за 1,5 денар, дизелот за 3 денари по литар15:00Горивата поевтинуваат, дизелот за 3 бензините за 1,5 денари 12:35ЈП Водовод и канализација – Скопје: Неделен лабораториски извештај за квалитетот и безбедноста на водата за пиење11:08
Од полноќ намалување на цените на горивата: Бензините за 1,5 денар, дизелот за 3 денари по литар15:00
ЈП Водовод и канализација – Скопје: Неделен лабораториски извештај за квалитетот и безбедноста на водата за пиење11:08