МакедонијаМицкоски: Последните година дена се креирани над 15.000 нови работни места„Па, во последните година дена се креирани повеќе од 15.000 нови работни места. И доаѓаме до една состојба којашто во моментот е околу 710.000 вработени и под 90.000 невработени, коишто се пријавени. Претседателот на Владата на Република Македонија, Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарско прашање во однос на ново исплатената транша како поддршка кон домашните компаниите, ефектите во економијата во смисла на нови работни места, отворање нови делови од тие компании, изјави: „Па, во последните година дена се креирани повеќе од 15.000 нови работни места. И доаѓаме до една состојба којашто во моментот е околу 710.000 вработени и под 90.000 невработени, коишто се пријавени. Ако во тие под 90.000 невработени имаме, да речеме околу 30.000 земјоделци. Невработените се водат како работоспособно население од 15 до 65, тоа се две генерации 15 и 16 години, средношколци, а средното образование е задолжително, ќе дојдеме до бројка од отприлика, не повеќе од 35-40.000 невработени, што претставува некаде под 5% од работоспособното население. И ова е историски најниско ниво, од било кога, од кога постои независна Македонија. Што е резултатот од ваквата поддршка на Владата, значи поголема инвестициска активност. Ние шест квартали по ред растеме реално со 3,5%. Ако се погледа номиналниот бруто домашен производ за 2026, не според Владата, не според Христијан, според Меѓународниот монетарен фонд, ќе биде околу 22 милијарди долари. И кога овој период на оваа Влада, ќе се спореди со периодот на претходната Влада, за 3 пати е поголем растот на номиналниот бруто домашен производ, во услови кога бруто домашниот производ во рамките на Еврозоната расте под 1%. Тоа е разликата и тоа се емпирија, тоа се работи што се споредуваат. Ние не можеме сега да споредуваме работи што не се споредуваат. Или да зборуваме на основа на тоа што ние го замислуваме, ова се бројки. И тоа е резултат на ова инвестициска активност од страна на Владата, не само поддршката кон стопанството преку субвенционираните кредити, каде што каматната стапка е под 2%, 1,95%, туку и преку овие проекти, еден од тие проекти е и овој којшто го гледаме тука. Такви имаме повеќе од 1.200 во моментот, значи 1.200 градилишта се случија само во последните 2 години, проекти коишто се директно за заедницата преку локалната самоуправа. И тука Владата не бираше дали се тоа градоначалници од ВМРО-ДПМНЕ или од владината коалиција, во сите општини, под еднаков критериум се инвестира. И ценам дека овој проект којшто досега акумулираше приближно над половина милијарда евра, прилично доста влијае во целиот овој процес.“, истакна премиерот Мицкоски. Мицкоски: Жалам што Филипче и СДСМ одлучија да коленичат на туѓите интереси, наместо да ги бранат националните интереси Претседателот на Владата на Република Македонија, Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарско прашање во однос на вчерашната изјавата на претседателот на СДСМ, Венко Филипче кој вели дека не гледа каде Бугарија го негира македонскиот идентитет, иако свесни сме, гледаме и чувствуваме како тоа влијае на нас, изјави: „Па видете, претпоставувам дека претседателот на СДСМ сè уште ужива во оние забави во Дубаи, под импресија на музицирањето на еден српски фолк автор и пеач. И занесен од сето тоа, а богами и заслепен, не успева да види, нити да слушне тоа што се случува од 2022 година па наваму. Односно од моментот кога Владата на СДСМ и ДУИ ја прифати таа историска капитулација, со којашто покажа и докажа уште еднаш дека е мекото ткиво на македонскиот идентитет и тоа нема да остане така, како што тие мислат дека ќе остане. Јас жалам што тие повторно одлучија да коленичат на туѓите интереси, наместо да застанат рамо до рамо со Владата, во одбрана на националните интереси. Но, добрата вест е што набргу ќе има избори, после тие избори ќе се случи, нели да партијата којашто тој ја предводи, се маргинализира. И јас се надевам дека и тој и таквите како него засекогаш ќе исчезнат од политиката и ќе дојдат луѓе коишто си ја сакаат, си ја љубат татковината, коишто се вистински патриоти и коишто ќе се борат за оваа држава заедно со оваа Влада и со мене.“Тагови: Христијан Мицкоски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ХороскопДневен хороскоп за 3. октомври 2026 годинаДневен хороскоп за сабота, 3 октомври 2026 година. Вага 24.9.-23.10. Љубов Вашите емоции ќе испливаат на површина. Некои ќе се затекнат како излегуваат или ќе бидат поврзани со млади личности. Кариера Посебните задачи ќе ги решавате со својата креативност и уметнички талент . Ќе успеете во тоа. Здравје Уживајте во спортот или во уметноста. Шкорпија 24.10-22.11. Љубов Ќе бидете задоволни со своите лични односи. Ќе се потрудите својата среќа да ја споделите со широк круг на луѓе. Кариера Во деловната кореспонденција ќе внесете од својот шарм , а љубезниот пристап ќе ви отвори бројни врати. Здравје Денеска знаете што сакате. Стрелец 23.11.-21.12. Љубов Колку и да се трудите за да го подобрите својот личен живот , денеска работите поврзани со него ќе ви излегуваат од контрола. Кариера Ќе покажете дека вашиот однос со надредените доста хаотичен. Како тука да се знае кој тука пие , а кој плаќа. Здравје Ќе водите војна со апетитот. Јарец 22.12.-20.1. Љубов Кај вас денеска ќе се јави потреба за слобода , па оние мкои се во врска ќе сакаат малку да бидат сами или пак ќе одат во големо друштво. Кариера Ќе бидете многуз адоволни од изврпшените анализи или со резултатите од претходниот период. На тоа се надоврзуваат нови идеи. Здравје Помогнете му на член од семејството. Водолија 21.1.-19.2. Љубов Ќе сфаттите дека минувате низ еден доста фрустрирачки ден кога станува збор за љубовта. Едноставно издржете. Кариера Вашата потреба за да ги наметнете своите идеи ќе биде силна , но реалната состојба ќе биде таква што никој нема да ве сфати сериозно. Здравје Трпение, спасение. Риби 20.2.- 20.3. Љубов Повеќето од вас ќе бидат расположени за раскажување бајки , ддодека реалната ситуација ќе биде поинаква. Не правете драма ако некој ве спушти на земја. Кариера Мали приходи ќе доцнат , а вие поради тоа ќе се чувствувате помалку сигурни. Сепак , контактите и натаму ви се добри. Здравје Не истражувајте премногу. Овен 21.3-20.4. Љубов Ќе бидете упорни во изразувањето на своите идеали. Некои би можеле да претерат со тоа. Одрекнете се од совршенството. Кариера На службено патување или на поголем состанок би можело да дојде до непрофесионално однесување . Здравје Прво смислете што ќе кажете , па потоа зборувајте. Бик 21.4- 20.5. Љубов Тешко дека нешто може да ја помати вашата среќа. Дури и малите семејни недоразбирања ќе ги решите со леснотија. Кариера Ќе најдете оригинален начин за да победите во малите битки .Вашата стратегија е за секоја пофалба. Здравје Не се напрегајте толку многу . Близнаци 21.5.-21.6. Љубов Без оглед што не го наоѓате она задоволство во љубовта какво што очекувате , ќе успеете се за да свртите во насока на добра забава. Кариера Во соработката со другите ќе покажете како може да се работи поинаку , понеобично и пооригинално. Здравје Може да ве прогласат за генијалец на денот. Рак 22.6-22.7. Љубов Повторно малку ќе загубите компас , а другата страна ќе се прашува што вие всушност сакате. Дефинирајте го својот став. Кариера Своите шефови денеска би можеле пријатно да ги изненадите со еден свој необичен финансиски предлог. Здравје Слушајте го својот внатрешен глас. Лав 23.7-22.8. Љубов Многумина денеск ќе бидат маѓепсани , вљубени и она што не е типично за нив , ќе ја заборават реалноста. Но , ќе им биде убаво. Кариера Веројатно ќе ги анализирате резултатите од една работа и ќе заклучите дека тие би можеле да бидат подобри. Сепак , генерално , работите подобро. Здравје Немојте да бидете практични. Девица 23.8.-23.9. Љубов Во сегашните одлични лични односи денеска ќе внесете малку фантазија и така дополнително ќе ги подобрите. Некои ќе бидат навистина оригинални. Кариера Работата ќе ја одработувате со уживање и леснотија , а покрај сето тоа би можеле да предложите и некои сосема нови методи во работата. Здравје Силни сте и здрави.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
Шоу бизЌерката на Никол Кидман го оствари сонот што го имала на 16 години: „Плачев од среќа“Ќерката на Никол Кидман, Сандеј Роуз, преку социјалните мрежи се осврна на еден од најголемите моменти во нејзината досегашна кариера.Младата манекенка се присети како, пред само две години, го гледала настанот „Vogue World“ со својата мајка и сонувала еден ден и самата да учествува во него. Оваа година, таа желба се оствари. „Дојдов во Париз со мајка ми пред две години и се сеќавам дека слушнав оти токму тој ден се одржува ’Vogue World‘. Се вратив во хотелот и го гледав преносот на YouTube – сите тие прекрасни жени, музиката и целиот спектакл. Во Милано сфатив дека оваа година и самата ќе учествувам во шоуто. Мојата 16-годишна верзија ќе плачеше од среќа, а плачев и јас сега, на 18 години. Имам огромна среќа што можам да доживеам вакви работи и да запознаам толку многу луѓе“, напиша Сандеј на Инстаграм. Оваа 18-годишна девојка учествуваше на ревијата „Vogue World“ за време на Модната недела во Милано во септември. Таа се појави во полупроѕирен бел фустан со длабоко деколте, широки ракави и лелеава силуета. Фустанот беше украсен со нежен цветен вез. Советот на Никол Кидман за нејзината ќерка Во интервју за ноемвриското издание на „Vogue“, Никол откри како ги советува своите ќерки додека тие растат под будното око на јавноста. Кога ја прашаа за омразата на интернет, осудувањето и нападите, таа одговори: „Едноставно се вртиш и си заминуваш. Зашто тоа ќе те скрши. Ќе те уништи“. „Тоа многу ме плаши. Но, јас почнав да работам на 14 години, така што и немам многу право на глас“, додаде таа. Сандеј претходно зборуваше за магазинот „Nylon“ за правилата што нејзината мајка ги поставила во врска со нејзината кариера. View this post on Instagram A post shared by 🧚🏻♀️ (@sundayrose) „Постојат две важни правила“, рече таа. „Првото беше дека не можев да работам во модната индустрија сè додека не наполнив 16 години. Второто е дека училиштето секогаш мора да биде на прво место. На почетокот тоа го мразев, но всушност мило ми е што постојат тие правила, бидејќи ми помагаат да останам цврсто на земја.“Тагови: никол кидман Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЕвропаФридрих Мерц е во сериозни проблемиСамо 10% од Германците изјавиле дека се задоволни од работата на канцеларот Фридрих Мерц – што претставува најниска бројка во последните речиси 30 години – според анкетата „Deutschlandtrend“, за што известува порталот „Interia“.На почетокот на септември, 13% од испитаниците ја оценувале работата на Мерц позитивно. Оваа нова бројка го означува најниското ниво во текот на целиот негов мандат како канцелар. Доколку изборите за Бундестагот се одржеле на преминот од септември кон октомври, блокот CDU/CSU би можел да смета на 20% од гласовите. Тоа е за еден процентен поен помалку отколку на почетокот на септември. Крајно десничарската партија „Алтернатива за Германија“ (AfD) доби најголема поддршка во анкетата, со 27%; нејзиниот рејтинг остана непроменет во текот на месецот. Зелените би освоиле 16%, Социјалдемократската партија на Германија (SPD) 13%, а партијата „Левица“ (Die Linke) 11%. Со 4% од гласовите, Слободната демократска партија (FDP) не би го достигнала изборниот праг од пет проценти. Што се однесува до членовите на владата, министерот за одбрана Борис Писториус (SPD) доби значително подобри оценки од канцеларот: 50% од учесниците во анкетата биле задоволни или многу задоволни од неговата работа. Работата на министерот за надворешни работи Јохан Вадефул позитивно ја оцениле 34% од испитаниците, додека работата на министерот за внатрешни работи Александар Добринд добила позитивна оценка од 27%. Околу 20% од испитаниците биле задоволни од работата на вицеканцеларот и министер за финансии Ларс Клингбајл, додека приближно еден од шест испитаници бил задоволен од работата на министерката за труд Бербел Бас. И двајцата се членови на „SPD“. Анкетата била спроведена кон крајот на септември од страна на институтот „Infratest dimap“. Истражувањето било спроведено преку телефон и интернет, користејќи репрезентативен примерок од 1.303 гласачи со право на глас. Извор: Б92Тагови: Фридрих Мерц Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook