3Општина Карпош доделува еднократна парична помош по повод денот на лицата со попреченост 3. декември
МакедонијаМицкоски: Поранешни корумпирани и мекотели политичари ја доведоа државата во ситуација наместо за иднината да зборуваме за минатотоМицкоски направи споредба на билатералниот спор помеѓу Хрватска и Словенија кој се реши во рамките на неколку месеци откако тогашниот Европскиот Совет јасно кажа дека спорот ќе се решава откако Хрватска ќе ги заврши преговорите и ќе биде дел од ЕУ.Европската интеграција на нашата земја, можеби е единствен случај во Европа чијашто интеграција во рамките на самата Европска Унија не се цени според системот на напредок, односно како се совладуваат предизвиците, туку целиот овој процес на приклучување кон Европската Унија се темели на билатерални прашања и самото тоа го нарушува кредибилитетот на самата Европска унија за што се повеќе политичари во Брисел се свесни. За нас само, како земја кандидат не важи мерит бејс не важи пристапувањето, за нас важи билатерализација на пристапниот процес, рече претседателот на Влада и на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на денешната конференција на Паневропската унија во Македонија на тема „Европската иднина на Западен Балкан: Политичка интеграција, регионална соработка и економска отпорност во време на глобални предизвици“. Мицкоски направи споредба на билатералниот спор помеѓу Хрватска и Словенија кој се реши во рамките на неколку месеци откако тогашниот Европскиот Совет јасно кажа дека спорот ќе се решава откако Хрватска ќе ги заврши преговорите и ќе биде дел од Европската Унија, со што тогаш ќе има рамен терен и тогаш ќе има арбитражен спор во чии рамки ќе се бара решението на тој спор ќе се бара и билатералното решение меѓу двете земји. Таквото нешто, додаде Мицкоски, за нас не важеше и сè уште не важи затоа што Македонија е жртва на класичен булинг на земји членки коишто од внатре го уценуваат интегрирањето во рамките на Европската Унија и тоа не се цени според тоа каков напредок имаме, туку се цени според тоа дали ќе го смениме Уставот, знамето, банкнотите. „И колку повеќе ова го игнорираме, толку потежок ќе биде тој пат и толку повеќе ќе имаме препреки пред нас. Колку повеќе сме свесни за овие предизвици и за неуспесите на политички гарнитури од минатото, толку потешко ќе ни биде“, истакна Мицкоски, додавајќи дека ова се историски моменти во политиката и историските моменти знаат да траат и со децении, а понекогаш и со векови. „Затоа еден народ, една нација треба да е мудра и трпелива, да не носи избрзани одлуки, ниту пак одлуки под притисок. Затоа за еден народ и една нација, нема поголемо зло од корумпирани таканаречени лидери на таа нација, мекотели, луѓе коишто се мекото ткиво на нацијата и коишто, за жал, се изнагледавме во минатите години и децении на македонската политичка сцена. И тие се тие коишто не доведоа до оваа ситуација во којашто денеска се наоѓаме, наместо да преговараме за вредности, за владеење на правото и за некои други стандарди, ние денеска преговараме за билатерални прашања коишто не водат никаде. Просто и едноставно е, нема никој жив од средниот век за да ни каже како било. Наместо да гледаме во иднината ние се враќаме во десеттиот и единаесеттиот век, уште толкуваме чии биле оние тогашни учители во тоа време и нивните ученици. А, за жал нема сè уште живи помеѓу нас коишто од тогаш можат да ни посведочат како и која била вистината. Но, има живи коишто можат да посведочат како било пред неколку децении, сè уште има живи и тие во нивните сведоштва ја пренесуваат вистинската вистина, не онаа измислената и напишаната. А, тоа дека овој народ, македонскиот народ си има своја традиција вековна, култура, наследство. Отсекогаш бил на правата на историјата, отсекогаш бил за сојузниците, никогаш не коленичел. Да, често пати знаел да биде на грб во многу востанија низ историјата, но никогаш не коленичел. Овој народ ја бранел вратата на Европа со векови, верувал во тие европски вредности и ќе продолжи така за да може денеска Европа да биде тоа што е. Јас сум убеден дека и во годините коишто следат и по мене, и по тие по мене ќе имаме луѓе и водачи на оваа нација, народ и држава коишто ќе бидат свесни за своето минато вековно и ќе знаат тоа вистински да го вреднуваат и ценат. И местото на овој народ и оваа држава е во Европа“, потенцираше, меѓу другото, претседателот Мицкоски.Тагови: Христијан Мицкоски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаУчество на претседателката Сиљановска-Давкова на 9. Париски мировен форумПретседателката Гордана Сиљановска-Давкова престојува во работна посета на Француската Република, по повод учеството на деветтото издание на Парискиот мировен форум.Сиљановска-Давкова утре, 10 ноември 2026 година, вторник, ќе присуствува на отворањето на форумот којшто годинава се одржува под наслов „Здружување на силите за она што е најважно“. Таа ќе се обрати на панел-дискусијата „Одбрана на линијата: Суверенитет во ера на хибридни закани“, а ќе биде дел и од свечената вечера, којашто во чест на шефовите на држави и влади – учесници на Парискиот мировен форум, ќе ја приреди претседателот на Француската Република, Емануел Макрон. Парискиот мировен форум, основан во 2018 година, e меѓународна платформа за унапредување на глобалното управување, мирот и мултилатералната соработка.Тагови: Гордана Сиљановска-Давкова Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаЗНАM: Не ги менуваме ставовите според дневнополитичките интересиЗНАМ е државотворна политичка партија. Ние не ги менуваме ставовите од денес за утре, ниту ги приспособуваме според дневнополитичките калкулации и притисоци.Движење ЗНАМ – За наша Македонија ја разбира нервозата и хистеријата кај одредени претставници на моноетнички политички партии предизвикани од јасниот и принципиелен став на ЗНАМ дека правосудниот испит треба да се полага на македонски јазик, во согласност со Уставот и законите на државата. Очигледно, некои политички структури сè уште не можат да се помират со фактот дека времето на институционалното самоволие, селективното толкување на законите и политичкото надмудрување со државните институции е завршено. Времето кога ДУИ и СДСМ ги толерираа и практикуваа таквите политики е минато. Македонија мора да функционира како правна држава, во која Уставот и законите важат подеднакво за сите. ЗНАМ е државотворна политичка партија. Ние не ги менуваме ставовите од денес за утре, ниту ги приспособуваме според дневнополитичките калкулации и притисоци. Нашиот став е јасен: почитување на Уставот, почитување на законите и заштита на институционалниот поредок на државата. Потенцираме дека во моментов не постои уставна и законска основа правосудниот испит да се полага на албански јазик. Ова не е прашање на нечии етнички чувства или политички амбиции, туку прашање на доследна примена на правниот поредок. Особено е недозволиво преку таканаречени хибридни решенија да се создаваат преседани со потенцијално далекусежни последици за правосудниот систем и функционирањето на институциите. Токму затоа претседателот на ЗНАМ, Максим Димитриевски, побара лидерска средба со коалициските партнери, на која отворено и одговорно ќе се разговара за ова прашање, ќе се дефинираат принципите и ќе се утврдат црвените линии. Ние не бегаме од дијалог, но дијалогот не смее да биде параван за заобиколување на Уставот и законите. Во однос на пораките и заканите упатени кон претседателот на ЗНАМ, вклучително и алузиите за Врање и повиците да внимава што зборува, сметаме дека ваквиот речник е несоодветен, неодговорен и недостоен за избрани народни претставници. Пратениците се избрани да ги застапуваат интересите на граѓаните во македонското Собрание, а не да испраќаат закани и да создаваат меѓуетнички тензии. Би сакале да го потсетиме господинот Ријад Шаќири дека пратеничката плата ја добива од буџетот на Република Македонија, кој го полнат сите граѓани, и Македонци и Албанци и припадници на сите други заедници. Затоа, наместо да упатува несоодветни пораки и да се занимава со други држави, би било одговорно својата енергија да ја насочи кон економскиот развој, подобриот животен стандард и решавањето на проблемите на граѓаните на оваа држава. Што се однесува до навредливите квалификации на Аднан Азизи за ЗНАМ, сметаме дека тие повеќе зборуваат за политичката нервоза во неговите редови отколку за нашата политичка позиција. Резултатите од последните локални избори во Брвеница, каде што кандидатот на ВРЕДИ не успеа да се пласира во вториот круг, се доволно јасна политичка порака. Нема потреба со навреди да се прикриваат изборните резултати и политичките слабости. Во однос на реакциите од ДУИ и најавениот бојкот на свечената седница по повод Денот на Куманово, жалиме што една свеченост посветена на градот и неговите граѓани преку шовинистички и сепаратистички наративи се користи за дневнополитички пресметки. Ваквиот пристап на ДУИ не е ништо ново, затоа што тие и досега никогаш не присуствувале на ваквите настани негирајќи ги придобивките од НОБ. Куманово е град на сите негови граѓани, а почитта и соживотот се градат со меѓусебно уважување, а не со политички ултиматуми и бојкоти. На крајот, сакаме да порачаме дека ЗНАМ нема да подлегне на притисоци, уцени и политички провокации. Ние сме за еднаквост на сите граѓани, но еднаквост во рамките на Уставот и законите. За нас нема селективна правда, нема привилегирани политички субјекти и нема хибридни решенија кога станува збор за функционирањето на правната држава. Македонија мора да биде држава на закони, а не држава на политички пазарења. Тоа е нашиот принцип, нашата одговорност и нашата црвена линија. Центар за комуникации и аналитика ЗНАМТагови: Движењето ЗНАМ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаОпштина Карпош доделува еднократна парична помош по повод денот на лицата со попреченост 3. декември Општина Карпош објавува Јавен повик за доделување на еднократна парична помош во висина од 5.000 денари, по повод 3-ти декември - Денот на лицата со попреченост. Оваа иницијатива произлегува согласно програмските активности на Општина Карпош од областа на детската, социјалната и здравствената заштита за 2026 година. Повикот е временски ограничен и ќе трае од денеска, понеделник (09.11.2026), па се до петок (20.11.2026) година. Во таа насока, право на остварување на еднократна парична помош имаат лица со попреченост коишто се жители на општина Карпош. За остварување на правото на паричен надомест потребно е да се достави соодветна документација како доказ за наведеното барање: - лична карта ( подносителот да е жител на општина Карпош ) - трансакциска сметка на име на подносителот на барањето) - наод и мислење за вид и степен на попреченост во физичкиот или психичкиот развој и специфичните потреби или конзилијарно мислење/наод за остварување на право на додаток за попреченост во прв степен или друг документ со кој се потврдува видот и степенот на попреченост. За таа намена, комплетната документација се поднесува во архивата на Општина Карпош. Остварување на правото на паричен надомест ќе се врши по редослед на поднесување, односно до исцрпување на средствата предвидени во финансиската рамка во точка 8. (Одбележување на 3-ти Декември - Денот на лицата со попреченост од Програмата за активностите на Општина Карпош во областа на детската, социјалната и здравствената заштита за 2026 година). ОПШТИНА КАРПОШТагови: Општина Карпош Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter