Мицкоски: Полицијата упаднала во домот на петнаесетина активисти на ВМРО-ДПМНЕ

Полицијата минатата недела упаднала во домот на петнаесетина активисти на ВМРО ДПМНЕ со специјалци и огнено оружје обвинува на фејсбук  статус лидерот на партијата Христијан Мицкоски,МВР веднаш ги демантираше обвинувањата .

Тој обвини дека полицијата упаднала кај обични лојални луѓе на партијата, не станувало збор за поранешни или актуелни функционери , но на фејсбук статусот тој не открива конкретни имиња, така што јавноста остана покуса за информацијата кои се луѓето кои биле мета на полицијата.

,,Со специјалци, огнено оружје во домовите на честити луѓе, домаќини, но однеднаш за соседите, и согласно употребената полициска сила стануваат сомнителни поединци за кои има “сомнеж за антидржавно делување”. Еден од нив има три деца, а можете да замислите каков надреален трилер е само за неговите малолетни деца кога специјалци вооружени прават претрес во детската соба затоа што единствен грев на неговиот татко е што мисли поразлично од власта, другиот го задржале во полициска станица зошто имал чаура зачувана од неговата свадба пред повеќе од десетина години, другиот сомнително им изгледал, а тоа според полицијата на Спасовски е тешко кривично дело во обид“, напиша Мицкоски на фејсбук.

Од министерството за внатрешни работи велат дека политички мотивирани упади не се случиле, туку дека бркаат криминалци.

Министерството за внатрешни работи ги демантира дезинформациите изнесени од страна на г-динот Христијан Мицковски преку социјалната мрежа Фејсбук за наводни упади во домови на активисти на ВМРО-ДПМНЕ поради, како што вели, нивното незадоволство од она што се случува во државата. Полицијата, по смената на раководството во 2017 година, работи професионално и само и исклучиво врз основа на законите. Согласно законските надлежности се преземаат различни акции, но ниту една не е мотивирана од политички мотиви туку исклучиво за санкционирање на одредено криминално делување, со цел подобрување на безбедноста на граѓаните,, се вели во демантот на МВР.

Канал 5 стапи во контакт со Мицковски за да информира кои се луѓето во чии домови наводно упаднала полицијата. Мицкоски кратко ни одговори ,,Точно знае полицијата кои се луѓето ,,

Продолжува потрагата по исчезнати по разорните поплави во Авганистан

Продолжуваат напорите за пребарување и спасување на исчезнатите лица по големите поплави што го погодија северен Авганистан во петокот, изјавија денеска претставници на локалните власти за ДПА.

Некои области првично беа тешко достапни поради уништените патишта.

Агенциите на ОН и авганистанското Министерство за бегалци соопштија дека загинале најмалку 315 луѓе. Канцеларијата на ОН за координација на хуманитарни прашања (ОЦХА) соопшти дека речиси 9.000 домови биле уништени или оштетени.

Екстремните временски настани како поплави и суши се во пораст во Авганистан. Експертите за ова ја обвинуваат климатската криза.

По децении војни и конфликти, земјата е лошо подготвена да се справи со последиците од климатските промени.

Земјата сè уште закрепнува од повеќекратните земјотреси претходно оваа година и големите поплави во март. /МИА

Шпанецот Ираола останува тренер на Борнмут

Премиерлигашот Борнмут објави денеска дека го продолжи договорот со тренерот Андони Ираола до лето 2026 година.

Ираола седна на клупата на Борнмут тимот минатото лето. За тоа време, клубот под негово водство одигра 43 натпревари, запишувајќи 17 победи, девет нерешени и 17 порази.

На едно коло до крајот на премиерлигашката сезона, Борнмут е на 11. место.

Ираола е еден од стратези во Премиер лигата кои се во конкуренција за наградата најдобар тренер на сезоната./МИА

Димовски: Личната самоидентификација не може да биде загрозена ниту кај политичарите

„Нема сомнеж дека на новата претседателка и на новата влада приоритети ќе им биде членството во ЕУ“

Малку сум разочаран што истите критичари на Сиљановска ги немаше никаде да критикуваат кога истиот Преспански договор се прекршуваше од Грција, со знаци, протоколи, општеството непотребно се оптеретува. Нема сомнеж дека на новата претседателка и на новата влада приоритети ќе им биде членството во ЕУ и тоа беше еден од трите начелни столбови кои што беа договорени минатиот викенд помеѓу ВМРО-ДПМНЕ и Вреди како столб за новата влада. Личната самоидентификација не може да биде загрозена ниту кај политичарите, имаме право да се изразуваме кои сме и што сме, без разлика какви штетни договори сме наследиле од минатото, рече Илија ДИмовски во Само Вистина.

притисни ентер