Мицкоски: Поддржуваме инвестиции што значат повеќе енергија и почиста животна средина - Канал 5

Мицкоски: Поддржуваме инвестиции што значат повеќе енергија и почиста животна средина

Изјава за медиуми на претседателот на Владата, Христијан Мицкоски.

Мицкоски: Поддржуваме инвестиции што значат повеќе енергија и почиста животна средина

„Добар ден и од мене.

Би сакал да ја искористам оваа прилика да му честитам на сопственикот на овој објект, којшто ќе биде наскоро, денеска пуштен во употреба. Приватна инвестиција во делот на енергетиката, когенеративна централа. Што значи когенеративна централа? Дека во исто време ќе произведува и топлина за затоплување на домовите на граѓаните, но истовремено ќе произведува и електрична енергија. Нешто што навистина претставува успешен проект, особено имајќи ги предвид предизвикувачките времиња коишто ни престојат оваа зима. Можевме да го разгледаме самиот објект, да се увериме во тоа што е инсталирано, во гасните мотори, во автоматиката, во сè она коешто инвеститорот го подготвил за следната грејна сезона. Се запознавме со неговите планови за проширување на инвестицијата.

Јас му честитам, ова е во насока на подобрување исто така и на квалитетот на животната средина, намалување на емисиите на штетни честички во воздухот и јас убеден сум дека вакви проекти се само додадена вредност во квалитетот на животот на нашите граѓани. Уште еднаш му честитам. Ние како влада ќе продолжиме да поддржуваме вакви проекти и нека е аирлија и да ни се множат уште повеќе вакви проекти.

Ви благодарам.“

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

„ТЕСА енерџи“ пушти во употреба нови капацитети за електрична и топлинска енергија во Скопје

Пуштена во употреба новата когенеративна постројка.

„ТЕСА енерџи“ пушти во употреба нови капацитети за електрична и топлинска енергија во Скопје

Пуштена во употреба новата когенеративна постројка, компанијата ТЕСА енерџи со инвестиција од 2, 5 милиони евра со производство на 2,1 мегават електрична енергија и 2, 6 топлинска енергија на местото на поранешната Топлана Скопје Север официјално ја пушти во употреба. Според вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски, оваа инвестиција е показател дека и домашните компании можат да прават зелена транзиција.

Секој нов енергетски капацитет има значење многу пошироко од самата инвестиција, бидејќи придонесува кон создавање посигурен, постабилен и помодерен енергетски систем, изјави министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска.

Когенеративната централа значи дека во исто време ќе произведува и топлина за затоплување на домовите на граѓаните, но истовремено ќе произведува и електрична енергија. Нешто што навистина претставува успешен проект, особено имајќи ги предвид предизвикувачките времиња коишто ни претстојат оваа зима, потенцира Мицкоски.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Двајца загинати и тројца тешко повредени во директен судир

Татко и неговиот 17-годишен син загинаа во тешката сообраќајка што ноќеска се случила на локалниот пат Илинден–Миладиновци, кај базата Брест.

Двајца загинати и тројца тешко повредени во директен судир

Несреќата се случила околу 2 часот и 10 минути, кога се судриле „опел корса“, управуван од 19-годишник од Агино Село, и „хјундаи“, управуван од 51-годишен жител на Марино.

На местото на несреќата починале возачот на „хјундаито“ и неговиот 17-годишен син а 17 годишната сопатничка со тешки повреди е пренесена во комплексот клиники „Мајка Тереза“. Тешко се повредени и возачот на „опел корсата“, неговиот 19-годишен сопатник,

На местото е извршен увид од јавен обвинител и увидна екипа на СВР Скопје.

Несреќата се случила околу 2 часот по полноќ, кога автомобил Опел корса со кумановски регистарски ознаки, управувано од 19-годишен кумановец се судрил директно со автомобил Хјундаи И30 управуван од 51-годишен жител на Марино. Јавниот обвинител издаде наредби за обдукција на двете починати лица. Се преземаат дејствија за утврдување на причините за несреќата.

Ова не е првпат на локалниот пат Илинден–Миладиновци да има тешки сообраќајки. Во 2017 година на истиот пат загина 19-годишен возач, а во 2019 година едно лице беше тешко повредено. Последната трагедија кај базата Брест повторно го отвора прашањето за безбедноста на овој пат.

Безбедноста во сообраќајот на подрачјето на Илинден не е нов проблем. Уште во 2024 година од општината беше посочено дека е потребно поголемо полициско присуство поради состојбата во сообраќајот.

По синожешната сообраќајка со смртни последици, надлежните треба да утврдат како дошло до директниот судир, а обдукцијата и истрагата треба да ги дадат одговорите за околностите под кои загинаа татко и неговиот 17-годишен син.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Претрес во Битола, пронајдено оружје, лишено едно лице

На 11.09.2026 во 17:30 часот, полициски службеници од СВР Битола го лишиле од слобода Р.Д. (67) од Битола.

Претрес во Битола, пронајдено оружје, лишено едно лице

При претрес во неговиот дом, извршен со наредба од Основен суд Битола, биле пронајдени и одземени три пушки и три пиштоли.

По целосно документирање на настанот ќе следува соодветен поднесок.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер