Мицкоски по средбата со Кошта: Заеднички достоинствено да го одблокираме процесот - Канал 5

Мицкоски по средбата со Кошта: Заеднички достоинствено да го одблокираме процесот

-Заеднички достоинствено да го одблокираме евроинтегративниот процес, тој се темели на вредности, не на билатерални прашања.

Мицкоски по средбата со Кошта: Заеднички достоинствено да го одблокираме процесот

Се надевам дека во периодот кој што следи заеднички ќе го одблокираме овој процес, достоинствено, бидејќи една од суштинските европски вредности е токму достоинството. Претседателот Кошта кажа дека патот до полноправно членство во рамките на ЕУ е фрустрирачки, тежок и предизвикувачки, но ние како народ можеме да кажеме дека години го одиме најтешкиот пат. Факт е дека тој пат го одеа и другите народи кои што сега се дел од европското семејство, но граѓаните на оваа, една од најмалку бројните земји во срцето на Балканот и во Европа, го одеа и го одат најтешкиот пат ако може да се каже дека го одат бидејќи се наоѓаме на истото место каде што бевме пред 20 години, изјави премиерот Христијан Мицкоски на заедничката прес-конференција со претседателот на Советот на ЕУ Антонио Кошта.

Мицкоски нагласи дека нашата посветеност во процесот на евроинтеграции ќе остане и ќе се засили во периодот кој што следи, затоа што, посочи, веруваме дека иднината на македонските граѓани е во рамките на европското семејство, нагласувајќи дека евроинтегративниот процес се темели на вредности, не на билатерални прашања.

-Во оваа нова етапа, кога граѓаните ја препуштија одговорноста на новата македонска влада, моја обврска како премиер е да зборувам отворено, искрено и достоинствено. Тоа го правам првенствено затоа што имам должноста кон народот, но и кон самата европска идеја што толку упорно настојуваме да ја реализираме. И достоинствени ќе бидеме дел од европското семејство. Јас сум убеден дека имаме вредности, имаме капацитет, имаме знаење и знаеме како да го изодиме тој пат на најбрз начин, а со помошта која што лично ја дава претседателот Кошта и поддршката и помошта која што ја имаме и од Европската комисија и од земјите членки, сигурен сум дека ќе направиме квалитетни реформи и реформи кои што ќе обезбедат европска иднина за нашата држава и за нашите граѓани, истакна Мицкоски.

Во одговор на новинарско прашање дали ќе се остварат разговори со бугарската страна, Мицкоски рече дека е подготвен во било кое време да разговара за решавање на проблемот.

-Што се однесува до разговори со нашиот источен сосед, ќе ве потсетам, веќе претседателката имаше на ниво на претседатели неколку состаноци со нејзиниот колега од Бугарија. Така што, не е само состанокот на министерско ниво, а јас сум подготвен во било кое време, и таа подготвеност му ја пренесов на претседателот Кошта да дојдам во Брисел, дали во негово присуство, во присуство на претседателката Фон дер Лајен, да седиме и разговараме било кога и било колку да треба за да дојдеме до заедничко решение како и двете страни да испорачаат, рече Мицкоски.

Премиерот потсети дека Кошта го пренел она што е став на ЕУ, додека Владата го пренела веќе познатиот став, односно не можеме да менуваме Устав, без да видиме јасна испорака од другата страна.

-Господинот Кошта го пренесе она што е став на ЕУ. Предлогот во 2022 година, потпишан и прифатен од претходната Влада на СДСМ и ДУИ, така што се суспендираше Парламентот затоа што за да се случи промена на Устав се потребни две третини. И знаете на каков начин се прифати тоа што се прифати.

Нашиот став е јасен и принципиелен. Ние тоа не можеме да го прифатиме без да видиме добра волја испорака од соседната страна. Не можеме ние да менуваме Устав по којзнае кој пат, а без да имаме јасна порака и јасна испорака од другата страна, а тоа е бугарската страна. Никој кај нас нема проблем како дел од преамбулата да ги вметне да речеме, Хрватите, Црногорците, Словенците и останатите, затоа што имаме принципиелен однос со тие држави. Дури ни Португалците, ни Шпанците, ни Французите, немаме таков проблем. Не сме ние таква Влада ниту такви граѓани, ниту таков народ. Но, да имаме проблем и затоа сакаме да разговараме за да го решиме тој проблем. И ова е двонасочна улица.

Сппоред премиерот, ако испорачува едната страна континуирано, а другата ништо, тогаш нема цел, но ако испорачаат и двете страни, а јасно е што треба да испорачаат втората страна, тогаш можеме да седнеме и да најдеме што би рекле заеедничка основа, односно да можеме да се договориме.

-Доста ние како држава направивме во името на тие европски интеграции во името на европската иднина. Ќе ве потсетам менувавме знамиња, менувавме име, менувавме Устав, како никој до сега. Затоа реков да, фрустрирачки е патот и тежок. Но за нас е исклучително фрустрирачки и тежок и се уште не почнал уште се наоѓаме онаму каде што бевме пред 20 години.

Во однос на тоа дали ќе продолжи да бара одложена примена на уставните измени или ќе се бара креативно толкување на Преговарачката рамка и што тоа би значело, Мицкоски посочи дека нашиот став останува јасен и непроменет.

-А пораката која што ја кажа претседателот Кошта е порака која ние ја слушаме долго време. И претпоставувам ќе ја слушаме, доколку немаме прогрес во процесот. Ќе повторам, и тогаш и денеска, јас сум на истиот став. Дека евроинтегративниот процес се темели на вредности, не на билатерални прашања. За жал, претходната Влада прифати такво билатерално прашање да биде дел од нашата европска иднина. Јас тоа неможам да го прифтам. И нема никогаш да го прифатам и ќе се борам колку можам и додека можам. Да најдеме начин да излеземе од овој процес во којшто сме сега. Јас не можам да излезам и немам совест да излезам пред македонските граѓани, и да им кажам дека ќе биде променет Уставот, а притоа да заборавам дека најмалку 14 пресуди од Стразбур има за Македонците од другата страна на границата кои што Бугарија игнорира да ги примени, истакна Мицкоски.

Не можам никогаш да се сложам на било што поврзано со промена на Уставот, продолжи премиерот, ако знам дека една земја-членка на ЕУ, се уште го доведува под прашање мојот мајчин македонски јазик и мојот македонски идентитет.

-Кога ќе имаме јасна позиција, и од страна на ЕУ, и од страна на сите земји членки околу многувековниот македонски идентитет, јазик, и околу вистинската желба да бидеме дел во европското семејство, но и почитување на европските институции како што е Европскиот суд за човекови права, тогаш јас сум тука подготвен да разговарам во секое време за се. Решавањето на проблемите е ако ги идентификуваме проблемите, а ако се држиме на формалности нема никогаш да ги решиме проблемите, истакна Мицкоски на заедничката прес-конференција со Кошта.

Петар Ристески Пеката „На кавга со Иван“

Утре во оригиналното шоу „На кавга со Иван“ гостува пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Петар Ристески.

Петар Ристески Пеката „На кавга со Иван“

Станува ли збор за најсестраниот спортист меѓу пратениците?

Корупцијата го еродира системот, каде запнаа реформите?

Ни треба ли ЕУ зошто самите не знаеме како да ги спроведеме или тоа се само флоскули на опозицијата?

По мерит систем или според партиска книшка, како се добива работа во Македонија?

Колку кафе филџаните му се омилен кујнски прибор?

Дали трагедијата во Пулс , го разбуди пулсот на правдата кај политичарите или само ќе се делиме на ваши и наши?

Ќе се најдеме ли на половина пат со братска Софија или ќе го вртиме курсот?

Утре „На кавга со Иван“ Петар Ристески, во 23 часот.

Фото: Голата Софија Вергара во када ги воодушеви мажите

Најплатената телевизиска актерка на светот, „жешката“ Колумбијка Софија Вергара повторно го воодушеви посилниот пол.

Фото: Голата Софија Вергара во када ги воодушеви мажите

Вергара, ѕвездата од серијата „Модерно семејство“, со неколку фотки предизвика вистински хаос меѓу своите следбеници на Инстаграм.

Во најновото издание, актерката позира во танга бикини додека се сонча покрај базенот - без маица, но со еден важен предмет: крема за сончање од нејзината линија за убавина „Тоти“.

„Летото е тука“, напиша таа кратко на шпански, заедно со слика што собра илјадници лајкови.

Атрактивната актерка исто така воодушеви и со фотка на која гола позира во када.

Вергара инаку редовно своите следбеници на социјалните мрежи ги „чести“ со фотки на кои во преден план се нејзините совршени облини.

Фото: Елегантната Северина ужива во Франција

Балканската музичка ѕвезда Северина воодушеви со стил на Француската ривиера.

Фото: Елегантната Северина ужива во Франција

Хрватската пејачка Северина се огласи од својот одмор во Франција, поточно од Кан, каде што ужива во убавината на ривиерата.

Северина, како и секогаш, блеска во беспрекорни модни комбинации – од долг црн фустан со тенки прерамки и златен дезен што зрачи со романтика, до бел миди фустан што ги комбинира елеганцијата и женственоста.


„Облечи се..ти, сакам сè. Секогаш убава, со стил. Овој црн фустан е топ за мене. Овој црн фустан е сè, прекрасен. Колку добро ти стои таа Франција. Секогаш облечена со вкус и стил. Уживајте, стилизирајќи се како и секогаш врвно“, напишаа нејзините следбеници под објавата.

притисни ентер