МакедонијаМицкоски: Овие десетици илјади млади деца, кои во наредните месеци ќе се натпреваруваат, ќе израснат во луѓе што достоинствено ќе си ја промовираат татковинатаПремиерот Христијан Мицкоски, на свечениот чин во Владата, истакна дека е чест за државата да биде дел од овој настан, бидејќи, како што посочи, оваа Влада посветува исклучително многу внимание во вложувањето кај младите. Со денешното потпишување на договорот меѓу меѓународната платформа „Спортски игри за млади“ и Федерацијата на училишните спортови, земјата стана дел од „Плазма - Спортските аматерски игри за деца“, кои во изминатите години обединија повеќе од два и пол милиони деца од неколку држави. Најдобрите ќе бидат дел од финалните натпревари, што ќе се одржат во август годинава во Сплит. Премиерот Христијан Мицкоски, на свечениот чин во Владата, истакна дека е чест за државата да биде дел од овој настан, бидејќи, како што посочи, оваа Влада посветува исклучително многу внимание во вложувањето кај младите. Тој нагласи дека демографијата претставува општ европски проблем и затоа е многу важно младите од најрана возраст да ги образуваме и да ги научиме дека иднината е во нив. - Втората работа што за нас е важна како Влада е спортот. Јас можам да зборувам како неуспешен спортист во младоста, односно бев прилично успешен кошаркар кога бев тинејџер, тогаш во кошаркарскиот клуб „Работнички“. Се сеќавам, Пеце се спремаше за трансфер во тогашниот „ПОП 84“, тоа беше на почетокот на деведесеттите години, европски шампион во тоа време беше прво „Југопластика“, па потоа како „ПОП 84“, и се воодушевуваме како тој играше во градскиот парк, во таа мала сала којашто сега ја реновиравме и како Влада го поддржавме тоа нејзино реновирање. Но, потоа некако животот ме наведе по една друга траекторија, во една природно-математичка гимназија, па потоа на Машинскиот факултет, па потоа надвор од државата на магистерски, докторски студии, како професор на факултетот и еве веќе две години претседател на Владата, рече Мицкоски. Премиерот потсети дека со преструктуирањето на Кабинетот, формирале за првпат Министерство за спорт, коешто пред оваа Влада беше Агенција. - Се учиме заедно со Борко како е да се биде Министерство за спорт, бидејќи до пред оваа Влада беше агенција. Но, мислам полека, но сигурно, ги поминуваме оние првични предизвици и веќе застануваме на шини и почнуваме да функционираме како институција којашто треба да биде главна потпора на спортот не само во државата, туку и во регионот, рече Мицкоски. Со овој настан, додаде тој, ние правиме синергија помеѓу овие два приоритети на Владата - „тоа се младите коишто треба да учат витештво, коишто треба да учат фер-плеј, да го почитуваат противникот, да се учат на тимска игра, бидејќи во ера на социјални медиуми сето она коешто го гледате не е животот, животот е многу борба, животот е тимска игра и ако сакате да бидете успешни ќе морате да се научите на овие работи“. - Да, постојат и индивидуални спортови, но генерално јас го сфаќам животот како една заедничка тимска игра и како дружење и да бидеме поддршка едни на други. Јас сум убеден дека овие десетици илјади млади деца коишто во месеците што следат ќе се натпреваруваат низ училиштата во земјата ќе израснат во луѓе кои достоинствено ќе си ја промовираат и љубат својата татковина, а истото тоа ќе го пренесат и на оние генерации коишто понатаму ќе се борат низ училиштата во државата. И убеден сум дека младите коишто доаѓаат до тука ќе бидат достоинствени претставници на македонскиот спорт на финалните игри во Сплит ова лето во август, потенцира премиерот. Еврокомесарот за внатрешни работи и миграција Магнус Брунер посочи дека овој настан е важен не само за регионот туку и за целата Европска Унија и дека нашата држава и регионот се блиски партнери на ЕУ. - Денес покажуваме дека се приближуваме уште повеќе едни до други, дека спортот не зближува. Спортот е една од можностите која дефинитивно не зближува. Премиерот и јас имаме некои заеднички работи кога станува збор за спортот, двајцата кога сме биле млади сме морале да одлучиме дали ќе се занимаваме со спорт или со други кариери. За младите луѓе спортот е неверојатна работа, тоа го гледаме и со моите деца, во мојот случај тенисот е најважен, но и фудбалот и ракометот, рече Брунер. Тој истакна дека преку спортот се учат многу лекции, се учи и како да се губи. - Тоа и ние како политичари треба да го научиме и затоа спортот не учи како да изгубиме достоинствено. Ние како Европска Унија мора да го поддржиме ова. Се запрашав себеси зошто спортските младински игри доживеале таков успех. Се работи прво за корените, но и затоа што се отворени за сите. Тука лежи важноста на младинските спортски игри, додаде Брунер. Министерот за спорт Борко Ристовски посочи дека овој проект значи жив спорт во училиштата, активни локални заедници и силна соработка меѓу институциите, федерациите и бизнис заедницата. - Тоа значи можност илјадници деца првпат да облечат дрес. Да застанат на старт, да почувствуваат што значи да бидеш дел од тимот, да стекнуваат нови пријателства, да растат и да напредуваат. Особено ме радува што најдобрите од нив ќе ја претставуваат Македонија на меѓународната завршница во Сплит. Не само како натпреварувачи, туку и како наши млади амбасадори на пријателството, почитта и спортскиот дух, рече Ристовски. Нашата цел е јасна, додаде Ристовски, да градиме генерации кои ќе победуваат со карактер, да создаваме спортска култура заснована на позитивни вредности и да ја вратиме радоста од спортот таму каде што и е местото, кај децата. Познатиот српски кошаркарски тренер и поранешен кошаркар, кој е и амбасадор на игрите, Жељко Обрадовиќ, им посака на децата и на младите лиуѓе од Македонија, да се дружат со своите врсници и колеги од останатите земји каде што Игрите за млади веќе одамна зедоа голем замав. - Младите луѓе и децата се нешто највредно во секое општество и навистина сакам да им посакам многу убави моменти и стекнување на она што е најважно - а тоа се вистинските вредности во животот, рече Обрадовиќ. На настанот беа присутни и шефовите на дипломатиите на нашата држава и на Хрватска, Тимчо Муцунски и Гордан Грлиќ Радман, амбасадорката на Хрватска во земјава Нивес Тигањ, како и евроамбасадорот Михалис Рокас. Под покровителство на Меѓународниот олимписки комитет, Европската комисија и други важни организации, Плазма Спортските игри за млади нудат платформа каде младите можат да се натпреваруваат во десет различни спортови и да го доживеат спортот во безбедна и охрабрувачка средина, учејќи за важноста на физичката активност, соработката и фер-плејот. Договорот го потпишаа Елена Мицковска, претседателка на Федерацијата на училишни спортови на Македонија и Здравко Мариќ, претседател на Плазма Спортските игри за млади. Со оваа соработка помеѓу националните партнери и меѓународната платформа се отвора можност над илјада деца од различни општини во земјава да учествуваат во организирани и инклузивни спортски натпревари преку кои се промовираат фер-плеј вредностите, здравиот начин на живот, инклузија и пријателство меѓу младите. „Спортски игри за млади“ ќе опфатат натпревари во 10 спортски дисциплини (мал фудбал, одбојка, одбојка на песок, ракомет, кошарка 3х3, тенис, пинг-понг, шах, атлетика – трки на 60 метри и граница) за момчиња и девојчиња. Тие ќе се одржуваат во април, мај и јуни 2026 година преку 18 спортски денови во кои ќе бидат вклучени училиштата и локалните заедници низ целата држава, со поддршка од националните спортски федерации. Најдобрите поединци и екипи од државните натпревари во Македонија ќе патуваат на Меѓународната завршница на Игрите во Сплит, каде што неколку дена ќе се дружат и ќе се натпреваруваат со врсниците од земјите што се вклучени во проектот. Со пристапувањето кон оваа меѓународна платформа нашата држава им се приклучува на Хрватска, Словенија, Србија и Босна и Херцеговина, кои веќе ги имаат имплементирано Игрите. Истовремено, земјава креира и сопствена национална платформа со акцент на младите, како и засилување на соработката на училиштата, општините, националните спортски федерации и бизнис-заедницата како во домашни рамки, така и на регионалната спортска сцена. Тагови: Христијан Мицкоски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
БизарноБосанката Мирнеса украла над милион евра од фирма во Германија, па ја пуштиле на слобода- парите не се пронајдени Мирнеса С, попозната по прекарот Мики, која украла дури 1,25 милиони евра од германска компанија за готовински трансфер во Штутгарт, повторно е во центарот на вниманието. Откако отслужила дел од тригодишната затворска казна, таа била ослободена на почетокот на 2025 година, но најголемата мистерија во случајот останува нерешена - каде завршиле парите што исчезнале пред повеќе од четири години? Кражбата се случила на 14 октомври 2022 година, кога Мирнеса, која во тоа време била вработена во компанијата за готовински трансфер, однела огромна сума пари од просториите на компанијата, објави 24 сата. Според информациите што подоцна ги објавија медиумите, таа ги ставила парите во спортска торба, ја покрила со крпи и го напуштила своето работно место. Бидејќи имала пристап до парите како вработена, кражбата била извршена без класичен грабеж или употреба на сила. Нејзиното исчезнување предизвикало обемна потрага од страна на германската полиција, која понудила награда од 37.500 евра за информации што довеле до нејзино апсење. Мирнеса, сепак, доброволно се предаде на властите во Германија на почетокот на 2023 година, откако преку својот адвокат го најави своето пристигнување на аеродромот во Штутгарт. Во јули истата година, таа беше осудена на три години затвор за кражба, а за време на постапката тврдеше дека нејзиниот тогашен партнер Роберт С. го смислил целиот план и ја убедил да учествува во кражбата. Според неа, таа добила само 20.000 евра од вкупната сума. Нејзиниот поранешен партнер, од друга страна, ги негираше обвинувањата дека ја организирал кражбата и тврдеше дека само играл улога на возач. Случајот достигна нов епилог во февруари 2026 година, кога Роберт С. беше осуден на три години и девет месеци затвор за учество во кражбата. Судот, исто така, нареди конфискација на приносите од криминал во износ од 1,25 милиони евра, но парите не беа пронајдени ни тогаш. Пресудата не беше конечна во времето на објавувањето на извештајот. Мирнеса се појави и како сведок на судењето на нејзиниот поранешен партнер, каде што зборуваше за желбата да започне нов живот. Иако е повторно слободна, прашањето за судбината на парите останува неодговорено. Во последните месеци, таа привлече внимание и на социјалните мрежи, каде што се појавува во хумористични видеа со босанскиот инфлуенсер Сермед Мактоуф. Иако двајцата поминаа низ судски процес и добија затворски казни, повеќе од еден милион евра сè уште не се пронајдени, а останува непознато кој во моментов ги контролира парите од една од најпознатите кражби во Германија.Тагови: Германија парите Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЕвропаХоланѓанец си го убил таткото и го исекол телото на 238 парчиња, а потоа направил нешто пострашно Холандските обвинители побараа 12-годишна затворска казна за маж кој го убил својот татко, а потоа го исекол неговото тело на 238 парчиња!Осомничениот ги ставил останките од својот татко во 19 вреќи за ѓубре, кои ги чувал во два замрзнувачи и кутија за складирање повеќе од три години. „Тој го отстранил телото и ги лажел полицијата и луѓето околу него со години“, изјавил јавниот обвинител пред судот, објави Сан. Тајмен В., 33, е обвинет за убиство на својот татко на 10 јануари 2021 година. Полицијата ги пронашла останките во куќата на осомничениот повеќе од три и пол години подоцна, во ноември 2024 година. Обвинителството изнесе тврдења пред судот во Алкмар дека таткото и синот биле во насилен конфликт. Жртвата била удирана во главата осум пати со тврд предмет, можеби статуа на Буда, што самиот осомничен го споменал. Според патолог од Холандскиот форензички институт (NFI), постои и можност жртвата да била задавена. Осомничениот тврди дека дејствувал во самоодбрана откако неговиот татко го нападнал со нож. Обвинителството ја отфрли оваа верзија на настаните, нагласувајќи дека осомничениот не контактирал со полицијата по смртта на неговиот татко, туку им кажал на луѓето околу него дека заминал во странство. Son, 33, ‘chopped dad into 238 pieces & hid body in freezer over poison plot' https://t.co/BRh99bhBrf — The US Sun (@TheSunUS) November 3, 2026 Обвинителот посочи дека осомничениот се однесувал кон својот татко „на ужасен и крајно дехуманизирачки начин“. Психијатар и психолог процениле дека имал благо нарушен ментален капацитет, констатација што обвинителството ја прифатило. Обвинетиот изјавил дека целосно го потиснал и самото убиство и криењето на телото, и дека неговите сеќавања за настанот се појавиле дури околу еден месец по неговото апсење. Меѓу другото, му е дијагностицирано гранично растројство на личноста. Неговиот адвокат изјавил дека физичкото насилство се случило меѓу татко и син во неколку наврати и дека било взаемно. Тој додаде дека неговиот клиент ја изгубил довербата во полицијата по претходен инцидент, кога неговиот татко го нападнал со секира, а полицајците не пристигнале веднаш на местото на настанот.Тагови: татко телото Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПротестен марш „Ниту една повеќе“ - револтирани граѓани бараат одговорност и итна заштита од фемициди15:06Уапсени се 17 возачи, од вкупно 19- те казнети, најголем број возеле без возачка или биле пијани 12:44Дали Софија дефинитивно го одби европско посредништво во дијалогот со Скопје?15:44Мицкоски: Продолжуваме со посветена работа на реформите12:29Муцунски: Работиме на дијалогот со Бугарија, имаме поддршка од ЕУ и земјите членки15:00
Протестен марш „Ниту една повеќе“ - револтирани граѓани бараат одговорност и итна заштита од фемициди15:06
Уапсени се 17 возачи, од вкупно 19- те казнети, најголем број возеле без возачка или биле пијани 12:44
ЕвропаБран штрајкови се најавени во Италија за овој месец- запираат возовите, автобусите и авионите Италијанските синдикати повикаа на национален штрајк во железничкиот, автобускиот и воздушниот транспорт за 20 и 21 ноември, на кој ќе му претходат неколку прекини на работата и протести на локално ниво.Генералниот штрајк, свикан од Италијанската општа конфедерација на трудот (CGIL), ќе ги опфати сите транспортни сектори, и јавни и приватни, во текот на целиот ден на 20 ноември, објави денеска ADNkronos. Во исто време, неколку закажани протести и локални штрајкови од следната недела се закануваат да го нарушат транспортот, создавајќи тешкотии за жителите на неколку италијански градови. Утре Џенова ќе биде погодена од штрајк во транспортот организиран од синдикатот Cub Trasporti, додека синдикален протест ќе се одржи во Козенца на 10 ноември, што ќе го наруши и јавниот превоз. Во Милано, штрајк на групацијата ATM е свикан за 13 ноември, што ќе доведе до прекини во јавниот превоз во тој град, како и во Монца и Бријанца, а истиот ден, јавниот превоз во Венеција исто така ќе биде засегнат во текот на целиот ден поради прекин на работата. Штрајкови се планирани и во транспортниот сектор во Бари и Неапол во текот на ноември, соопшти агенцијата. На национално ниво, критични денови за транспортот, од јавниот превоз до железницата, ќе бидат 20 и 21 ноември, кога штрајкот ќе влијае на железничкиот товарен транспорт, локалниот јавен превоз и железничкиот патнички транспорт, од 21 часот на 20 ноември до 20 часот на 21 ноември. Што се однесува до секторот за воздушен транспорт, се очекуваат прекини за патниците што летаат на 22 ноември, кога вработените во неколку компании во Фиренца и Пиза ќе штрајкуваат, додека работниците во компанијата Енав во Варезе исто така ќе штрајкуваат. Покрај транспортниот сектор, прекин на работата е повикан и за италијанските работници во кол-центрите да штрајкуваат на 11 ноември. Синдикатите заеднички ја повикуваат владата да „обезбеди сериозна индустриска политика за секторот, како и да ги заштити работните места и приходите на работниците“. Национален штрајк е закажан и за 16 ноември за приватните даватели на здравствени услуги, социјалните претпријатија, како и за регионалните и локалните власти, потсети агенцијата. Во исто време, училиштата и универзитетите ќе бидат во центарот на широк протест во текот на денот на 20 ноември, свикан од синдикатите и здруженијата на работници во образованието на Италија.Тагови: италија штрајкови Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook