Мицкоски: Оваа е најлошата економска година, има работи за кои се преговара и за кои не се преговара

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски денеска на прес конференција со рецензија на како што изјави најголемата лага „ за живот“.

Според Мицкоски власта не испорача никакви успеси, затоа нема ЕУ.

Годинава рече тој е најлошата економска година. Опозицискиот лидер беше прашан и за став по последниот став на „бан“ за македонскиот јазик.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски на неговата денешна преконференција, која е рецензија на измамите во економијата на Зоран Заев и СДСМ, кажа дека економската политика е катастрофална и дека државата оди во погрешен правец. Според Мицкоски годината која ја најавуваа за економска е впрочен најтешката и најсиромашната за живот.

Мицкоски денес ја разобличи една од најголемите лаги Зоран Заев и СДСМ во економска гледна точка, а тоа е најавените 5% раст на БДП. Од денот кога се избрани заклучно со третиот квартал, тоа не е ни половина, односно не е ни 2.5%, истакна Мицкоски.

Минималниот раст кој го имаме сега е заради производството на гасната централа ТЕ-ТО, за која како што кажа имаме многу донеречености како го реализира своето работење. Но она што е аларматно е падот во преработувачката индустрија, која има негативна вредност.

Ниту просечната плата, која требаше да биде 30.000 денари е постигната.

Ако се спореди првиот квартал во 2018 година, кога разликата во трговската размена извоз-увоз е нешто над 350 милиони евра со првиот квартал од 2019 година ќе забележите дека отприлика таа е иста, но показателот дека економијата оди во погрешна насока се гледа во вториот квартал, кој споредбено 2018 со 2019 година има разлика во извоз со увоз е зголемена за цели 12.4% во корист на увозот, кажа Мицкоски.

Како поминува времето со СДСМ на власт, така расте разликата помеѓу извозот и увозот, имено во третиот квартал оваа разлика изнесува 34%. Со што извозот има за 34% помала вредност во однос на увозот споредбено 2018 со 2019 година, вели Мицкоски.

Според Мицкоски ова се бројките кои ја покажуваат катастрофата во економија, тоа е показател дека се движиме во погрешна насока, а сето останато е само погрешна слика за економијата. Кога велат дека блескаме како економија според Мицкоски се работи за политички ПР или за класично незнаење од страна на власта.

Во однос на даночната политика Мицкоски потсети на пиши бриши политиката, кога се зголемува, па повторно се намалуваа даноците. Политика која ја бранеа редица поранешни министри за финансии од СДСМ, кои беа пуштени низ вода од Зоран Заев со изговор дека е погрешен чекор, а кое беше единствено ветување од нивната економска програма кое го реализираа.

Најголемата лага според Мицкоски е ветувањето дека данокот на добивка ќе го за ИТ индустријата ќе го намалат за 5%, што не се случи. Наспротив ветувањата за повластувања за ИТ компаниите, сега имаме одлив на фирми од земјата во странство, кои бегаат од Македонија и формираат свои претставништва во соседните земји, што се гледа преку податокот кој укажува дека додадента вредност во ИТ секторот во вториот квартал од 2019 е намалена за 4.7%.

Мицкоски го искоментира и буџетот за идната година кој е за 7% поголем од буџетот за оваа година, а кој буџет не може да биде исполнет затоа што до крајот на година ќе фалат пари.

Катастрофална е и наплатата на данокот на добивка, имено во период јаануари - ноември имаме за цели 23.7% помал од планираниот, односно за 20% од тој кој бил собран во 2018 година.

Мицкоски кажа дека тоа што денес Заев ќе го зборува, дека блескаме е всушност еден судир во една слепа улица кон која Зоран Заев ја турка и ја води Македонија.

Надежта не смее да се губи вели Мицкоски бидејќи најдобрите денови за Македонија и македонската економија допрва доаѓаат, а тие доаѓаат со програмата за обнова на Македонија, во која ќе има предвидено оданочување соодветно на потребите на стопанството и повеќе капитални инвестиции. За сето тоа да се реализира ќе има бескомпромисна борба со корупцијата и криминалот.

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Верстапен по второто место во Мајами: Се изненадив од брзината на Мекларен

- Возачот на Ред Бул, Макс Верстапен се осврна на своето второ место на Формула 1 трката возена синоќа за Големата награда на Мајами.

- Понекогаш победуваш, понекогаш губиш. Не се чувствував многу добро со медиум пневматиците. Се изненадив брзо возеше болидот на Мекларен. Нашиот ден не беше најдобар, но јас целосно го прифаќам второто место на ваков ден. Ми недостигаше забрзување, треба да видиме зошто тоа се случи. Ова не беше нашиот најсилен викенд во однос на нашето темпо. Честитки до Норис за победата, изјави Верстапен.

Британскиот возач на Мекларен, Ландо Норис за прв пат во кариерата оствари победа на трка во Формула 1 шампионатот.

Верстапен заврши на второто место со заостанување од 7,612 секунди.

Граѓаните пред избор на претседател

Граѓаните пред избор на претседател - Силјановска Давкова се бори за прв, а Пендаровски за уште еден мандат.

Кандидати за нов претседател на државата во вториот круг од претседателските избори се Гордана Силјановска Давкова, поддржана од коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ и Стево Пендаровски, поддржан од СДСМ. Гласањето е в среда на 8 мај, паралелно со парламентарните избори.

За претседател е избран кандидатот кој ќе добие мнозинство гласови од избирачите кои гласале, доколку гласале повеќе од 40 проценти од избирачите. Доколку и во вториот круг на гласање ниту еден од кандидатите не го добие потребното мнозинство гласови, се повторува целата изборна постапка.

Доколку биде исполнет цензусот и биде избран претседател на државата, неговата инаугурација треба да биде на 12 мај.

На 24 април, на првиот круг од изборите, Силјановска Давкова освои 363.085 гласови, а Пендаровски доби 180.499 гласа. На изборите имаше вкупно седдумина кандидати. Излезноста на гласачите на првиот круг од претседателските избори беше 48,38 отсто односно на гласање излегоа 828.402 гласачи од вкупно запишаните 1.814.317 во Избирачкиот список.

Според Изборниот законик, ако во првиот круг од изборите ниту еден кандидат за претседател на Републиката не го добил потребното мнозинство гласови, во вториот круг се гласа за двајца кандидати кои во првиот круг добиле најмногу гласови. Вториот круг на гласање се одржува во рок од 14 дена од завршувањето на првиот круг на гласањето.

Пред преземањето на должноста, како што е наведено во Изборниот законик, најдоцна во рок од десет дена од денот на објавувањето на конечните резултати, но не порано од денот на престанок на мандатот на претходниот претседател, претседателот на Републиката дава и потпишува свечена изјава пред Собранието, која гласи:

„Изјавувам дека функцијата претседател на Република Македонија ќе ја вршам совесно и одговорно, ќе го почитувам Уставот и законите и ќе го штитам суверенитетот, територијалниот интегритет и независноста на Република Македонија.”

Гласачите на 8 мај ќе можат само еднаш да одат на избирачкото место и да се изјаснат за двата вида избори или да гласаат само за претседателските или за парламентарните избори. Идентификацијата ќе се врши со т.н. фингерпринт апарати.

Утре (7 мај) за претседателските избори гласаат иселениците, додека и за претседателските и за парламентарните избори гласаат болните и изнемоштените, затворениците, лицата во старските домови и две раселени лица.

Гласањето во среда, на 8 мај, на 3480 избирачки места започнува во 7 часот а завршува во 19 часот. Резултатите од гласањето се очекува да бидат познати најдоцна до полноќ.

Ова е вторпат Силјановска Давкова и Пендаровски да бидат противкандидати на избори за претседател на државата. На минатите претседателски избори во вториот круг од изборите победи Пендаровски.

Во Москва објавен романот „Бродот. Конзархија“ на Томислав Османли

 Во рамки на меѓународниот проект и едиција „100 словенски романи“ деновиве во издание на Центарот за книга „Рудомино“ од Москва беше објавен преводот на руски јазик на романот „Бродот. Конзархија“ од македонски писател Томислав Османли.

Преводот на руски јазик го направи Олга Панкина.

„Бродот. Конзархија“ е шестиот по ред роман од македонски автор кој се појавува на руски јазик во едицијата „100 словенски романи“, при што сите нив ги преведе Панкина. По „Дваесет и првиот“, ова е втор роман на Османли што Панкина го преведува на руски јазик.

- „Бродот. Конзархија“ е дистописки роман временски сместен пред средината на XXI век. Неговото дејство се случува во 2039 година. Пишувајќи за блиската иднина, колку сугестивно и со богата мултимедиска фантазија, толку и духовито и атрактивно, Османли се обидува да ги открие карактеристиките на ова прагматично време полно со симулакруми, со холограми, со артифициелна интелигенција и слично, накусо - со лажни реалности и медиумски измами кои треба да станат нова реалност. Тоа време на крајот ќе се покаже како време на масовна илузија, на општи и индивидуални заблуди на едно конкретно, но и на генералното општество и цивилизација. Инаку, „Конзархијата“ е футуристички систем заснован на корпоративната реалност на новиот свет, креиран и детално опишан од самиот автор на романот, вели Панкина.

Според Османли, ова издание на руски јазик е особено значајно затоа што делото се појавува на еден огромен книжевен амбиент и пазар и во средина со голем број посветени и квалификувани читатели.

- Своите евентуални книжевни и жанровски вредности романот кој му припаѓа на жанрот на негативната утопија ќе ги провери во литературната средина која, со знаменитото дело „Ние“ на Јевгениј Замјатин во 1928, потоа и романот „Чевенгур“ на Андреј Платонов, всушност и ја иницира негативната утопија како посебен книжевен вид. Како што ме информира госпоѓата Панкина, таа нашиот роман неодамна веќе го претставила во рамките на тркалезната маса на тема „Антиутопија“ одржана на книжевен салон во Москва, вели Османли.

На 23 маj, наспроти денот на Словенските просветители Кирил и Методиј, Панкина ќе го промовира ова дело во Москва во Библиотеката за странска литература во рамки на нејзиниот проект „Читај ја Македонија!”.

Досега на руски јазик, а во превод на Панкина, објавени се и театарската пиеса на Османли насловена „Светулки во ноќта“, расказот „Облаци“, романот „Дваесет и првиот (Книга на фантазми)“ публикуван во рамките на едицијата „Македонскиот роман на 21 век“, од страна на истиот издавач од Москва.

притисни ентер