Мицкоски: Ова е ден за обединување, жртвата на предците нека нè потсетува каква држава треба ние да оставиме - Канал 5

Мицкоски: Ова е ден за обединување, жртвата на предците нека нè потсетува каква држава треба ние да оставиме

Ова е ден за обединување, жртвата на предците нека нè потсетува каква држава треба ние да оставиме, рече премиерот Христијан Мицкоски на одбележувањето на Илинден во Скопје... 

Мицкоски: Ова е ден за обединување, жртвата на предците нека нè потсетува каква држава треба ние да оставиме

Со положување цвеќе пред споменикот на претседателот на Крушевската република, Никола Карев, пред Собранието почна одбележувањето на Илинден во Скопје... Продолжи пред споменикот на АСНОМ во паркот „Жена Борец“ и традиционално заврши кај споменикот на првиот претседател на Президиумот на АСНОМ, Методија Андонов – Ченто на плоштадот „Македонија“. Државната делегација ја превдодеше премиерот Христијан Мицкоски, кој по чествувањата во изјава за медиуми порача дека Илинден е симбол на жртвата која генерации пред нас ја дале за слободна Македонија.

„Овој ден нека нѐ потестува на жртвата која што генерациите ја оставиле за да може нашата генерација да го има ова што денеска го имаме, а тоа е слободна, независна држава Македонија.Нека нивната жртва нѐ потестува каква држава треба ние да оставиме на генерациите коишто следат после нас. Држава во која што ќе имаме среќни граѓани, држава којашто ќе биде просперитетна, држава којашто ќе биде на сите без разлика на етничка припадност. Овој ден нека нѐ обединува, да се слави и нека ни е вековит денот, да го чествуваме достоинствено и напомош нека ни е Свети Илија.“

Претседателот на СДСМ Венко Филипче присуствуваше на манифестацијата во Крушево од каде честитајќи го празникот меѓу другото порача и дека мораме да ги оставиме на страна поделбите на патриоти и продавници и дека вистински патриотизам е само унапредување на државата.

„Мора најпрво да се присетиме и да оддадеме признание на сите жртви коишто со својата крв, со својата жртва се вградија во темелите на нашата модерна држава. Тие ја започнаа борбата за да од една сиромашна, полуфеудална и неразвиена земја ние сега живееме денеска во модерна и развиена држава. Меѓутоа мора да признаеме дека нашата ововременска борба не е завршена, дека мораме уште многу напорно да работиме, да конечно станеме дел од Европа каде што припаѓаме, и цивилизациски, и културно, и географски. Сите заедно мора да работиме и да ги оставиме настрана и поделбите и квалификациите на патриоти и предавници, затоа што вистински патриотизам е само унапредување на нашата држава.“

Иако е период на летни одмори, празнично центарот на Скопје беше раздвишен. Убавото време граѓаните го искористија за прошетки. Велат дека се свесни за важноста на денешниот празник, ќе го прослават и упатуваат честитки.

„Тоа е основен празник затоа што веќе три Илиндени имаме. Прво е Илинден востанието коешто не успеало но сепак се покажала храброст, второто е Илинден кога АСНОМ се прави и третиот кога бевме самостојна држава.“

„Еве сега идам со друштво да се видам да прославиме. Да ни биде среќен и вечен. Убаво е и времево денеска. Ви го честитам празникот, нека биде се најдобро, нека биде убав денот.“

„На Водно ќе одам и така. Како нема да биде важен празникот, е за Крушевската република.“

Честитка по повод Илинден испрати и лидерот на ДУИ Али Ахмети со која уште еднаш ја искористи за да обвини дека се поништува Охридскиот договор кој го нарекува модерен Крушевски манифест. Порачува и дека Албанците се определени за заедничка и унитарна Македонија и се друго е пропаганда. да работиме за еднаквост и заедништво, и да престанеме да го третираме овој дом како „твој“ или „мој“, туку како наш” – пишува во честитката Ахмети.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Маж загина во пожар во барака во скопски Жданец

Маж загина во пожар што доцна синоќа избил во барака во скопската населба Жданец.

Маж загина во пожар во барака во скопски Жданец

Од МВР информираат дека бараката, сопственост на 56-годишен скопјанец целосно изгорела, а дека откако огнот бил изгаснат, во објектот биле пронајдено тело на починато машко лице. Од Центарот за управување со кризи информираат дека во гасење на пожарот кој избил половина час пред полноќ, интервенирале 19 пожарникари од Скопската противпожарна бригада со седум противпожарни возила. Засега не се познати причините за пожарот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Кедев се впиша во Гинис како највозрасен човек во светот што ги искачил сите 14 врва над 8 000 метри

Македонскиот кардиолог и планинар Сашко Кедев влегува во гинисовата книна на рекорди како највозрасен човек кој стигнал до највисоката точка на сите 14 планини во светот повисоки од 8 000 метри.

Кедев се впиша во Гинис како највозрасен човек во светот што ги искачил сите 14 врва над 8 000 метри

Кедев имал 63 години и 14 дена кога на 20 јули 2025 година се искачил на „Гашербрум 1“ во Пакистан. Со искачувањето на овој врв, висок 8 080 метри, стана и првиот Македонец што ги искачил сите 14 врва над 8 000 метри. Прв на неговата листа беше највисокиот врв на светот, Монт Еверест, на кој Кедев се искачи во мај 2009-та година.

Во јули 2022 година, во растојание од само една недела, ги искачи Ка-2 и Броуд Пик. Искачувањата на Кедев ги потврдил Еберхард Јургалски, консултант на Гинис за планинарски рекорди. Гинис му припишува на Кедев уште едно постигнување. Тој е и највозрасниот човек кој ги исполнил двата планинарски предизвика – ги искачил сите 14 врва над 8 000 метри и највисокиот врв на секој од седумте континенти. Континенталната седумка ја заокружи уште во 2011 година, со искачувањето на Пунчак Џаја во Океанија.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Мај среде ноември – следната недела до 20 степени

Десет колапси на јавни места биле пријавени во еден ден во брзата помош, како причина биле наведени и променливите и повисоки температури, велат од брзата помош.  

Мај среде ноември – следната недела до 20 степени

Од брзата помош со порастот на температутрите од старот на работната недела очекуваат дека повторно ќе имаат јавувања за зголемен крвен притисок и вртоглавици, и тешко дишење. Посебно да бидат внимателни возрасните и хроничните болни, бидејќи при падот граѓаните се здобиле и со повреди на главата.

Последните години пролетните температури во ноември станаа нормално, велат и светските метереолози и очекуваат глобалната температура да се зголемува. Во Македонија од понеделник температури и до 20 степени.

Од брзата помош со апел до возачите до колку не им добро да не возат автомобил, бидејќи во лоша здравствена состојба се губи концетнрацијата. Исто така високите температури ги користат и возачите на тротинети и има многу повредени граѓани, меѓу кои и деца.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер