Мицкоски: Ова беше година на враќање на довербата, на стабилизација за раст и развој - Канал 5

Мицкоски: Ова беше година на враќање на довербата, на стабилизација за раст и развој

Во оваа тешка година имаме резултати зад нас кои се јасен показател дека стигнавме на солидна основа. 

Мицкоски: Ова беше година на враќање на довербата, на стабилизација за раст и развој

Реализиравме или отпочнавме над 250 поголеми проекти, рече вечерва премиерот Христијан Мицкоски во обраќањето на настанот по повод една година од Владата, под слоганот „Доаѓа времето на Македонија! Ги градиме темелите на промените“.

Мицкоски истакна дека очекува максимална посветеност во исполнување на програмата и преку 400 проекти, мерки, чекори, реформи во наредниот период кои ќе бидат насочени на развој и раст, подобар стандард, поквалитетно образование, борба против корупција, инвестиции и реформи во здравството, големи проекти во инфраструктурата,....

По години на празни ветувања и пермaнетна политичка криза во државата, разочарувања и уништени ветувања, укажа премиерот, не започнавме од нула, почнавме од минус – од рушевини, кои ги оставија зад себе.

- Наследивме систем што се кршеше и паѓаше, институции што изгубија доверба, луѓе што изгубија верб, но, не се предадовме. Не го оставивме својот дом во рацете на минатото. Ги ставивме првите тули на новите темели, со посветеност и љубов кон секој човек, секоја заедница, секој сон. Ги поставивме столбовите што ќе го издржат товарот на иднината. Ги засиливме носечките што ќе ја држат оваа земја исправена и горда. Овие темели не се само тули, или камења и бетон. Тие се секој наш збор, секој наша капка пот и секој чекор што го правиме за тебе, за твоето семејство, за твојата иднина. Овие темели се твојата доверба, твојата борба, твојата вера дека Македонија заслужува повеќе – заслужува правда, ред, развој и почит. Тие темели се почеток на нова ера. Време кога Македонија повторно ќе биде твоја – земја на можности, земја на човечност и вредности, земја во која секој ќе може да се гордее. Ние не ветуваме брзи решенија, затоа што знаеме дека вистинските промени бараат време, трпение и упорност. Но, знаеме и дека секој ден на напредок е победа. Секој ден е борба за достоинство, за иднината што ја заслужуваме. За децата што ќе растат во безбедна и чесна земја. За сите нас што веруваме дека можеме и мораме подобро, рече премиерот.

Оваа година, рече Мицкоски, беше година на напорна работа, на посветеност и на враќање на довербата, консолидирање на состојбите и стабилизација.

- Година во која секој од нас даде дел од себе за да го изгради новиот пат, година во која свесни за огромните очекувања и досега многупати изневерените надежи, ние се трудевме да направиме стабилизација која ќе потткне развој, консолидација која ќе донесе раст. Затоа денес, гледаме напред со увереност и со срце полно надеж. Времето на секој еден од вас допрва доаѓа! Време кога ќе ги оживееме нашите соништа, кога заедничка Македонија на Македонците, Албанците, Турците, Ромите, Србите, Власите, Бошњаците, ќе се издигне посилна и посветла од кога било. Време кога твојот глас, твојот труд и твојата иднина ќе постојат како нераскинлив дел од нашата политичка и животна приказна и заложби, наведе Мицкоски.

Во оваа тешка година, дополни премиерот, имаме резултати зад нас кои се јасен показател дека стигнавме на солидна основа. Реализиравме или отпочнавме над 250 поголеми проекти. И она што денес сакам да го соопштам е дека за повеќе од три пати ќе се зголеми бројот на проекти за следната година. Веќе вклучуваме во 5-та па и 6-та брзина. И очекувам максимална посветеност во исполнување на програмата, очекувам преку 400 проекти мерки чекори реформи во наредниот период кои ќе бидат насочени на раст и развој, подобар стандард, поквалитетно образование, борба против корупција, инвестиции и реформи во здравството, големи проекти во инфраструктурата, реформи во даночната политика и справување со инфлациски и предизвици на животниот стандард, проекти за млади, проекти за земјоделци, проекти за работници, проекти за купување на нов дом, возила... проекти кое ќе го донесат времето за кое сите се надеваме и длабоки промени кои ги заслужуваме, наведе Мицкоски.

Оваа година, оцени, беше година на напорна работа, на посветеност и на враќање на довербата, консолидирање на состојбите и стабилизација. Година во која секој од нас даде дел од себе за да го изгради новиот пат на Македонија, година во која свесни за огромните очекувања и досега многупати изневерените надежи, ние се трудевме да направиме стабилизација која ќе потткне развој, консолидација која ќе донесе раст.

- Затоа денес, гледаме напред со увереност и со срце полно надеж. Времето на секој еден од вас допрва доаѓа! Време кога ќе ги оживееме нашите соништа, кога заедничка Македонија на Македонците, Албанците, Турците, Ромите, Србите, Власите, Бошњаците, ќе се издигне посилна и посветла од кога било. Време кога твојот глас, твојот труд и твојата иднина ќе постојат како нераскинлив дел од нашата политичка и животна приказна и заложби, рече Мицкоски, кој во обраќањето се осврнува одделно за постигнувањата и плановите во изминатата година.

YouTube video

Римац Невера Р постави 24 светски рекорди, станува најбрзиот електричен автомобил досега

Римац Невера Р ја презеде круната како нов крал на перформансите, соборувајќи 24 светски рекорди во една сесија. 

Римац Невера Р постави 24 светски рекорди, станува најбрзиот електричен автомобил досега

Продолжувајќи го успехот на оригиналната Невера, која ги освои насловните страници во 2023 година со 23 рекорди, Невера Р сега оди уште побрзо и подалеку.

Тестирана на патеката за тестирање автомобили Папенбург во Германија и верифицирана од Девесофт, Невера Р достигна 400 км/ч и повторно целосно застана за само 25,79 секунди, надминувајќи го времето на претходната Невера за над 4 секунди.

Инженерите на Римац му дадоа на Невера Р голема надградба. Тој има нов аеродинамичен пакет со фиксирано задно крило и поголем дифузер што зголемува даунфорс за 15 проценти и ја подобрува ефикасноста за 10 проценти. Новите гуми „мишелин кап“ 2 нудат подобро прилепување и управување, додека рекалибрираниот “торк веркторинг“ систем вади 2107 коњски сили на автомобилот преку четири електрични мотори, прилагодувајќи ја моќноста на секое тркало 100 пати во секунда.

„Кога првпат ја претставивме Невера, речиси изгледаше како да е достигнат врвот на перформансите на хиперавтомобилите. Во една генерација, создадовме скок во перформансите што претходно ќе траеше со децении. Но сега, преку неуморни иновации, Невера Р оди уште побрзо, а сепак задржува голем дел од удобноста и практичноста што ја прават Невера вистински, употреблив автомобил за секојдневна употреба. Соборувањето рекорди е во нашата ДНК и нема да застанеме тука“, рече Мате Римац, основач и претседател на Римак груп, извршен директор на Бугати Римак и Римак технологи.

Ограничен на само 40 автомобили и со цена од 2,3 милиони евра, Невера Р сега е најрекордниот електричен хиперавтомобил некогаш изграден.

Еве ги 24-те рекорди што ги држи Невера Р сега:

Фото: Џеф Безос се појавуви во јавноста со коса за прв пат по 12 години

Изгледа дека Џеф Безос почнал да негува нов имиџ.

Фото: Џеф Безос се појавуви во јавноста со коса за прв пат по 12 години

Имено, основачот на Амазон, кој почнал да ја бричи главата во 2013 година, се појавил на 10 јули со значително повеќе коса.

Додека шетал низ конференцијата „ Allen & Co. Media and Technology “ во Сан Вали, Ајдахо, Џеф имал седа коса околу главата. Тој бил придружуван од неговата нова сопруга Лорен Санчез Безос, со која се ожени кон крајот на јуни на мултимилионска свадба во Италија, исполнета со ѕвезди.

„Тој е чудовиште во теретана“

Иако 61-годишникот обично има ќелава глава, промените во изгледот не му се непознати. Всушност, во 2023 година, тој предизвика возбуда на интернет кога покажа помускулеста фигура на насловната страница на „Вог“.

„Тој е на сосема друго ниво од мене“, откри Лорен, 55, во придружна статија, објаснувајќи дека таа не може да ги прави истите вежби што ги прави Џеф кога вежбаат заедно. „Тој е чудовиште во теретана.“

Тоа му е толку важно што, тврди Лорен, го „украл“ од неа Весли Окерсон, тренер кој работел со Том Круз, Џерард Батлер и Саша Барон Коен. „Џеф е неверојатно посветен на тренингот“, изјави таа за Волстрит журнал во 2023 година. „Немате поим. Тој навистина се труди.“

Извор: Индекс.хр

„iPhone 17 Air“ ќе биде достапен во „едвај сина“ боја?

Инсајдерите известуваат дека „главната“ опција за боја за претстојниот „iPhone 17 Air“ ќе биде „многу светло сина“.

„iPhone 17 Air“ ќе биде достапен во „едвај сина“ боја?

Тие понатаму наведуваат дека бојата ќе биде толку бледа што едноставно ќе изгледа бела во некои светла. Ова потсетува на „едвај сините“ бои што ги видовме од „Apple“ во минатото.

Како и со сивата, „Apple“ користеше многу различни нијанси на сина низ годините, некои посуптилни од другите, објавува „9to5Mac“.

„Sierra Blue“ за „iPhone 13 Pro“ беше еден пример за изглед што некои го опишаа како многу светло сина, додека „Sky Blue“ за „M4 MacBook Air“ е широко опишана како „едвај сина“.

Не е јасно зошто инсајдерите ја опишуваат оваа боја како „главна“, иако едноставно може да биде дека станува збор за нова боја, која „Apple“ често ја истакнува во маркетинг материјалите.

Друг информатор вчера сугерираше дека намалените рамки што ги очекуваме за моделите „Pro“ и „Air“ всушност доаѓаат и на основниот модел.

Извор: Б92

притисни ентер