Трето возило го предизвикало судирот во кој загина 19-годишниот мотоциклист, полицијата го уапси возачот
1Трето возило го предизвикало судирот во кој загина 19-годишниот мотоциклист, полицијата го уапси возачот
3Филипче: Карпалак не смее да биде само датум во календарот – мирот се гради со одговорност, а не со поделби
Крива Паланка го носи најголемиот музички спектакл на летото – Лепа Брена, Ацо Пејовиќ и Слаткар на градскиот стадион на 29 август
1Крива Паланка го носи најголемиот музички спектакл на летото – Лепа Брена, Ацо Пејовиќ и Слаткар на градскиот стадион на 29 август
МакедонијаМицкоски: Оптимист сум дека растот на БДП ќе биде помеѓу 3,5 и 4 процентиВо првиот квартал од оваа година имаме раст од повеќе од 10%, на основ на број на туристи и на основ на ноќевања, вели Мицкоски.Претседателот на Владата на Република Македонија, Христијан Мицкоски, во одговор на новинарско прашање поврзано со проекциите на Европската комисија и за економскиот раст на Македонија, изјави дека растот се темели на реализација на инфраструктурните капитални проекти како и на зголемена потрошувачка, што е резултат на порастот на платите. „Па, тој се темели на реализација на инфраструктурните капитални инвестиции и потрошувачката, поради растот на платите. Тој е позитивен, со позитивни изгледи за државата, иако јас сум оптимиста дека ќе биде и поголем. Минатата година, кога бевме избрани како Влада, Светската банка предвидуваше 1,8% раст. Ние тоа го над фрливме со 70-тина проценти, имавме раст од 2,8%. Третиот квартал, минатата година беше 3%, четвртиот 3,2%, а овој очекувам растот да биде помеѓу 3,5% и 4% на бруто-домашниот производ“, напомена Мицкоски. „Зошто? Затоа што сме една од ретките, можеби единствена во регионот — земја која што има раст на индустриското производство, во првиот квартал. Имаме раст на туризмот. Тука се смее — Зоран Љутков во позадина радосно, се разбира, и задоволно, затоа што од опозицијата заборавиле дека Љутков е министер за култура и туризам. Во првиот квартал од оваа година имаме раст од повеќе од 10%, на основ на број на туристи и на основ на ноќевања. Што е навистина редок случај во Европа — да не речам, единствен. Имаме раст во аутпутот во земјоделието. Имаме раст и во завршените градежни работи. Потрошувачката е двоцифрен раст. Така што, имаме раст на директните странски инвестиции, раст на извозот. Иако има криза во автомобилската индустрија, тоа не ја погодува нашата држава. Реализација на капиталните инвестиции на дневна основа. Така што првите индикатори дека одиме на добро веќе јасно се гледаат. Очекувам во првиот квартал од оваа година да бидеме помеѓу 3,5% и 4%. Инфлацијата е во март 2,7% на годишно ниво, а на месечно е -1. 3%. Во април беше 2,6% на месечно ниво 0,6%. Така што, ако ги гледаме сите овие индикатори, можам да дојдам до заклучок дека сум уште поголем оптимист и дека има шанси да ја завршиме годината со оние проекции кои што ги имавме со раст поголем од 3,5%“, објасни тој.Тагови: Христијан Мицкоски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиРистовски: Карпалак е аманет – Македонија не ги заборава своите херои10:0319 годишник со мотоцикл загина при судир со автомобил Алфа Ромео со италијански ознаки на ул. Радишанска 18:1519 годишник со мотоцикл загина при судир со автомобил Алфа ромео со италијански ознаки на ул. Радишанска15:16Во сообраќајка во Скопје во Радишани загина возач на мотоцикл14:08Шокантни податоци за намалувањето на бројот на првачиња08:47
19 годишник со мотоцикл загина при судир со автомобил Алфа Ромео со италијански ознаки на ул. Радишанска 18:15
19 годишник со мотоцикл загина при судир со автомобил Алфа ромео со италијански ознаки на ул. Радишанска15:16
МакедонијаТрето возило го предизвикало судирот во кој загина 19-годишниот мотоциклист, полицијата го уапси возачотУапсен е 46 годишен маж, осомничен дека бил причина за вчерашната сообраќајна несреќа во скопско Радишани каде загина 19 годишен мотоциликст. Според истражителите од терен обезбедените снимки од местото на несреќата покажуват дека возачот С.О со возило „сеат алтеа“ со скопски регистарски таблици учествувал во предизвикувањето на несреќата без да има физички контакт со другите возила. Тој заминал од местото на несреќата без да им укаже помош на повредените. Моторот беше целосно уништен, а возилото имаше големи оштетувања и бил повреден возачот на автомобилот алфа ромео. Според извори на Канал 5 најверојатно возачот со возилото „сеат алета“ на едно од возилата им го пресекол патот. „По преземени полициски мерки, околу 19:40 часот автомобилот бил пронајден во Арачиново, а бил пронајден и возачот С.О. (46). Тој бил лишен од слобода и спроведен во полициска станица, каде со него бил извршен службен разговор. Несреќата била пријавена вчера во 12:12 часот на улицата „Радишанска“ во Скопје. Во неа учествувале „алфа ромео“ со италијански регистарски ознаки, управувано од С.Б. (47), и мотоцикл „кавасаки“, управуван од Н.М. (19) од Побожје“, изјави Гоце Андреевски портпарол на МВР. Мотоциклистот починал на местото, а лекар од Итната медицинска помош ја констатирал смртта. Несреќата се случи вчера околу пладне помеѓу возило „алфа ромео“ и мотор. Возачот на алфа ромеото се здобил со телесни повреди и бил пренесен во болницата „Св. Наум Охридски“. Од МВР најавуваат дека по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаДваесет и пет години од масакрот кај Карпалак25 години од масакрот кај Карпалак. Во конвојот кој беше од заседа нападнат од припадници на ОНА, животот го загубија десет прилепски бранители од резервниот состав на АРМ, Сашо Китаноски, Нане Наумоски, Бранко Секулоски, Марко Деспотоски, Ердован Шабаноски, Љубе Грујоски, Дарко Вељаноски, Веби Рушитоски, Горан Миноски и Пеце Секулоски. И четврт век од трагедијата, сеќавањата на нивните соборци се сеуште свежи, велат дека додека се живи ќе ја паметат агонијата во која се нашле додека се обидувале да се спасат. Иако голем број се спасиле, многу од нив починале подоцна, како што велат, поради болести кои ги носи претрпениот стрес. Поранешниот припадник на резервниот состав на АРМ, кој успеал да го преживее воениот конфликт, Јордан Трајкоски вели дека е разочаран што за 25 години државата не успеала да направи достоен споменик за почит на младите бранители кои животот го дале за Македонија. -И денеска стоиме пред една обична банкина ...нашите „патриоти“ се сеќаваат на нас само десет минути во текот на годината, никој не не прашал како живеете - Јордан Трајкоски – поранешен војник од резервниот состав на АРМ И Гоце Бежоски бил учесник во воениот конфликт, вели имал голема среќа што преживеал, но и денеска после толку време тагува за другарите. Почит на загинатите оддадоа делегација од владата предводена од минисерката за обраоазвание Весна Јаневска и министерот за спортБорко Ристовски, претсваници од кабинетот на претседателката Гордана Силјановска Давкова, политички партии и здруженија. Одбележувањата на годишнината почнаа синоќа во прилепската касарна Мирче Ацев, а продолжија во градот и денеска прес споменикот на загинатите. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиРистовски: Карпалак е аманет – Македонија не ги заборава своите херои10:0319 годишник со мотоцикл загина при судир со автомобил Алфа Ромео со италијански ознаки на ул. Радишанска 18:1519 годишник со мотоцикл загина при судир со автомобил Алфа ромео со италијански ознаки на ул. Радишанска15:16Во сообраќајка во Скопје во Радишани загина возач на мотоцикл14:08Шокантни податоци за намалувањето на бројот на првачиња08:47
19 годишник со мотоцикл загина при судир со автомобил Алфа Ромео со италијански ознаки на ул. Радишанска 18:15
19 годишник со мотоцикл загина при судир со автомобил Алфа ромео со италијански ознаки на ул. Радишанска15:16
МакедонијаФилипче: Карпалак не смее да биде само датум во календарот – мирот се гради со одговорност, а не со поделбиПретседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, упати порака со почит и сеќавање кон загинатите бранители кај Карпалак, кои на денешен ден пред 25 години ги положија своите животи исполнувајќи ја должноста кон татковината. Филипче порача дека нивната жртва останува дел од нашата колективна меморија и обврска, а Карпалак е потсетник дека мирот и стабилноста се градат со одговорност, а не со поделби. "Денес, на 8 Август, се сеќаваме и оддаваме почит на загинатите бранители кај Карпалак. Пред 25 години овие млади луѓе ги положија своите животи исполнувајќи ја должноста кон татковината. Нивната жртва останува дел од нашата колективна меморија и обврска. Се сеќаваме со почит. Им се поклонуваме со достоинство. Карпалак не смее да биде само датум во календарот. Карпалак е потсетник дека мирот и стабилноста се бранат со одговорност, а не со поделби.Иднината на Македонија се гради заеднички, без страв и без омраза. Вечна им слава. Почит кон нивните семејства", порача Филипче.Тагови: Венко Филипче Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook