МакедонијаМицкоски: Опозицијата да се вклучи во лобирањето во ЕП за МакедонијаПремиерот Христијан Мицкоски, одговарајќи пратеничко прашање во Собранието, за напорите на Владата за деблокада на евроинтергации ја повика опозицијата да лобира заедно со Владата кај европратениците за да се изгласа извештајот за земјава.Премиерот Христијан Мицкоски, одговарајќи пратеничко прашање во Собранието, за напорите на Владата за деблокада на евроинтергации ја повика опозицијата да лобира заедно со Владата кај европратениците за да се изгласа извештајот за земјава, кој вклучува засебен многувековен македонски идентитет поврзан со нацијата и со македонскиот јазик. Мицкоски, при тоа за уставните измени потенцираше дека додека нема Македонци во бугарскиот Комитет за малцинствата, нема поместување ни милиметар од нашите позиции. Премиерот посочи дека предизвикот со промена на Уставот за вклучување на дел од нашите сограѓани кои за себе велат дека се припадници на бугарската заедница, за да може земјава да ја одржи Втората меѓувладина конференција го прифатила претходната влада со прифаќање на „Францускиот предлог“ и ова е, вели факт, а на сегашната Влада и преостанува да прави стратегија како да се надмине тоа без да се дозволат нови барања. -Како Влада кога го имате ова пред вас, седнувате и правите стратегија, и велите дали во оваа игра сме за да се најдеме на стартната рамнина или да ја завршиме трката. Ако гледате државнички и пошироко, тогаш ќе речете што добиваат граѓаните и државата, имајќи предвид дека министерот за надворешни работи на нашиот источен сосед кажа дека ова е само почеток, а не е крај на барањата, ќе видиме што ќе се случува понатаму. Кога го имате овој факт, тогаш логично е да креирате стратегија за понатаму и како Влада креираме стратегија за понатаму, рече Мицкоски на прашање од пратеникот Оливер Спасовски дали има нови сценарија во однос на напредокот во евроинтеграциите. Тој истакна дека сега имаме прв тест, а тоа е од страна на земјите членки на ЕУ да биде усвоен документот за малцински права подготвен од Министерството за надворешни работи и надворешна трговија и, вели, да видиме како ќе реагира нашиот источен сосед Бугарија. Вториот момент е вели Извештајот на известувачот за земјава во ЕП Томас Вајц, кој се очекува да се гласа во јули. -Но, пред тоа има еден друг вовед, а тоа е Извештајот на известувачот за состојбите тука во Македонија, кој во среда ќе се најде пред европските пратеници каде ќе се зборува за посебниот многувековен македонски идентитет и посебниот македонски јазик кои се поврзани со нацијата, а не територијата на државата, и тоа е многу важно затоа што Македонци има насекаде во светот. Ќе видиме како ќе се однесуваат пратениците кои доаѓаат од Бугарија. Од тоа што го имаме како информација и поднесените амандмани не сум оптимист за нивното проевропско однесување, туку прилега повеќе на приликите од средниот век. Во овој извештај стои дека имаме посебен македонски идентитет различен од нивниот, не после 1945 туку векови претходно и македонски јазик, и ако не е тоа проблем, еве европските пратеници имаат прилика и таму се гласа со мнозинство, не едногласно и затоа барам од опозицијата кои се дел од одредени политички семејства кои имаат европратеници да лобираат во насока да се прифати, потенцираше премиерот Мицкоски. Тој истакна дека на тој начин прв пат во историјата Европскиот Парламент во извештај ќе вклучува засебен многувековен македонски идентитет поврзан со нацијата и со македонскиот јазик чие гласање треба да биде во јули. -Во Бугарија има Комитет во кој членуваат претставници на малцинствата Роми, Турци и Ерменци, а зарем ние Македонците кои имаме 14 пресуди во Судот за човекови права во Стразбур, не заслуживме место во тој комитет, а тие заслужија место во нашата Преамбула. Додека не видам таму Македонец кој е дел од тој комитет, а за тоа треба сите заедно да работиме, нема ни милиметар да мрднам додека сум премиер на оваа Влада, изјави Мицкоски. Тој најави и дека министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски, кој е во САД на одбележување на годишнината од Дејтонскиот договор, за помалку од три часа ќе има билатерална средба со американскиот државен секретар Марко Рубио. Спасовски оцени дека е добро ЕП да донесе одлука со која ќе се прифати македонскиот јазик и идентитет и изрази уверување дека партијата на европските социјалисти ќе даде поддршка за извештајот за земјава.Тагови: Христијан Мицкоски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПротестен марш во Охрид против насилството врз жените по случајот со 26-годишната Сара 15:00Обвинителен предлог за 24-годишникот кој избега од полициска станица во Битола,обвинетиот ја удирал девојката по лицето со тупаници и шамари11:33МВР предупредува на опасна он-лајн група „764“- која таргетира деца и малолетници15:00Во 13 часот протест пред Владата против родово базирано насилство08:49Нови пријави за сексуално насилство врз деца: Дали казните и законските рокови ги штитат жртвите?15:08
Обвинителен предлог за 24-годишникот кој избега од полициска станица во Битола,обвинетиот ја удирал девојката по лицето со тупаници и шамари11:33
Нови пријави за сексуално насилство врз деца: Дали казните и законските рокови ги штитат жртвите?15:08
ЗабаваФото: Секси скијачка Русокосата Сината Николина е експлозивна и секси! Босанската скијачка се подготвува за историско деби, но, сите зборуваат за нејзиниот изглед.Николина Драгољевиќ, 23-годишна скијачка од Босна и Херцеговина, се подготвува за најголемиот предизвик во нејзината досегашна кариера. Оваа млада спортистка од Пале ќе дебитира во Светскиот куп во алпско скијање, а нејзиниот настап во Леви, Финска, ќе има и историско значење за спортот во Босна и Херцеговина. Со нејзиното деби, Босна и Херцеговина испишува нова страница во својата скијачка историја, бидејќи за првпат ќе има двајца претставници во Светскиот куп, во различни дисциплини. Покрај Николина, боите на својата земја ќе ги брани и Елведин Музаферија. Младата скијачка не крие колку ѝ значи можноста да се натпреварува со најдобрите во светот, а пред големиот предизвик упати порака која покажува колку таа верува во своите соништа. „Доаѓам од мала земја, но моите соништа се големи. Сакам да докажам дека со упорност, напорна работа и верба во сопствените способности, можеш да постигнеш сè што ќе посакаш“, изјави Николина. Сепак, Николина не се посветува исклучиво на спортот. Таа е студентка на Факултетот за физичко образование и спорт и настапува за Скијачкиот клуб „Јахорина“. Интересно е и тоа што младата спортистка го привлече вниманието на јавноста и надвор од скијачките патеки. На Инстаграм ја следат повеќе од 10.000 луѓе, со кои таа споделува детали од својата спортска кариера и секојдневието. За нејзините фанови секако најитересни се фотките на кои Николина е најчесто во секси бикини а во преден план е бујниот задник. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
Шоу бизЕштон Кучер би можел да стане милијардер, но не поради глуматаХоливудскиот актер Ештон Кучер наскоро би можел да стане дел од клубот на милијардери – не благодарение на неговите актерски хонорари, туку преку неговите инвестиции во вештачка интелигенција. Неговата рана инвестиција во „Антропик“ (Anthropic) – компанијата што стои зад популарниот чет-бот со вештачка интелигенција, „Клод“ (Claude) – би можела да му донесе огромен поврат. Според проценките на „Блумберг“ (Bloomberg), инвестициската фирма „Саунд венчрс“ (Sound Ventures) – чиј соосновач е Кучер – поседува удел во „Антропик“ проценет на приближно седум милијарди долари. Во 2023 година, преку оваа фирма, Кучер – заедно со менаџерот на Мадона, Гај Осеари – учествуваше во првата голема рунда на институционално финансирање на „Антропик“, пренесува „Индипендент“ (The Independent). Низ годините, инвестициската фирма вложила вкупно 435 милиони долари во „Антропик“ (Anthropic); точниот удел од евентуалната добивка што ќе му припадне лично на Качер сè уште не е познат, пренесува Танјуг. „Антропик“, компанијата што стои зад чет-ботот „Клод“ (Claude), денес треба да започне со тргување на берзата, при што се проценува дека нејзината пазарна вредност изнесува 1,5 трилиони долари, а почетната цена на акцијата е 83 долари, пишува „Индипендент“ (The Independent). 48 годишната холивудска ѕвезда – познат по своите улоги во филмови и серии како „Што се случува во Вегас“ (What Happens in Vegas) и „Лудите седумдесетти“ (That '70s Show) – ја започнал својата инвестициска кариера во 2010 година, кога заедно со Осеари и милијардерот Рон Беркл ја основал фирмата „A-Grade Investments“. Оваа фирма, меѓу другото, инвестирала во технолошки компании како „Спотифај“ (Spotify), „Убер“ (Uber) и „Ер-би-ен-би“ (Airbnb). Во 2015 година, Качер и Осеари ја основаа компанијата „Саунд венчрс“ (Sound Ventures), преку која поддржаа голем број технолошки стартапи, вклучувајќи ги „Дуолинго“ (Duolingo) и „Рисерч-гејт“ (ResearchGate). Според медиумските извештаи, „Саунд венчрс“ (Sound Ventures) управува со инвестиции во вредност од приближно две милијарди долари, при што околу 800 милиони долари се вложени во компании за вештачка интелигенција, меѓу кои се „Антропик“ (Anthropic), „Опен АИ“ (OpenAI) и „Ворлд лабс“ (World Labs). Претходно оваа година, Качер се повлече од својата раководна улога во „Саунд венчрс“ за да основа нова инвестициска фирма заедно со Морган Белар, поранешен партнер во инвестициската фирма „НФИКС“ (NFX). Новата фирма ќе се фокусира на инвестиции во напредни технологии, инфраструктура, енергетика и таканаречениот сектор на „длабоки технологии“ (deep tech). Качер ќе остане советник во „Саунд венчрс“, додека Гај Осеари и Ефи Епстајн ќе продолжат да ја раководат компанијата.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПротестен марш во Охрид против насилството врз жените по случајот со 26-годишната Сара 15:00Обвинителен предлог за 24-годишникот кој избега од полициска станица во Битола,обвинетиот ја удирал девојката по лицето со тупаници и шамари11:33МВР предупредува на опасна он-лајн група „764“- која таргетира деца и малолетници15:00Во 13 часот протест пред Владата против родово базирано насилство08:49Нови пријави за сексуално насилство врз деца: Дали казните и законските рокови ги штитат жртвите?15:08
Обвинителен предлог за 24-годишникот кој избега од полициска станица во Битола,обвинетиот ја удирал девојката по лицето со тупаници и шамари11:33
Нови пријави за сексуално насилство врз деца: Дали казните и законските рокови ги штитат жртвите?15:08
ЗабаваФото: Златна фудбалерка го „фрли“ дресот и облече проѕирен фустан, Градите ѕиркаат од фустанотЕдна од најсексапилната фудбалерка на светот, атрактивната Клои Кели повторно воодушеви со својот секси стајлинг.Јавноста е навикната да ја гледа во фудбалски дрес и на теренот, но Клои Кели овојпат покажа сосема поинакво издание. Англиската фудбалерка Клои Кели привлече големо внимание на доделувањето на наградите „GQ Мажи на годината“ во Лондон, каде што се појави во мошне смело издание. Наместо спортскиот дрес во кој сме навикнати да ја гледаме, овојпат таа се одлучи за елегантен црн фустан што ѝ го откриваше грбот, додека проѕирната ткаенина му даде на целиот изглед дополнителна доза на сензуалност. Припиениот фустан ја истакнуваше нејзината фигура, а отворениот грб беше еден од најефектните детали во оваа комбинација. Со овој избор, Клои покажа сосема поинаква страна на својот стил, далеку од фудбалскиот терен и спортската опрема. Бројни познати личности од светот на спортот, модата, музиката, филмот и забавата се собраа на свечениот настан, а фудбалерката на Арсенал беше меѓу гостите што го привлекоа вниманието на фотографите. Клои Кели е една од најпрепознатливите фудбалерки во англиската репрезентација, со која освои европски титули во 2022 и 2025 година. Особено е впечатлив нејзиниот гол против Германија во финалето на Европското првенство во 2022 година, кога го постигна одлучувачкиот погодок во 110-тата минута.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПротестен марш во Охрид против насилството врз жените по случајот со 26-годишната Сара 15:00Обвинителен предлог за 24-годишникот кој избега од полициска станица во Битола,обвинетиот ја удирал девојката по лицето со тупаници и шамари11:33МВР предупредува на опасна он-лајн група „764“- која таргетира деца и малолетници15:00Во 13 часот протест пред Владата против родово базирано насилство08:49Нови пријави за сексуално насилство врз деца: Дали казните и законските рокови ги штитат жртвите?15:08
Обвинителен предлог за 24-годишникот кој избега од полициска станица во Битола,обвинетиот ја удирал девојката по лицето со тупаници и шамари11:33
Нови пријави за сексуално насилство врз деца: Дали казните и законските рокови ги штитат жртвите?15:08