Мицкоски: Оперативниот план за вработување опфаќа над 16 илјади граѓани, 65 % од нив млади - Канал 5

Мицкоски: Оперативниот план за вработување опфаќа над 16 илјади граѓани, 65 % од нив млади

Оперативниот план за вработување опфаќа над 16 илјади граѓани, 65 проценти од нив млади до 29 години.

Мицкоски: Оперативниот план за вработување опфаќа над 16 илјади граѓани, 65 % од нив млади

Оперативниот план за вработување за 2025 година е вреден 40 милиони евра, и опфаќа над 16 илјади невработени, од овие лица се очекува 65 проценти да се млади до 29 години, информира на денешната прес-конференција претседателот на Владата Христијан Мицкоски.

Мицкоски посочи дека оперативниот план за вработување, мерки и програми кои ќе понудат работа и поддршка на пазарот на трудот бил срочен на последната седница на Владата.

-Еден од главните приоритети на оваа Влада е зголемување на благосостојбата на граѓаните, намалување на невработеноста и креирање на мерки насочени кон балансиран и ефективен пазар на труд, затоа на последната седница срочивме оперативе план за вработување вреден 40 милиони евра со кои ќе бидат опфатени над 16 илјади наши сограѓани, од кои 12.537 лица во активни мерки за вработување, а 3.520 лица во услуги за вработување. Со овој план се опфаќаат две глави точки, првата е директна поддршка за старт-ап бизниси на млади, втората работа е организиран пристап во сузбивањето на пожари за што ќе се вработат 400 пожарникари кои ќе се стават на располагање на општините каде ќе има потреба, како и дополнително вработување на 600 невработени лица кои ќе бидат ангажирани за јавни работи и општински проекти од инфраструктура и заштита на животна средина на локално ниво, изјави премиерот.

Рече дека се очекува голема вклученост на млади бидејќи мерките кои биле креирани имале за цел да ја опфатат токму оваа категорија на граѓани.

Како што посочи Мицкоски со оперативниот план за активните програми, мерки за вработување услуги на пазарот на трудот за 2025 година се утврдуваат програмите мерките и услугите за вработување кои ќе обезбедат креирање на нови работни места и зголемување на вработеноста, со фокус на младите, долгоролно невработените и корисниците на минимална помош.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Караванот со музичко-сценскиот спектакл „Силно светнал ден" по повод 35 години независност стига во Битола!

Со големо задоволство споделуваме дека караванот со музичко-сценскиот спектакл „Силно светнал ден", по повод 35 години независност на Македонија, на 11 август пристигнува во Битола, на платото на Офицерски дом, со почеток во 20:30 часот.

Караванот со музичко-сценскиот спектакл „Силно светнал ден" по повод 35 години независност стига во Битола!

Преку музика, глума и танц, во форма на мултимедијален сценски спектакл, ќе биде раскажана приказната за 35 години независност на нашата татковина, истакнувајќи ги најзначајните историски моменти, подемите, предизвиците и достигнувањата од изминатите три и пол децении.

Во пресрет на 8 Септември, кој годинава го одбележува големиот јубилеј – 35 години независност, ќе се реализира музички караван со настапи на познати македонски изведувачи и актери во 11 градови низ државата.

Караванот започнува во недела (9 август) во Охрид, а потоа продолжува во Битола (11 август) и Велес (12 август). Во наредниот период ќе посети уште осум градови низ Македонија, носејќи ја празничната атмосфера поблиску до сите граѓани. Останатите градови ќе бидат дополнително објавени.

Се гледаме на „Силно светнал ден", за заедно, на емотивен и спектакуларен начин да го започнеме одбележувањето на 35 години независност.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Ренесансниот хор „Готик Војсис“ вечерва на програмата на „Охридско лето“

Репертоарот на дваесет и седмата фестивалска вечер на 66. „Охридско лето“ ќе понуди класична музика. Вечерва од 21 часот во црквата „Света Софија“ концерт ќе има ренесансниот хор „Готик војсис“ од Велика Британија.

Ренесансниот хор „Готик Војсис“ вечерва на програмата на „Охридско лето“

Ќе настапат мецосопранот Кетрин Кинг, тенорите Стивен Харолд и Џулијан Поџер, како и баритонот Симон Вајтли.

Повеќе од 45 години ансамблот „Готик војсис“ е препознатлив по неговиот висок квалитет, рафинираност и спиритуалност во изведбата на средновековна музика.

Формиран е во 1980 година од музичарот Кристофер Пејџ. Ансамблот има снимено 30 носачи на звук за издавачките куќи „Хиперион“ и „Ави“, а за три од нив се добитници на престижната награда „Издание на годината“ од страна на музичкиот магазин „Грамофон“. Нивниот прв албум „Пердув на здивот Божји – химни и секвенци од Хлидегард од Бинген“ до денес е еден од најпродаваните албуми на средновековна музика на сите времиња, додека пак новите албуми „Непознат љубовник“ и „Лаурел за Ландини“ продолжуваат да се закитуваат со одлични критики.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Јанкоски: Итно поставување на М-ТАГ уреди на патарините за намалување на колоните по патиштата

Либерално-демократската партија (ЛДП), поради сѐ почестите згуснувања на сообраќајот на патиштата низ државата, бара итно постаување на М-ТАГ уреди на секоја патарина.

Јанкоски: Итно поставување на М-ТАГ уреди на патарините за намалување на колоните по патиштата

„Не ви беа доволни 2 години да ги поставите М-ТАГ уредите на сите патарини во државата? До кога ќе ги малтретирате граѓаните? Секој ден илјадници луѓе патуваат по македонските патишта, а наместо брзо и ефикасно да поминат, чекаат во долги колони поради неажурност и лоша организација“, вели во видео членот на Извршниот одбор на ЛДП, Бобан Јанкоски.

„Го прашувам директорот на ЈП Македонија пат, колку време му треба за да ги постави М-ТАГ уредите на сите патарини во државата? Зарем 2 години не му беа доволни?“, прашува Јанкоски.

ЛДП предлага веднаш и без одлагање да се постават М-ТАГ уредите на сите патарини во државата и да се олесни сообраќајот на сите клучни патишта во Македонија.

„Државата за поставувањето ќе плати еднаш, а придобивките и заштедите на средствата ќе може да ги користи со години“, завршува Јанкоски.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер