351. Марш на ангелите во Кочани: Маршираме за сите невини жртви во трагедиите што ја завија Македонија во црно
Над 141.000 лица во Македонија живеат со дијабетес: Раното откривање може да спречи тешки компликации
2Над 141.000 лица во Македонија живеат со дијабетес: Раното откривање може да спречи тешки компликации
МакедонијаМицкоски: Охридскиот рамковен договор не е само лист хартија тој е симбол на зрелост и храбростВо моменти на страв и незивесност, со храбрсост, трпение, визија избравме пат на мир, на дијалог, на заедништвото и за овие работи треба да се зборува отоворено и без ракавици, рече премиерот Христијан Мицкоски.Во моменти на страв и незивесност, со храбрсост, трпение, визија избравме пат на мир, на дијалог, на заедништвото и за овие работи треба да се зборува отоворено и без ракавици, рече премиерот Христијан Мицкоски на свечената седница по повод 24 години од потпишувањето на Охридскиот рамковен договор. Во своето обраќање тој додаде 24 години подоцна тој договор ни донесе стабилност, мир и обезбеди зачувана унитарност на Македонија.. Свое обраќање на свечената седница имаше и првиот вицепремиерт Изет Меџити, кој порача дека овој договр донесе низа реформи и политики во интерес на сите граѓани. Денес, 24 години по потпишувањето на Рамковниот договор, стоиме овде не само да се потсетиме на еден историски датум, туку да се потсетиме на една длабока вистина – дека државата ја имаме само ако ја чуваме заедно, истакна премиерот Христијан Мицкоски на денешната свечена седница по повод одбележувањето на 24-годишнината од потпишувањето на Рамковниот договор. Мицкоски посочи дека летото 2001 беше едно од најтешките во нашата понова историја, дека нашата татковина беше разнишана од конфликт, од страв, од неизвесност. Имаше мигови, додаде тој, кога изгледаше дека ништо нема да остане исто, дека патот кон пропаст е неизбежен. Но, тогаш, додаде премиерот, со храброст, со трпение и со визија, избравме пат на мир, на дијалог, на компромис, на заедништво. - За овие работи треба да се зборува отворено и без ракавици. Дали Македонците беа најсреќни со потпишување на Рамковниот договор? Убеден сум дека тоа не е така. Чувство на огорченост, гнев. Веројатно такво било чувството и кај Албанците. Системски и тешки реформи, менување на Уставот во услови на воен конфликт. Но, да зборуваме отворено, Рамковниот договор 24 години потоа донесе мир. Донесе стабилност и обезбеди зачувана унитарност на Македонија. Рамковниот договор не е само лист хартија. Тој е симбол на зрелост, на храброст и на мудрост. Тој е потсетник дека, колку и да се разликуваме по јазик, вера, култура или етничка припадност – сите ние делиме една историја и една заедничка иднина. Тој е доказ дека Македонија може да биде дом за сите свои граѓани, и дека различностите се наша предност, истакна Мицкоски. Денес, исто како и тогаш, посочи тој, сме пред избори – не избори на хартија, туку избори во срцето и умот. -Ќе дозволиме ли повторно да се појават ѕидови меѓу нас? Ќе се препуштиме ли на поделби и недоверба? Или ќе го избереме патот кој тогаш го избравме – патот на заедништво, на почитување, на љубов кон татковината и меѓусебно разбирање, праша Мицкоски. Рамковниот договор, како што кажа, е и долго злоупотребуван договор од поединци. - Над 20 години имавме структури кои го користат национализмот како најдобра прекривка за заштита на криминалот и личните интереси. Впрочем таквиот национализам е последното прибежиште на оние кои направија кариери, стекнаа огромен капитал на грбот на народот кој го делат, и врз чии поделби опстојуваат во политиката. Со една рака пишуваат и делат во каков свет ќе се живее. Со другата, ја крадат земјата, стекнуваат имоти, хотели, трговски центри, скапи возни паркови. И не им пречи бојата на парите. Таквите поделби не ги решаваат проблемите на реалните луѓе кои бараат само едно, подобар живот за себе, рече премиерот. Како политичар, додаде Мицкоски, не познавам ваков или таков, мал или голем свет, туку само еден свет- Македонија, дом на сите нејзини граѓани каде имаме обврска сите да обезбедиме подобра иднина за сите нејзини граѓани. -Заедно да градиме и заедно да ги решаваме проблемите. Куферите кои си заминуваат немаат националност. Луѓето си одат, селата се празнат и Македонци и Албанци и Турци и Роми и Срби и Власи и Бошњаци и сите. Тоа се најдобрата порака на народот спрема оние кои 20 години манипулираат дека работат за нив, а постојано ги делат. Натпреварот не е кој колку може да биде радикален или да се удира во гради со простодушен национализам, туку денес битката е да ги решиме реалните проблеми, да обезбедиме подобри услови за живот, за работа, просперитет за секој Македонец, Албанец, Турчин, Ром, Србин, Влав, Бошњак и останатите наши сограѓани. Нашата задача е да обезбедиме иднина за сите, затоа што Македонија е дом на сите нејзини луѓе, рече тој. И на оваа маса, посочи Мицкоски, седат луѓе и партнери кои ја гледаат политиката низ призма на тоа што можеме повеќе да направиме за народот. - Нема простор и нема место повеќе за поединци и структури кои манипулираа и правеа вештачки кризи, етнички и политички за подоцна себе си да се наметнуваат како решенија. Вистината токму говори, дека најголемиот белег во однос на Рамковниот договор е што оваа влада преку носењето на законот за правична застапеност ја исполни и последната обврска и нема повеќе отворени прашања во овој поглед, рече премиерот. Мицкоски нагласи дека Рамковниот договор е затворено поглавје и оти останува да сведочи за потребата за обединување и интегрирање во исполнувањето на заедничките цели. -Нашата татковина не е силна затоа што сме сите исти, туку затоа што сме различни, а сепак сме заедно. Силата е во тоа што е една држава, со едно срце, но со многу бои. 24 години се доволно време за да сфатиме дека мирот не е нешто што се подразбира – мирот е нешто што се гради секој ден. Тој бара трпение, бара почит, бара подготвеност да се слушне и другата страна. И бара политичари, граѓани, интелектуалци, работници, студенти – сите – да ја стават иднината пред личниот интерес, нагласи тој. Како што кажа, овој ден не е само спомен туку обврска да се потсетиме на храброста на оние кои тогаш застанаа и рекоа: „Доста е со поделби, време е за мир“. Обврска да не дозволиме омразата и нетрпеливоста повторно да пуштат корен, рече тој, обврска да им оставиме на нашите деца држава која е обединета, силна и праведна. - Нека знаат сите – нема македонска, нема албанска иднина, нема турска или српска иднина – има само заедничка, македонска иднина за сите нас. И таа иднина ќе биде онаква каква што ќе ја создадеме денес, рече премиерот Мицкоски повикувајжи ги сите без разлика на вера, националност или политичка определба или политичка неопределба – да ја изберат државата пред поделбата, иднината пред минатото, љубовта кон татковината пред омразата. Историјата, нагласи тој, нè учи дека татковината не се брани со оружје – таа се брани со доверба, со почит, со визија. - А визијата која ја имам за Македонија е јасна – земја каде граѓанинот е слободен, институциите се праведни, а различностите се почитуваат и слават. 24 години по Рамковниот договор, да им покажеме на сите – дома и надвор – дека остануваме верни на патот на мирот и заедништвото. Дека сме научиле од минатото, дека сме подготвени да се гледаме во очи и да кажеме: „Заедно сме посилни“, заврши Мицкоски. На свечената седница се обрати и заменик претседателот на Владата и министер за животна средина и просторно планирање Изет Меџити. Тагови: Христијан Мицкоски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЌе ги отстрани ли новиот Кривичен законик штетните последици од 2023 година?15:00Мицкоски: Жителите на Каменик ќе добијат систем за водоснабдување, проект во соработка помеѓу Кисела Вода и Владата11:55На коалициска средба ќе се пеглаат разликите во владата околу полагањето на Правосудниот испит15:00Скопје го одбележува Денот на ослободувањето – 13 Ноември08:49По кривичната од Народна банка и СДСМ поднесоа кривична пријава против Славески и одговорни лица во НБРМ 15:00
Мицкоски: Жителите на Каменик ќе добијат систем за водоснабдување, проект во соработка помеѓу Кисела Вода и Владата11:55
По кривичната од Народна банка и СДСМ поднесоа кривична пријава против Славески и одговорни лица во НБРМ 15:00
АвтомобилизамФолксваген од електричните возила сè уште заработува помалку отколку што би сакалФолксваген забележува зголемен интерес од европските купувачи за електрични автомобили, но сè уште не заработува толку колку што би сакал.Според податоците на групацијата Фолксваген, уделот на електричните автомобили во вкупните испораки на европскиот пазар се зголемил од 18 на 20 проценти во првите девет месеци од 2026 година. Само во текот на третиот квартал, испорачани се 209.100 електрични возила, што претставува раст од 19,6 проценти во споредба со истиот период минатата година. Дополнителен импулс се очекува од новата генерација на попристапни електрични модели. Така, семејството на градски електрични автомобили, кое го вклучува и новиот „ID. Polo“, според достапните извештаи, веќе собрало речиси 150.000 нарачки. Почетната цена на моделот „ID. Polo“ е околу 29.000 долари, што го прави важен адут за Фолксваген во борбата за поширок круг клиенти. Повисоките цени на бензинот и дизелот, исто така, придонесуваат за растот на интересот, што го потврдија претставниците на компанијата. Сепак, големиот број нарачки не значи автоматски поголема профитабилност. Финансискиот директор на групацијата „Фолксваген“, Арно Антиц, предупреди дека компанијата во моментов заработува помалку пари од електрични автомобили отколку од автомобили со мотори со внатрешно согорување. Според него, маржите на профит кај електричните модели се сè уште премногу ниски за да се направат долгорочни одржливи инвестиции во нивниот развој. На тој начин, „Фолксваген“ се соочува со интересен парадокс: европските клиенти сè повеќе ги нарачуваат неговите електрични автомобили, но компанијата сè уште не успеала да го претвори овој раст во соодветна добивка. Способноста за зголемување на профитабилноста на електричните модели ќе биде еден од клучните предизвици за германскиот производител во наредните години. Извор: Б92Тагови: фолксваген Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЌе ги отстрани ли новиот Кривичен законик штетните последици од 2023 година?15:00Мицкоски: Жителите на Каменик ќе добијат систем за водоснабдување, проект во соработка помеѓу Кисела Вода и Владата11:55На коалициска средба ќе се пеглаат разликите во владата околу полагањето на Правосудниот испит15:00Скопје го одбележува Денот на ослободувањето – 13 Ноември08:49По кривичната од Народна банка и СДСМ поднесоа кривична пријава против Славески и одговорни лица во НБРМ 15:00
Мицкоски: Жителите на Каменик ќе добијат систем за водоснабдување, проект во соработка помеѓу Кисела Вода и Владата11:55
По кривичната од Народна банка и СДСМ поднесоа кривична пријава против Славески и одговорни лица во НБРМ 15:00
СветКремљ: Москва нема да поставува услови за европскиот преговарачки тимМосква нема да поставува услови за составот на европскиот преговарачки тим, изјави во саботата портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков. „Не можеме и не сакаме да поставуваме услови за нивниот преговарачки тим. Таквиот пристап е сосема погрешен“, рече Песков. Европската унија веќе некое време дискутира за назначување на специјален пратеник за да се обезбеди директно европско претставување во идните мировни преговори. Песков, за потсетување, на 25 октомври изјави дека Русија ќе го поддржи назначувањето на преговарач на ЕУ, под услов пратеникот искрено да работи на постигнување мирно решение. Неколку имиња Финскиот претседател Александар Стуб и чешкиот претседател Петр Павел се споменуваат како можни кандидати. И покрај ова, Европската унија сè уште нема ниту договорен преговарач, ниту заеднички став за тоа кога треба да започнат директните преговори. Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави во саботата дека Европа мора да биде на преговарачката маса во следната рунда преговори заедно со САД, Украина и Русија. Тој исто така рече дека Украина очекува одлука од своите европски партнери за тоа кој ќе ја претставува Европа до крајот на ноември. Извор: Индекс.хрТагови: кремљ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветИлјадници луѓе излегоа на улиците во Португалија: „Нема да ни ги украдете домовите“Илјадници луѓе денес излегоа на улиците во 32 градови низ Португалија, барајќи итна акција од владата за решавање на влошената криза со домувањето во земјата.Протестите беа организирани од платформата „Каса пара вивер“ (Дом за живеење) под слоганот „Тие нема да ни го украдат правото на дом“. Митинзите се одржаа во Лисабон, Порто, Фаро, Портимао, Коимбра, Брага и други градови. Manifestação Casa para Viver, Lisboa https://t.co/vADIhqO1K9 — Bernardo (@_andrebernardo_) November 14, 2026 Барање за контрола на киријата и поголема заштита на станарите Демонстрантите бараат построга контрола на киријата, поголема заштита на станарите од иселувања и поголеми инвестиции во изградба на достапни јавни станови. Тие исто така бараат повлекување на предложените измени во законот за станови за изнајмување. Рита Силва, портпаролка на платформата „Каса пара вивер“, изјави за новинската агенција Луса дека протестите низ целата земја покажуваат дека кризата со домувањето не ги погодува само големите градови, туку цела Португалија. LIVE: Manifestação Casa para Viver Ponta Delgada, São Miguel Açores Portugal - 14.11.2026 https://t.co/kIaG3IyQjP — Claudio IRL (@claudio_irl) November 14, 2026 Платформата, која обединува околу 100 здруженија за домување и локални организации, исто така бара построги правила за договорите за изнајмување, празните имоти, краткорочните туристички изнајмувања и сузбивање на шпекулациите со имоти. Владата предлага измени во законот за изнајмување Протестите се случија откако парламентот во принцип го одобри предлогот на владата за измена на законот за изнајмување. Предложените измени би овозможиле поголема флексибилност во договорите за изнајмување и би ги забрзале процедурите за иселување. Активистите за правата на домување предупредуваат дека промените би можеле дополнително да ја ослабат заштитата на закупците во време на зголемување на кириите и намалување на достапноста на станови. A plataforma Casa Para Viver reúne apoiantes em Lisboa, Porto e outras localidades contra a lei do arrendamento e pede mais regulação estatal. https://t.co/513NBO2Gkp — The Intelligent Portugal (@TheIntelligPT) November 14, 2026 Активистите го повикуваат премиерот на разговори На националните протести им претходеше состанок меѓу португалскиот претседател Антонио Хозе Сегура и активистите за правата на домување во петокот. Претставниците на платформата „Каса пара вивер“ го поздравија состанокот и го повикаа премиерот Луис Монтенегро лично да се вклучи во разговори со нивното движење.Тагови: Португалија Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЌе ги отстрани ли новиот Кривичен законик штетните последици од 2023 година?15:00Мицкоски: Жителите на Каменик ќе добијат систем за водоснабдување, проект во соработка помеѓу Кисела Вода и Владата11:55На коалициска средба ќе се пеглаат разликите во владата околу полагањето на Правосудниот испит15:00Скопје го одбележува Денот на ослободувањето – 13 Ноември08:49По кривичната од Народна банка и СДСМ поднесоа кривична пријава против Славески и одговорни лица во НБРМ 15:00
Мицкоски: Жителите на Каменик ќе добијат систем за водоснабдување, проект во соработка помеѓу Кисела Вода и Владата11:55
По кривичната од Народна банка и СДСМ поднесоа кривична пријава против Славески и одговорни лица во НБРМ 15:00