3Министерство за здравство: Случајот ќе биде темелно испитан, јавноста ќе биде навремено информирана за сите наоди
МакедонијаМицкоски од Виена: Отворен и конструктивен дијалог за унапредување на соработката, посебно во економијатаВо Виена се одржа значајна средба помеѓу делегација на Македонија и делегацијата на Австрија.Во Виена се одржа значајна средба помеѓу делегација на Македонија и делегацијата на Австрија, во атмосфера на отворен и конструктивен дијалог. Разговорите беа фокусирани на унапредување на соработката во повеќе области од заемен интерес, со посебен акцент на економијата, инвестициите и идните заеднички проекти, информира попладнево премиерот Христијан Мицкоски. -Ја потврдивме подготвеноста за продлабочување на партнерството и зајакнување на билатералните односи. Средбата беше можност за размена на ставови, идеи и визии за понатамошен развој, со јасна цел постигнување конкретни резултати и долгорочна соработка, напиша Мицкоски на својот фејсбук профил. Премиерот денеска, во рамки на посетата на Австрија, имаше тет-а-тет средба со австрискиот канцелар Кристијан Штокер. Клучната порака од средбата, како што истакна на заедничката прес-конференција, е дека Европа се наоѓа во пресуден момент кога мора да избере дали ќе реагира на кризите или активно ќе ги обликува правилата. -Во услови на неизвесност, енергетски предизвици и економски притисоци, зборовите не се доволни, потребни се конкретни одлуки и дела. Нашата определба е јасна - да градиме економија што создава, а не само троши. Да градиме држава што нуди сигурност, а не неизвесност. Да градиме систем во кој работата се исплати, а довербата има вредност. Европа нема да биде силна ако нејзините делови останат слаби. Европа нема да биде стабилна ако нејзините периферии останат несигурни. Европа нема да биде конкурентна ако нејзините економии не растат заедно. Затоа ова е прашање на билатерална соработка. Но, ова е прашање и на заедничка одговорност. Ние сме подготвени да ја преземеме таа одговорност. Подготвени сме да работиме. Подготвени сме да носиме одлуки. Подготвени сме да испорачаме резултати. И затоа веруваме дека со партнерство што се темели на доверба и конкретни проекти, ќе изградиме нешто што ќе трае подолго од еден мандат, подолго од една криза, подолго од една генерација, рече Мицкоски. Македонската владина делегација што ја предводи премиерот Мицкоски во Виена и во чиј состав се вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски, министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, како и министерот за животна средина и просторно планирање, Муамет Хоџа, попладнево ќе учествува на бизнис-форумот на кој директни средби ќе имаат претставници на македонски и австриски компании. Тагови: Христијан Мицкоски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиВечерва во 21 часот и 54 минути почувствуван земјотрес во Скопје и околината08:56 Од крушевската република до АСНОМ – денес се одбележува 2. август празникот што ги обединува историјата и идеалите15:00Мицкоски: Битката на оваа генерација е да ја победи омразата, цинизмот и талогот што ја трујат Македонија12:09Гостиварци сè уште чекаат питка вода: Мицкоски најавува резултати од хиперхлорирањето15:00МЗ: Состојбата со епидемијата во Гостивар е стабилна - нема нови потврдени случаи на западнонилска треска12:35
Од крушевската република до АСНОМ – денес се одбележува 2. август празникот што ги обединува историјата и идеалите15:00
Мицкоски: Битката на оваа генерација е да ја победи омразата, цинизмот и талогот што ја трујат Македонија12:09
МЗ: Состојбата со епидемијата во Гостивар е стабилна - нема нови потврдени случаи на западнонилска треска12:35
ЖивотФото: Во скоро пресушениот Дунав се појавија бродови од Втората светска војнаНивото на водата во најдолгата европска река Дунав е на историски минимум поради сушата на Балканот, што резултираше со појава на бродови на германската морнарица од Втората светска војна. Како што објави Ројтерс, бродовите се појавиле на делот од Дунав што минува низ Прахово, град во Србија, додека непотврдени информации укажуваат дека е многу веројатно дека во нив има неискористена муниција. Бродовите според извештајот на Ројтерс наводно ги потопиле самите нацисти за да спречат да паднат во рацете на тогашната советска армија, за време на нејзиниот контранапад, објавува Прототема. A Nazi warship from World War II has resurfaced in the Danube near Prahovo, Serbia, after water levels fell to record lows during Europe’s extreme heatwave. The wreck, sunk more than 80 years ago, is once again visible above the water. pic.twitter.com/IarqJiuUaR — DDF NEWS (@ddfmarketing1) August 2, 2026 Според проценките на експертите, на дното на Дунав во близина на Прахово има десетици германски бродови, вклучувајќи патролни чамци, реморкери и транспортни бродови. Се верува дека дел од остатоците сè уште се закопани од речните наноси, додека други станале видливи поради рекордно ниските нивоа на водата. Остатоци од бродови со децении се еден од најголемите проблеми за пловидба на овој дел од меѓународниот воден пат. 🇷🇸🇭🇷 A sunken German flotilla has surfaced in Serbia due to the shallowing of the Danube, Reuters reports. The rusting hulks of the German flotilla, sunk in 1944 during the retreat before the Red Army, are reportedly posing a threat to shipping. pic.twitter.com/WwacLDGlgC — Маrina Wolf (@volkova_ma57183) August 1, 2026 Ниското ниво на водата на Дунав во последните денови предизвикува проблеми низ целиот регион. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиВечерва во 21 часот и 54 минути почувствуван земјотрес во Скопје и околината08:56 Од крушевската република до АСНОМ – денес се одбележува 2. август празникот што ги обединува историјата и идеалите15:00Мицкоски: Битката на оваа генерација е да ја победи омразата, цинизмот и талогот што ја трујат Македонија12:09Гостиварци сè уште чекаат питка вода: Мицкоски најавува резултати од хиперхлорирањето15:00МЗ: Состојбата со епидемијата во Гостивар е стабилна - нема нови потврдени случаи на западнонилска треска12:35
Од крушевската република до АСНОМ – денес се одбележува 2. август празникот што ги обединува историјата и идеалите15:00
Мицкоски: Битката на оваа генерација е да ја победи омразата, цинизмот и талогот што ја трујат Македонија12:09
МЗ: Состојбата со епидемијата во Гостивар е стабилна - нема нови потврдени случаи на западнонилска треска12:35
ТенисЈаник Синер и понатаму водечки на АТП листата на најдобрите тенисери на светотПобедникот на Вимблдон, Италијанецот Јаник Синер и понтаму е лидер на АТП листата на најдобрите тенисери на светот со 13.450 бода.Неговиот противник од финалето Саша Зверев загуби 360 бода – кои ги освои во Канада минатата сезона – и сега повторно е трет со 8.120 бода, со само 40 бода помалку од Карлос Алкараз, кој се подготвува за враќање на теренот по неколкумесечна пауза. Феликс Оже-Алијасим е четврти со 4.740 бода, Новак Ѓоковиќ е петти, Данил Медведев напредуваше за едно место и сега е шести со 3.620 бода. Алекс де Минор падна за едно место на 3.560, Флавио Коболи се искачи за едно место на осмото со 3.330, додека Тејлор Фриц е деветти со 3.230. Бен Шелтон ја заокружува листата на најдобрите десет со 2.680 бода.Тагови: Јаник Синер Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
Шоу бизШто се случува со Аријана Гранде?Нејзиното видно слабо тело поттикна дискусија на социјалните мрежи, сите се загрижени Младата музичка ѕвезда Аријана Гранде предизвика бројни реакции на социјалните мрежи откако го објави спотот за песната „Petal“. Таа го привлече вниманието на јавноста со својот изглед. Аријана Гранде неодамна објави спот за песната „Petal“, а бројни реакции во јавноста предизвика не со својот уметнички израз во самата песна, туку со својот физички изглед. За снимањето на спотот, Аријана носеше црни хеланки, црна блуза што ги открива рамената и марама околу вратот. Сепак, повеќето корисници на интернет останаа вџашени кога ја видоа нејзината видно слаба фигура. „Таа е многу слаба и тоа е загрижувачки“, напиша еден, додека друг додаде: „Мислам дека луѓето имаат право да се грижат за нејзиното здравје“.Тагови: Аријана Гранде Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиВечерва во 21 часот и 54 минути почувствуван земјотрес во Скопје и околината08:56 Од крушевската република до АСНОМ – денес се одбележува 2. август празникот што ги обединува историјата и идеалите15:00Мицкоски: Битката на оваа генерација е да ја победи омразата, цинизмот и талогот што ја трујат Македонија12:09Гостиварци сè уште чекаат питка вода: Мицкоски најавува резултати од хиперхлорирањето15:00МЗ: Состојбата со епидемијата во Гостивар е стабилна - нема нови потврдени случаи на западнонилска треска12:35
Од крушевската република до АСНОМ – денес се одбележува 2. август празникот што ги обединува историјата и идеалите15:00
Мицкоски: Битката на оваа генерација е да ја победи омразата, цинизмот и талогот што ја трујат Македонија12:09
МЗ: Состојбата со епидемијата во Гостивар е стабилна - нема нови потврдени случаи на западнонилска треска12:35