Мицкоски од Велес: Со ребалансот ќе се обезбедат средства за поврзување на хидросистемот Лисиче со езерото Младост - Канал 5

Мицкоски од Велес: Со ребалансот ќе се обезбедат средства за поврзување на хидросистемот Лисиче со езерото Младост

Со ребалансот ќе се обезбедат средства за поврзување на хидросистемот Лисиче со езерото Младост, а ова лето стартува и изградбата на подземна катна гаража.

Мицкоски од Велес: Со ребалансот ќе се обезбедат средства за поврзување на хидросистемот Лисиче со езерото Младост

„Добар ден и од мене.

Би сакал да изразам задоволство за сите овие проекти коишто се во фаза на реализација и проекти коишто ќе се реализираат во периодот којшто следи. Би сакал кратко само да го дополнам тоа што го спомена градоначалникот во делот на цевководот којшто треба да го поврзе хидросистемот Лисиче со езерото Младост.

Се направија напори со пренамена од министерството за животна средина и мислам дека тие неколку километри цевковод коишто недостасуваат со ребалансот ќе бидат обезбедени и ќе може да се поврзат тие 2 системи така што и уште едно прашање ќе биде санирано, решено, но како што кажа и градоначалникот нешто што е со децении уништувано преку ноќ не можеме да го решиме, но како и да е приоритет по приоритет ги завршуваме проектите и во таа насока ќе продолжиме и понатаму. Важно е да не создаваме некои нови проблеми коишто во суштина би претставувале проблем за граѓаните на Велес.

Би сакал да му честитам на градоначалникот за работата којашто ја врши, прилично мотивирана, прилично фокусирана навистина инспиративна е неговата работа. Би сакал да им се заблагодарам на советниците, на администрацијата во советот, на пратениците од Велес коишто се борат за проект повеќе да добие Велес од страна на централната Влада и така и ќе продолжиме понатаму во стратешките наши приоритети и во нашата оптика е Велес. Би сакал да му се заблагодарам и на потпретседателот на Влада и министер за транспорт како и на останатите колеги коишто со својата работа реализираат проекти и ги реализираат оние приоритети коишто сме се обврзале пред граѓаните дека ќе ги реализираме.

Уште еднашка благодарност и до велешани, најголема за трпението бидејќи сите овие проекти имаат потреба од време додека да се реализираат, но еве еден по еден полека ги реализираме и многу сум задоволен што конечно таканаречената подземна катна гаража во центарот на градот со новиот плоштад конечно ќе почнеме ова лето и се надевам дека во текот на следната година ќе можеме веќе да имаме функционална целина нешто што беше наш приоритет уште од времето кога бевме опозиција.“, рече премиерот Христијан Мицкоски.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Фото: Џеј Ло во тесно трико ги истакна облините

Што промени светската музичка ѕвезда,  Џенифер Лопез во исхраната и рутината за вежбање за да изгледа  вака супер на 57 години.

Фото: Џеј Ло во тесно трико ги истакна облините

Папарацо-фотографиите го открија нејзиното совршено тело.

Мегапопуларната Џеј Ло со децении редовно вежба, но во текот на изминатата година значително ги промени својата исхрана и рутината за вежбање.

Дефинитовно оваа промена вродила со плод и сега жешката Латиноамериканка изгледа подобро од било кога.

Новите папарацо-фотографии од Џенифер Лопез во црно трико за вежбање и со чаша вода во рацете би можеле да бидат одлична мотивација за секоја жена.

Сепак, тешко е да се поверува дека оваа жена има 57 години и е мајка на две возрасни деца.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Видео-фото: Најпознатата плус сајз манекенка гордно го покажа телото: Вака изгледа мојот живот

Најпознатата плус сајз манекенка, Ешли Греам, се прослави токму по своите прекрасни облини, но и по храброста да ги покаже во секоја прилика – дури и пред оние што ја пречекуваат „со нож“. 

Видео-фото: Најпознатата плус сајз манекенка гордно го покажа телото: Вака изгледа мојот живот

Познатата убавица сега објави видео на Инстаграм во кое прикажа различни сцени, но и моменти од различни периоди на нејзиниот живот.

На него таа позира во бикини, поминува време со своите деца, ужива во бременоста и вежба, а пораката што сакаше да ја пренесе е дека телото на секого се менува и дека тоа е сосема нормално.

https://www.instagram.com/reel/DeO4MOMznWf/?utm_source=ig_embed

„Секако дека телото ми се менува. Вака изгледа мојот живот. Не би сакала ништо да биде поинаку“, напиша таа покрај видеото.

Нејзината објава предизвика лавина реакции за многу кратко време и сите го поздравија овој потег. Во коментарите ѝ упатија зборови на поддршка и ѝ се заблагодарија за искреноста.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Еврото падна на најниско ниво во однос на доларот во последните 17 месец

Еврото падна на најниско ниво во последните 17 мсеци во однос на американскиот долар под притисок на растечките стравувања за јавниот долг на Франција, растот на цените на енергенсите и неизвесноста на финансиските пазари.

Еврото падна на најниско ниво во однос на доларот во последните 17 месец

На 5 октомври, европската валута се спушти на околу 1,12 долари, продолжувајќи го падот што од почетокот на 2026 година достигна приближно пет проценти. Аналитичарите оценуваат дека инвеститорите сè повеќе ги преиспитуваат ризиците поврзани со европската економија, но и очекувањата за каматната политика на американските Федерални резерви.

Особена загриженост предизвикува Франција, чиј јавен долг достигна речиси 118 проценти од бруто домашниот производ, додека буџетскиот дефицит останува висок. Растот на приносите на француските државни обврзници покажува дека задолжувањето на земјата станува поскапо, а дел од инвеститорите се насочуваат кон германските обврзници, кои се сметаат за посигурна инвестиција.

Слабеењето на еврото создава дополнителен ризик од инфлација, бидејќи увозот на нафта, гас и други производи што се плаќаат во долари станува поскап. Тоа може да изврши дополнителен притисок врз цените во Европа.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер