Филмски грабеж во центарот на Виена: Со џип упаднале во луксузна златарница, украле скапоцен накит и избегале
2Филмски грабеж во центарот на Виена: Со џип упаднале во луксузна златарница, украле скапоцен накит и избегале
Крузер по две години го запре патувањето околу светот- патниците предвреме завршија во Камбоџа (ВИДЕО)
2Крузер по две години го запре патувањето околу светот- патниците предвреме завршија во Камбоџа (ВИДЕО)
МакедонијаМицкоски од Вашингтон: Европската интеграција мора да се темели на реформи и заслугиЕвропската интеграција мора да се темели на реформи и заслуги, Македонија нема да чека- економијата мора да оди напред.Претседателот на Владата Христијан Мицкоски, во рамки на посетата на Вашингтон, се обрати пред Атлантскиот совет, каде ги претстави стратешките приоритети на Владата, позицијата на државата во регионот, партнерството со Соединетите Американски Држави, европската интеграција, како и плановите за економски, инфраструктурен, енергетски и технолошки развој на државата. Мицкоски истакна дека стратешкото партнерство меѓу Македонија и Соединетите Американски Држави е партнерство градено со децении и дека Владата има јасна определба тоа дополнително да го продлабочува. Тој посочи дека Македонија е мала држава, но со исклучително значајна геостратешка позиција во срцето на Балканот, како природна крстосница на важни европски транспортни и енергетски коридори. Премиерот нагласи дека политиката на Владата се темели на предвидливост и исполнување на преземените обврски. Во тој контекст посочи дека државата има јасен план и во однос на обврските како членка на НАТО, вклучително и постепено зголемување на издвојувањата за одбраната, но и инвестиции во стратешката инфраструктура – автопати, железници и енергетски преносни системи. Како еден од важните предизвици за иднината, Мицкоски ја посочи и сајбер-безбедноста. Владата, како дел од реформската агенда со Европската Унија, планира развој на примарен дата-центар кој ќе ги поврзува јавните институции, ќе биде поврзан со постојниот секундарен центар за обновување на податоци и дополнително обезбеден преку клауд инфраструктура. Целта е државата да изгради посилен и поотпорен систем за заштита од современите сајбер-закани. Мицкоски пред Атлантскиот совет ја претстави и развојната стратегија на Владата која се темели на три меѓусебно поврзани столба – инфраструктура, енергетска инфраструктура и вештачка интелигенција и висока технологија. Во делот на енергетиката, тој истакна дека амбицијата е Македонија да стане значајна енергетска и транзитна крстосница на Балканот. Интерконекторот кон Грција треба да овозможи поврзување со ЛНГ терминалот во Александрополис, додека со изградбата на интерконекторот кон Србија се создава можност овој енергетски правец да продолжи кон Централна Европа. Според Мицкоски, со завршувањето на двата проекти Македонија добива далеку поголемо регионално значење и можност да стане транзитна земја за снабдување со природен гас кон Централна Европа. Во исто време, развојот на гасната инфраструктура се поврзува и со идните инвестиции во производство на електрична енергија, дата-центри, вештачка интелигенција и високотехнолошка индустрија. Премиерот се осврна и на инфраструктурните проекти, посочувајќи го значењето на Коридорите 8 и 10. Македонија се наоѓа на природната крстосница на овие два европски коридори – Коридорот 10 кој го поврзува Медитеранот и Егејското Море со Централна Европа и Коридорот 8 кој ги поврзува Јадранското и Јонското со Црното Море. Тој посочи дека нивното значење не е само економско, туку и стратешко и безбедносно, особено за НАТО и за идната реконструкција на Украина. Во однос на европската интеграција, Мицкоски нагласи дека Македонија останува целосно посветена на членството во Европската Унија, но дека процесот треба да биде заснован на реформи и заслуги, наместо на постојано отворање нови билатерални прашања. Тој потсети дека Македонија повеќе од две децении се наоѓа на европскиот пат и дека во изминатиот период државата и граѓаните направиле бројни отстапки во име на европската перспектива. Според Мицкоски, незадоволството кај граѓаните произлегува од фактот што и покрај направените чекори, државата повторно се соочува со дополнителни услови. Погребна е предвидливост на процесот и гаранција дека нема постојано да се отвораат нови билатерални услови. Премиерот истакна дека додека Владата бара решение за европскиот пат, Македонија нема да чека во место, туку ќе продолжи да ја развива економијата, да спроведува реформи, да го зајакнува владеењето на правото, да привлекува странски директни инвестиции и да инвестира во високотехнолошка индустрија. Во тој контекст тој го посочи и економскиот раст од 4,3 проценти во вториот квартал, оценувајќи дека Македонија е меѓу земјите со највисок раст во Европа. Мицкоски порача дека Владата ќе продолжи да разговара со европските партнери и со Соединетите Американски Држави за предизвиците со кои се соочува земјата и дека Македонија нема да се изолира или да се повлекува од разговорите. Стратешката определба, како што истакна, останува јасна – продлабочување на сојузништвото и стратешкото партнерство со Соединетите Американски Држави и полноправно членство во Европската Унија. Обраќањето пред Атлантскиот совет ја потврди позицијата на Македонија како НАТО сојузник со јасна западна стратешка ориентација, но и како држава која сака сопствениот развој да го темели на конкретни проекти – модерна инфраструктура, енергетско поврзување, дигитална и сајбер отпорност, инвестиции, вештачка интелигенција и висока технологија. Пораката на Мицкоски од Вашингтон е дека Македонија ќе продолжи да ги води разговорите за својата европска иднина, но истовремено ќе работи на сопствениот економски развој и на зајакнување на својата геостратешка позиција во регионот.Тагови: Христијан Мицкоски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветПутин му беше домаќин на африкански претседател, висок 204 сантиметри- сите му се смеат (ФОТО)Фотографијата од рускиот претседател Владимир Путин и претседателот на Мозамбик, Даниел Чапо, привлече внимание на социјалните мрежи поради големата разлика во нивната висина.Двајцата лидери се сретнаа во вторник во Москва, каде што Русија беше домаќин на осмиот самит на Форумот на земјите извознички на гас (GECF). Речиси 35 сантиметри разлика Даниел Чапо, според медиумските извештаи, е висок 204 сантиметри, додека висината на Путин се проценува на околу 170 сантиметри. Разликата меѓу двајцата е речиси 35 сантиметри, што е особено впечатливо на заедничките фотографии. На фотографијата, Чапо стои до Путин и, поради неговата висина, значително се извишува над рускиот претседател, па токму оваа сцена го привлече вниманието на корисниците на социјалните мрежи. Шеги на X Социјалната мрежа X беше преплавена со коментари за висината на Путин, а имаше и неколку добри шеги. „Гуливеровите патувања во Москва“ и „Не пропуштајте го фактот дека овој хобит дури носи и штикли“, напишаа корисниците на X. 😄 A blow from an unexpected quarter! Mozambique's president has made Putin a laughingstock The African leader posted a photo on social media from the so-called Gas Exporting Countries Forum (GECF). As we all know, the Russian dictator is self-conscious about his height, and photos like this are a rare sight in his official photo collection. Wonder if the photographer is still alive? — NEXTA (@nexta_tv) October 28, 2026 „Џуџе“ и „Џуџе во високи потпетици“, се некои од коментарите.Тагови: Владимир Путин претседател Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ФудбалРоналдо е најдобрата „Златна топка“ на сите времиња, Меси е втор Еден од најдобрите фудбалери на сите времиња, Кристијано Роналдо, ја освои наградата за најдобрата Златна топка во историјата - BOAT, како што одлучи гласањето на навивачите на веб-страницата.По гласањето за најдобар играч во светот за 2026 година, каде што наградата ја освои Хари Кејн, играч на Баерн Минхен и капитен на репрезентацијата на Англија, беше доделена наградата за најдобрата „Златна топка“ во историјата. Тука се избрани сите добитници на Златната топка откако е доделена оваа најважна индивидуална награда. Роналдо ја освои Златната топка вкупно пет пати, а онаа ја освои во 2008 година, кога играше за Манчестер Јунајтед, со кого ја освои Лигата на шампионите таа година и имаше неверојатна сезона, по што се пресели во Реал Мадрид во најголемиот трансфер на сите времиња во тоа време, првиот што надмина 100.000.000 евра. Второто место го освои Лионел Меси со Златната топка во 2012 година. Колку се доминантни Роналдо и Меси над другите фудбалери во историјата, покажува фактот дека секој од нив ги освоил првите 12 места, секој за различна сезона. Првиот фудбалер и добитник на Златната топка што се нашол на листата, а не е Роналдо или Меси, е Роналдо Назарио, кој е на 13-то место за 2002 година. Потоа тука се Кевин Киган во 1979 година, Јохан Кројф во 1974 година, Мишел Платини во 1984 година, Франц Бекенбауер во 1976 година...Тагови: Кристијано Роналдо Лионел Меси Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиУбиствата во Хром и Ѓорче Петров се поврзани и следувале по извршени разбојништва – уапсени четири лица 15:00Лишени од слобода четири лица во врска со двете разбојништвата со последица смрт во Скопје13:44Терористички напад пред израелската амбасада во Белград08:2876-годишна жена убиена во својот дом во Ѓорче Петров 15:00Убиена пензионерка во Ѓорче Петров12:30
Убиствата во Хром и Ѓорче Петров се поврзани и следувале по извршени разбојништва – уапсени четири лица 15:00
ЕвропаФилмски грабеж во центарот на Виена: Со џип упаднале во луксузна златарница, украле скапоцен накит и избегалеДрама утрово во центарот на Виена! Банда вандали провали во позната луксузна златарница на улицата Грабен. Во раните утрински часови, сторителите удрија со теренец „Лексус“ во излогот на продавницата и насилно влегоа внатре. Излогот беше целосно уништен во бруталниот напад Сторителите потоа украдоа накит. Вредноста на украдените предмети сè уште не е позната. Сепак, станува збор за една од најскапите златарници во Виена, каде што ѓерданите вредни до 175.000 евра не се невообичаени, пишува весникот „Хојте“. Местото на злосторството беше целосно уништено. Тешко оштетениот теренец остана заглавен во скршениот излог на златарницата по провалата. Полицијата пристигна во голем број, го блокираше просторот и го обезбеди местото на злосторството. Истрагата е во тек. Luxus-Juwelier Wien: Spektakulärer Einbruch am Graben. Rammbock-Bande flüchtet nach Crash mit Lexus-SUV. Polizei ermittelt aktuell. https://t.co/oXXPmjg8Uc https://t.co/kqoOiAEhtZ — heute.at (@Heute_at) October 28, 2026 Сè уште не е познато колку сторители учествувале во спектакуларната провала, ниту во кој правец избегале со пленот. Информации за висината на материјалната штета исто така сè уште не се достапни.Тагови: Виена Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter