Мицкоски од Кичево: Власта сака да не втурне во црно сценарио на поделби

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски денес  оствари средби со жителите на  населбата Ламели во Општина Кичево и средба со пензионерите на Кичево, се наведува во партиското соопштение.

На средбите тој посочи дека во земјава откако е СДСМ на власт имаме се потешко секојдневие, неправди на секој чекор и огромна неспособност на власта да донесе подобар стандард за граѓаните на Република Македонија.

Неправда е кога премиерот лажно ќе кажува дека е спасен идентитетот, а МАНУ која е еден од столбовите на државноста ќе го менува своето име, неправда е кога Заев ќе биде ослободен од поткуп, а недолжни граѓани ќе ги полнат затворите. Неправда е и кога власта ќе вети дека ќе има 500 евра просечна плата, а во реалноста има 500 илјади кои живеат во сиромаштија, истакна Мицкоски.

На средбата со пензионерите од Кичево тој истакна дека тие се измамени од страна на Заев и неговата неправедна власт која нема пари за пензионерите, но има за црни тендери и луксузирање на функционерите.

Над 300 илјади пензионери се измамени од Владата на Заев. Наместо покачување добија кратење. За поголеми пензии нема ниту збор. А ветуваа и повисоки пензии и подобар стандард, но ништо од тоа, вели Мицкоски.

Тој на средбите со жителите на Кичево исто така додаде дека власта ветуваше економија за сите, а во реалноста ги зголеми даноците, ветуваа ефикасно здравство, а добивме здравство во кое умираат луѓе. Мицкоски исто така потенцираше дека на земјава секојдневно и се случуваат криминали, тарифи кои се испорачуваат во еден ресторан во источна Македонија како поткуп за тендери на власта, како и политички прогон против неистомислениците.

Власта сака да не втурне во црно сценарио на поделби, на неправди и прогон. Тоа нема да донесе иднина. Во овие моменти се обединуваме и само така можеме да ја смениме иднината, да се избориме за подобро утре, за сонот за Македонија, за спас на државата од сигурна пропаст. Затоа да се избориме за правда, и владеење на правото, заврши Мицкоски.

Фото: Деколтетот на Емили

Една од најубавите жени на светот, 32 годишната манекенка Емили Ратајковски неодамна присуствуваше на настанот „The King's Trust Global Gala“ во Њујорк, а за таа прилика избрала смел стајлинг.

Како што може да се види од фотографиите, атрактивната манекенка на гламурозниот настан блеснала во свилен фустан во беж боја со едноставен крој и длабоко деколте, кое ги истакна нејзините бујни гради.

Благодарение на оваа облека, Емили беше ѕвезда на црвениот тепих.

Фото: Нова провокација од екс девојката на фудбалерот Дос Сантос

Старлетата Аманда Тривизас се најде на насловните страници на сите медиуми во светот благодарение на „случајната“ интимна објава на мексиканскиот фудбалер Џонатан дон Сантос.

По „случајуната“ експлицитна објава атрактивната Аманда стана многу популарна на Инстаграм.

По серијата провокативни фотки со кои редовно ги радува своите следбеници, Аманда сега се надмина себе си.

На нејзиниот Инстаграм профил се појавија нови, никогаш пожешки слики!

Челси повторно тргнува по Виктор Осимен

 Фудбалскиот клуб Челси е заинтересиран за напаѓачот на Наполи и нигериски репрезентативец Виктор Осимен, објавија денеска италијанските и британските медиуми.

Осимен (25) е член на Наполи од 2020 година, а со клубот од Неапол има договор до 30 јуни 2026 година, а минатото лето интерес за него покажаа Пари Сен Жермен и Барселона.

Италијанските медиуми пренесуваат дека претставници на Челси започнале преговори со раководните лица на нигерискиот напаѓач, како и со раководството на Наполи.

-Воспоставени се контакти помеѓу Челси и Наполи. Оттаму планираат да му платат на Осимен меѓу 80 и 90 милиони евра и да го испратат Ромелу Лукаку и уште еден помлад играч во Наполи, тврди извор близок до челниците на „сините“ за „Скај Спортс“.

Осимен со Наполи ја освои титулата во Серија „А“, а оваа сезона одигра 29 натпревари и постигна 16 голови.

Италијанските медиуми потсетуваат дека претседателот на Наполи, Аурелио де Лаурентис неодамна изјавил дека планира да го продаде Осимен, бидејќи нигерискиот напаѓач ја одбил понудата за продолжување на договорот до јуни 2028 година.

притисни ентер