Мицкоски од Кичево: Имам две убави вести - Канал 5

Мицкоски од Кичево: Имам две убави вести

Имам две убави вести, поминаа законите за повисоки пензии за 2000 денари и за ваучери од 250 евра за таблет или лаптоп за студенти.

Мицкоски од Кичево: Имам две убави вести

Добровечер, убаво Кичево.

Добровечер, драги пријатели.

Добровечер Македонијо.

Пред да започнам со говорот, сакам да соопштам две убави работи кои денес се завршија во македонското Собрание.

Помина Законот, со кој на сите студенти во државата запишани на додипломски студии за учебната 2025-26та година ќе добијат таблет, лаптоп или компјутер. Поддршка за секој млад човек. И втората работа е ново додатно покачување на пензиите на пензионерите, линеарно, онака токму како што тие бараа.

Вака се сака Македонија.

Додека опозицијата клевети, удира ниско, работи против државата, ние градиме, придонесуваме и се бориме за сите граѓани.

И драги кичевчани,

Со голема чест и големо срце стојам вечерва овде меѓу вас, во градот кој има дадено многу за нашата татковина. Град со традиција, со борбен дух и со луѓе што знаат што е вредност, што е достоинство, што е исправност.

Оваа вечер е посебна. Не само затоа што сум со вас, туку затоа што заедно можеме да погледнеме наназад, на една година исполнета со борба, со работа, со резултати. Но, уште поважно, да погледнеме напред. Со надеж. Со план. Со волја за промена и за подобро утре за секој еден човек во нашата Македонија.

Пред точно една година, народот донесе одлука. Реши да ја земе иднината во свои раце. По седум години хаос, пониженост, криминал, уцени, поделби и страв, конечно дојде времето на правдата, на слободата, времето на работа. Граѓаните ја вратија надежта во сопствени раце. Доволно беше од заробена држава, доволно беше од корупциски скандали, од уценети функционери, од неми институции. Македонија беше држава во која владееше партијата, а не законот. Народот беше понижен, а криминалот беше наградуван. И тогаш, граѓаните гласно кажаа доста е. И го избраа патот на вистината и на исправноста. Ни ја дадоа довербата, да ја водиме оваа држава и од тој ден започна промената.

Првата година ја посветивме на темелите. За да градиме иднина, мора прво да ги исправиме сите оние работи коишто беа погрешно поставени. Ги зајакнавме институциите. Го воспоставувавме законот. Го стабилизиравме економскиот курс на државата. Го скротивме хаосот кој што го оставија. Почнавме да вложуваме повторно во системот, а не во партиските џебови. Да вложуваме во човекот, во учениците, во земјоделците, во работниците, во младите, во пензионерите. Да вложуваме таму каде што е најпотребно. И можам да ветам и да кажам, дека тука нема да застанеме.

Знам, не е лесно. Знам исто така, дека народот е изморен од лаги, од празни зборови и празни ветувања. Но, и тоа го знам, народот гледа кој работи, а кој се крие. Гледа кој вложува, а кој краде. Гледа кој се бори за Македонија, а кој ја продава. И затоа, ние како Влада, не бегаме од одговорноста. Ја носиме со гордост, затоа што оваа држава вреди да се бори за неа и да се спасува, од тоа што го наследивме. Вреди да се гради.

Секој почеток е тежок. Секој нов почеток е уште потежок, затоа што наследуваш веќе стекната состојба и не почнуваш од нула, туку од минус. И повторно, градиш темели, одново поставуваш столбови и ги засилуваш носечките кои дотогаш биле дотраени, кршени, рушени. Тие нови темели стануваат фундамент на новата иднина која заеднички ја градиме, тие нови темели се секојдневната борба за вас и за вашата иднина. Тие темели треба да го донесат времето на Македонија, време кое допрва доаѓа. Најдоброто кое допрва ќе се случи. Она што сите го очекуваме, сакаме, заслужуваме и за кое секој ден, се трудиме и чекор по чекор се бориме. Земја на пропсеритет, ред, развој, почит, човечност, земја на вредности. Земја со која ќе се гордееме, земја која ќе биде на вистинскиот пат, повторно твоја и ќе работи за тебе.

Една година од новиот почеток, една година градење на темели, една година за вас.

Драги пријатели, браќа и сестри,

Темата на денешиот собир е образованието и социјалната политика.

Во образованието ја направивме најголемата промена досега. За првпат по седум години, учебната година започна со над еден милион учебници, поставени на училишните клупи уште на првиот училишен ден. Нешто што не беше случај изминатите седум години, кога владата ја предводеа СДСМ и ДУИ. Никој не веруваше дека е возможно, но ние покажавме дека кога има волја, има и резултати. Испечатени се над 100 нови наслови за средното стручно образование. Се градат нови училишта, се градат нови спортски сали, комплетно се реконструираат училишта, итн. Се она коешто е потребно нашите најмили, децата, да го добијат, а тоа е образованието.

И не само основното и средното образование, вложуваме и во студентите. По долгогодишен застој, конечно се одблокирани објектите за ФИНКИ и Факултетот за физичка култура. Тоа се генерации што нема да студираат во импровизирани простории, туку во современи згради, со современи услови. Во 2025 година, како што претходно можевте да видите, обезбедени се 38 милијарди денари за образованието. Тоа е најголемиот влог и буџет досега во обраованието. Тоа е јасна порака, дека иднината на Македонија е во знаењето.

Но, ние не застануваме тука. Знаеме дека без економски развој, нема стабилна држава. И затоа ја отворивме вратата за инвестициите. И домашни и странски. Секој ден разговараме со инвеститори, отвораме нови фабрики, нови работни места. Даваме поддршка на земјоделците, на стопанството, на приватниот сектор. Даваме шанса на младите да останат тука, дома, да создаваат тука, и да веруваат во својата татковина Македонија. Обезбедуваме и повисоки пензии за пензионерите. Со ова ново линеарно покачување, веќе зголемувањето за пензионерите, линеарно за една година или година и неколку месеци, изнесува историски високи 7 илјади денари. Тоа можеби и не е доволно, јас сум сигурен, но е многу повеќе од сето она коешто се случуваше во минатото.

Во Кичево ќе продолжиме да вложуваме. Нови локални патишта, водоводи и канализации. Ќе се инвестира и во спортот, и во културата, и во туризмот. Ќе ја вратиме поддршката за сточарите и земјоделците од овој крај. Ќе создадеме нови работни места. Ќе има можност за младите, и сигурност за повозрасните, фер услови за сите. Градиме држава која ќе ги слуша граѓаните, а нема да ги манипулира.

Оваа година не беше година на зборови. Ова беше година на работа. Година на темели. Темели на држава која ќе биде правична, достоинствена и силна. Темели на држава во која нема повеќе место за политички елити кои крадат, уценуваат и продаваат сè што е македонско. Темели на иднината која сите ние заеднички ја заслужуваме. И ова не е крајот. Ова е само почетокот. Почеток на реформи. Почеток на нов развој. Почеток на Македонија што живее. Македонија што се гради. Македонија што се сака.

Драги пријатели,

Од друга страна наспроти нашите напори и борби, имаме опозиција која боледува од вирусот на безидејноста, која не извлече ниту една лекција зошто се таму каде што се и во таква една ситуација толку се слаби што, во овој момент некогаш големата СДСМ се сведе да биде застапник на одредени бугарски интереси и да е за жал, нивната продолжена рака. И втората работа, која што исто така е карактеристична за СДСМ е да се борат на овие избори, не со тоа тие каков концепт ќе понудат, туку да работат по секоја цена ДУИ да има добар резултат и да ја спасуваат политичката кариера на политичарите од ДУИ, меѓу нив и Али Ахмети. Од некогаш големата СДСМ, станаа само на овие локални избори, овие две работи.

И за овие две работи кои ги тврдам, има и конкретни чекори кои ги преземаат. Видете кој најгласно во Македонија зборува за уставните измени, чиви полуги слугуваат на оние пропагандни и пред се лажни текстови каде се бројат измислени пасоши за македонски политичари. Без задршка, без ограда излегува претседателот на СДСМ и зборува дека беусловно ќе го променел Уставот и ќе ги вметнел Бугарите во Уставот. Сега ми е јасно, зошто ја отфрлија секоја подадена рака од моја страна за државно единство за националните прашања. Затоа што во СДСМ политичарите се на копче. И тоа го прават притиснати од својата безидејност и концесии од минатото. И затоа толку на ниско ја водат политиката. Нема несреќа која не ја злоупотребија и судбина која не ја искористија. Нема пожар за кој не направија прес-конференција, а сите знаеме дека најголемиот дел од нив се подметнати. Тие се водат од тоа колку полошо за народот, толку подобро за СДСМ. Значи вниманието кон себе не го вртат со работа или труд, туку со поделби, со омраза и со слугување. И затоа, тие кога знаат дека не се конкурентни со работа, идеи и концепти, нивната задача е ДУИ да го помогнат на овие избори. Затоа станаа нивен изведувач во политиката, за да спасат кариери, но така спасуваат и бизниси кои си ги почнаа додека заедно беа на власт. Народот не им верува и затоа воопшто немаат доверба. Неодговорно е таковото однесување кон самите себе, но и кон Македонија.

Драги кичевчани, драги пријатели,

Ова е време на надеж. Време на визија. Време кога конечно се враќа верата дека вреди да се остане тука. Вреди да се работи тука. Времето на Македонија која допрва доаѓа. Оваа година беше година за вас. За секој еден од вас. За секое дете, секој млад човек, секој родител и секој пензионер. Оваа година ги поставувавме темелите. Од следната, градиме кат по кат.

Да сте ми живи и здрави,

Бог да ни го благослови Кичево,

Бог да ни ја благослови нашата заедничка Македонија.

Времето на Македонија доаѓа!, рече премиерот и претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Мирјана Најчевска, Билјана Ивановска, Сафет Бишевац и Виктор Грозданов во „Само вистини со Видиновски“

Вечерва во „Само вистини со Видиновски“ гости ќе бидат  Мирјана Најчевска, Билјана Ивановска, Сафет Бишевац и Виктор Грозданов

Мирјана Најчевска, Билјана Ивановска, Сафет Бишевац и Виктор Грозданов во „Само вистини со Видиновски“

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Џенифер Лопез позира во боди со длабоко деколте (ФОТО)

Џенифер Лопез повторно привлече внимание со објава на Инстаграм.

Џенифер Лопез позира во боди со длабоко деколте (ФОТО)

57-годишната пејачка сподели неколку фотографии по тренинг, на кои позира во кафеаво боди со длабоко деколте. Освен што ја покажува својата фигура, таа откри и со што сака да се почасти по тренингот - колачиња и млеко.

„Вежбајте и јадете колачиња. Рамнотежа“, напиша таа покрај фотографиите.

Во коментарите набрзо почнаа да го фалат нејзиниот изглед. „Прекрасна жена“, „Совршенство“ и „Ти си мојата најголема инспирација“ се само дел од пораките што ги оставија нејзините следбеници.

Најави концертен филм

Лопез го претстави и својот нов проект, концертниот филм „The JLO Show: Live in Las Vegas“, кој ги носи најинтересните моменти од нејзините настапи во Лас Вегас оваа година.

Премиерата е закажана за Денот на благодарноста, 26 ноември, на американската телевизиска мрежа „CBS“ и стриминг платформата „Paramount+“. „Со ова шоу, сакам да раскажам кратка приказна и да им оддам почит на сите забавувачи кои стоеле на оваа сцена пред мене“, рече Лопез во најавата.

Таа се подготвувала за настапи до 13 часа на ден

Пред премиерата, пејачката и порача на публиката да не престанува да танцува, без оглед на животните предизвици.

Таа ја одржа својата последна серија концерти во Лас Вегас во март, а подготовките, според извори за Дејли Меил, биле исклучително напорни. Наводно, таа вежбала кореографија со танчерите во танцово студио во Северен Холивуд до 13 часа на ден, сакајќи да ѝ пружи на публиката најдобра можна изведба.

Извор: Индекс.хр

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Спортски автомобил во кој возачот седи како мотоциклист (ФОТО)

„Sanrivatti One“ е хипер автомобил со V10 мотор од 800 КС и необична положба за возење.

Спортски автомобил во кој возачот седи како мотоциклист (ФОТО)

„Sanrivatti One“ е нов хипер автомобил дизајниран исклучиво за возење на тркачки патеки, а неговата најголема карактеристика не е моторот, туку сосема поинаква положба за возење.

Наместо вообичаената положба за седење, возачот „лежи“ на стомак, со рацете испружени кон воланот и нозете повлечени назад кон педалите.

Проектот го презентираше Сантијаго Санчез Риверо, кој го нарече овој аранжман „Apex Position“.

Инспирацијата доаѓа од мотоциклистичките трки, а целта е да му се обезбеди на возачот значително подобро видно поле.

Според конструкторите, вертикалното видно поле е 28 степени, додека кај хипер автомобилот што се користи за споредба е 15,5 степени.

И покрај својата необична позиција, „Sanrivatti One“ задржува класичен волан и педали, наместо џојстици што се користат во некои експериментални тркачки автомобили.

Бидејќи овој автомобил е без преседан, купувачите ќе мора да поминат низ посебна програма за обука. Санчез Риверо планира да организира еден вид клуб каде што сопствениците ќе научат како да го возат автомобилот.

Под каросеријата инспирирана од борбен авион се наоѓа атмосферски 5,5-литарски „Judd V10“ мотор. Целната моќност е 800 КС при 9.000 вртежи во минута, со околу 700 Nm вртежен момент.

Моќта се пренесува на тркалата преку секвенцијален шестстепен менувач „Hewland“.

Конструкцијата е базирана на карбонски монокок, а целната тежина без течности е само 1.100 кг. Дизајнираната максимална брзина е 322 км/ч.

Важно е да се напомене дека сите горенаведени бројки се целни вредности засега, бидејќи развојот, тестирањето и хомологацијата се уште се во тек.

Првите испораки до клиентите не се очекуваат до 2030 година. Дотогаш, малиот тим зад проектот ќе треба да докаже дека необичната положба на возење всушност носи предности на тркачката патека.

Извор: Б92

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер