Синер го смени тренерот и рече: „Нема да почнам од почеток, продолжувам да напредувам – по еден процент!“
1Синер го смени тренерот и рече: „Нема да почнам од почеток, продолжувам да напредувам – по еден процент!“
МакедонијаМицкоски од Градско: Вложуваме во образованието, се проширува и доградува ООУ Даме ГруевПремиерот Христијан Мицкоски и градоначалникот на Општина Градско, Киро Нацков денеска извршија увид во градежните активности на улицата „8 Септември“ и доградбата на ООУ „Даме Груев“ во Градско.За мене претставува навистина големо задоволство кога можеме да видиме во помалку бројните општини како имаме амбициозни градоначалници, како имаме амбициозна администрација и луѓе коишто реализираат проекти. Јас би сакал да му честитам на градоначалникот да се заблагодарам на советниците коишто ја поддржуваат работата на градоначалникот и иден градоначалник во Општина Градско, на администрацијата во општината се разбира, на сите оние коишто придонесуваат да овие проекти бидат реализирани. За нас како Влада е навистина задоволство кога можеме да видиме тоа што сме го зацртале, тоа што сме го планирале како се испорачува и како може, еве со ограничени ресурси такви какви што се во изминативе 15/16 месеци од како сме избрани како Влада и покрај сите предизвици и покрај би рекол на работ на банкрот држава успеваме за 16 месеци да се консолидираме и да испорачуваме проекти. Јас сум убеден дека во годините коишто следат на таков начин ќе продолжиме и да работиме. Уште еднаш честитки до градоначалникот, честитки до советниците што ја поддржуваат работата негова се разбира и до администрацијата којашто е тука нераскинлив фактор, бидејќи без поддршка од администрацијата голем дел од овие проекти нема да бидат реализирани.“рече Мицкоски.Тагови: Мицкоски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаАнкета на ВМРО-ДПМНЕ: Владејчката партија останува со убедливо водствоТри анкети во октомври спроведени по нарачка од ВМРО-ДПМНЕ, покажале дека владејачката партија и натаму е во убедлива предност пред опозициските партии, информираше на брифинг со новинарите премиерот и лидер на партијата, Христијан Мицкоски.Според анкетите, ВМРО-ДПМНЕ ужива доверба од 24%, потоа следуваат СДСМ со 8.5%, ДУИ со 7.9%, ВРЕДИ 7,1%, Левица со 6% и ЗНАМ 2%. Мицкоски кажа дека и покрај тоа што рејтинзите одат во прилог на партијата, сепак останува на ставот дека предвремени избори не треба да има, а како главна причина ја наведе потребата следната година треба да се обезбедат 2,3 милијарди евра за враќање на долговите направени во ковид-кризата. Премиерот на брифингот кажа дека главниот предизвик за владата претстојната зима е енергетската стабилност, со оглед дека цените на гасот и електричната енергија во Европа се пораснати за три пати. За таа цел, најави повторно рестартирање на ТЕЦ Неготино, а мазутот што ќе се купува, ќе се транспортира од солунското пристаниште со вагоните на железници, наместо со цистерни како претходно. Истовремено, рече дека се прават подготовки и за отворање на посебен граничен премин со Косово во близина на Блаце, кој порано го користел КФОР, низ кој дневно се очекува да поминуваат по 200 камиони со јаглен за РЕК Битола и РЕК Соломеј. Според, проценките на Мицкоски, со ваквите мерки, цената на струјата од јануари би поскапела за помалку од 5%...Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСлучајот „АЛТА банка“ денеска на надзорна расправа пред матичната собраниска комисија11:21Собранието го усвои амандманот со кој се брише членот 13 од измените на Законот за јавните набавки08:34„Безбеден град“ се шири во Струмица, Штип и во Битола, МВР најавува мобилни камери на улиците15:08Учество на претседателката Сиљановска-Давкова на 9. Париски мировен форум08:35Судењето на Ива Михаилова продолжи и во нејзино отсуство, денеска се сослушуваа вештаци на предлог на одбраната.15:16
Собранието го усвои амандманот со кој се брише членот 13 од измените на Законот за јавните набавки08:34
Судењето на Ива Михаилова продолжи и во нејзино отсуство, денеска се сослушуваа вештаци на предлог на одбраната.15:16
ЕвропаИталија на нозе: Евакуирани над 300 училишта по закани за поставени бомби (ВИДЕО)Најмалку 300 училишта низ Италија денеска беа евакуирани откако добиле идентична заканувачка порака за поставена бомба, изјави италијанскиот министер за образование, пренесува Ројтерс.Оваа безбедносна тревога доаѓа во време на растечка загриженост во Европа поради заканите од таканаречената „хибридна војна“, која неодамна беше насочена кон супермаркети, центри за трансфузија на крв, авиосообраќај и телевизиски куќи. Министерот за образование Џузепе Валдитара за телевизискиот канал „Ла7“ изјави дека се верува оти заканите се лажни, додавајќи дека се очекува бројот на погодени училишта дополнително да се зголеми. Several schools in Rome were evacuated on Wednesday following emailed bomb threats. Primary schools and nurseries in the Appio-Tuscolano area were among those affected. Security checks were underway. #Rome #Italy #BreakingNews #SchoolEvacuation https://t.co/a4hKQpjjBM — ChinaLensOnEurope (@CHNLensOnEurope) November 11, 2026 Пораки до родителите и необичен потпис „Поради тревогата за поставени бомби низ целата земја, ве известуваме дека сите ученици се преместени на безбедна локација и се под надзор на наставниот кадар“, соопшти едно училиште во Рим до родителите преку апликација за пораки. Фактот што толку голем број училишта биле цел „покажува колку всушност е неверодостојна оваа закана“, нагласи министерот Валдитара. Заканувачката електронска порака била потпишана со името „Михаил Андропов, лидер на Вилает Мизогинистан“, се наведува во копијата од пораката до која дојде Ројтерс. Истиот потпис се појавил и во претходни закани. Истиот наводен испраќач ја презел одговорноста и за заканувачките пораки за поставени бомби, кои во петокот преку електронска пошта беа испратени до медиуми во Ирска и Бугарија. Италијанската полиција го истражува целиот случај, потврди портпарол на полицијата во Рим.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаЃорѓиевски: И денеска оставивме пример, а не ѓубреГрадоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, денеска на Водно заедно со учениците, волонтерите и младите, ја продолжија големата еко-акција за расчистување на Скопје.- Повеќе од 30.000 вредни луѓе повторно се обединија во најмасовната акција за расчистување на Скопје. На повеќе од 50 локации покажавме колкава сила има еден град кога неговите луѓе ќе се здружат за заедничкото добро. Денес бев на Водно, рамо до рамо со вредните ученици. Со секое подигнато парче отпад, овие деца одржаа голема лекција за одговорност, за совест и за љубов кон својот град. Нивниот пример заслужува и почит и следбеници – изјави Ѓорѓиевски. Градоначалникот Ѓорѓиевски на сите што несовесно создаваат депонии им порача да земат пример од младите и да покажат дека го сакаат Скопје со тоа што ќе го чуваат. - Наша должност е да им оставиме почист град. Благодарам на секој што одвои време, се приклучи и остави свој белег во оваа акција. Секој ваш труд се гледа. Секој ваш пример вреди. Продолжуваме со следната акција, со истата решителност и со уште повеќе луѓе – рече Ѓорѓиевски.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook