Мицкоски од Ѓорче Петров: Продолжуваме со инвестиции во образованието, започна доградбата на училиштето ООУ Страшо Пинџур - Канал 5

Мицкоски од Ѓорче Петров: Продолжуваме со инвестиции во образованието, започна доградбата на училиштето ООУ Страшо Пинџур

Премиерот Христијан Мицкоски утрово присуствува на поставувањето камен-темелник за доградба на ООУ „Страшо Пинџур“ во населеното место Даме Груев, општина Ѓорче Петров.

Мицкоски од Ѓорче Петров: Продолжуваме со инвестиции во образованието, започна доградбата на училиштето ООУ Страшо Пинџур

Добар ден и од мене.

Би сакал, исто така, и јас да ја изразам својата благодарност, најпрвин на Министерството за образование и наука што во делот од капиталните инвестиции, вклучува ваков тип на инвестиции, односно во образованието, нешто коешто е многу важно за децата, односно за нашата иднина.

Во суштина кога вложувате во образованието, вложувате во иднината на државата.

Исто така, сакам да изразам огромна благодарност до градоначалникот на Општина Ѓорче Петров што секогаш е подготвен со проекти, коишто се во суштина додадена вредност во квалитетот на животот на граѓаните во Општина Ѓорче Петров.

Да се заблагодарам на советниците, коишто ја поддржуваат работата на градоначалникот, на администрацијата, се разбира, којашто е тука како логистика секогаш нераскинлива алка од синџирот.

Исто така, сакам да се заблагодарам на пратеникот, на пратениците во македонското Собрание, конкретно и на пратеникот овде во Општина Ѓорче Петров, којшто доаѓа, потекнува од Општина Ѓорче Петров, којшто во рамките на Собранието секогаш се бори за проект повеќе за Општина Ѓорче Петров.

Како што кажав, овој тип на инвестиции се многу значајни за квалитетот на образованието на нашата иднина, тоа се децата.

Ние како Влада ќе продолжиме да поддржуваме ваков тип на проекти.

Од ова што можевме да го слушнеме од градоначалникот и во оној неформален дел да го поразговараме, има уште неколку вакви проекти во периодот којшто следи во деновите, во неделите. И секогаш сум тука да ги поздравам овие проекти и да ги поддржиме овие проекти. Така било, така и ќе биде и во иднина.

Уште еднаш благодарност до сите и јас тука би завршил, не би имал што повеќе да кажам, бидејќи најголемиот дел од техничките параметри ги кажа самиот градоначалник и министерката, изјави премиерот Мицкоски во своето обраќање.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Утре променливо облачно и топло со сончеви периоди

Времето утре ќе биде променливо облачно и топло со сончеви периоди. 

Утре променливо облачно и топло со сончеви периоди

Во попладневните часови ќе има локална нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Наместа процесите ќе бидат поинтензивни со пообилен пороен дожд и услови за појава на град. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 10 до 17, а максималната ќе достигне од 25 до 31 степен.

Во Скопје, променливо облачно и топло со сончеви периоди. Попладне во делови од котлината ќе има услови за појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. Минималната температура ќе се спушти до 15, а максималната ќе достигне до 31 степен.

Денес и утре во попладневните часови времето ќе биде нестабилно со пороен дожд, ретки грмежи и засилен ветер. Утре процесите ќе бидат поинтензивни со пообилен пороен дожд, грмежи и услови за ретка појава на град. Од четврток до почетокот на следната седмица времето ќе биде умерено облачно со сончеви периоди. Ќе дува умерен, повремено и засилен ветер претежно од северен правец.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Предложен притвор за предизвикување општа опасност со намерно опожарување на возилата на бугарската амбасада во Скопје

Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против 44-годишен скопјанец за кого постои основано сомнение дека сторил кривично дело – Предизвикување општа опасност од член 288 став од Кривичниот законик.

Предложен притвор за предизвикување општа опасност со намерно опожарување на возилата на бугарската амбасада во Скопје

На 15 јуни околу пладне, на булеварот “Митрополит Теодосиј Гологанов” во Скопје, пред Амбасадата на Реублика Бугарија, осомничениот со пожар предизвикал значителна опасност за животот и телото на луѓето и за имотот од големи размери.

На критичниот ден тој излегол од дома, се качил во автобус и дошол во Центар, па од бензинската пумпа во близина на бугарската амбасада наполнил бензин во пластично шише.

Потоа ја преминал улицата и се доближил до двете паркирани дипломатски возила во сопственост на Амбасадата кои ги полеал со бензинот и ги запалил со запалка. Веднаш откако го предизвикал опожарувањето го напуштил местото на настанот.

Имајќи го предвид видот, карактерот и тежината на предметното кривично дело, фактот што било извршено врз две дипломатски возила на пладне, во центарот на Скопје, во период кога фреквенцијата на луѓе и возила во овој дел на градот е голема, јавниот обвиниел оцени дека постојат очигледни околности што укажуваат дека постојат условите за определување на мерката притвор и предложи на Судот да определи таква мерка за обезбедување во текот на постапката.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

СДСМ: Официјалниот и неофицијалниот резултат на владата на Мицкоски е НУЛА!

Христијан Мицкоски денес се фали со некаков измислен резултат од 3:1 во однос на претходната власт, повикувајќи се на исплатени субвенции и инфлацијата. 

СДСМ: Официјалниот и неофицијалниот резултат на владата на Мицкоски е НУЛА!

Тешко е да се најде пример за поголема политичка несеризност и обид да се одбрани неодбранливото.

Неговиот вистински резултат не е 3. Неговиот резултат е 0. Со букви: НУЛА!

Нула во реформите.

Нула во подобрувањето на животниот стандард.

Нула во зголемувањето на минималната плата.

Нула во мерките за младите.

Нула во поддршка за земјоделците.

Нула во европскиот пат.

За две години власт на Мицкоски и ВМРО:

-Инвестициите паднаа за 60%,

-Откупот на земјоделските производи се намали за 46%

-Буџетот е празен

-Државата се задолжи за 2,5 милијарди евра,

-Потрошувачката кошничка порасна на речиси 70.000 денари.

-Македонските работници имаат најниски плати во Европа.

-Нема програми за младите.

-Младите масовно ја напуштаат државата.

-Субвенциите се намалени за 40 милиони евра, земјоделците останаа без пари,и ИПАРД програмата беше блокирана затоа што директорот беше уапсен поради кражба.

Мицкоски јавно вети дека до 1 јуни ќе ја исполни целата реформска агенда и ќе отвори кластери со Европската унија. Ништо од тоа не е направено.

Копенхашките критериуми не се испочитувани, а законот за правосудство, кој ЕУ го врати како недоволно реформиран, и понатаму е проблем. Наместо реформи, имаме политички прогони кои се нарачуваат од собраниска говорница и по телефон.

Кога некој се обидува врз основа на две тесни ставки да гради наратив за успех, додека го игнорира економскиот крах, масовното иселување на младите, празниот буџет и целосниот застој на европскиот пат, тогаш станува збор за пропаганда, а не за резултати.

Граѓаните не живеат од статистика за цената на тутунот. Тие живеат од плати, пензии, цени во продавниците и перспектива за своите деца. А таму билансот на оваа власт е длабоко негативен.

Целиот резултат на оваа влада граѓаните го гледаат во новчаникот и во фрижидерот.

Македонија забрзува во пропаст!

СДСМ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер