Мицкоски од Давос: Македонија ја зајакнува енергетската инфраструктура, се развиваат проекти за производство на електрична енергија - Канал 5

Мицкоски од Давос: Македонија ја зајакнува енергетската инфраструктура, се развиваат проекти за производство на електрична енергија

Македонија ги зајакнува преносните линии за електрична енергија и за гас, во однос на вештачката интелигенција. 

Мицкоски од Давос: Македонија ја зајакнува енергетската инфраструктура, се развиваат проекти за производство на електрична енергија

Се гради еден гасен интерконектор со Грција, а почнуваме да градиме гасен конектор што ќе ја поврзе нашата држава со Србија, информирал премиерот Христијан Мицкоски на вчерашниот панел во рамките на Светскиот економски форум во Давос во одговор на прашања кои се однесувале на вештачката интелигенција и потребните центри за гасови, како и тоа што прави Македонија да привлече странски директни инвестиции наспроти Хрватска и Словенија.

- Во однос на вештачката интелигенција ние ги зајакнуваме нашите преносни линии за електрична енергија, но не само за електрична енергија, исто така ги зајакнуваме нашите преносни линии со преносните линии за гас. За центрите за податоци ви е потребно одржливо снабдување со електрична енергија. Значи, некој мора да произведе одржливо и сигурно снабдување со електрична енергија за центрите за податоци, за да имаат добри, би рекол одлични перформанси на вештачката интелигенција. Во тој поглед градиме еден гасен интерконектор со Грција, а сега почнуваме да градиме гасен конектор што ќе ја поврзе мојата земја со Србија, рекол Мицкоски.

Според него, ова ќе значи зголемување на капацитетот на гас до осум милијарди кубни метри годишно.

- Досега трошиме половина милијарди кубни метри годишно, што значи дека илјадници и илјадници мегавати инсталиран капацитет електрани на гас да снабдуваат нови центри за податоци со електрична енергија. Ова е еден столб на еден пример и целиот институционален ризик го прифаќаме како Влада. Ова е нешто што можеме да им го обезбедиме на инвеститорите како поттик, нагласил Мицкоски во Давос.

Тој кажал дека во моментов се развиваат три важни проекти за производство на електрична енергија од хидроцентралите во вредност од 2 милијарди евра. Овие проекти, како што потенцира, не се важни само за Македонија, туку и за регионот.

- Сега развиваме три големи проекти во однос на производство на електрична енергија од хидроцентрали. Зборуваме за проекти од 2 милијарди евра. Тие проекти се многу важни за нас, не само за производство на електрична енергија, туку тие три проекти се и стратешки важни за нас. Но, не само за нас, туку и за регионот во целост. Зборуваме за три големи брани кои ќе создадат три големи резервоари со многу чиста вода за пиење. Имајќи ги предвид климатските промени, мислам дека регионот ќе има потреба од тие резерви со вода за пиење, со чиста вода за пиење. И двата проекта се дел од каскада што се потпира на една голема река, наречена Црна Река. Низводно од таа каскада го имаме најдоброто земјоделско земјиште во Европа, а тој регион е познат како Тиквешки регион, истакнал македонскиот премиер.

Мицкоски нагласил дека како земја практично сме фокусирани на енергијата, но оти во исто време имаме и други приоритети.

- Но, веројатно сакате повеќе да зборувате за вештачката интелигенција. Исто сакате да се зборува за електричната енергија и сите оние проекти кои се поврзани некако со тие две многу важни прашања, не само во мојата земја туку и овде во Давос. Многу пати слушаме од политичарите како зборуваат за вештачката интелигенција. Се прашувам дали сите тие можат да ја разберат суштината на вештачката интелигенција или ја користат вештачката интелигенција како популарен збор, како два популарни збора. Го завршив мојот докторат пред 16,17 години и користев алгоритам на фази логика за контрола на манипулативни роботи. Значи, практично тоа беше почетокот на вештачката интелигенција, подвлекол премиерот на панел дискусијата во Давос.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Рафиња, па Меси, а пред двајцата – Роналдо

 Бразилецот Рафиња и Барселона се недостижни за конкуренцијата во оваа рана фаза од сезоната.

Рафиња, па Меси, а пред двајцата – Роналдо

Каталoнците ја остварија својата седма победа во исто толку натпревари – и тоа седма убедлива и доминантна – во саботата навечер против Севиља (3:1).

Рафиња повторно беше централна фигура на натпреварот оваа сезона. Тој постигна нов хет-трик, втор по ред (му даде три гола и на Расинг во претходното коло) и ја продолжи својата неверојатна серија, потврдувајќи дека е во формата на својот живот. Со тоа, тој веќе го надмина рекордот на легендарниот Лионел Меси по бројот на голови во првите седум натпревари од сезоната.

Напаѓачот на Барса моментално има постигнато 12 гола во Ла Лига – еден повеќе од легендарниот Аргентинец – но сепак му недостасува уште еден гол за да го израмни рекордот на Кристијано Роналдо. Португалецот своевремено, во сезоната 2014/2015, постигна 13 гола на првите седум натпревари од сезоната.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Пет повредени во сообраќајка на магистралниот пат Охрид-Ресен

Министерсвото за внатрешни работи соопшти дека вчера во 17:30 часот, на магистралниот пат Охрид-Ресен, во близина на охридското село Опеница, се случила сообраќајна несреќа помеѓу две возила. 

Пет повредени во сообраќајка на магистралниот пат Охрид-Ресен

Министерсвото за внатрешни работи соопшти дека вчера во 17:30 часот, на магистралниот пат Охрид-Ресен, во близина на охридското село Опеница, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „сузуки витара“ со скопски регистарски ознаки, управувано од М.Ј.Р.(67) од Велика Британија и патничко возило „опел“ со битолски регистарски ознаки, управувано од Х.Б.(28) од битолското село Буково. Притоа, со тешки телесни повреди констатирани во болницата „Св. Еразмо“ во Охрид, се здобиле Д.С. и И.З., сопатници во возилото „опел“ додека кај М.Ј.Р (возач на возилото „сузуки витара)“ и А.С. и А.С., сопатнички во возилото „опел“, во Општата болница во Охрид, биле констатирани телесни повреди. По насоки на јавен обвинител, увид на местото на незгодата изврши екипа на СВР Охрид, стои во билтенот на МВР.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ВМРО-ДПМНЕ: Распродавачите на националните интереси СДС и Филипче, велат дека Македонија не е на продажба и не сакаат државата да се развива

Оние кои и ги направија најголемите предавства, кои го сменија името, потпишаа бланко документ за бугарските барања и ги распродаваа националните интереси, Венко Филипче и СДС, велат Македонија не е на продажба.

ВМРО-ДПМНЕ: Распродавачите на националните интереси СДС и Филипче, велат дека Македонија не е на продажба и не сакаат државата да се развива

Која иронија од оние кои додека го менуваа името ги убедуваа граѓаните дека со тоа Македонија ќе стане членка на ЕУ и така ќе ја омажеле во богата фамилија, а сега се против секој развој државата, а добивме само слика од авион.

Тоа се луѓето како Филипче и Зоран Заев кои дебело профитираа од промената на името и распродажбата на националните интереси, па сега имаат за златни визи и милионски инвестиции во високо катница, станови во Дубаи, додека државата се пљачкаше, а граѓаните осиромашуваа.

Тоа се тие Филипче и Заев кои ветуваа бесплатно европско здравство, а граѓаните добија руинирано здравство, само со провизии за вакцини, проценти за модуларните болници, наместени тендери и набавки.

Тоа се истите луѓе, кои ликуваат неуспех и застој на Македонија, со фирми во Бугарија, јахти во Грција, акции во индиски авиокомпании.

Додека владата се бори за инвестиција плус која ќе донесе развој на економијата, високата технолошка индустрија, рударството, повеќе работни места, СДС и Филипче се против.

Тие не сакаат во Македонија да се градат рудници и дата центри, зошто тие признаваат само марихуана економија со лиценци за медицински канабис само за блиските до струмичкиот клан.

Двојните стандарди на Филипче и СДС на кои му смета Дејвид Гета, но нема ништо против на приватна журка со Заев во Дубаи да му пее Харис Џиновиќ, нема да им поминат.

Тоа граѓаните го гледаат и затоа засекогаш ќе останат вечна минорна опозиција, пред исчезнување.

Со почит,

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер